Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.116
    Допаѓања:
    185.720
    Пол:
    Женски
    Ако едната страна е малолетна или 18-22тина, а другата е веќе возрасна индивидуа - е груминг. Како и да го паковате, груминг е. Па на гла застанале дали на "зАпАд" било така или не. ГоДиНи Не ГлЕдАлЕ. И како таква, има дисбаланс на однос и моќ и секогаш постариот е во повисока позиција. Девојче од 19 сега е средно или заврши средно и почнува факултет. Нема свои финансии и најголем проблем му е тестот по математика. Вол на 33 работи и има моќ со пари чак било минималец. Поќе има од дете. Или е паразит и чека за кафе од дома ама само со то шо има поќе искуство и години е во ап позиција. Башка шо е веќе оформена индивидуа, а детето уште се формира. Ама океј. Груминг ко тема ми е тригер па пред да изедам поќе лајна ќе се одјавам сега.
     
    На Annath, Celltica, penelope10 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.562
    Допаѓања:
    46.206
    Пол:
    Женски
    За вас жениве тука - зашто сите сте околу 30 и повеќе, ако помислата сега да бидете со 18-19 годишен средношколец ве згадува и/или ви е смешна и не ја пронаоѓате таа група на тинејџери атрактивна, честитки, имате одговор на прашањето за кое се збори.

    Само зашто е легално, не значи дека не треба да се стави под знак прашалник.
     
    Последна измена: 1 август 2023
    На christinnn, Celltica, sparklie и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Види вака,ти го прочитав проблемот.Баш ми е жал што овде ќе прочиташ се,само не искрен совет.
    Мислам дека си доволно возрасен за прво да воочиш дека разликата моментално меѓу вас е малку поголема.Она е 19,уште е дете,не ја оправдувам никако,ама мислеш дека размислува зрело сега?Ферски ќе било да седне и да ти каже како се осеќа.Многу детски од нејзина страна.Имаш право да знаеш барем.Ќе ти помине,нормално е да се осеќаш така,ама ако сега направила вака,замисли утре да имавте сериозен проблем?ти секогаш ќе трчаше по неа?Одмори се некој период,ќе најдеш нешто што те заслужува.
    Ако ти треба нешто,совет,мислење,слободно пиши ми:l:
     
    На penelope10 и OgreMagi им се допаѓа ова.
  4. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Знаеш што е најтрагично, што на олку мали чупиња им даваат потоа предлози за брак. Некако, како веднаш да сакаат да ги врзат. И скроз е предаторско и нема друг збор. И сите сме имале случај кога сме биле тинејџерки некој апла да се пушта. Манијачко е, неоправдано. Јас искрено бегав од вакви ситуации, интуитивно знаев дека не бива. Сега оваа нека си го мисли, можи да ја замара пак.
     
    На christinnn, baby-star, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.711
    Допаѓања:
    29.779
    Пол:
    Женски
    Не нормализирајте груминг, фала многу, пријатно.
     
    На Nausicaa, Puellapulchra, Ajronmen и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Се мислев ќе се воздржам, ама не можам. Зошто на секој пост, проблем во темава се трча со ама јас се омажив за постар, што со таков ако се омажиш итн. Добро, дали е нормално од секоја врска, да се очекува толку многу за да се дојди до брак. Не ми е јасно, посебно за помлада особа.
     
  7. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Машки
    Споредуваш баби и жаби. Мажи и жени не се исто. Тоа е биологија и еволуција.

    Мажите секогаш преферирале помлади жени, затоа што тоа ги асоцирало на плодност, убавина, енергија, а жените ги интересирале постари мажи, затоа што тоа ги асоцирало на зрелост, моќ, доминација. Затоа имаш преференции висок маж, богат маж, постар маж. Така било, е, и ќе биде. И тој модел функционирал со милениуми. Без разлика тоа што денес некои идеологии се протуркуваат и создаваме генерации на продолжена адолесценција, а притоа ги убедуваат куп генерации жени дека исто ќе вредат во 30те како во 20те кога е во прашање социјален живот, брак, семејство. Не е така. Еволутивно вредноста на жената достигнува пик до 28 година и натаму опаѓа. Зборувам за преференции кога е во прашање брак и семејство. Ниту еден маж, кој има висок социјален статус, добра пара, никогаш не би оженил 35 годишна девојка, туку доста помлада од него.

    Безброј примери. Од селебрити до обични луѓе. Роналдо почна да ја дејта Георгина кога таа беше 21-22 години, а тоај 32-33. Никому не му беше гајле.

    Што се однесува до случајот на дечкото. Престанете да живеете во илузија и од секоја жена да правите жртва. Кој тоа тврди дека девојчето не е намажано во животот, не го користеле додека и било интересно и го шутнала за друг постар и побогат маж што ќе и пружи повеќе во животот? Како што гледаш дечкото не ја искористувал, туку се зацепал во неа, планирал брак, семејство, деца, ама таа не го гледале него како husband материјал, туку период во животот додека не и здосадило.

    После 30те изборот за партнер станува многу тенок, затоа што се што е квалитетно е веќе зафатено и оформено. Некогаш ги сметав за будали тие што се женеа/мажеа млади. Денес од оваа перспектива ги сметам за паметни и практични.
     
    На Aenarion, Trexane, OgreMagi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    3.187
    нА ЗаПаД таткото на женската ќе му даде клоца на волот ако дознаат за таква врска, тука на балкан е неее греота 33 годишен само се заљубил :(
    Многу сме гнасни како народ, и не ми се верува дека него го спуштија на исто емоционално ниво како девојчето.
    19 годишна не може да "брка", туку нејзе ја бркаат, она на тие години е доволно глупава и наивна за да ги прифати.
    Мислам, unpopular opinion ама убаво е што млади женски го користат начинот на размислувањето од спротивната страна против нив. Возрасен муж ќе фати младо со надеж дека ќе му трча по гз и да му задоволуе, а оваа ќе го искористи за пари/забава и ќе го фрли. И после кенкајте дека ве изиграла. Епа тоа е.
     
    На Nausicaa, baby-star, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Машки
    Нема грешка.

    Кој тоа ве лаже?

    Ако имаш статус, пари, име, професија ќе дејташ кого сакаш. И на никому нема да му е гајле. Зборувам за запад. И зборувам за мажи. Мажите на запад не се ништо поразлични од овдешните мажи. Можам со илјада примери да ти докажам.
     
    На Dekoo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.092
    Допаѓања:
    25.537
    Пол:
    Женски
    Леле како да разликите во години да не се доволно одвратни уште морав да читам дека млади девојки се плодни и затоа се посакувани :puke:
     
    На smooch, christinnn, sparklie и 16 други им се допаѓа ова.
  11. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.511
    Пол:
    Женски
    Ауууу од реченицата каде човеков побара СОВЕТ како да продолжи понатака сам,без неа, стигнавте до родителите на запад како се однесувале и дали се зимале за пари или не, дали се наметнува примерот “еве јас се земав со постар на 19год” с т р а ш н о !
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Според мене се што е постаро од 5-6 години максимум, и тоа ако е женската зрела, не на 18, не чини. За шо ќе си прајте муабет? Па не се сите богати како Роналдо па да речиш јебига и 10 и 20 години разлика ]:)
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.714
    Пол:
    Женски
    Еве драга, за некој е страшно. (Преголема разлика од 10 години)
    Не искусил такво нешто, на 19 години само мажачката е страшна (за мене)
    Барем така сум од дома воспитана
    За некој е нормално
     
    На Anyshka и GirlVolley им се допаѓа ова.
  14. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.511
    Пол:
    Женски

    Кога би било нормално,секоја би се омажила на 19год и би родила!
    Не сме малоумни,знаеме дека тие по грешка забременуваат и се одлучуваат веднаш на брак со никаква љубов.
    Затоа би било фино да се престане тоа да се дава како добар пример или пак во раните дваесети години исто така не е одличен пример.
    Старосната граница на созревање и на стапување во брак е поместена, мислејќи дека “се сакате премногу” правите грешки,па после разводи и чуда и децата најповредени од се,а родителиве ги заболе.
    По она што го гледам кај нас и во светот што се случува,тие што започнале последна врска околу 28/30год и стапиле во брак,се со вистинските партнери и тогаш капираат што е љубов и вистинската вредност на врска/брак. Коментирав многу во друга тема за ова и уште стојам позади тоа.
     
    На cresa-jagoda, baby-star, INNERBEAUTY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Машки
    Баш напротив.

    Тоа е точно дека старосната граница на созревање и стапување во брак е поместена, но тоа не е нужно добро дека е тоа исправно. Напротив. Изборот на партнер, посебно на мажите, знајачно опаѓа после 20те. Тие жени што се сингл во 30ти, по дифолт не се позрели, па затоа имаат повисоки стандарди, туку едноставно нивната вредност на дејтинг маркетот е многу мал. И со право генерално. После две недели во врска со такви жени сфаќаш и зошто се сингл на тие години. Генерално може да се каже и за машката популација.

    Жена на 32 или 35 годишна возраст не капира што е љубов и што се вистински вредности, туку прифаќа тоа што и останало на дејтинг пазарот, а тој избор е најчесто многу лош. Успешни мажи на 35 годишна возраст ќе си бркаат 25 годишни. Неа нема да ја рецкаат. Мажите ја немаат таа среќа да живеат подолго од жените поради потешките физички работи што ги работат за време на животот, но ја имаат таа среќа што и на 50 и 60 години можат деца да направат без проблем. Жените го немаат тој луксуз, освен ако не сакаат да поминуваат низ пеколот наречен вештачко оплодување. Затоа младоста во биолошка смисла има поголем значај од староста.
     
    На Aenarion, Hoss Delgado, Trexane и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.562
    Допаѓања:
    46.206
    Пол:
    Женски
    Ај те молам префрли се на кајгана со инцелскиве филозофии. Ќе слушнете еднаш за еволуција и биологија и ќе преувеличите неколку општи и двосмислени теории за да си ја оправдате мизогинијата во секоја ситуација. Маглава можеш на средношколки да им ја продаваш, на мене не.
     
    На Mikha4, Konfetka, smooch и 24 други им се допаѓа ова.
  17. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.714
    Пол:
    Женски
    Аууу неее и не и не! А на 19 години што знае девојчето дека сака од мажот 30 годишен големо мече и балони розевко/сино кога ќе го роди првото дете?
     
    На Konfetka, baby-star, Cvekarka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    3.511
    Пол:
    Женски

    Не те дочитав до крај,подавам рака за простоќата твоја и жал ми е што си морала да се омужиш,за да не останеш сама и да родиш дете без љубов.
     
    На Mikha4, ilenaki, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Машки
    Супер. Дојди на 33 години, па после можеш пак да ми ги продаваш истите тези. Не зборуваме тука за никаква мизогонија, туку за човек што се вљубил во 19-20 годишна девојка. Легално полнолетна, непресилена, немалтретирана од страна на него. Законски и уставно се легално. Сама го одбрала и сама го шутнала на крајот кога и здосадило. Само вие може да правите жртви и груминг од такви девоjки. Пре би рекла дека таа него го користела и манипулирала, него тој неа.
     
    На Wideperpetual, Aenarion, Hoss Delgado и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Машки
    Девојки, не е во прашање што сакам јас или што одобрувам јас. Тоа е субјективно. Јас немам 10 години помлада девојка. Не се фокусирајте на мене. Само ви кажувам како стојат работите од легално правен аспект.

    Легално и законски дечкото нема никаков проблем. Тој е во полнолетна врска без присила. Ниту е киднапирана, ниту малтретирана, ниту е извршено било каков вид на присила врз неа. Тоа се закони и устав позади кои вие сте застанале зад него. Ако не ви се допаѓа, тогаш потрудете се да го смените.

    Патем, ако зборуваме за педофилија и груминг. Дали тоа значи дека и повеќето ваши бивши или сегашни дечковци се педофили и грумери? Голем дел од вас тука кога сте биле средношколки и малолетни сте се мувале со полнолетни дечковци:)
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.