Неее, Славица ако не го земе СтојанЧе на 18 преку сила до 20 ќе остане немажена, иако Стојанче е се само стабилен не. Оти единствен воз на Славица е Стојанче без разлика дека е без квалитети он, т.е најголем квалитет му е оти ја зеде Славица на 18, оти далеку беше Скопје да пикира некоја Марија со свој стан и кола.
Тука си во право. Јас во тинејџерските години не ни сонував дека ќе имам живци и волја да се надоградам себе си како што сум сега. Не сонував ниту дека потенцијалните партнери и удварачи ќе ми бидат од сегашниот калибар. Единствената разлика е што малата јас си мислев тоа е тоа заден воз, аман ќе ме земе ли првиот ми дечко , а во 30тите таа психологија еволуира во скоро све у животов е потешко од да се фатиш на бурмата, ама мене ова партнерство што ќе ми пружи, вреди ли, се прават ли деца со овој? Ги имам со лопата да ги ринеш другари коишто им е досадено од девојчиња коишто не знаат што сакаат и што им се целите. Викаат за кревет ако е, сум имал и згодни и плави и црни и млади и не знам какви... Работата е кој ќе ти ја куќи куќата, кој ќе ти ги воспитува децата и кој ќе ти биде партнер во секоја смисла на зборот, без разлика дали за десетина години ќе се збрчкаме или не.
Ова е нешто најдоброто кажано на целава тема која се одвива деновиве. Право во целта. На 30+ години е лесно да најдеш партнер, ама потешко е да најдеш квалитетен партнер затоа што критериумите што си ги имал/а во 20-те не ти се исти со сега. Тогаш ретко кој го поставувал прашањето: "дали сакам детето да ми биде како него/а"? , туку се барало авантура, патување, "освојување на светот", не било битно дали оџакот ќе чади во куќата.
Toчно, убаво кажа @tessie, мислење на место, сепак годините и искуството си го праат своето, не викам не. Но што со тие кои праат деца во 20 те? Не мора најрани 20 ти да се, еве 26 нека се, дека упорно викате некои тука, тие фамозни 26-27 години биле као клучни. Ја да иам таква замисла и желба, да сакам да сум во брак и со деца, секако нема да ми биде сеедно кој и каков е човекот со кој ќе треба да основам фамилија, а во 20 те сум. Значи збориме за сериозни врски и гледање на тој човек како на потенцијален сопруг/сопруга, авантури може на секоја која возраст да преферираш, ако сакаш и си во можност и на 60 дури. Затоа ја си стојам на тоа дека среќа треба, само среќа за да го пронајдеш тој квалитетниот, на било која возраст и да си (20, 30, 40...), некад џабе и лепота и интелигенција и пари ако среќата не е на твоја страна.
Генерализација е тоа за годините, секако. Секој може да заврши во брак на било која возраст. Има некои што завршуваат во 20ти, па и порано, други во 30ти. Во зависност од тоа како се чувствуваат спремни. Разликата е во тоа што оној што дејта во 20ти сеуште не размислува толку за брак, па повеќе гледа во партнерот амбиција, образование, шетање, исполнување на целите итн. итн. Бидејќи има години пред себе, повеќе гледа на тоа прашање во далечна иднина. Тие што се во 30ти се повеќето реализирани личности кога се во прашање кариера, работа... Амбициите се други, поинакви, па прашањето за брак го гледаат за поблиска иднина. И затоа бараат партнер кој е исто така остварен, а не некој кој не знае што сака во животот (примерот со другарите на @tessie што дејтале помлади девојки) Бракот не е играчка, не е како врската, си бара сериозни припреми и услови, стабилност од финансиски и секаков друг аспект. Секако, никогаш не може да бидеш 100% спремен за таков чекор, ама разликата е евидентна, и во брак обично се влегува плански, а не да зависите од мама и тато. Добро, може и без план да се влезе, ако се случи беља, ама тоа е друга тема. Поентата е дека во брак не влегувате кога само имате љубов, туку кога имате и услови за брак, пошто со тој човек треба да го поминете остатокот од животот и да основате семејство.
Убаво кажала Теси. На 18 години мислиш само љубовта е доволна, ама веќе накај 24-25 јас почнав да мислам каде, како, што понатаму, вреди ли, дали би бил добар родител итн. Тоа е многу важно, а брчки сите ќе имаме еден ден, некој повеќе, некој помалку. Еххе, еден бивши што се мислеше мачо, најбрзо остаре од сите нас. Веќе не го ни препознавам. Како да не е тој, а за карактер и зрелост, никогаш ги немал и сега ги нема.
Зошто, ама зошто е ова скоро секогаш така? Барем кадешто сум учела ја, најпопуларните дечки, две основни, едно средно и факултет , сите што ги сакаа, што се тепаа, кубеа за нив, една трудна дури остана од еден од нив, буквално непрепознатливи се колку бргу остареа. Изгледа тој шарм, (што јас никад не им го приметив јер за мене популарност беше критериум за одбивност, crush ми беше баш дечко што ретко сум го гледала да праи муабет со некого) направил да живеат малку побрзо и поинтензивно, па и да остарат.
Стресови ваљда и да си популарен не е лесно, треба секогаш да се трудиш да си во центарот на вниманието и да привлекуваш пажња цело време, си има и тоа свои лоши страни, бара многу енергија и ете беља работа предвремено стареат. Еее и курчење не било на арно затоа треба малце да си поприземјен ама на кој да му кажеш. И мајка ми, ми го има кажувано истово, тие шо биле згодни и атрактивни како млади, подоцна скроз смениле личен опис и пропаднале.
Еве јас имам таков случај, сите трчаа по него, убав, богат, шармантен, и таа убавина што ја имаше на 25 години ја снема на 30 години. Се измени, брчки му се појавија, ја снема оваа свежина во ликот, сјајот во очи, оние убави бели заби, дури и косата некако му се промени. Физички веќе не е истиот човек. Да го сретнеш ништо не наговестува дека бил убав, ќе мислиш дека отсекогаш бил просечен. Гентика ли е, што ли е, не знам, а за пари си ги има и сега, работи во Германија, од дома поткован цел живот и така. Без зрелост и карактер нема ништо.
Порочен живот, хаос, пички, лудило,дрога,алкохол. Затоа најарно сиромаштија, анкс и депре, бел ден да не те види, forever young.
Све океј, ама како направивте ко сите помлади од вас што сте 30+ да немаат никаков критериум за сериозна врска/брак.
Најискрено, јас поубаво поженствено и посигурно се осеќам сега кога сум на праг до 30та, него на 19 год
Не знам зошто го нападнавте човекот што имал девојка од 19 години. Ете јас го имам минато тој пат. Јас бев во врска на 19 години со дечко од 28 години. Бев прва година на факултет. Ниту бев несозреана, ниту мала, и да не се лажеме на 19 години веќе некои сами живеат што се на факултет. Млади сме ама не сме деца до толку што направивте не разбирала, мала била. Јас убаво знаев што сакам, и знаев дека го сакам ама и знаев дека морам да го откачам затоа што беше самобендисано, љубоморно суштество што не ми даваше да дишам, и бараше да го прашувам дали може да одам со другарки на диско. И јас секако ќе го прашав, како па да не, може потпис и печат ќе барав од него како дозвола Друго што сакам да кажам, човекот се гледа дека ја сака, дека многу му значи. Овој мојот што беше токмак, позелено суштество немам сретнато во живот, и после толку години ист си остана. Сите не искористуваат девојки, или лажат. Ете дечкото погоре се вљубил. Ај сега да го сотреме сите ако не. Според тоа што го пишува баш со почит и љубов си кажува колку му значи. Јас само ќе му кажам ако не бива, нека батали, ќе се заљуби во друга, да не тагува со години. Љубов има за секого. А и какво време дојде, модерно , сега жените искористуваат
Да претпоставиме дека е иронично пишано, ама во име на вистината, и така-не е вистина. Јас не познавам убави и глупи жени, па сите и дечковци имаа и мажи најдоа. Многу лош филм е ова-мажи бараат убави и глупи, жени бараат богати и незнамкакви-ко пренос од јахтата на Билзериан . Животот не е инстаграм клип.
Епа не е, се согласувам, но гледајќи им го паметот на мажите (не сите), за многу од нив е така. Шо е стварно жално.
Дечки, здраво вака ќе бидам кратка, имав најдобра другарка фати дечко и како на шала ајде дали и е верен испадна дека не е, од лажен профил дечкото испадна сељачиште тешко а во живо фин добар ма манипулатор тежок, наместо едно фала да ми каже што од тој лажен јас зборев за да го убедиме дека не е фејк профилот, ми рече па добро, секој заслужувал втора шанса?????Ме изненади, значи другарка ми е одамна многу убаво се согласуваме и се тоа ама шокирана сум ок не сакав да се мешам и реков ок твое право, се чудам не можам да се изначудам, да не должам, он ја убеди дека тоа било грешка и нема да се повтори, јас денес случајно бев излезена и кога во истиот тој кафич дојде он а дечково и рече ќе спиел аха да, не беше најлошото што дошол а неа и кажал ќе спијам, имаше девојка со него, се осеќам како инспекторка ама баш се наместија пред мојата маса и сликав како на филм, малце сме скарани со другаркава ама не знам што да правам, дали да и покажам слики и снимав значи само он и една девојка беа, не личеше на роднина сестра не знам што воопшто се гледа и на сликите тоа, ми е страв да не направам јас некој проблем не сакам да се мешам во вакви работи или само да ќутам а она нека му верува да ја прави будала, немам живци веќе жал ми е за неа
Старите викаат не си ставај здрава нога во трн.Си и покажала/докажала, кој е и што е, она продолжила со него, ти твоето сестро, како другарка си го завршила, се натаму е нејзин проблем, ако сака он и оргии нека прави на плоштад. По ќораво суштество од заљубен човек нема, или сама ќе си ги отвори очите или ќе си ја вози така додека му одговара.