Би држиле ли лутина на партнерот доколку неколку пати ве провоцира како на шала за тема која ви пречи? Вечерва е на свадба и навидум почна муабет на шала дека доколку му се укаже шанса ќе барал броеви од девојки таму. Нормално дека знаев дека се зеза на што му возвратив и мрчеше. Го прашав сака да провоцира но не смеам да му враќам? На што одговори - Смееш, ама ќе најдам некоја што не ми оди контра. Истово многу ме погоди бидејќи многу пати си дава за право да се однесува вака. Се смееше бидејќи знаеше дека му успеваат провокациите. Не му вратив на последната порака и нормално, не ме побара. Периодов многу ми беше тежок и тој тоа го знаеше, не дека не ми беше подршка но ова ми беше ту мач. Убаво ми е со него, но овие негови шали за други девојки ми пречат бидејќи знае колку сум чувствителна на таа тема и што ми се случуваше во минатото со бивши партнери. Буквално се расплакав вечерва. Премногу се зближив со него за овие 6 месеци. Во план сум да не го барам воопшто, но воопшто не знам како би се воздржала. Не сум подготвена за повторно да лечам рани но и имам селф респект. Знам дека и овој ако можам да го наречам проблем ќе се реши но доколку треба да го водиме тој сериозен разговор, тој ќе го избегне. Воопшто не сака сериозен разговор и смета дека од "Треба да разговараме" никогаш не завршува добро. Не знам, сакам да опстане врската, дечково вреди, но како да игнорирам некои црвени знаменца? Ми има кажано дека му е убаво со мене, тоа се гледа и кога сме заедно но сите тие киксови.. не е еден или два.. Сум ќутела зошто сум мислела дека не вреди од мравка да правам слон но овој пат повеќе не можам да бидам слепа. Да бидам искрена, се плашам од исходот.
Ако игнорираш црвени знаменца на почеток, после ќе ти се лупат од глава три пати посилно. Не сака сериозно да разговара, скриени шеги прашање колку се скриени, нема обзир за туѓи чувства. Не се ова работи што треба да ги ставиш слепо под тепих. Можеби сега дури си го покажува лицето, сепак 6 месеци се малку да запознаеш некого целосно
@bicycle "Дечкото вреди" и "црвени знаменца" не можат да идат во иста реченица за жал. Триангулација, намерно провоцирање и правењето да се чувствуваш лошо не се ситни работи, туку манипулативни техники. Особено кога ти ги знае претходните лоши искуства. Многу добро те разбирам и не сакам да звучам грубо, но за апсолутно ниту еден дечко не вреди да плачеш и да се чувствуваш така. И не е од мравка слон, туку тој така го прави да изгледа ако изреагираш. Еден вид reactive abuse. Ќе те провоцира 100 пати и кога на крај ќе изреагираш, испаѓаш лошата, па може и раскинување да падне/или со тоа да се "закани". Во секој случај, главата горе и не дозволувај никој да те прави да се чувствуваш вака
Избришав се и на вибер и на фб што сме пишувале, го тргнав од пријатели на инстаграм, фб, избришав број... Не дека треба да се замарам, ама не знам што ќе помисли кога ќе сфати дека сум го избришала од секаде, да не мисли дека сеуште трчам по него и ми е криво што сум го видела со девојка му, фала Ви, беше тешко ама го направив тоа....
@franca Со тек на време ќе ти стане небитен, но и ќе ти биде далеку полесно. До тогаш работи си на себе и не се замарај што и како ќе помисли тој или било кој
Јас не преќутував на такви работи него му велев “ Најди си што чекаш, што седиш овде со мене”. Него нема да најдат таква само се силат. Идиоти!
Би го оладила со се, ако знае што има ќе се оправи/ потруди/ ќе сфати. Ако нешто не сакаш и те повредува колку и банално да е ќе прекинам да го правам. Што ќе се плашиш има граница, како он сакаше со пријатели да се гледа, толку и толку може и тоа е , ти го сфати и го почитуваше тоа, ситници го прават одност , всушност по тоа и се гледаат луѓето.
А зошто разговорот треба да почне со "Треба да разговарам"?? Непотребни стресови. Јас кога сакам да разговарам со дечко ми за некоја тема што ме мачи не му најавувам туку ја почнувам темата и него му е јасно која е целта и зошто ја отварам темата. Исто прави и он, не ми најавува, треба да разговараме за тоа и тоа. Може и да се налутиме на крај, ама мора во врската да се зборува за се што те мачи.
Порано се лутев, сега, ако сум расположена, ја прифаќам и ја продолжувам шалата или, ако не сум расположена, не рагирам никако. Во секој случај, не се лутам. Ама па не ме зафркава или провоцира често. Во твојов случај, може да се зафркава за други работи, а кога знае дека нешто ти пречи и упорно го прави тоа, значи не те сфаќа сериозно кога си му кажала еднаш дека ти пречи. Пробај на друг начин, покажи му дека си налутена и повредена, оддалечи се малку и види тој како ќе се однесува. Дали ќе те бара, дали ќе се извини.
Мене не ми е во ред ова што го прави и те нервира. Ај насмеа ај, ама штом се лутиш... треба малце да си ја чукни глата, те навредува...
Утрово ми пишал у стил - гледам лута си, јас се прибрав па ќе спијам, мораше по свадбата да ја носи сестра му во друг град и да се врати веднаш. Му реков само спиј убаво. Тој сака да се зеза, уште на почеток е таков, и често сум враќала на провокациите, но овој пат ја претера. Нека се разбуди па ќе му кажам. Ако сака да се промени супер, ако не..
Имаш шанси да ти раскини, ако не му раскиниш ти прва. Чувај си го достоинството, повредно е од привремена осаменост.
Абе ај заебанција да е ај.. ама ова не ми делува ич на заебанција и ко да сака да се скара со девојчево. Како и да е лошо однесување.
Црвени знаменца не се игнорираат, или ги прифаќаш или се тргаш. А вака по муабетиве не знам баш дали дечково вреди.
И моето мислење е слично. Ај да притраеш еднаш,два пати,ама ова неговото ја поминало границата. Зборувајте,кажи му дека не ти се допаѓа тоа,ако продолжува не е вреден да се нервираш ти.