Тоа е тоа што ти го пишав уште претходно. Јасно ко ден беше дека е со пријателот, а сигурно мутела и додека сте биле заедно. Не може денес да раскинете, утре со него да биде. Остави такви приказни за мали деца. Ете сега доби closure кој го бараше. Не вреди повеќе да се понижуваш и досаѓаш. Покажи машкост, батали ја скроз, блок, игнор. Цела негативна енергија посвети ја на себе. Вежбај, читај, едуцирај се, учи вештини, дружи се, стани подобра верзија на себе и продолжи понатаму со животот.
Со тоа што уште прашуваш и се замараш само и даваш до знаење дека уште ја сакаш и дека може кога сака да се врати кај тебе, не го прави тоа..
Брат најдобра опција ти е да ја баталиш скрос не си ја мачи душата(out of site out of mind),нели гледаш дека дури била со тебе со друг се договарила за на одмор, не знам зошто сакаш уште да се вратиш кај неа подолу од тоа не можи да те стави, имај малце самопочит, со тек на време ќе ја заборавиш и ќе си најдиш друга, само треба време да помини дека многу си ја засакал, сите сме поминале низ тоа, земи фокусирај се на себе прај различни активности, излегувај повеќе со друагрите и уживај.
Дај батали ја жити се. Ќе се нервираш некое време ќе ти помине. Какво магепсување, си зацртал во главата и таа мора да биде! Не, не мора! Кога некој те одбегнува не трчај по него. И што ако ти објаснила, и што ако ти кажала дали те сака или не, тоа не е ни важно веќе. Батали и сврти нив лист. Малку жени има на овој свет. И дај ти се молам не се одмаздувај, тоа личи ептен на детско понашање, и ќе се бламираш само. Не те сака, не те сака. Најди си некоја за да бидеш среќен не за одмазда или љубомора. Колку повеќе си мислиш дека како неа нема друга, или дека многу под кожа ти е влезена, толку повеќе во мислите ќе ти биде. Сфати не е за тебе, не те сака и тоа е тоа. Подобро сега што сте завршиле отколку да ти лапне години од животот.
Како се преболува и дали навистина времето лечи се? Во многу лоша ситуација сум и потребна ми е помош, многу сум падната психички и кога ми текнува на врската веднаш ми е лошо. Станува збор за врска со психичко и физичко насилство и многу навреди, а пред сето ова "љубов".
Вака ко тебе веќе ни деца не се понашаат. На 28 години земал вреѓа, колне и пцуе како недоветен, па уште ќе се осветувал. Оди посети психолог за твое добро пред се.
Секогаш нека ти текнува дека си трпела насилство и тоа да те тргне целосно од него, да почне да ти се гади од самата помисла и работи на себе. Читај книги,искачај,вежбај…
Психолог само, разговор ти треба. Да, времето лечи ама траумите ќе си ги влечеш за жал, затоа ти треба и стручна помош и поддршка за да го пребродиш периодов. А љубов не ни имало, така ти се чинело во тој момент.
Цели 3 години поминав со него и сега се чувствувам изгубено. Згора на тоа, низ градот зборува лошо за мене за да сокрие што тој правел и се чувствувам многу скршено.
Слично сум поминала и бев среќна кога се тргнав,затоа што си ја спасив мојата иднина. Не ги зимај во обзир годините, таму имало само деструктивна љубов. Проблемот не си ти и ништо нека не те допира. Насмеј се,биди среќна што не си со него повеќе
Те разбирам скроз. Игнорирај ги сите, знам дека тешко е и дека многу лошо се чувствуваш кога јаде гомна и шири небулози ама немаш друго освен да игнорираш. Ти најдобро знаеш што си и каква си и дека не е вистина тоа што го кажува, не се замарај нити со луѓето зашо само уше поише се нервираш и лошо си правиш така. Повредена си и сигурно и гневна и треба да си затоа негативната енергија во себе замени ја со позитивна и цели кон правење нешто добро и корисно за тебе, за да можеш постепено да излезеш од кризава. А дека ќе е лесно нема да е, затоа и ти рековме да се консултираш со стручно лице, не е срамно напротив покажува дека си силна и сакаш да работиш на себе за да станеш уште посилна.
Писхолог многу ќе ти помогне, појди и поразговарај.Што сака нека збори, тој што си ја има мувата на капата, тој збори.Ти низ градот со главата крената нагоре и ич да не се замараш што другите мислат.Тие што те знаат, те знаат, за останатите ич.Дај си време, и ќе помине.3години поминале, извлечи поуки од тие 3 години и продолжи напред.
Да, времето лечи се, само треба да помини за да почниш да забораваш, мој совет не посетувај психолози и такви работи, доволни ти се другарки/другари за да те накренат, почни повеќе да излегуваш со нив, посетувај нови места запознавај нови луѓе и фокусирај де на себе си,така само ќе заборавиш на него, пријателите се секогаш тука за да го забрзаат процесот. Со лесно.
Ако нема пријатели? Вистински другарки што ја разбираат? Она си знае најубаво ама нема ништо ни срамно ни страшно психолог ако посети. Плус претрпела девојката трауми и физичко и психичко малтретирање, а тоа не се заборава туку така само со пријателски совет демек те поддржувам, со тебе сум. Значи, да, поддршката многу значи ама не може да се мери со професионална помош, тие имаат други методи и пристапи и можат да помогнат, секако ако се работи за вистински професионалец.
Мој совет беше тоа, иначе сигурно има барем една, не реков дека е страшно да се оди ама мислам дека нема потреба од психолог, оти повеќето ќе и препишат антидепресиви и ќе и речат ќе ти помини.
Добро, секогаш постојат и такви, во право си. Па не се баш стереотипи, на повеќето им се допаѓа да не се лажеме ама да, има и такви ко тебе, секако. Фала Богу дека ќе ја одбиеш ако не ти се допаѓа и не е твој тип, плус ако е напорна и не ти е интересна, јас не викам дека по секоја цена почнувате муабет коа некој ви пишува, ако сакаш ок, ако не игнор и тоа е тоа. Асоцијален тип си? Интроверт? Ја сум интроверт ама не се плашам до толку од луѓето, секако ако збориме за нормални луѓе, не некои забегани, од нив секако бегам и јас. Изгледа многу те исплашиле па што вака се понашаш. Се шалам. Сигурно си имаш причина зашто ги одбегнуваш. @Aenarion зашо го избриша мислењето?
Здраво, дечкото со кој пишувам со месеци, сега пишувањето се сведе на добро утро што правиш како си и тоа е зс цел ден. Не е тука ме можам да излезам и да зборувам, на кој начин да го прашам зошто така е одалечен без да звучам некако лошо