По пишаното, млада си..некултурата нивна и штедливоста и не е толку проблем, култура се стекнува..евентуално..ако се сака. Ама се' заедно , со историја на дрога и тепачки, плус ако е необразуван или живее/планира да живее во заедница со неговите, е рецепт за шпанско-турска серија, со многу драмолетки..
Првото и не е баш голем проблем ама јас лично не би прифатила да сум во врска со човек кој се дрогира и тепа. А тие муабети дека се променил или ќе се промени се пиши пропало оти секој втор човек шо е зависник од дрога го имал зборувано тоа дека "ќе се промени". Подобро тргни се од него. Не е ни прв ни последен.
Некој за во лп, ми треба мислење за еден дечко, не можам овде да се објаснувам да не ме познае некој...
Тој што се дрогирал пак ќе почне кога тогаш, имав комшија што се дрогираше, многу постар од мене е, се лекуваше во Бигорски, демек се излечи, 10 години не се дрогираше, и цигари и алкохол откажа, сега на негови 50 години пак почна, можеби никогаш и не престанал, ама го гледав освежен, не беше пропаднат, сега го гледам никаков е. Затоа бегај на време од дечкото-мој совет. А тоа неговите што се некултурни и штедливи е најмал проблем, и неговите на мм се такви, за себе си се, ама ти треба со него живот да живееш, ќе работиш и ќе ти бара пари за дрога, не ти треба таков.
Здраво на сите. Ќе ве замолам за некаков ЖЕНСКИ совет. Бев во врска 7 месеци, јас 28г она 19г (може ќе рече некој разлика во години) се започна супер од иста населба сме се сретнувавме на улица седевме во исти локал,абе со саати се гледавме еден со друг. И така почнавме да се гледаме скоро секој ден,разговаравме по цел ден за многу брзо време се навикнавме еден на друг, ја гледав и чував како последна капка вода , но имаше некои работи кои не ми беа јасни. Она прва ми рече Те сакам она ја иницираше нашата врска, и зошто ниту еднаш ми нема дадено никаков комплимент (освен те сакам, сонце,душо итн.) сексот ни беше супер уживавме и двајцата едноставно убаво ни беше и да скратам. Се врати од одмор со мајка и, снага ми трепереше едвај чекав да ја видам, јас дента се враќам од работа и легнувам да преспијам и она ми вика ако спиеш нема да се видиме и не се видовме, многу глупо се чувствував нема врска преќутев. Кога сме имале ситни расправии по нејзина вина се понашаше како јас да сум згрешил. За брзо време повторно имавме расправија и тука престана се. Пишував,ѕвонев триста чуда а она човече мртва ладна само seen абе збор не кажа до ден денеска.После неполни 3 4 дена ја гледам седи со друг (демек другар и бил) вчера отишле на одмор 3 другарки тој "другарот" и уште еден. Не ми е јасно како може така да се однесува спрема мене и да биде така ладна после сите убави моменти, тежок игнор ми мавна. Можеби подобро сега да престане отколку за 2 3 4 години. За 7 месеци ја засакав премногу, толку ми беше мила зошто сето тоа да престане така одеднаш. Секој ден по цел ден ми е во глава мислам дека ќе пукнам од мака. Како понатаму ... ?
Несозреана е женската, не размислува како тебе, а и остај што е млада него и испаѓа дека е безчувствителна и баш и е гајле дали понашањето нејзино те повредува она си продолжува со животот ко ништо да не било, мува не ја лази. Може па сето ова ко игра и забава го смета, кој ја знае. Ти си возрасен, изградена личност, се гледа дека си ја засакал ептен и ти се пикнала под кожа но размисли дали вреди да си го губиш времето со ваква особа. Да те сакала зарем вака ноншалантно ќе се понаша, ќе те игнорира и ќе се забавува со други? Будала те праи нели приметуваш, а ти уште трчаш по нејзе. Не знам дали си и раскинал ама треба, освен ако ти е убаво и интересно вака да те игра, тогаш продолжете, што да кажам. А ќе ја преболиш, не се секирај за тоа, секој може без другиот, треба себе си да си се ставаш на прво место и да не дозволуваш да си игра некој со тебе. Те гледала како авантура очигледно, си и здосадил и те шутнала.
Престанав да читам после "јас 28г таа 19г". Не ми е јасно што бараш ти со скоро 30 години со девојка што завршила средно што се вика вчера. Не те сакаат тие што се твое годиште? Бљак.
Абе не викај така, некои на 19 се позрели од други на 29 ама очигледно оваа не била. Иако да, во различни периоди од животот се па секако дека и тоа има врска. Ама пак ќе кажам, до човекот е, ако е некој расипан, на секоја возраст ќе биде таков.
Јас имам право на мислење и моето мислење е дека некои со 28 и 19 нема што да бараат романтична врска заедно, без разлика на околностите. Толку.
Не ми го оспоруваш мислењето ама му бараш изговори на ортакот погоре, како да е нормално тоа што го прави.
Несозреана, си и здосадил и толку. Ти сакаш за озбилно, она по понашањето се гледа дека сака авантури.
Тоа дека не е созреана го знам, ме боли однесувањето од нејзина страна. Иначе да раскинавме. Ахх проклет да е денот кога прв пат се погледнавме во очи. Иначе ти благодарам за советот премногу ми значи
Те разбирам, истото ми се вртеше и мене во глава на почетокот ама стварно имаше некоја искра меѓу нас и се случи
Ја мислам дека и годините си го прават своето .. ајде да речеме неискуство. Не дека важи за сите шо помлади, ама реткост е да го имаш истото или слично гледиште ко она на 28 плус. *Шо е нормално нели? Знаеме сите како сме се чустувале/ што сме сакале на 19 че.. Можеби си и здосадил, можеби се исплашила од толкава љубов, има многу можеби.. си пишал си пробал нема одговор продолжи си и работи на себе ќе си најдеш некоја која ќе ја цени и сака твојата љубов.