Го сфатив тој дел ама откако завршиле, нема логика веќе да бараат значење во лајкови. Едноставно или бара внимание или уште не му вратила втората женска на пораките, па да има отворени опции. И затоа се одследуваат овој тип на луѓе после раскинување
Да , еве ајде го блокирав , а најлошото е тоа што работи ме во иста фирма , сега од следен месец на тој сектор каде што е он и јас се враќам , да секако ќе се однесувам како ништо да не било
Тоа е, формално ќе си комуницирате, принудени сте, нели дружба си е дружба, служба си е служба. И дистанцирај се скроз од него, само околу работата комуницирај, не му придавај значење ниту внимание посветувај му, па да почне типот да се занесува, ете сега на чисто си знаеш и сама каков е.
Вака имам еден проблем, јас сум во врска скоро 8 месеци. Но дечко ми е тип со минато и не е од културна фамилија. Јас поради тоа се трудев врската да остане што е ножно поприватна зошто ми беше страв да не дознаат родителите. Но со тек на време дозна мајка ми и ме притискаше да раскинам со него, плачеше пред мене и се крена дури и притисокот. Јас искрено се најдов под голем притисок и не по своја волја раскинав со него. Но проблемот е тоа што тој е променет и по неговите постапки се прави за мене и мене ми беше убаво до него ме мотивираше да станам подобра верзија од себе и да се фокусирам на своите цели секогаш ми беше поддршка. Не знам што да правам хелпп, иначе се уште сме во контакт.
Кажи какво минато и ќе можеме да ти дадеме совет. Така незнаеме ништо. Не сите се вредни да се бориш за нив.
Тргни се од детето, бегај од нив, чим неговите се кримоси, он пораснал во дисфункционално семејство, веројатноста дека и он ќе биде таков е многу голема.. А кажи ми, убијци се, дилери, или некој тешки деликвенти?
Нее хахахахахахах не се културна фамилија, многу се штедливи и се заостанати. А тој се има дрогирано и се има тепано, претходно.
Бегај. Не ти треба таков. Од почеток се мед и млеко за да те фатат во нивната мрежа, е после почнува измачувањето. Ако си од помал град, рачунај и работа заради него нема да најдеш никаде.
Некој да порасне во дисфункционално семејство е едно, да има самиот проблеми со дрога и криминал е друго. За првото немам проблем (не сум ни јас идеален случај), за второто никогаш не би дала шанса. Со дрога и останати "прљави" работи не сакам да си имам работа. @yinyangg може ќе почнат некои членови со срцепарајучи зборови дека човек се менува и да не стигматизираш за дрогата ама твојата безбедност е побитна. Не се фрлај во опасност, не е единствен.
По пишаното, млада си..некултурата нивна и штедливоста и не е толку проблем, култура се стекнува..евентуално..ако се сака. Ама се' заедно , со историја на дрога и тепачки, плус ако е необразуван или живее/планира да живее во заедница со неговите, е рецепт за шпанско-турска серија, со многу драмолетки..
Првото и не е баш голем проблем ама јас лично не би прифатила да сум во врска со човек кој се дрогира и тепа. А тие муабети дека се променил или ќе се промени се пиши пропало оти секој втор човек шо е зависник од дрога го имал зборувано тоа дека "ќе се промени". Подобро тргни се од него. Не е ни прв ни последен.
Некој за во лп, ми треба мислење за еден дечко, не можам овде да се објаснувам да не ме познае некој...