Не беше мубетот упатен кон мене, туку за другарката и тоа од постари жени „се обезбедила“. Значи како така, битно нашла некој да има обврски кон неа. Така го сфаќаат. Нешто како доживотен спонзор.
Дали е океј доколку после претоксична врска и изгубени чувства се почне нешто ново речиси 15 дена по прекинување? Имам грижа на совест, а конечно собрав храброст да излезам од токсичниот циклус.
Не е ништо чудно ама многу е рано за нешто ново . Ваквото брзање знае дс биде грешка како првата Излегувај дружи се но сепак не брзај оди пополека и пази со каков се зафаќаш
Малку е рано, врви претпазливо, не ги пуштај многу чувствата да работат, биди набљудувач со спори претпазливи чекори. Не ни отфрлај сосема само зашто е рано. На крај краева, тоа чувство е можеби некој добар инстинкт за дотичната личност. Полека.
Да, океј е сепак претпазливо, немој да се лажеш (од град на дожд) има и сонце. Пред се забавувај се, со среќа!
Ај уште еднаш, последен пат. Со одминувањето на годините, изборот за партнер кој ќе ти одговара според сите твои критериуми, се намалува. Зошто? Затоа што на твои 30 години, повеќето што ќе ти се допаднат, ќе бидат зафатени. Не се' што е добро е зафатено. Можеш да си најдеш соодветен партнер и на 30+. Ама шансите ти се помали и поретки. Кажав пример, на 20 години имав широко поле за бирање, на 30, да немав партнер, го нема истото поле за бирање. И не затоа што се што е добро е зафатено, туку затоа што повеќето машки што ги знам се зафатени отколку слободни и, притоа, тие што се слободни може не ми одговараат. Здосади веќе темава, се надевам само дека нема да се најдете во ситуација да останете без партнер на 35 години па да видите тогаш дали лесно се наоѓа или не. Животот знае да не' стави во секакви ситуации, посебно во оние за кои сте биле убедени "јас вака никогаш не би", "ова мене нема да ми се случи" и "ова вака е сигурно, немам да се премислам/да се смени".
Не се намалува туку сите женети се . Посебно во помалите градови. Ама да си во поголем град и не зборам само за Мк, без проблем ќе најдеш. Незначи дека кога ќе стигнеш 35 и треба само дома да седиш, ќе излезеш на кафе, во диско, на некоја журка, охоооо колку ги има, со лопата да ги ринеш. Вие изгледа барате на погрешното место .
Епа дека се женети или во сериозни врски, затоа изборот е помал. На 20 години никој не е женет, на 30 години 90% што ги знам се со жени/девојки. Инаку, не барам јас ништо, имам. Само кажувам онака како што е реалноста околу мене. Да, не сум од Скопје.
Одвратни ствари прочитав, менталитетот наш вришти на најјако, а и паметот ваш колку сече. А и што очекувам на кафе да излезеш сама тука ќе пишат ќе издраматизираѕ, не па на вечера не па на маж прв да пишат/ или да превземат и да речат ај на пијачка . У суштина форумов е доказ за тоа колку сме уназаедни или тапкаме у место за многу теми. Башка шо љубомора вришти од сите шо се со некој, па сеа солат памет шо имало околу и како треба да биде. Одвратно 0 самокритичност. И не не е крај на свет да си сам на 31,32,33,34,35,36,37,38,39,40,41/50,70/80 или 100. И не е точно дека асалните се фатени, напрптов сите околу мене се фати пошо останала бремена/ време било/ или такви гадни карактери си се прифатиле и се знаедно. У суштина тие и се најголеми лицемери, и да ја вара/ и било шо она ќе рече сТрамота сеа развод, ај нервозен е, машко е де, знаеш какви се, деца имаме, ќе трпам за нив, неќам сама да сум и со моите да живеам. Бар имам 31 и сум раскинала сум имала храброст да кажам чао и сама да печалам/купувам/ да размислувам со мој памет, машки и женски има да ги ринеш ринеШ у денешно време. Тон начини да запознаеш , треба да сакаш, ама стварно да сакаш, да имаш некоја среќа и нели нормално да си асален човек. Чуството да си у триеста декада и независен у секоја смисла е нешто што сите што сте ( или биле од дедо ное у врска)никогаш нема да го сфатите. немам коментар. Него модераторите знаат да банираат луѓе, кај се нередов да го средат ова љубовен проблем ли е ?
Еми да признаевте уше на почетокот дека, ко шо знаеме, врбувате малолетнички оти на жените над 30 им порошол рокот ( не моеш да ги ебеш у здрав памет), немаше 10 страни бубрези да јадеме... Ви посакувам на сите квалитетни алфа мужјаци со богато бит коин и акциско портфолио по една малолетничка, да се пренесува вашиот генетски материјал, за век и векови, амин.
Сите го праат тоа. Сите се вртат по малолетнички, само шо не сите одат до крајност инаку си ја пробуваат среќата. Еее шо се неам гледано во овој живот, од толку приказни дури размислувам дека треба да се забрани со закон маж да се приближува на било кое дете. Кога бев мала имав две комшики сестри на моја возраст, нон стоп дружевме и кај нив дома шо се вика пораснав. Ги знам и мајка им и татко им и ги имав сите на фб. Со сестрите немам контакт веќе одамна и пред 4г овој татко им ми пиша, па и ми се јави , глупости ми збореше.... . Јас мислев нешто за нив е работа а он манијак да ти бил. Ништо не им кажав на нив оти не сакам да растурам фамилија па и мене да ме мразат после оти знам дека овој ќе се брани, мене ќе ме накова. Значи тие најмирните шо се, тие шо мислиш дека се злато од мажи баш тие се најголемите манијаци, се кријат од цел свет. Не знам шта више реци.
Маж себе докажан кој има над 35 и се остварил во животот, за сериозна врска и брак никогаш не би барал недоквакана 18 годишна , неизживеана, необразована. Се друго е утеха на Ш класа мажите дека на неговите врснички им поминал рокот, а самиот тој има толку години.
Богами, најинтересните понуди сум ги добила по разводот така што нема правило. И не со задни намери веднаш да кажам, барем тие се откриваат за секунда. Искрено, некој којшто би преферирал 18 годишна само заради атрибути, не марејќи за заеднички интереси, приоритети во живот и слично не ми е ни мене избор. Зошто, по кое правило само мажите бирале па има или нема избор? Јас моментално сум во долга врска којашто од октомври требаше да почнеме заеднички живот, но јас сѐ уште се мислам, зор ли е... Открив некои работи коишто не ми се допаѓаат и размислувам на сите алтернативи, дури и прекин. Животот е еден и прекраток за да трпиме грешки на туѓо воспитување. Живееме во општество, фала Богу, коешто дава шанси на жената да живее како независна и самодоволна единка. Ако веќе треба и партнер, нека придонесе за подобро, не за полошо. Имавме на една обука на работа еден професор на факултет многу јак и познат тука. Вели, ,, Кога се земавме со жена ми, јас ѝ реков, овие страст, заљубеност, пеперутки моменти за неколку години ќе се преобразат во нешто друго. Нема да ги има цел век. На крајот на денот останува почитта. Дали си спремна да ми гарантираш за истата? Јас сум спремен да градиме нешто место кога ќе ги снема пеперутките да ги барам на друго место, а ти? " И така 38 години се во среќен брак.
Во право си донекаде. Обично тие асалните, фините или како сакаш речи ги, им е незгодно може и срам да им "досаѓаат" на девојките, за да нели не помислиме одма леле види го напорен тип, се пушта на се живо и диво. Обично си седат мирно и трпеливо, е ако стварно некоја ептен им го привлече вниманието па да се охрабрат да пишат, зашо нели мора да се преземе иницијатива ако сакаш нешто да добиеш, барем да се потрудиш ако ништо друго.