Незнам зошто упорно зборувате за зрели и незрели личности, кога овој случај нема никаква врска со зрелоста. Женската не го сакала вистински, само губела време со него и крај приче. Она може и да си е зрела за нејзини години ама небитно, битно е шо не го гледала како постојан партнер.
Колку и да е, никад нема да е зрела колку 30 годишен. А тој треба да знае подобро за своите години и да не дејта тазе legal грлс. Ја покажува неговата зрелост.
Зошто да не збориме за зрелост? Само во темата за секс кога прашуваат по милионити пат дали се бремени ако кондомот се извадил,а не свршил внатре и слични глупави прашања,ќе ги оправдуваме дека се незрели? Баш за оваа тема е потребна емоционална и животна зрелост,а за секс е потребно ЕДУКАЦИЈА. Како и да вртиш, мозокот треба да се нахрани прво,па се друго.
Кога бев на таа возраст 18-19, само постари 28-30 ми се пуштаа. Не можам да објаснам колку беше крипи. Јас не знам зошто воопшто прифаќала, али ете можи за искуство. Ма да, јас сепак не би толкава разлика.
Јас зборев за случајот на овој членот. И да била зрела и да била незрела , НЕ ГО САКАЛА туку се ладела со него. Не зборев општо.
Шо има врска тоа? Исто бевме со години кога почнавме врска со мм, па еве не фала богу супер тераме до сеа
Може не го пишат но го прават машките и бетер работи прават .Без разлика машко женско такви кои прават така лошо на себе си прават ако се погледне подлабински
Па може не и е животна цел на 19год да се омажи и да се заљуби во 10год постар од неа. Можеби сака дел од животот да си го посвети себеси. Немаат сите амбиции како твоите
А женските што потврдуваат дека го прават не го прават значи? Муабето ми беше дека двоен стандард е, истата реченица или поддршка ќе добие или му се спремаат вили и факели, зависи кој ќе го речи.
А кој вика дека цел треба да и биде да се омажи на 19? Сеа мешате баби и жаби. Годините не е никакво оправдување што си играла со неговите емоции, крајно себично и подло. Она иста ќе биде и на 30 штом уште од сеа вака се однесува, а и повозрасни девојки и жени има што вака праат, до личноста е. Шо му дава лажна надеж ако нејќе ништо сериозно? Ако и било авантура, ќе си поиграла недела или месец и ќе му кажеше како стојат работите, а не 7 месеци го лажела дека го сака. Точно дека е млада многу ама не е дете, нема 13 години, треба да се размисли малку пред да се дејствува, малце да се вклучи мозок само малце треба. Вие значи вака сте праеле на тие години, алал да ви е бе.
Многу сериозно сфаќате дејтања со некој кој ни пет пари не би дал за вас. И после сте повредени, разочарани оти не знаете да поставите граници со луѓе. Дечково се дур не ја научи лекцијава, ќе се најде некоја друга да го поебе. После повреден ќе биде, а замисли на нејзе ни најмалку гајле не и е. Сега сигурно живот живее, излезена во бољи живот, дур тој тука дреме на женски форум и бара совети...
Трн во око ми удри бидејќи коментира за годините, секој си знае за себе. Што и е гајле што бара он 10 години постар со неа. Така му било мерак. Не мора да значи дека одма ќе се мажи ако влезе млада во врска со постар. Јас за мене кажав дека ми е супер, годините ништо не значат.
Алудираш дека ја оправдувам? Па луѓе си играат и до брак и до правење деца по грешка,за потоа децата да растат во трауми и дисфункционално семејство. Само кажав дека на време престанал со неа,ниту седнав да барам повеќе причини. По тоа што го кажа тој,само сфатив дека не е зрела и тоа е окау и не треба да пати,колку и да боли тоа што му го направила. Не гледам причина да ти е трн во око тоа,ако сметаш дека твојата одлука за тебе е прифатлива и не може нашите одлуки да се прифатливи секогаш за друг и тоа е окау. Не знам што барале заедно искрено,они најдобро си знаат. Побара тука мислење/совет. Јас го кажав моето.
Хаха па и јас кажав мислење, што има чудно што она е 19 а он 28. Иста ситуација сме, а ти праша дали сум сериозна. Што мешаш сега поими, или колку да се искоментира нешто само.
Уште на почетокот имав прашалници во глава ама си викам пушти нека тече без многу залетување и еве до каде стигна. Јас уште неможам да размисливам на тој начин заслепен сум, па затоа сакам да ти кажам дека твоите коментари ми даваат ветер во грб. Фала ти на поддршката