Никој не кука и немам таква намера, ми требаше да слушнам мислење или совет, за среќа се најдоа девојки и момци кои кажаа по некоја реченица и фала им за тоа ми значи многу. Ама има и вакви како тебе што немаат намера да кажат нешто нормално само мрчат
Не сакам повеќе да ве замарам гледам дека ова оди во друга насока Фала ви на сите што споделивте по некој совет и утеха <3
Луѓе бидете реални,ниту ние,ниту пак овие генерации на 19год не ја знаат суштината на заљубувањето и љубовта. Допрв осознаваат како и многу други работи во животот. Можеби си го сакала на нејзин начин,од нејзино гледиште што прилега за нејзината возраст и можеби сфатила нешто друго во моментот и тука престанува се и тоа е нормално. Сепак се години во прашање. Да имала она 28/29год а тој 38/39год, веќе е друг муабет. Не ги созревајте младите предвреме и со сила. Самото темпо на живот доволно ги форсира да се однесуваат “зрело”,но не е така.
Не замараш, само сите сакаат да ти укажат дека е мала. Ништо не видела во животот не искусила и не осознала. Баш поради тоа, сите ти викаат да не тонеш зошто реално нема причина. Ти од друг аспект ја сакаш,она од друг те сакала тебе
Свесен сум дека не е мала разликата во години. Него ги читам коментариве на поединци (ти 28 она 19 бљак, сум кукал итн.) ја незнам зошто воопшто коментираат ако немаат нешто паметно да кажат. Фала ви на сите уште еднаш, отидов јас да ја преболувам
Буквално истото го имам правено на машки кои не ми значеле ни малку, што ми биле само за трошење време и забава. Никогаш не те сакала, а уште помалку и било гајле за твоите емоции. Единствено нешто што можеш да го направиш сега е да поработиш на себе, нејзе со тек на време ќе ја преболиш.
Сам го пиша другарот во наводници. Ако ти е полесно да си веруваш дека не те варала, ок, верувај. Еве и да немало нешто пред тоа, сега (ќе) има. Како и да е. Продолжи си со животот и батали ја. Не вреди да си трошиш енергија за личност која те сметала само за забава. Множи ја со нула.
Требало во врската да се поставиш а не и преќутев ,преминав преку тоа и тоа ,сега е предоцна имаш наравоучение како треба да се почитуваш сам а и обратно и женското не треба да трпи ред флаг,тоа било што било убаво било и сам кажа она не те ценела не те сака и што повеќе продолжи напред и нареден пат постави се убаво ако нема љубов ,разбирање почит не е стабилна врска тоа.И јас сум имала постар дечко кога бев 19 па не се понашав незрело ај да кажеме ,он беше 26 сепак се е и до личностите и каква е врската . Ок мала млада за пресериозна врска може и била но ти мавала рецка ко ова не се видела со тебе а можело она ти рекла спиј не се ни потрудила ,значи може и на 29 и 39 ќе е таква,и до самата личност е .
Секој за себе мисли дека се однесува зрело во дадената возраст,нема потреба од лична споредба и нема потреба да се суди каква ќе биде на 29год. Има многу за пишување……зрелата личност ја сочинуваат многу работи,меѓудругото,човек никогаш не е комплетно зрел и тоа е окау. Суштината на зрелоста и животот е да сакаш секој ден да работиш на себе и да се надоградуваш, дури и тие на 60/70год и да си секогаш отворен (опен мајнд) за себевложување.
Незнам зошто упорно зборувате за зрели и незрели личности, кога овој случај нема никаква врска со зрелоста. Женската не го сакала вистински, само губела време со него и крај приче. Она може и да си е зрела за нејзини години ама небитно, битно е шо не го гледала како постојан партнер.
Колку и да е, никад нема да е зрела колку 30 годишен. А тој треба да знае подобро за своите години и да не дејта тазе legal грлс. Ја покажува неговата зрелост.
Зошто да не збориме за зрелост? Само во темата за секс кога прашуваат по милионити пат дали се бремени ако кондомот се извадил,а не свршил внатре и слични глупави прашања,ќе ги оправдуваме дека се незрели? Баш за оваа тема е потребна емоционална и животна зрелост,а за секс е потребно ЕДУКАЦИЈА. Како и да вртиш, мозокот треба да се нахрани прво,па се друго.
Кога бев на таа возраст 18-19, само постари 28-30 ми се пуштаа. Не можам да објаснам колку беше крипи. Јас не знам зошто воопшто прифаќала, али ете можи за искуство. Ма да, јас сепак не би толкава разлика.
Јас зборев за случајот на овој членот. И да била зрела и да била незрела , НЕ ГО САКАЛА туку се ладела со него. Не зборев општо.
Шо има врска тоа? Исто бевме со години кога почнавме врска со мм, па еве не фала богу супер тераме до сеа