Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    3.049
    Пол:
    Женски

    Скроз е така! Па на овие години бре, оформена,убава и изградена личност си и од надвор и од внатре. Затоа постои тоа бирање на овие години и не потклекнуваш како на 22/23год 25…додека си зелка неузреана. Не е навреда ова, ова е најреалниот збор за опис.
     
    На cresa-jagoda, Spicy Senorita и Lotus Girl им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам со ова и немој никој да мисли дека ако се 30 и сингл „се што е добро е зафатено“ и веќе нема надеж. Има милион причини зошто луѓето се уште не нашле партнери и секогаш може да го најдеш оној што е за тебе. Луѓе се разведуваат на 40 години со деца и со се и тек тогаш стапуваат во нивна најубава врска. Некогаш како поминува времето, се јавуваат повеќе работи, животни искуства и размислувања поради кои можеш да се повржеш со некој.

    Многу,, „македонско“ тоа размислување, демек во 20ти кој што зграпчи, зграпчи потоа ништо. Да, голем проблем во Македонија е што има дефицит на квалитетни мажи според мене, ама тоа важи и за младите и постарите мажи.
     
    На smooch, ilenaki, _beautyy_ и 22 други им се допаѓа ова.
  3. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    3.049
    Пол:
    Женски

    Епа тоа е тоа македонското “мајка земи го овој,забремени, сега ти е шансата” а таа не ни почнала живот да живее.
    Од клупа право во кревет и правење дете.
    Мозокот нема потреба да работи,може и без мозок да се живее, па после разводи на 30/32год и тотална не грижа за детето, препуштено само на себе. За греота.
     
    На hermosa, mssuniquee, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.805
    Пол:
    Женски
    Ти имаш 21 година, порасни па ќе видиме тогаш како ќе размислуваш
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Еве јас пораснав и идентично размислувам како членката што пиша.
     
    На ilenaki, cresa-jagoda, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.805
    Пол:
    Женски
    Убаво. Јас размислувам како што напишав и ајде сега нека се изврти 180.
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Океј. Никогаш не е доцна за ништо според мене и тоа мислење нема да ми се промени.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и Polyincognito им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    И тоа е сосема легитимно, ама не значи дека некој штo "ќе порасне" ќе смени став. Не дека не е нормално да смениш став, ама не значи ни дека нужно ќе се случи.
    Што се однесува до твојот став, на многу луѓе денешно време не им е битно да имаат семејство колку да го имаат, луѓето сакаат стабилен партнер, кој ќе им е партнер низ животот, низ сите подеми и падови и не спуштаат критериуми колку да стапат во некаков однос.
    Како да ти кажам, на повеќето луѓе им е гајле што другите ќе кажат, прават онака како што сакаат и чувствуваат.
    Јас мислам дека после 27-28 критериумите баш растат, а не се намалуваат.
    Ако на 20 ми било сеедно колку е некој амбициозен и трудољубив, пошто секако не сум планирала нешто сериозно од одма, сега и те како ми е битно.
    Мислам дека на луѓе кои размислуваат со кого ќе стапат во врска и кои пред се не се преплашени да не останат сами, критериумите им растат.
    Ти зборуваш за оние кои се очајни од страв дека ќе останат сами.
     
    На hermosa, cresa-jagoda, Gosh и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.805
    Пол:
    Женски
    Не реков ни јас дека е доцна, само дека стеснет е изборот. Постои, не дека не постои можност да најдеш и на 30 добар партнер. Само не колку што можеш да го најдеш, пример, до кај 27 години. Затоа пишав кога ќе пораснеш ќе гледаш поинаку, оти тогаш веќе директно околу себе, својата генерација која веќе е возрасна ќе можеш да си ја видиш и како стојат работите. Еве јас гледам дека најголем процент веќе имаат партнер па, оние кои се сингл, не им е баш лесно да најдат. И баш поради критериумите е потешко @Celltica . Оти ете повеќето се зафатени, она што е слободно не го сакаат. Па треба да најдеш и саглам и слободен, игла во сено е тоа. На крај, или ќе го најдеш или ќе мораш да спуштиш критериум, ако не сакаш да си сингл, секако, ако сакаш сам/а, ќе си тераш сам/а.
     
    На Hoss Delgado и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    8.599
    Не сè што е зафатено, е добро и асално. И не сите кои се сингл се bad. Тоа е еден вид ироничен феномен :D

    Така да, глупи муабети за генерализирање. Секој човек има различен живот, не може сите по еден ист калап :drunk:

    Најважно е да живеете, да сте здрави, среќни и исполнети.
     
    На smooch, Ugly Duckling, boo3 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.805
    Пол:
    Женски
    Точно. Само треба да си најдеш соодветна личност за себе.
     
  12. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Мене ми се зголеми изборот, и не е фалење, немам зошто да лажам. Тоа што мене не ми се допаѓа е под 1. се пуштаат многу помали оти мислат сум нивна возраст, под 2. има многу недоделкани мажи со просто однесување. Ама ова отсекогаш беше вака, не памтам да биле изделкани. Само тогаш правев компромис, сега ни на крај памет. Имам визија каков партнер сакам покрај себе и не отстапувам од тоа.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.603
    Допаѓања:
    14.692
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто вака размислувате, ок ваше мислење, ама до толку ли се битен фактор тие 3 години, во случајов разликата од 27 до 30 години?
    До 27 ќе најдеш инстантно и лесно, после тоа многу тешко.. Ми нема смисла некако.

    Мислам дека се е до среќата, дали ќе имаш прилика да налеташ на некој кој е баш создаден за тебе, личност со која вистински ќе си кликнете, а тоа не знам баш дали има врска со годините.
    Ако ја имаш таа среќа да ја најдеш личноста нема да е битно дали 25, дали на 35 си, после секако од тебе зависи колку ќе се трудиш во врската за да ја одржиш.

    Викаш имале партнер, сите имаат партнер на тие години? Не. Колку само има преку 30 што се сами, дури не се ни омажиле/ожениле воопшто или пак се разведени. И тоа значи дека нема никад да ја пронајдат вистинската љубов, тешка работа тоа?
    Нема потреба да се спушта критериуми, мислам ако до толку очајно бараш по секоја цена, тогаш да, ќе мораш да се задоволиш со помалку ама ако не ти се брза и си имаш исполнет живот, реализирана личност си и си имаш и други работи кои ти се битни во животот, ќе си ја продолжиш потрагата по соодветната личност, која како што реков ако е пишано да биде вистинската, ќе ја добиеш, ако не е, да си жив и здрав.
    Ќе си земеш кучиња и мачиња како што рече дотичниот, за да не ти е досадно зашо штом некој не е реализиран на тоа поле, според него е комплетно незадоволен од животот или пак ќе плаќа проститутки за да се испразни, а жените ќе си фатат
    fuck buddy, најубаво sugar daddy за да се задоволни и ама убав живот ќе имаат, перфектен.:)
     
    На Aнонимус_, sweet-cherry, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Најголем дел од овие работи што ги напиша немаат врска со реалноста.

    Така размислуваш затоа што си од Скопје и живееш во комфор.

    Оди објасни го тоа на некоја Славица од пехчевско,делчевско,кавадаречко каде на нејзина 25 годишна возраст не може маж да види на улица а не пак критериуми да бира.Или иста паралела со мажи од тие средини каде секоја девојка после средно се иселила од тој град и никога не се вратила па изборот и можностите да бираат во животот им се нула.

    Живеете во Скопје.Нон стоп полно со луѓе,фирми,пари, студенти,работници.Не ви се критериумите поголеми туку комфорот ви е поголем затоа што изборот ви е поголем.Затоа.Не за друго. Во Скопје има поголем број на сингл жени не зашто се изградени личности туку напротив затоа што еден куп ликуши загризани во триесети знаат дека од илјади будали бар еден ќе се најде да и ја лечи токсичноста и daddy issues синдромот.Малите места ги немаат тие илјада будали.На бауштела се или во камион низ Германија.
     
    На sj *O*, bicycle, Hoss Delgado и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.603
    Допаѓања:
    14.692
    Пол:
    Женски
    Па нека дое Славица у Ск де и онака ќе дојде, шо ќе праи кај нејзе, не се секирај ти, паметна е она и знае како.;)
    Ти го начна муабетот и иницира поделби на Скопјани и неСкопјани, не знам шо има везе тоа ама ај, онака сите скоро сме мешани од сегде.
    Точно дека во поголемите градови има подобри услови и поголем избор ама по дифолт не значи дека вистинскиот ќе го најде баш таму, може други и се неа критериумите од кај знаеш, сите неаме исти критериуми.

    Лелеее забега до бесконечност хахахахах,:D не ич, у малите места све топ дечки се, рози цветаат, домаќини и поштени сите до еден, како тоа будали да има, а овие скопјанишчава све лигуши размазени сите кој од кој и мажи и жени.:worried: Секако дека има такви еден куп ама не се сите фала Богу, се наоѓа по некој асален.
    Зошто омилена работа у животот ти е да генерализираш за се? Не ти е добро тоа, да ти кажам само.

    И не заборавај дека Ск е полно со луѓе од сегде, ретко прави скопјани да има веќе, така да лигушите може и од твојот град да се и од било каде, тоа нема ни врска со тоа од каде доаѓаш ама ај штом спомна.

    Од каде до каде дојдовме со муабетов...^_^
     
    На Celltica, Dentina, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.452
    Допаѓања:
    27.750
    Пол:
    Женски
    Веќе ги спомнавте педофилите, старите, разликата во години, скопјани и не скопјани, сега да не заборавите да ги спомнете и кучињата.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.774
    Допаѓања:
    14.220
    Мислам дека жените полесно ќе простат ако дечкото има брчка околу очи, ама не можат да простат неодговорност, себичност, некултура, а ова го има за извоз кај македонските мажи. И дури и да се однесува фино и пристојно на почетокот, пак може да е некој себичен кој есап води колку заработува жената, а не се гледа себе. Може сум субјективна, ама во државава има поквалитетни жени од мажи. Мене така ми се чини, не знам вие што мислите. Друго, безпарицата си го прави своето. Народов е опседнат со интерес во секоја сфера од животот, па и во љубовниот. @Monofonik јас имав дечко од македонска провиниција, од мал град, па тој ми кажуваше дека девојките од нивниот град сакаат да си фатат дечко од Скопје.
     
    На hermosa, sj *O* и Malesia им се допаѓа ова.
  18. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Не реков лиГуши туку лиКуши. Ликуши преведено на македонски е девојки. Српски збор. Го научив од Срби што се дружам со нив. Стално го употребуваат.

    Не вршам никакви поделби на Скопје со други градови туку во друга смисла го спомнав.Скопје не беше тема туку изборот и можностите што ги нуди.Многу народ повеќе избор.
     
    На Malesia и Mrs. right им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.805
    Пол:
    Женски
    Еве зошто така размислуваме:
    Затоа што поаѓам од свое искуство и она што го гледам околу себе. Имав широко поле и избор и додворувачи баш до кај таа возраст, 27 еве бирам дека е "границата". Притоа, можам ако сакам да бидам и со помлад и со постар и со врсник. Арно ама, гледам дека оние што ми изгледаат ок, се зафатени. И сега? Ќе си ја чекам среќата, пошто смалување критериуми не е опција, така? И сама викаш, ако имаш среќа, ќе го дочекаш, ако не, здравје. Да немав партнер, како што гледам, ќе беше тешко да најдам сега. Тоа е мојата околина и она што го гледам, за вас вие си знаете.
     
    На sj *O* и Monofonik им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.603
    Допаѓања:
    14.692
    Пол:
    Женски
    Ама и во 20 тите пак се се сведува на среќата или не?
    Шо еве и да имаш привилегија да привлекуваш све паметни убави, згодни, богати, вакви онакви коа ако не си одговарате карактерно и немате ништо заедничко или пак некој од нив во душата е трул шо фајде што е и атрактивен и млад некој ?
    Пак несреќни ќе се и кога тогаш ќе им заврши врската и пак сами останале до некоја наредна прилика(ако имаат среќа да налетаат на асален или повторно ќе се вртат у круг) и во најубавите години како што милувате да кажете.

    Добро, ти си знаеш секако како е во твоето опкружување и апсолутно имаш право за себе да си кажуваш што и како, јас кажував општо, зашо стварно мразам генерализирање, а секој има различно искуство, тоа е факт.

    Ете ја за себе ќе си кажам, дека не би спуштала критериуми, ако треба и ќе чекам, ако дочекам ок, ако не, нема да е крај на светот ама по секоја цена да сум у врска, недај Боже па у брак, никако.:shake:
    Нека идат годините, нека летаат ако, треба да си среќен и исполнет на крајот на денот нели? :)

    Инаку поентата ми беше дека сите години си имаат своја убавина, само ако знаеш како да се носиш со нив и да уживаш во животот, не се замарајте многу со бројки, кога не се секогаш мерило.:)
     
    На sj *O*, Spicy Senorita и Selena01 им се допаѓа ова.