Од фабриката за инцели издвојуваме: Од 0:40 почнува нешто што го читам по коментариве (имам мала модрица на раката и слично). П.С не читајте коментари, можи да си го најдите дечкото/симпатијата таму.
Хеј, не сум многу искусен и ми треба совет како да постапам. Денес бев на излет со друшто, неколку машки, неколку женски. Имаше една девојка со која за прв пат се запознавме, и ми се допадна и по и изглед и по карактер, и иако имав шанса подобро да ја запознаам, имам голема срамежливост и незнам во моментот се блокирав и не направив некој муабет со неа. Од машкиве другари никој не се посебно блиски со неа, можда да испанде некое заедничко повторно ама можда и не. Знам како е инстаграм, но не знам дали би било добар потег да ја адднам, и што понатака. Совет?
Немој да бидиш несигурен во себе оти жените тоа одма го намирисуваат и ќе им станеш или пријател или одбивен. Адни ја и одма започни разговор. Биди директен. Не нападен. Бар ќе знаеш на шо си.
Ова е еквивалент на прв дејт “чилање во кола“, или “да си слушаме внатре музика, филм“. Многу, многу женски го прифаќаат ова и затоа стандардите се сега на дното.
И што и да правиш ако ја аднеш никако со оноа сењачкото ставање на лакј на стори на секои 2-3 месеци а во меѓувреме никаков муабет. Пробај види што постира и одма најди тема за муабет, не лајкови само
Само ме зачуди како ти се допадна по карактер, а велиш не сте имале многу контакт? Иначе ако сакаш да ја запознаеш не треба да бидеш срамежлив, сите сакаме некој со кого ќе можеме се да си кажеме, а не да траеме. Најди ја, додај ја, пиши и, биди искрен со неа кажи и дека ти оставила впечаток па натаму ќе видеш како ќе те води разговорот.
Двојни стандарди? Машите во ред е да нудат ваква опција, виновни се женските зошто прифатиле? Небулози.
Јас имав ваков случај пред некое време. Дојде, се запознавме, ми побара контакт. Човече, прво одвај пиша, а откако пиша пак да потенцирам прв, одговараше одвај по некој збор. И на крај не ни го оставив на seen, не одговорив ништо оти не знам што да одговорам. Се надевам само дека и тој не го гледа Питерсон и нему сличните, оти ќе почнам да се сомневам дека на оваа генерација и нема спас.
Може едноставно не сте кликнале и немал човекот заедничка тема за што да пиши. Може увидел и дека не оди разговорот, па сакал да го "убие". Јас со некои можам војна и мир да ја напишам, а со други два збора не можам да сврзам. Едноставно не може со сите да кликнеме. А, за да тргни нешто, првично, треба од двете страни да се има желба за разговор.
Ако тебе те гледале како "лесна" тогаш да ти кажам дека и јас сум прифатила доста вакви дејтови и некои од тие машки шо ми "нудеа" такви опции завршија како мои дечковци со кои одев долго. Да не ја плашиме членката и да не шириме сексистички мислења
Прво не ја знаеш ситуацијата, како преплашен беше и одвај зборуваше. Очигледен интроверт кој чека женска прва да пушти нога. А јас не планирам така. Па, не го уби тој разговорот, јас го убив.
Која ти е целта на мислењето? Двојни стандарди имаш? За машките во ред е вакви опции да нудат, ама женските се виновни и "лесни" кога ќе прифатат? Не сфаќам. Мислењето ти соодветствува со оние од средниот век.
Која ти е целта да ме цитираш? Кај се препозна ти воопшто? Другаркати се расфрла со термини како лесна, јас пишав дека стандардите се појдени удолу. Ме сфати сега или пак не? Ако за тебе себе-почит е среден век радо би живеела во него.
Ти велиш ДЕВОЈКИТЕ ПРИФАЌААТ, ЗАТОА СТАНДАРДИТЕ СЕ СПУШТЕНИ. Зашто не размислиш оти тие стандарди се спуштени поради однесувањето на машките? Или за нив може се, машки се, па се им е дозволено. Баш ми се вклопуваш во ова мислење. За машко може се, зашто е машко, ама ако девојката прифати, тогаш е лесна.
Ау не сестра извини, си толкуваш како сакаш. Кој ти рече дека јас ги оправдувам машките за ова? Баш напротив, гнасно однесување и одма ги ставам на блок. А јас не сум тема на анализа. Членката праша и беше одговорено. Покана во стан не е дејт, покана во стан е обид за one night stand. И толку, поздрав и до тебе.
Како женско отсекогаш ми било криво кога ќе видам/слушнам дека некој одвај просек се обидува да ја вози некоја. Има начин, велиш не, не се конформираш на негови потреби/услови. Ако не ти одговара заминуваш. Не се фаќаш за секоја трошка внимание. If you don't like the message, don't kill the messenger.
Здраво, имав токсична и долга врска во која на крајот завршив оставена и изневерена. Ми требаа месеци да се опоравам од сето тоа, и во текот на тој период ми пиша еден дечко, не знам зошто и како но му имав вратено на пораката. Започнавме да пишуваме и да се запознаваме малку по малку, од ист град сме ама живееме во различни поради студии така што кога после 1 месец комуникација се погодивме да сме дома излеговме на кафе, ништо посебно не можев ниту во очи да го гледам од срам, разговаравме, шетавме. Другарката најблиска поради страв од сето тоа што го имав доживеано се распрашувала каков е и што е со намера да не бидам пак повредена, сите и кажале нека се тргне од него не е за неа, многу женски има зезнато таков си е човекот. Јас решив да не верувам во такви муабети бидејќи денес многу се зборува а малку се знае. По некој период бев кај него во градот кај учи, тука веќе комуникацијата се подобри, веќе ја немаше тензијата и срамот меѓу нас, дечкото проба да ме бакне но не дозволив бидејќи не се чувствував спремна. Од како се разделивме по пораките забележав дека ништо не е исто, го прашав и ми кажа дека не знаел што да ми зборува му било како со сила и слично, за по некој период пак да се поправи ситуацијата. Сега кога конечно и јас и тој се вративме во родниот крај, за две недели само 2 пати сме излезени при тоа наредна недела оди да работи во Шведска 3-4 месеци. Во тие две излегувања ме запозна со мајка му и татко му, и со другарите претставувајќи ме како другарка. Од последното излегување забележувам пак како комуникацијата е скоро никаква, пишување по две три пораки во тек на ден, одговарање после неколку саати и пак го прашав на што ми кажа дека периодот му е таков и не е до мене. Кога ќе излеземе дечкото е топ, супер однос и комуниација ама вака не знам на што сум, тој не го дефинира односот, не знам како да постапам, сакам да ја одржам комуникацијата.
Зошто те претставува како другарка?? И искрено невраќање на пораки, нередовно гледање ми се црвени знаменца. Немал што да зборува, насила му било... Делува како да не добил што сака ама ајде пак си држи топли опции.