Јас вчера му кажав дека е приметно од негова страна тоа за комуникацијата и ако сака да престанеме да каже и ми кажа дека таков му е периодот не сакал да ја прекинува комуникацијата
Aбе види не ти викам одма прекини контакт, но имај 4очи отворени, без слепо романтичарско идење. Сепак малку го познаваш за да бидеш сигурна дека е сериозен, и второ неговото одење во Шведска. Планира да се враќа, кога? Бидејќи може сака да си има овде опции за онака. Ми боде многу очи делот за комуникација намалува ама не прекинува самоволно, нит те волим, нит те другом дајем.
Да ќе се враќа за 3 месеци. И мене ми е тоа се делува како со сила а му дадов прилика да прекине но не. Веќе ми е глупо да го прашувам а и ќе оди за некој ден ме интересира дали воопшто уште еднаш ќе ме викне за да се поздрави ама не верувам
Дали сепак се бакнавте евентуално во сите пати шо се имате видено и дали дефиниравте врска? Ако не - па, другарка му си. Ако да - ќе прашаш зошто така те претстави и како то прај да се осеќаш. Ама морам да се согласам со другите. Ако си предупредена - бегај. Или барем биди многу внимателна. Губење после гледање мене ми е многу детинесто, ме асоцира дека не добил нешто шо сака па сега ќе ти земи ти нешто шо сакаш - комуникацијата меѓу гледања. За то шо оди, чак и на 3 месеци странство - дали мислиш дека имате комуникација шо можи да го поткрепи то? Поентата ми е, биди спремна на се.
Ред флегс - why? Ако има пеперутки во стомак, запто не се бакнувате? Не сте ми јасни. Види прво дали добро се бакнува, па о том по том. Боље во стварноста да е добар, од колку на пораки. Пишувањето пораки нема да ве направи поблиски. Едноставно е.
Можеби да, а можеби и најчесто е не. Прво читаш со кого си имаш работа или гледаш не и нудиш на личноста што си замислува и следи како бакнеж и одма суптилна, а често и директна уцена има, немаш бакнеж нема пораки. @ann4a со вакви сечи комуникација и бриши контакт, тотално џабе губено време се. Ќе ти изводи дека ти е пријател, ќе те претставува како другрка и манипулира само да стаса до неговото.
Да ве прашам, вас девојките... Како би изреагирале вие во ситуацијата на дечкото? Замислете се допишувате, одите на дејт, се запознавате. Го викате кај вас во град, пробувате да го бакнете и ве одбива. Објаснување му е дека не е спремен. Уште колку време ќе чекате пред да почнете да оладувате? Ќе продолжите со истото темпо на комуникација после такво одбивање? I doubt. @ann4a , не знам дали потоа сте имале бакнеж или нешто, ако не, да, само другари сте. Но, и да имало, не сум баш оптимист за вашата ситуација. Посебно што тој заминува. Што побрзо имаш искрен разговор со него да знаеш на што си, тоа подобро.
Ако сум искрена, ептен ми е тинејџерско тоа „не сум спремен/а за бакнеж“. Не знам колку години имаат, ама такво нешто пологично ми е 15-16 годишни да го кажат. Секако, зборуваме за ситуација кога има нешто меѓу двете личности, не е еднострано само. Ама да, и јас би се осеќала ко идиот и би се прашувала кај води односот меѓу нас после онакво нешто. Башка и дечкото што ќе оди во друга држава, и малку таа комуникација што ја имаат мислам дека е осудена на пропаст.
Ми треба мислење, не знам дали да реагирам во ситуацијава. Со дечкото сме заедно повеќе од година. Имав впечаток дека имаме длабока врска, му верував за се и мислев дека тоа е обострано, но скорешната ситуација ме тера да се двоумам за ова. Случајот е што имаше можност за работа преку лето, поврзано со струката. Ова е многу тешко да се постигне во моменталната ситуација, зборувам за нашите квалификации. Јас некако успеав и тој знаеше за секоја апликација, секое интервју, секој повратен одговор, се споделив со него. Сега ми кажа дека и тој нашол кај да оди, но неговото не е преку интервјуа, стандарден процес, туку е со ургенции од страна, односно со врски. И кога го прашав кај ќе оди ми рече не смеам да кажам, тој што ми ја најде работата ми кажа да не ширам. Јас му вратив само добро (ова се преку порака). Тој кажа ти верувам тебе ќе ти кажам само те молам не пренесувај. Јас му одговорив дека не сакам да ми каже и му посакав среќа на работа. Тој потоа кажа како му е непријатно заради начинот на кој ја добил работата на што јас уште еднаш му кажав дека не сакам да ми кажува веќе. Тој ми се заблагодари на разбирањето и ми рече дека ќе ми кажел само да се приспособел на фирмата. Искрено ова ме повреди, значи не ми верува за ништо. Е сега дали времето за реакција пројде, дали воопшто да реагирам? Дали можеби претерувам? Не знам што да мислам, знам дека не е убава ситуација бидејќи не сме заедно од вчера, а јас секако би му кажала се. Ова ме натера да промислувам некои работи. Навистина би ми значело вашето мислење бидејќи не сакам да кажам било што додека не сум со ладна глава.
Како што разбрав тој сепак се одлучил да ја сподели информацијата со тебе. Што е всушност проблемот овде?
@penelope10 Според мене, не сте на иста бранова должина. Односно, не ја гледате врската со иста сериозност и блискост.
@penelope10 Би го прашала како гледа на нашата врска и колку ме гледа како негова actual (нај)блиска личност. Ова би го направила преку опуштен разговор, нормално не низ караници или напнување. Но, би сакала да знам на што сум Не ми е логично да сте повеќе од 1 година заедно и ти да споделуваш се за тебе, а тој не. Особено за нешто што е нормална тема како каде ќе оди на работа летото, освен ако не е во ЦИА
Баш го зборевме ова нема ни месец. Заклучивме двајцата дека имаме потполна меѓусебна доверба и дека се чувствуваме еден до друг најблиски, што и ни беше целта. И сега ова. Освен ако стварно не е во ЦИА нели
@penelope10 Можеби до утре и ќе ти каже што и како е околу работата. Можеби и не е 100% сигурно, па не сакал да каже предвреме Во секој случај, ете, во следните неколку месеци види како ќе ви напредува блискоста и комуникацијата. Па според тоа, постапи како што најдобро мислиш дека би било во однос на вас двајцата
@penelope10 и други што читаат Во кратки црти машкиот и женскиот свет не функционираат подеднакво. Остави го човекот нека стартува па ќе ти раскаже како стигнал до таму. Не крие ништо од тебе, ти кажал дека ќе почне да работи. Ако сте утре во брак, исто ќе биде. Прифати го карактерот на мажот каков што му е кога го запознаваш, не пробувај да му го смениш карактерот.
Дали е паметно да го викнам да излеземе? Си оди во сабота и мислам дека тој нема намера да ме покани, комуницираме уште ама така послабо, му имам кажано пред два дена дека не е океј муабетот да ми каже ако сака да прекинеме и ми кажа дека ме сум му никаков товар, само така се чувствувал лошо периодов ни самиот не знаел зошто. Ако сметате дека е паметно да го викнам на кој начин да го направам тоа затоа што сум премногу срамежлива личност
Зошто да го викаш ако самата сметаш дека он тебе нема да те покани? Тоа дека му е лош периодот, повеќе ми е изговор. Остави и види дали уопште ќе ти пише откако ќе си отиде