Одговоров му е те чувам како златна резерва за кога или ако се вратам. Кога го праша дали да продолжите да комуницирате и дали си му товар мислеше отворено ќе ти признае? Во завиена форма поточно го обвинил тешкиот период и ти признал де. Не го кани, олади малку, ако му значиш знае тој како треба да се понаша.
Одличен совет, мене ми делува дека е емоционално незрел. Не сфаќам зошто толку им се “плашат“ на маживе. Остај го малку на seen, не е дека не знаат како да се понашаат, туку од старт прават тест кои граници можат/не можат да се поминат. А жената е таа која треба да одлучува, не мажот.
Здраво девојки.. Потребен ми е совет, некако чувствувам хаос во главата. Во врска сум скоро 5 месеци, живееме на места оддалечени околу час, час и половина. Првите два месеци беше се толку прекрасно и бајковито, многу бевме заљубени еден во друг, се трудевме еден за друг, предобра комуникација имавме и се тоа.. Меѓутоа, потоа наеднаш тој престана да доаѓа да ме види, се немаме видено повеќе од два месеци. Кога и да му спомнев, наоѓаше некои изговори. Јас немам возачка, но му викав дека можам јас да отидам кај него со автобус ако му е проблем тој да дојде. Пак изговори. Од друга страна, цело време ми пишува, ме бара, се понаша како да се грижи за мене и се тоа. Ама да се потруди да ме види, никако. Друга работа, работи во една поголема фирма, и еднаш успат ми кажа дека ја примиле моја познаничка (никогаш ја немам спомнато, веројатно виде дека ја следам на инстаграм, патем е преубава и презгодна) и мој познаник. После 3 4 дена, гледам одма ја додал на инстаграм. Се налутив и навредив, реков зошто не можеше барем да почекаш да ја запознаеш туку одма си ја додал, искрено тоа мене ми е манијачки и е огромна непочит спрема мене. Ми вика тоа го сметал како нормално нешто, да додадеш некој кој го познаваш, да напоменам дека ја адна само неа, а не и на познаникот кој го примиле заедно со неа. Друга работа која ме одбива кај него се некои сељачки изрази, пцуе насекое и се тоа.. Многу пати имам помислено да го оставам, но нешто одвнатре не ми дава, не знам што е тоа. Се поврзав, го засакав, не знам. Се понаша добро спрема мене, комуницираме, го интересира се, од една страна се гледа дека ме сака, од друга страна не се труди ни 1%.. Ве молам за мислења, совети, како ова изгледа од страна, како би постапиле вие? Ќе ми помогне тоа многу.
Пишуваш дека се гледа дека те сака ама не се труди ни 1%. Луѓето што се заљубени даваат 1000% за тој/таа што го/ја сакаат. Не сте се виделе 2 месеци тоа е предолг период, ти веќе не знаеш ништо за него. Тоа што ти пишува само а не сака да те види е знак дека чува резерви. Пошо побара совет како ние би постапиле, јас би прекинала секоја комуникација. Џабе се зборови ако нема дела
Јас мислам you can do better. Што ќе ти е таков што не вложува напор, тој утре на првата препрека ќе се сопне. Плус не може некој да не те почитува и да те сака во исто време, двете работи се исклучуваат меѓусебно. 1. Разговарај и кажи му дека тие работи сериозно ти сметаат и дека ја намалуваат твојата почит спрема него. 2. Ако нема капацитет да се промени, уште подобро, не ти треба таков. 3. Најнакрај, ако се ова ситници спрема тебе и ако сметаш дека не би ти создавале фрустрации на долготраен план (не изгледа така) игнорирај. Во секој случај, луѓе што не се вложуваат себеси во било која работа е лесно да се најдат, тешко е да најдеш некој со изразени квалитети
@Koda 2 месеци не сте се виделе и тоа кажува се. Не сакам да те повредам со напишаното, но најверојатно тој е со друга, а ти си му резервна опција. Мој совет е да не бидеш ничија резерва и да си најдеш некој со кој ќе уживаш, наместо да си го трошиш времето
. Ova mi izgleda deka ti si se zaljubila i toj?gleda deka e taka i te cuva kako joker vo poker a si ima druga.. znae deka ke bides so nego nonstop koga i da saka on i deka nema da go odbies nikogas.. a toa sto ti pisuva manipulira te ubeduva deka te saka ama ne e taka..
Ви благодарам многу на сите. Разговарано е со него уште пред месец дена, неговиот одговор беше дека тој не симнувал ѕвезди во врска, туку ме сакал и секогаш бил тука ако ми треба нешто, некои глупости такви. Разговарав и за девојката што ја заследи дека го сфаќам како непочит спрема мене, ништо не рече. Не гледам дека некако ќе се поправи, иако до пред некое време ветуваше многу.. Јас веќе имав намисла да прекинам, ама како што реков нешто не ми дава, се гледа дека е сериозен со мене, плус после долго време ме направи да чувствувам нешто, со години немав засакано никој.. се приврзав некако многу и не сакав да избрзам, затоа ми требаа мислења.
@Koda Мислам дека пребрзо си се приврзала за него и затоа сега малку потешко ти се чини да се разделиш од таквиот токсичен однос. Едноставно нема поврзаност тоа дека е сериозен со тебе во однос на сите негови други постапки + не гледањето цели 2 месеци. Типично манипулаторско, а особено му иде во прилог тоа што не живеете во ист град. Во секој случај, цени си се себе секогаш и заштити си се за во иднина да не бидеш повредена поради некој што не вреди Размисли со ладна глава и врз основа на неговите дела, не зборови.
Помеѓу игнорирањето, откачувањето и непочитувањето кон тебе....како конкретно заклучи дека е сериозен со тебе? Не се труди ни 1%, ама се гледало дека те сака. Како??
Како гледаш дека е сериозен, преку тоа што не го гледаш од месеци? Не симнувал ѕвезди, а што прави? Ти станало навика да чекаш порака од него бидејќи само тоа и го добиваш. Не гледаш дека ќе се промени, и што од ова не ти дава да пресечеш? Цени се повеќе, макар и да треба да си сама подолго.
Здраво дечки. Овој период е д-фест. Дечко ми е таму со друштво. Нарушена ми е довербата во него и мислам дека ќе се угушам овие три денови од панични напади поради слики што си ги правам во глава. Пишувам со него, јасно му е дека не сум мирна. Ми спомна дека би си ошол, ако не сакам да е таму. Нормално не сакам да го ставам во златен кафез. Беше искрен спрема мене. Јасно ми е дека машко не може мижечки да оде. Искрено ми кажа што мисли му минат кога ќе помине во купачи. Само не дозволува тоа да биде посилно од него и да ме повреди. Што мислење имате за ова ситуација? Колку е можно да се биде во врска со постојан страв? Не дека не ме викна и мене само јас нема со кого да појдам ни како да појдам.
@Tiptip Како мислиш 'немаш со кого да појдеш' кога дечко ти е буквално таму? И тоа што ти кажал што мисли му минат кога девојки ќе поминат таму во купачи не е искреност, туку токсичност. Баш манипулација да се осеќаш супер лошо и несигурно. Но, јас ќе ти кажам, немој. Едноставно нема зошто да се чувствуваш лошо. Ниту еден дечко не вреди за така. Иди си на некоја активност со твое друштво и не му покажувај слабост, дека му се тресеш. Ако направи нешто, сам ќе се издаде и во секој случај, стави си се себеси на прво место
Денес сосема случајно во reels ми излезе едно видео, нешто во стилот мажите кои не сакаат врска, но упорно ги држат за ракав партнерките, уствари патат од себичност. Колку подолго си во таква “врска без обврска“ толку повеќе ти го уништува духот. Во суштина, не е до жената/девојката, си немаат расчистено со себе. Најинтересно, кажаново не е од жена, од маж беше.