Ти прави топло - ладно сега, за да може во иднина да се изживува со тебе. Продолжете да следите глупи луѓе со подкастови на интернет, многу убаво ве учат.
Нема што да ти гледам кога се гледа и осеќа дури и вака виртуелно таа љубов! Терај си и ич да не ти чуе. Па џабе не рекле ромите "колку повеќе ме тепа толку повеќе ме сака"
Секогаш кога ќе ја отворам темава ми се крева косата. Ме мрзи да цитирам одделни мислења па ај вака генерално. Значи, мажите од деца, а потоа и како возрасни се екстремно галени суштества. Од некој што е свилен, не знам што реално очекуваш? Иницијатива, доверба, разговор за проблеми (ова искрено најсмешно ми е). Наместо да се обидуваш да ги рационализираш нив и нивните комплекси, обиди се да да го посветиш целото време на самата себе. Стави се себе приоритет и не плаши се дека ќе останиш сама.
Женска скроз си во право.Ама секој барем еднаш имал период со проблеми,тапа период.Ама тоа не значи дека ќе избегаш на првиот проблем.Кога сакаш некој го сакаш со цело срце,и во добро и во лошо.Ако бегаме на првиот проблем никогаш нема да осетиме што е љубов,жртва за љубов,внимание,да сакаш со некој да бидеш стварно.Не зборувам за проблеми од типот “ме тепа” или леле ме изневери што да правам?Тоа се знае одма како се решава.Зборуваме за проблеми што можат да се решат ако се трудиме.Се ќе најдеш тука,точно.Ама некогаш туѓото мислење стварно многу значи,еве според мене барем,друго е кога ќе слушнам различно мислење,совет,поддршка за нешто и слично.
Не знам што да ти кажам, ако имаш врска која сакаш да ја спасиш по секоја цена, good luck. Гледај и тој да прави такви себе-жртви, инаку бадиела.