Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Да, го познавам и мислам дека дечко ми има шанси да дознае. Не дека ќе зборува наоколу, ама може да му се испушти и да каже несакајки. Двајцата не се познаваат лично, ама доволно е овој да каже на некој и се може многу брзо да се дознае... Имаат заеднички познаници и пријатели, значи можно е... Многу ми е тешко и збунета сум. :(
     
  2. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    И јас бев против неверство, се додека не го изневерив дечкото ..... не мислев да кажам ама тој секако дозна и многу полесно ми беше после, пошто многу луѓе знаеа и кога тогаш ќе дознаееше.... кај мене проблемот беше што траеше 2-3 месеци додека тој не беше во МК и беше нешто како врска во врска |( . На почетокот многу се каравме пошто призна дека и тој ме изневерил на почетокот на нашата врска и само затоа ми простува ама после време довербата се враќа и сега сме заедно 9 години... тоа се случи кога бевме 3 години заедно :^)

    Ако мислиш дека нема шанси да дознаее не му кажувај, ќе ти биде тешко некое време и после ќе помине.... ако дознае после ќе се расправате за се и сешто и ќе треба многу време да се поправат работите,
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Крејзи, ајде вака од непосредно лично искуство да ти дадам мој совет ;)

    Не оправдувам неверство никогаш и никако. Ако некој посегнал по туѓи прегратки и ако не издржал во момент на слабост, моја теорија - во туѓото го барал она што му недостигало да не речам кај своето.
    Но луѓе сме и грешиме. Знаеме да направиме глупост дури и да изневериме човек кого неизмерно многу го сакаме.
    Прашај се себеси дали сакаш да останеш и понатаму со дечко ти. Дали тоа неверство не те осигура во една работа а тоа е дека повеќе не можеш да останеш со дечко ти.
    Ако се каеш и ако си сигурна дека тоа било глупост и повеќе нема да се повтори - тогаш не кажувај ништо и не признавај.

    Не секогаш мораме да им се доверуваме на партнерите со се што ќе ни се случи а ова е токму една од тие работи за која тој НЕ МОРА да знае. Зошто? Затоа што ќе го скрши. Тоа што ти размислуваш да му признаеш е чисто од причина да си ја ослободиш совеста и да си го симнеш каменот кој ти легнал на душата. Значи признавањето е најсебичната постапка која би можела да ја направиш. Се каеш и криво ти е? Епа соочи се самата со тоа бреме, не го навлекувај на истово и дечко ти, не му нанесувај болка. Признавањето на one night stand никогаш не родило позитивни чуства кај спротивната страна, ниту тој ќе ти каже - фала за искреноста.
    Верувај знам за што зборувам. Пред мои очи девојки им признавале на своите партнери и јас само правев фејспалм колку се само себични и колку само додале бензин на целата ситуација.
    Остај тоа, него мажите поинаку гледаат на неверство - пред се егото им е повредено а после се друго, така да реакцијата би можела да биде и еруптивна.

    Осигурај се овој да не труби и тоа е тоа. А ако се раструби од трета страна, епа жал ми е :(

    А ти сериозно размисли што сакаш да правиш понатаму во врскава ;)
     
    На Mracna, XMaN, unique123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Мислам ова е навистина тешка ситуација. Да може да не му признаеш. Да може ќе излезеш себична доколку му признаеш за само да си ја олесниш совеста. Но секогаш кога ќе го погледнеш ќе знаеш дека еднаш си го излажала.

    Не верувам дека си од тие девојки ае сеа се десило се десило живот иде даље ако не дознае супер, ако дознае јебига токму и затоа ти е тешко да донесеш одлука за тоа што е правилно да направиш. Верувам дека го сакаш и да таква грешка може да се случи секому, тоа нема врска со љубовта. Слабости имаме сите.
    Но, никогаш неможеш да знаеш како ќе бидеш сфатена ако признаеш, никогаш неможеш да знаеш дали некој порано или подоцна ќе му каже-а тоа боли уште повеќе!

    Нема лесен излез од ова, а грижата на совест ќе ја имаш секогаш, при секој убав гест од негова страна, при секој убав збор, ќе си мислиш дека не го заслужуваш.

    Затоа според мене мислам дека е најдобро да ја испиташ ситуацијата, како он гледа на тие работи и сл. Испитај го од околу, дознај што мисли. ПОздрав и се надевам брзо ќе се справиш со проблемот.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    ако му признаеш на дечко ти за невереството врската ке падне на нула може ке раскинете а може и не ама ке се вратите на почеток на врската и се ке биде обратно односно никогаш повеке врската нема да биде иста!
    Може ке почнете ама пак од нула без никаква доверба, со сомневања кога сте разделени кога не сте заедно, а нормално и нема ни да те почитува како што те почитувал некогаш. Машките може да изневерат тоа ги прави ''фраери'' ама женското неможе да изневери и одма преоѓа мислењето во онаа е к**ва вака прави онака прави а има дечко, таков е нашиот менталитет во реалноста за жал ! :!:
    Така да ако му признаеш ке изгубиш се, а дали после ке можеш тоа да го повратиш тешко :x
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Да ве прашам за совет,не знам дали правилно постапив.Му пишав на фејбук и му реков не си фер, а тој е не ти си,веднаш почна да се прави фраер а јас му реков преку глава ми е од тоа што ме игнорираш,ке те избришам а кога ке изразиш желба адни ме ама јас избришав профилот и му реков повеке нема да слушнеш за мене,дружи се со која сакаш јас повеке нема да те молам и дека после се не заслужив вака.И дека ми е страв да му пишувам.

    Дали правилно постапив?Што понатаму?
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Пеликуна ... а да престанеш да се замараш со него и неговото однесување со тебе?! :^) Не, па стварно те читам и си преоптеретена со него. :tmi: А тој ни рецка не ти мава како што можам да заклучам по она што го кажуваш. Дај девојко, самопочит и прекини да му пишуваш, да се прашуваш, да мислиш на него! Ти нему само му го полниш егото. Тој едноставно нема никакви намери нити чувства за тебе штом тотално те игнорира. Извини на директност ама морав. Ајде земи сила и прекини да ја замараш главата со него, сврти нов лист.
     
    На bittersweet, mime87, BabyD0ll и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Skorpijata

    Skorpijata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Другарка ми се смува со тој што го сакам...ми треба совет

    (промена на вистинските имиња)
    -Денеска дознав дека другарка ми Ана се смува со тој што го сакам Марко . И она ми го кажа тоа , како да е сосема нормално ... јас се чуствував искористено па незнаев што да направам и се смував со Матеј (он предходно се муваше со Ана ) ...мислев дека ќе се осеќам подобро , но ништо не се смени ...дури кога си одевме дома и кажа на Маја (една од мојте најверни другарки) демек утре да сме оделе кај неа дома и она и Маја ќе се мувале со Марко , а јас со Матеј и отпрвин ми изгледаше смешно , но сега незнам што да мислам ...дали испаѓам курва во цела ситуација ? ве молам за совет...благодарам однапред ...и да ви кажам дека знам дека згрешив со тоа што се мував со Матеј само ...назнам што да правам ..
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Другарка ми се смува со тој што го сакам...ми треба совет

    Оди легни си девојко, на 13 години спиев јас во ова време.

    Ц ц ц, морам да те искарам, уште на 13 години ли почнавте да одите по куќи да се мувате ?! :o Секој коментар е излишен.

    А да, уште нешто. Нема вистинска љубов на 13 години, има само зовриени хормони. Така да кулирај.

    Ајде добра ноќ. :hai:
     
  10. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Можеби сум заостанат во 9 век, уште пред времето на Цар Самуил ама ова со договорени муванки во куќа со однапред утврден редослед на паровите е нов концепт за мене ааахахахахахахахахаа. Ајде цурице, кликни на линков, гаси се од форумот и легнувај

    http://www.youtube.com/watch?v=jr03j37a ... re=related
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Да Џули,во право си,ставив крај јас на се тоа.Трпев зошто ми значеше,ама повеке не.Ми кажа да не му ја чепкам другарката,по што му реков океј нема да ти ја чепкам ама ти повеке нема да знаеш за мене.За чудо не ме избришал,ама ако,јас нема да го барам повеке.Па дури почнува и да ми се гади од него :puke: Ако еден ден ми пиша нема да му вратам или пак ке му вратам со тоа што ке му кажам дека ме повреди и да не ме бара.

    Се чуствувам полесно.Само ми требаше мислење дека постапив правилно а ти го потврди тоа.Фала ти :$
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Да Џули,во право си,ставив крај јас на се тоа.Трпев зошто ми значеше,ама повеке не.Ми кажа да не му ја чепкам другарката,по што му реков океј нема да ти ја чепкам ама ти повеке нема да знаеш за мене.За чудо не ме избришал,ама ако,јас нема да го барам повеке.Па дури почнува и да ми се гади од него :puke: Ако еден ден ми пиша нема да му вратам или пак ке му вратам со тоа што ке му кажам дека ме повреди и да не ме бара.

    Се чуствувам полесно.Само ми требаше мислење дека постапив правилно а ти го потврди тоа.Фала ти :$
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    И да ме послушаш. Џабе е се, само ти ќе се јадеш од внатре ... Почни со тоа што ќе го тргнеш од тој ФБ. Така нема да се интересираш, да бараш, да се замараш за се во врска со него. Ајде времето ќе ти помогне да заборавиш и секако ќе се појават уште многу други дечки. :)
     
    На zhap4e, Pelikuna и Mistery им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Нормално,имам еден на видик ама се уште не сум заљубена во него :D само се прашувам која му беше целта што се однесуваше вака.Па тој секогаш ме молеше да не го оставам,да се дружеме,да не се караме.Му бев ветила дека нема да избувнувам но ова ги премина границите.Јас толерирам ама ако ми пукне филм готово е.Па и уште ке ми вика јас сум таа која е виновна,ха ха ха |(.Криво ми е што вака заврши ама се плашам ако се појавам некогаш ке ме бара ко ништо да не се случило.Ах Пеликуно,во што западна :wasntme:
     
  15. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    @ Crazy - мислиш дека емотивец како тебе ќе издржи на долги патеки да го сокрие ова? Целата ситуација има потенцијал да стане хаотична. Ако мислиш дека твојот дечко заслужува верна девојка, then do the honorable thing и признај си. Сите вие тука велите дека искреноста ќе донесе болка и во право сте со тоа, но замислете колку ќе боли кога ќе дознае понатаму во врската. Сите ние си имаме наши гледишта нели, но барем за мене, доста подмолно е да се направиш како ништо да не се случило после овој нож.

    п.с. барем според твоите описи за дотичниот се добива некој впечаток дека момакот е топ. Е сега ако е веќе таков каков што го опишуваш, дали заслужува да не го клецаат во здрав мозок? Ти одговори си.
     
    На zhap4e, crazyinlove19 и LittleDevil им се допаѓа ова.
  16. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Сите ме свиѓаат, ама никој не ме сака!

    Срцки ај барем МАЛА помош ве молааам ! :(
    Вака.. значи имам 13 години, мислам дека сите знаете. :) . Моиве другарки си имаат симпатии шо си ги сакат а и тие ги сакаат нив. Мене секојдневно ми кажуваат : „Еј Мона овај те свиѓал“ или пак „Ауу што слушам ќе се муваш наскоро“ послем „Мона бее, шо ова со Антонио?“ и да не набројувам.. Али сите ме свиѓаат и потоа се губат. :/ А сепак со тие шо ме СВИЃААТ би сакала барем пријателство да почнам, а кога ќе наполнам доволно години може да има нешо повеќе.
    Еве што се дешава:
    -ќе ми кажат дека ме свиѓа некој,
    -потоа чекам тој да ми пријде,
    -гледам не ми приоѓа, му приоѓам ја,
    -сваќам не му е пријатно да зборува со мене, цел се препотува,
    -на крајо ќе се изгуби и се прајт на тошо ко да не осеќал нишо за мене.
    Стварно би сакала некој да знам дека искрено ме сака и не така пролазно, ме разбирате? :( Незнам што да сторам. Веќе ми се смачи од ова. Многупати и на другарките му се имам развикано да не ми кажуваат кој како ме свиѓал, бидејќи знам на крајо ќе нема НИШТО ! Несакам да сум ИН РИЛЕЈШНШИП на оваа возраст, во никој случај ! Само сакам да се осеќам сакана од некој од другиот пол.. Не гледам излез, па помогнете ми вие? Каков чекор да преземам со следниот „свиѓач“ ? ://
     
  17. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Чекај "свиѓачот" да го превземе првиот чекор, би ти препорачала јас.
    И според мене, такви работи, еј онај те свиѓал ми се нај ама нај за никаде, да си зборнеме искрено. Ако тој не дојде кај тебе, и ти каже вака и вака, и не превземе прв чекор, значи ништо од таа работа. Преку другари/другарки, ништо не бива. Кога ќе застане тој свиѓачот пред тебе, тогаш знај дека е навистина свиѓач ;) на твои години, тие мене што ме "свиѓале" свиѓале и многу други девојчиња.
    Најголема грешка ти е тоа што ти им приоѓаш. Од кај знаеш дека навистина те "свиѓаат" ако не ти рекле тие самите, лично ;)

    И не се оптоварувај многу со овие работи :)
     
  18. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Знам дека можеби правам грешка со тоа шо понекад и прва им приоѓам али некако по моја логика ми даваат некаков знак, а потоа јас им приоѓам, па тие ќе се стаписаат или ќе се засрамат и на крајо ќе се изгубат.. И цела збрка настанала во главава xD !
    А инаку имаш право, не треба толку многу и да се преоптоварувам со тоа :)
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Абе шо се замараш,13 години си,Божее.Има време и за муачи,и за лапање(сори за изразот) и за се’.
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Стварно не ми се јасни овие генерации |( На 13 години си ги тупат мозоците со муачи и дечковци! Ало има време за такви ствари, а сега уживајте си во годините, шетајте со дтугарки, излегувајте.