Според мене разговор не би помогнал. Проблемот не е од медицинска причина, туку дека е страшно себичен. Не се ни труди да ја задоволи. Постојат и други начини, освен секс ко шо се праат деца. Еве на пример орал. Не знам за вас, ама јас во врска со ваков човек не би останала, брак уште помалку.
@Emilija97mk Не биди со никого од жал. И да, во право си, ова е огромен проблем. А тоа што е во врската (при партнер кој мува не го лази), во брак може само да биде 10 пати побетер. Не се само 5-те минути, туку да мора ти се прва да иницираш, да сакаш, да нема возбуда, желба, хемија, трудење. Ма, пиши пропало
Не се проблем 5те минути (шо да, малку се, но овде има поголем проблем). А то е себичноста на твојот партнер. И од слично искуство ќе ти кажам - не биди со никој од сожалување.
Кога сексот се става на пиадестал како основен предуслов за успешна врска се добива токму ова што го опиша. Во се друго врската ви е одлична, кажуваш дека одпрво сексот ви бил солиден но после извесен период почнал пребрзо да свршува. Причини за ова може да има многу... стрес, гледање на порнографија а и од преголеми очекувања и притисок од твоја страна. Многу веројатно свесно или не му создаваш притисок на дечкото дека не си сексуално задоволна а со самото тоа само го продлабочуваш проблемот и му ја саботираш самодовербата па може да е причина плус што свршува пребрзо. Во секој случај можеш да го оставиш ако не те задоволува ама и наредниот што ќе го фатиш нема да има гаранција дека ќе те задоволи или дека ќе те задоволува онолку колку што ти сакаш па пак ќе се најдеш во истиот проблем. Се додека не си расчистиш во глава дека сексот не е примарен фактор за среќна и успешна врска никогаш нема да бидеш задоволна ако се водиш само на анимални потреби а не на човечка есенција и квалитети што се многу поважни од само имање на добар секс. Среќно
Ајде почнаа патетиките. Не, никој не го става сексот на пиедестал, ама дека е една од поважните работи во врската, е. Во случајов дечкото е себичен и незаинтересиран да ја задоволи девојката. И да свршува брзо ако сака ќе најде друг начин да ја задоволи, пример орален секс. Начини има премногу, желба нема и тоа е проблемот. Во врската и двајцата партнери треба да се задоволни, и те како е битно да се има добар секс.
Сексот не е единствен предуслов за успешна врска, ама е еден од предусловите и е важен дел од врската. Не е себичност и не е само задоволување нагон, сексот меѓу партнерите значи задоволство, близина, поврзаност. Убаво е да направиш на партнерот да му е убаво и тој тебе. Ја направи девојката себична, а уствари дечкото е тој што завршува задоволен, а она не и притоа е доволно трпелива и бара решение. Многу други работи кај партнерот и во врската се важни да тоа е факт, ама и да си сексуално незадоволен и да нема никаква близина и страст не е добро и не е здрава врска.
Како заклучи дека му врши притисок? Девојката се труди да го реши проблемот со месеци, дечкото мува не го лази. Ако за тебе сексот е анимална потреба имаш некој проблем и на погрешен начин го перципираш. И не е нормално само едниот партнер да иницира и да се вложува во врската, без разлика дали се работи за секс или за нешто друго. Себичност и незаинтересираност водат до ова.
Најди си некој само за секс. Ако ти е жал за него,и се е ок како што кажа чувај си го за врска и тоа е тоа. Џабе добар градинар ако незнае да си ја скопа градината Еве сега ќе имаш понуди во пораки
Ако е за прв контакт воопшто, не мора да се воздржуваш, можеш да пишеш прва. А ако сте заедно или комуницирате, а последно или секогаш ти иницираш разговор тогаш воздржи се
Јас па помислив дека им реплицираш на машките горе шо и пишаа на девојката шо кажа дека не е задоволна од плескањето од дечко и.
Па нека пише тој де ,ако му значам ќе ми пише Инаку се согласувам со девојката 5 минути се малку бар за мене и не сакам да си го трошам времето со слаби мажи Туку да се навратам на мојот проблем Не знам што е во последно откако излеговме пред 2 недели воопшто не ми пишал прв сега 1 недњла нигде го нема и прашањето ми е како да се воздржам
Баш ме интерисира шо ќе пишуваше во cv-то ако навистина го пуштеше . Јебач на годината или има пробиено многу брави хахахаа Или можеби лекувач на хистерија кај жените