Буквално размислував цела вечер и сфатив дека се гледаме само кога тој е слободен (бидејќи работи 2 работи а јас студирам и како позафатен е), и тоа најчесто е после 9ипол-10 дека тогаш завршува и тоа 2 пати неделно. Влезен е во некој филм дека мора тоа да му е приоритет за јас него да сум го почитувала. Го чувствувам тој Andrew Tate момент. Едноставно не знае да комуницира, не сфаќа дека треба да ја разбере и другата страна од приказната, кога пробувам да му објаснам како нешто што мене ми прави да се осеќам лошо одма јас сум била таа што драмела. Мислам дека е сепак емоционално незрел и дека целава ситуација е токсична, но сепак немам доволно храброст да ја прекинам.
Сега ти ги прочитав предходните мислења, ова е истиот дечко за кој имаш предходно пишувано. Не ме сфакај погрешно но ако е истиот, доста долг период двајцата сте во токсична врска. Не те заморува ова? Место да уживате во најдобрите години. Бил насилен (еднаш е доволно), покажува манипулативно однесување, незрелост. Тоа се црвени знаменца, немаш потреба да трпиш такво однесување. Поздраво е за тебе да најдеш врска во која нема потреба да се чувствува човек како да моли за bare minimum
Здраво, пред малце бев излезена и на враќање што да видам како за инат се сретнав со поранешниот дечко згора на се со девојка му (знам дека му е девојка од фб и инстаграм), не знаев како да реагирам, само реков здраво како си, ова е сигурно девојка ти, баш убаво таман си одговарате а девојчево леле фала фала... Не знам дали се изглупирав или што направив а он само да рече и ништо реков брзам чао... Не знам што да кажам ама некако ми падна тешко, не ми е сеедно и покрај тоа што помина доста време, сакам да го избришам од социјални мрежи, дали вие бришете поранешни, дали е така полесно? Бар да не се гледаат слики со идните девојки?
@franca Избриши го и блокирај го, за да се опоравиш на вистински начин од раскинувањето. Во спротивно, само ќе патиш, а тоа никаде нема да те одведе. Посвети се на себе. Ти посакувам што полесно и побрзо да го надминеш овој период
Избриши не само од социјалните медиуми туку и од животот. Ако ги видиш поминувај покрај нив како да се невидливи или некој ѕид
Останавме пријатели, ама мене не ми иде, не знам цел ден ми е така некако ми се плаче од се денес, се гледа дека беа среќни... Фала ви
@franca не си прави тешкотии, продолжи си понатаму, што било поминало, избриши го од сегде, нема потреба да го имаш така полесно ќе го заборавиш
Поминав низ претежок и трагичен момент дома, немам никој. Имам другарки но нели сите работа, факс, врски итн.. Толку се чувствувам осамено и се претрупувам со учење и обврски и гледам некаква “сигурност” или повеќе би рекла навика во него. Тотално би се загубила самата себеси, иако вака едвај туркам…. Мислам дека и сум премногу самокритична бидејќи кога ќе изреагира така, си викам му се истурам јас можеби јас драмам како што вика тој без причина. Пример ќе биде некој период океј ќе си речам супер, има повеќе осет и колку што јас ги премислувам работите и сакам да комуницирам и да решиме заедно, толку он ми дава silent treatment и си го сфаќа како замарање а не искрена комуникација.
И?! Од вакви совети кои ги пишувате им давате мотивација во иднина да дозволите да ве млатат повеќе,а вие да се самоуништувате дека е до вас и сте го налутиле. Како “ајде не е ништо он ме сака.” Да те сака нема да млати а најмалку да ти презентира црн хумор. Тука веднаш му го гледаш паметот.
Себичен е, тој себе се смета за "главниот" во врската. Најдобро е да си се посветиш на себеси. Овој не е за врска не па за нешто повеќе. Ти треба некој кој ќе те почитува тебе и твоето мислење, не овој. Нема ти да се изгубиш себеси ако го изгубиш него, ќе се изгубиш во врска каде ти не можеш да бидеш вистинската ти и во која се чувствуваш лошо, несфатено и трпиш негови глупости. Не ти треба пријателство со бивш. И ти си му нему бивша а тој си има нова девојка, убаво му е, тогаш зошто да дозволиш тебе да ти е тешко? Избриши го, да не го гледаш и нема потреба од застанување по улици и случајни места.
@Tamarkaa те манипулира. Уште ти на крајот испаѓаш виновна дека си му ја расипувала вечерта и неговото расположение, а ти што ако си потчукната или потштипната и шеташ со модрици. Под итно расчисти со манипулаторов и бегај подалеку колку те држат нозете. @franca бриши одма, какви останувања пријатели со бивши и терања пријателства со муабети од типот му одговарала сегашнава. Убаво ти пишаа поминуваш покрај нив како да се невидливи или покрај ѕид.
I uste mi vika pa nema da te siluvam, on misli deka ja sum naivna I deka kje dojdam doma tek taka kaj nekoj nepoznat, a zosto prvo ne saka da iskoci onaka.
Прв состанок, непознат човек, никако дома кај него. Сигурно дека ќе вели што не значи дека треба да имаш доверба. Какви се' работи па и трагедии се случиле на ваков начин...
Свашта има по светот, добро што барем си свесна дека е сомнително однесувањето. И ваквите од старт неуспешни состаноци се лекција на крајот на денот