Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Машки
    Многу пишување не е на арно , му здосадило
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    14.189
    Пол:
    Женски
    Видел нема аир од тебе, чим само му пишуваш а немаш никаква иницијатива за нешто повеќе, и затоа..
     
  3. ann4a

    ann4a Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Kakva inicijativa koga ne e tuka na work and travel e
     
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.476
    Не праша зошто не пишува членката , да погодуваме, туку како да го праша...
    Ворк ен тревл е секако максимум 5 месеци, па ке знаеш на што си. Плус работат шетаат и се забавуваат.
    И јас ако погодувам, 300 чуда ќе напишам, и сама имам одено уса на истата програма, а како да го прашаш е барем лесно...исто ко овде што праша...
     
    На ann4a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.714
    Пол:
    Женски
    А извини, што да преболиш? Поразговарај со психолог
    Епа вака, можеш да си прашаш (ама не би ти препорачала,тоа испаѓа детски) второ ти намали со пишување и ќе видиш до кај сте.
     
    На ann4a и Dentina им се допаѓа ова.
  6. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    4.120
    Пол:
    Машки
    На фин, културен, директен начин, ќе си кажеш дека чувствуваш оддалеченост или промена во пишувањето. Начни тема, смени нешто во пишувањето, види како ќе реагира, сепак е само пишување, не треба до толку да се мислиш и оптеретуваш.
     
    На cresa-jagoda, ann4a, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Пиши му дали се е во ред? Некако чуден си ми во допишувањето.
    Ако не ти даде конкретен одговор, малку дистанцирај се и ти. Па времето ќе покаже.;)
     
    На cresa-jagoda, ann4a, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.441
    Пол:
    Женски
    Колку е тоа со месеци?
    Може и 2 месеци да се, може и 10 месеци.
    Воопшто не сте се запознале во живо?
    Може има работа, обврски па не е толку слободен ама бар може да одвои малку време и да ти пише нешто повеќе од само поздрав и како си.
    Има шанси и да му здосадило или пак да не е веќе заинтересиран, или си нашол друга, се може да биде, ова се само претпоставки

    Ја директно би кажала, не со навреди и такви груби ствари но ќе му дадам до знаење дека не е во ред неговиот однос и нека образложи зашто се дистанцирал, на културен и љубезен начин.
    Ако гледаш дека упорно те одбегнува, нема што да настојуваш да продолжите.
     
    На cresa-jagoda, Malesia, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. notforhere

    notforhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Во врска, но без пријатели, што понатаму?
    Вака сега: Дечково си има негови друштва си излегува се најнормално. Проблемот е што јас немам со кого да се дружам да излегувам, освен со него со никого не излегувам ниту комуницирам. Пред да го запознаам него се се одвиваше во најдобар ред кај мене, си излегував со другари скоро секој втор ден, кафиња седенки, заебанции и слично. Имав и две другарки ама не се дружиме повеќе, во игра останаа само двајца другари со кои што не комуницирам една година скоро, можеби и повеќе. Инаку дечко ми е љубоморен, понекогаш без причина има некои испади. Треба да го начекам ептен да биде добро рсположен за да направам муабет со него на оваа тема. На почетокот тој знаеше дека имам другари и неколку пати го имам викнато да дојде со мене за да ги запознае, ама ништо не испадна од тоа, демек не можел, не знам што. Од кога излегов со другариве последен пат, после неколку дена им пишав пак за кафе ама ништо не испадна и скоро недела дена така се убедувавме и не излеговме. Ми падна чудно, никогаш не се десило така да не можеме да се договориме. Им се налутив, ама не им кажав дека сум им лута. Одеднаш изгубивме комуникција, преќу ноќ што се вика. Многу чудно. ПС: Тие не знае дека сум влезена во врска, немаше добра прилика за да им кажам. Поминаа неколку месеци, за нова година си честитавме и толку никој нигдека после тоа. Поминаа неколку месеци и едниов другар ми ѕвонеше ама не му кренав слушалка. Од нив двајца едниот го сметав скоро за бфф, многу ме повреди што ниту еднаш не ме побара или да пише како си сестро. Мака ми е, најубавите години ми се упропастени. Млада сум, наместо да излегувам да се дружам и да ширам познанства јас се затворам по дома и гледам ѕвезде гранда. Се осеќам осамено, што дека сум во врска. Едно е врска, а друго е да имам друштво некое. Не сум научена вака да функционирам, многу се повлеков некако. Едноставно јас не сум јас! Дали воопшто вреди да пробам да искомуницирам со другариве, да им пишам порака, па да видам дали ќе ми одговорат на пример. Страв ми е од реакцијата на дечко ми најискрено, тоа е и целиот проблем . Не знам како би изреагирал ако му спомнам другари и дека би сакала пак да се здружам со нив. Никогаш не ме прашал што се деси со нив, зошто не се дружиме и слично, што не е во ред бидејќи сум му девојка, некако незаинтересирано од негова страна. Ништо чудо и да заборавил дека јас сум имала другари на почетокот на врската. Не сакам со него да имам расправии и слични љубоморни сцени, знам каков табиет е. Не знам што да правам веќе! Јас сега и јас пред да влезам во врскава тотално две различни личности! Совет???
     
  10. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Машки
    Во 21 век да паднеш под нечие влијание да ти ограничува слобода , тоа е сепак на крај твој проблем.
     
    На FridaodaMk, _beautyy_, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.714
    Пол:
    Женски
    Другарите, па и не се баш нешто другари. Ако не те имаат побарано да те прашаат што те нема, или што мислиш ти на тоа дека дечко ти не дозволува да се дружиме?
    - Прави си активности оди си на некој курс, фитнес или слично ќе си запознеш нови пријателства
    -И види со дечкото таква љубомора не е здрава (посебно за тебе)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Сама си одговори, среќна ли си уопште? Ако си, и го прифаќаш таков каков што е, терај и не се преиспитувај.

    И зашо ти не си пишала ако ти биле драги? Ние не знаеме што си поминала со нив/колку ти се нашле… Зашо не си се јавила на другарот? Што си чекала, по дебилна ствар од откачување на пријател поради партнер нема.

    Не се навредувај, но сама си крива за се, избор си направила, сега соочи се со последиците..

    Да е касно не е за ништо, да го чекам да е у добра воља да зборам?!?! Wtf? Чоек што збориш?

    Собери сила и седни кажи му дека се осеќаш осамено и тажно дека ти фалат пријателите.

    Понашање, саркастичен одговор , потсмев и навредување ако добиеш од него тури му пепел .
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, Zhukov и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ann4a

    ann4a Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Му спомнав денес, воопшто те нема
    Ми кажа нее тука сум
    Не знам некако ми е незгодно да го прашам така директно, сакав нешто преку муабет
     
  14. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    7.965
    Пол:
    Женски
    Па види ако нешто крие, сигурно нема да ти каже. Зборувај отворено, нема што да вртиш муабет.
     
    На ann4a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    4.120
    Пол:
    Машки
    Леле колкав текст, ќе заборавам во одговоров да ти одговорам на се.Сама си крива што си во ваква ситуација, не знам како те довело до ситуација да се плашиш од дечко ти да му кажеш дека имаш другари/ки.Јас не знам бе луѓе, у 21 век со интернет, толку да се оддалечувате од блиски.Па се подразбира дека ќе имаш другари, другарки, зарем тоа треба да се напоменува посебно, секој има друштво, ваљда ако не одма, ама двајца партнери се запознаваат со друштвата.Сеа ем касниш за другарите, ем се доведуваш во ситуација да му објаснуваш кој се, што се и зашо си изгубила контакт.Пробај да му објасниш како се чувствуваш, ако нема разбирање, знаеш што треба да направиш.
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Машки
    Се предомислив, ретко сум присутен на Фемина, немам време за долга дискусија доколку се развие/ше од моето мислење.

    Мислам дека причината е тоа што сум премногу пребирлив.
     
  17. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Здраво жемски, имам проблем со другар. Се работи за дечко на најдобра другарка, т.е. ептен многу бевме блиски во средно, и со двајцата бев мноогу блиска. Уште сме во добри односи и се дружиме и излегуваме.
    Баткава пред едно 2-3 години не памтам кога точно беше, ме имаше смувано. И тогаш ми кажуваше колку он цело време мене ме сакал, уште кога сме биле мали, како има проблем со врската, како ќе раскинеле, стално се расправале, тоа не се издржувало дрн дрн...
    Е после тоа разви една тактика, ќе се соберевме вечер в парк пред зграда, неколку другари што сме останати и тој ќе дојде од друга населба и демек да сме се виделе вечер, за време на работни денови. Океј е тоа, ако тој не ја користеше таа ситуација да на крај останеме само јас и тоји пак ќе почнеше со истиот муабет. Океј и тоа, јас од моја страна се изјаснив, си барав дечко за врска (не другаров, нормално).
    Мене ситуацијава почнува да ми излегува од контрола од причина што и да најдам да смувам некого, макар тој не бил нај сјаен избор, јас сум слободна девојка, можам да се забавувам. Овој баткава што ми се пушта значи почнува да станува неподнослив. За секој мој он има се најлошо да каже. Оваа женска му наивна, другарка ми, ќе го послуша и она ќе почне да ми мудрува (facepalm)
    Една година, истата кога ме имаше смувано, изнајмија стан во мојава зграда, од тоооолку местенца во Скопјенце.

    Е сега ова тооолку долго трае, што еве синоќа се фатив како реагирам лошо. Пример ако имам испиено лименка пиво, и почнат со муабет они двајца да мудруваат за некој друг пар, или совети да даваат, или да коментираат за некој со кого јас сум била, јас правам таков израз на лице, едноставно се издавам, а не сакам со нив работа да имам. Просто на лице ми се гледа одбивност некоја. Дури и на карање го затерав муабетов, од што знам многу работи кои ги чувам во себе.

    Си помислив ај ќе прашам на фемина, може ќе добијам некој добар совет. Или ќе престанам да пијам, или некогаш ќе ми пукне филмот и се ќе кажам, а ќе им расипам врска што трае едно 6-7 години и онака е климава. А причината зошто не раскинуваат е дека пробале, ама не можеле некој друг на страна да најдат демек (тоа од него ми е), а едноставно сами не можат да функционираат. И тоа е океј, нивно си е, само јас не сакам внатре да бидам...

    Еден период крајно се дистанцирав, и тоа не иде, останав без цело друштво, не ми беше убаво, толку голема жртва не можам да направам. На крај и јас крива ќе бидам, 100%.

    И си трае оваа ситуација веќе 3 години ако добро памтам кога се тоа почна... ама долго трае.
     
  18. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Муабетов… едноставно е шутни или свиркај си.
    Врска дека ќе им расипеш не верувам, ти ќе бидеш ставена на тапет како љубоморна и ненормална..
     
    На Rose_ray и Цунами им се допаѓа ова.
  19. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Па во право си, може повеќе ми требаше вака муабет да си направам за да ми олесни на душата. Доста сум чувствителна и мали работи знаат емотивно да ми влијаат. Друг да е, на памет не би ја ставил ситуацијава.
     
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Прочитав назад мислења и едно ми остави впечаток. Добрите и фините момци не пишувале први. Аха, добро вака да не звучам како Карен ама имам во блиска околина два вакви случаи, т.е можи и повеќе се амо овие два се некоја отприлика моја генерација. Во хетеро односи има хетеронормативни правила, ако сакаш жена да трча по тебе без да ти проработи мозокот прво, се оставаш на опција да бидеш одбран. А можи да бидиш одбран, али тоа ќе биди од нарцисоидна особа која на почеток во тебе ќе вложува многу, а потоа ќе ти извади се низ нос. Засукај ракавите, ако си добар и сакаш добра покрај себе. Никој не трча по тебе, ако нема корист од тебе.

    Плот стори твист: едниот е среќно разведен, другиот е во некоја феминизирана положба. Не смее да зуцни, се е наредено, пораките од моб се редовно читани, одговара ако има дозвола, се дружи ако има дозвола, цел живот е под мониторинг, родителите кренаа раце. Секако, врската не беше ваква на почеток.
     
    На hermosa и Цунами им се допаѓа ова.