Како и да е , не е коректно , мене ми е жал како да и пренесам вакви мислења, не знам што е со мажите во денешницава.
Дали би иделе со дечко на свадба кај негови роднини после 5 месеци врска? За другарка прашувам П.С. Не знам дали го поставив прашањето во точната тема. Посочете ме ако има некоја друга тема за вакви прашања.
Прв пат ме поканува дечко на прослава после неколку месеци врска и малку овертинкам. И родителите негови ќе бидат таму. Да не е непристојно, не знам.
Тоа е одлична можност да се запознаеш со неговите и со фамилијата, таман да знаеш кои и какви луѓе се. Инаку поканата од дечкото значи многу, сфати ја дека те смета за сериозна девојка и дека сериозна ви е врската.
Се согласувам со Цобра потполно. Во мојот случај, со неговите се запознав точно на 5ти месец од врска, а на прослави после тоа секогаш сме оделе заедно. Такашто, одличен потег е тоа и е за поздрав.
Не би одела ни после 5 години врска, се додека ми е само дечко.. Не сакам да го запознавам дечкото со роднините, нит он не сака јас да се запознаам со неговите, а и, секогаш може да го сменам, така што, да избегнам озборувања, како менувам постојано дечковци, не го носам нигде на семејни прослави и не се знае со ниту една моја роднина.
Си реков да не бидам негативна, ама имало и некој друг како мене што размислува. Замисли со некој си пет месеци во врска, тек сте се запознале реално и сега треба да се дотераш на свадба, на која што патем не познаваш никој. Седната на маса со родителите и роднини на дечкото, и кажи ми искрено како ќе ги доседиш тие неколку часа, каков муабет ќе треба да свртите и дали ќе скролаш на мобилен од досада. И најсмешна ситуација, ви идат на маса зетот и невестата и еден ви вика и за вас да си исчекаме, хаха. А вие кутрите пет месеци се знаете, абе смешно е не знам.
Да одиш Чим он те вика. Значи те цени и сака да те покаже пред неговите и фамилијата. Не гледам ништо лошо во тоа. Башка убава работа е, ќе се повеселите
А па и тие малограѓанските муабети, ај и на ваша глава, и за вас да дочекаме, вас ви е редот, па ај стани бидермаер ќе фрлаат станете и вие млади сте, ај танго станете и вие млади сте, а ти сирота јадна дечково го знаеш 5 месеци, си викаш каква свадба, каков ред, овие се луди, а и јас со нив што дојдов овде.
Јас лично не би одела, оти не љубам поврзување со негово семејство и одење на семејни собиранки посебно не во кратка врска, некако не гледам потреба. Ама ако ти си тип на чоек што сака зближување со неговото семејство, go for it.
А тебе те поканија тие што прават свадба или дечкото? Ако е поканет само дечкото со семејството, еве јас во твоја ситуација, не би одела. Не сум поканета. Има луѓе кои не сакаат многу гости на свадба и гледаат да се само блиски и познати. Ако знаат дека има девојка и ако му рекле да те земе и тебе на свадба, оди тогаш.
Јас лично не би одела на толку кратка врска. Прво нема да се осеќам комотно. Цело време ќе бидам на тапет . Да, станам да играм ќе ми биде срам. Ќе ме изгледуваат од глава до пети. А, и плус што муабет ќе направам со неговите.