Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Dominik

    Dominik Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Машки
    Да бе ќе ти кажам па да препишуваат после од мене:rofl::rofl:
    Не пишува овој профил cv во пораки:hai:
    А што не му пишеш ти прва:wasntme:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    12.330
    Пол:
    Женски
    Тоа значи не е вистински заинтересиран за тебе, и не му пишувај повеќе ни ти, а и ако пише пак тој биди воздржана и следи како ќе се одвива комуникацијата, ако е вистински заинтересиран ќе сака да одржи редовен контакт.
     
    На tessie, neno0o, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.812
    Пол:
    Женски
    Ок го знам тоа
    Но како да се воздржам нервоза ме јаде
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    12.330
    Пол:
    Женски
    Па не можеме ние да ти помогнеме:D како еве знаеш и сама дека ќе биде грешка ако му пишеш и дека не вреди и нема што да се нервираш, фокусирај се на други работи.
     
    На tessie и Justicija им се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.812
    Пол:
    Женски
    Ок ќе ја исчистам куќава генералка
     
    На tessie, neno0o, penelope10 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    4.889
    Пол:
    Женски
    Јас на таков икс ставам, очигледно е дека не е заинтересиран. Освен ако те интересира што е проблемот, мада што и да е резултатот ист ќе е ... Особено ако е некој нов.
    Едит, гелам веќе ти го пишале истото. Џабе е се знам дека е тешко незавршена работа, и без објаснување ама не вреди да си губиш нерви и трпение џабе
     
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.244
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам не си сериозен со советов. Во спротивно, не заслужуваш да имаш девојка/дечко.
     
    На tessie, TrueToMyself, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Колку години има дотичниот?
    Според ова што го пиша ми личи на несериозен.
    Навистина ако не те вика да излегуваш со него кога е со друштво, знај оти еден ден ќе дознаеш од некој дека тој е сингл, додека сте во врска... Мислам дека ме сфати што ти пишав. :)
     
    На tessie и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Самата.девојка

    Самата.девојка Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Чувствувам потреба да се искажам некаде за оваа тема па затоа ќе го напишам овде тоа што го имам да го кажам, а секој е добредојден за консултација, комуникација или било што да сака да сподели со мене за оваа тема. Јас сум се разочарала од сите што сум ги запознавала, немам дечко, немам ни другарки. Многу бев во депресија и премногу се повлекував и се изолирав од друштвото, па решив да го уживам животот сама без разлика на кој што мисли за мене. Многу ми е досадно да се замарам со другарки што не ме прифаќале. Многу сакам да запознаам дечко кој што ќе ме гледа само мене, да ме прифати за каква што сум. Сакам да имам врска што ќе е приватна, да одиме секаде само јас и тој. Трпение имам за да чекам ден кога би имала прилика за некој таков. Понекогаш седам и размислувам на тоа како неможам да ги прифатам и муслиманите како луѓе и дека можам да имам некоја шанса. Ми текна да побарам на интернет за врска помеѓу муслиман и христијанин и дознав дека тоа е прифатливо. Во главата ми се врти прашањето: Што ако имам некој таму што би ми бил сродната душа? Доколку има нели ќе ми биде толку убаво што не ќе помислам да се вратам на претходните? Тоа е навистина нешто што мене ме засега бидејќи имам многу негативни размислувања за тоа што се делат вака луѓето наместо да се прифатат и да се почитуваат меѓусебно, секој што би рекол на то дека е неприфатливо сметам дека е некој кој незнае тоа како се одвива и не го интерсира твојот живот. Сакам некогаш да имам прилика.. :(
     
    На Musicallinmylife му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Musicallinmylife

    Musicallinmylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2022
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Машки
    Многу аспекти се битни кога запознаваме некого, не секои си одговара сите ние сме различни луѓе. Многу е битно прифаќањето, било во другарство или врска, не секои е ментално созреан да те прифати таков како што си. Па тоа можеби те внесло во депресија, па човек се навикнува да живее така, а ние како луѓе не можеме сами не сме главна улога во нашиот живот. Не треба така да мислиш, ако сакаш со некого нешто да почнеш мораш да го прифатиш и да те прифати, а тоа не е лесно не секои е таков, и не е битно дали е муслиман, христијан, будист, битно е каков е како човек луѓето треба да се бираат само по дали е добар или лош човек. Без почит исто не може ниту да опстои, има некој работи без кои не можат да опстојат меѓучовечките односи, лубов, почит, разбирање. Знам сите сакаме и копнееме по љубов, да запознаеме некого, но многу е битен каков е човекот не сите сме едни за други. Нема правило може да се случи и кога најмалку очекуваме.
     
    Последна измена: 23 јули 2023
    На tessie, Самата.девојка и Осе им се допаѓа ова.
  11. Zvezda5

    Zvezda5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2023
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Добро вечер...
    Во долга врска сум со дечко ми, во последно време почнува некои теми за заеднички живот, не е дека не сум сигурна или слично, меѓутоа ме плаши околината, да, секако дека не треба да не интересираат останатите мислења, меѓутоа мене премногу ме демотивираат и ме тераат да размислам дали имаат право? Поточно проблемот е што, дечко ми работи низ Европа, вози камион и таква му е работата еден месец таму, па ваму осум дена, така функционира нашата врска. Јас за себе како личност не ми сметаше тоа воопшто, јас купив стан на 18 год и почнав сама да живеам до ден денес, навикната сум сама по дома, да бидам, не е дека не сум емотивна, ама мене тоа секој ден гледање со дечко ми е напорно, со дечко ми се пронајдов како личност која ми одговара да се гледаме на тоа временско растојание, имаме доверба знам дека не ме изневерува и јас него не, само немам поддршка од другарките кога им спомнав дека планираме нешто посериозно, ми рекоа, ех па тоа нема да биде брак, треба некој што секој ден ќе биде со тебе а не осум дена на еден месец... Друга другарка немој никако ќе ти фали маж...
    Не знам како да постапам, многу се согласуваме и не сакам решението да биде крај, барам мислење бидејќи врска е врска, а брак е брак... Не знам како да постапам, дали се навистина во право дека ќе бидам осамена? Некој со слично искуство, можеби?
    Ви благодарам на одвоеното време.
     
  12. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Боже боже па они ли ќе живеат со него или ти?
    Ова прашање треба на себе си да си го ппставиш, сакаш или несакаш?
    Во животот и љубовта не е све едноставно и морално да биде онака како штл за сите е “класика”.
    Има другарки што спорузите им работат и ги нема по 10 дена у месец некад више некад мање, па и се сакаат и имаат деца..
    Другарките треба да те подржат а не, анкс и недоверба да ти направат.
    Идеално никогаш нема, и да го фатиш идеалниот дечко/ споруг, пошо животов е далеку од тоа, бар оној кој го живееме ние човеците нормални
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.811
    Пол:
    Женски
    @Emilija97mk, можеби е подобро да се повлечеш малку? Да ја оставиш иницијативата нему? Сѐ додека го поставуваш прашањето дали да го оставиш, сѐ уште не е дошло времето да го оставиш. Многу е себично да не се ни потруди да те задоволи. И што дека ејакулира, зошто одма да се облекува, ова, да ми извиниш веце ли е или девојка му... Можеби следната партија подобро ќе биде...

    Споменуваш брак, значи сериозни сте, а еден од трите главни столбови на бракот е интимноста. Оти таа дава и емотивна димензија и тоа е еден вид споделување и поврзување. Не би рекла дека немате проблем на емотивен план, напротив има партнер којшто не му се замара со задоволување на партнерката. Не иницирај толку веќе. Повлечи се, ако си му важна ќе се потруди.

    @Justicija многу мразам ова значи, две недели пишува, една не пишува. Ова е држење резерва, веројатно нашол нов фокус на вниманието, па ако добие шут да има каде да се врати. Мене веќе ми е пукнат филм, кој ме нејќе, јас уште толку го нејќам, па коа ќе пише од досада има и што да одговори. Мажите сакаат да се ловци, секако дека повеќе иницијатива треба од негова страна.
     
    На butterfly6223, Justicija и dow им се допаѓа ова.
  14. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.536
    Може е асексуален :D:D
     
  15. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Машки
    Секој си наоѓа свој начин на функционирање. Ако функционирате тогаш немате проблем.
     
  16. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.536
    Не издавај бе, ќе не можеме у кафана на раат да седнеме машко друштво хаха
     
  17. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    6.022
    Зошто не пробате да живеете заедно без да сте официјално во брак? Така ќе можете да искусите „брак“, само без деца.. Ќе увидите дали ви одговара таков живот или не, и тоа ќе видите како ќе оди со тек на време, затоа што желбите и приоритетите можат да се сменат иако не изгледа тоа возможно сега. Ако ви одговара, тогаш супер, потписот после ќе ви е само формалност. Ако не ви одговара пак, нема да морате да поминувате низ цели компликации како развод. Мислам дека живеење заедно пред брак е добар преоден чекор од врска кон брак, не е толку страшна таа одлука како тоа директно да се венчаш.
     
    На Mrs. right, sj *O* и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  18. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    7.967
    Пол:
    Женски
    Што толку се битни другарките и немањето на нивна поддршка?? Со вас ќе живеат? Ако ти си во среќна врска која се заснова на почит, љубов, доверба, нема што да се замараш со другите. Луѓето се ужасно љубоморни кога гледаат туѓа среќа
     
    На tessie, Mrs. right, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  19. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    4.505
    Мислам треба да се отвори посебна тема за врска и брак со камионџија :rofl: се сетив на членката клара од постов или како и да беше.. Шала на страна Живот со камионџија не може да биде 24 7 како ќе живеат заедно? Кога тој стално вози низ Европа, се зависи до човекот некој може така, некој не може:?:
     
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    6.022
    Да, тоа секако нема да поминуваат многу време заедно, само тие 8 дена кога ќе е тука :D Ама пак си велам, ете ист би им бил таков бракот, ќе види дали така навистина ѝ одговара... Сепак мора да има некакви критериуми за да се каже дали им оди или не, не е само дали можат да живеат одделено :?: Си велам, што ако забележи дека не се чувствува убаво кога ќе си дојде тие 8 дена или ѝ сметаат некои работи што порано не се истакнале затоа што не ги поминувале заедно цели 8 дена сами... Не знам, искрено, тешко ми е да се ставам на нејзино место :D Од друга страна, не знам колку е млада, може на 22 да не ѝ смета, ама на 26 да не сака повеќе да живее така, па да мора да се разведува :?: Многу промени во размислување и однесување се случуваат во перидот од 20 до 30 години, а таа ми звучи како да е поблиску до 20 години, затоа не би ѝ препорачала да брза со брак (waiting) Ако е пак блиску до 30 години, тогаш можеби навистина добро проценила дали може да се носи со ваква врска/брак :?:
     
    На tessie и Snowflake92 им се допаѓа ова.