Аман бе душо,13 години си. Некако или сум јас многу конзервативна или младинава отишла у ораиве. 13 год. и машки,некако не ми е споиво. Цел живот ќе се замараш за мажи. И ќе сватиш дека тој некој во кој што си заљубена е 70,80 посто вода,исто како и нас. Јас би ти рекла уживај сега во тие години,не си го мачи мозочето со мажи,но бидејќи си тука по совет,еве ти еден од мене. Мислам дека е супер од тебе шо на 13 години имаш храброст за прва да пристапиш. Тоа ти е супер. Таа особина немој да ја изгубиш,само користи ја рационално и не секогаш. Остави некогаш ти да бидеш освојувана,а не ти да освојуваш. Токму поради тоа е разбирливо потењето на машкото кога е со тебе,како што велиш. Претпоставувам дека тој некој е или на твоја или една,две години постар. Значи најмногу прва година. Не е навикнат прв да му приоѓаат девојки и затоа се поти. Како,демек,јас не сум доволно маж јас да и пријдам,па она мене ќе ми приоѓа прва? Но тоа е веќе тешка категорија машка психологија,не ти треба сега. Добро е што си свесна дека сега сакаш само другари и ништо повеќе. Мене ми се свиѓаш. Барем од постов. Така,ми личиш на некое кукле што е воспитана е сепак,знае што прави,за нејзини години. Следен чекор? Остави тој малку нека се потруди околу тебе. Не биди нестрплива и остави го. Тие сакаат кога нешто што го сакаат нема да го добијат толку лесно,послатко е потоа. А и не се замарај толку,ако има некој, биди спонтана,ако не,цел живот е пред тебе,дури и ќе се измориш од мажите.
Нека тој ти даде јасен знак дека сака нешто. А многу нормално дека ќе се срамат, па мали сте, извини вака и совршенство е во право, не го тупи мозокот со дечковци, ова она. А и Mysterious
Абе несакав да кажам ништо за мување и такви работи. Едноставно само да си знам дека тај и тај го осеќа тоа и тоа спрема мене. Не ни помислив на мување и слични ствари за кои ти си сватила. (нема проблем за изразот ) А иначе воошто не се замарам или пак да се нервирам за такви работи SOVRSENSTVO. И сосема те подржувам за мислењево.
Вака... Значи во контакт сум со една личност која ја запознав преку мојата најдобра другарка. Се гледавме на скајп, се слушавме, кога бев со нејзе. На секое гледање, таа коментираше дека и бил убав, дека помеѓу нив имало од секогаш некаков флуид и хемија. Сепак, тие се поврзани поради нивните семејства и фамилијарно дружење. Таа него го сака ко брат, тој нејзе ко сестра. Јас со него одржував најпријателски конктакт, бидејќи тој е наш иден цимер. Без симпатии, без флерт, без никаков знак од моја страна. Од негова чувствував дека има нешто, макар и на дел од секунда да е слободен тој ми пишуваше, ми даваше некои знаци кои јас не знаев како да ги протолкувам, или не сакав. Не е важно. Од кога тој дојде во нашиот град работите се променија. И призна на мојата другарка дека гаи чувства кон мене, дека сака со мене, но не сака да избрзува бидејќи во мене не гледа девојка за една вечер, туку личност со која би градел иднина. Правеше страшно исклучителни гестови за мене, изненадувања, ми изјавуваше љубов. Имав прилика да останам насамо со него, да спијам до него, тој не ме допре. За неговите чувства знаат сите негови другари, другарки, кај мене дома, околината. Без да почувствувам кога и како тој ми влезе под кожа. Човекот е совршен, верен, знае да почитува, цени и сака. А мојата другарка е наводно среќна за мене, сака да бидам среќна со него. Тие нон стоп се слушаат, ми кажува постојано дека многу го сака, и тој истото за нејзе. Но нејзината скриена љубомора се приметува на километар. Внимава да не бидам подобро облечена од нејзе, да биде што повеќе со него, да биде поблиска, дури и не ми ги ни кажува работите кои тој и ги рекол за мене. Наметлива и навалентна личност е. Без пардон, со која личност и да посака кокетира без да чека од другата страна. Сепак, не се осудувам да и префрлам ниту нејзе, ниту него. Сега настанаа некои проблеми и не се знае дали јас ќе одам таму каде што планиравме да студираме, а таа се однесува како да и е сеедно. Решена е да оди по секоја цена. Јас и кажав дека професијата и кариерата ми зависат од таа одлука, немаше никаква реакција. Како да и паднало камен од срце, бидејќи теренот и е слободен. И сега, поентата ми е... како да постапам? Да премолчам, да се правам будала свесно, или да и ги кажам работите кои ги приметив од нејзина страна? Или пак да му кажам него дека е премногу, да се дистанцира од нејзе, и дека секоја нормална личност би го приметила тоа? Ве молам за совет, искрено неможам да си ги соберам мисливе и да гледам најразумно во ситуацијава. Спојлер Се извинувам за долгометражава
Многу ти благодарам mysterious за преубавиот совет А и за тоа дека сум свесна за мојата возраст и дека сум воспитана xD
Види сега,машките на таа возраст незнаат што сакаат,единствена цел им е да смуваат што повеќе женски за после да се фалат на другарите. А,ако некој те свиѓа,остави тој нека ти даде до знаење дека те свиѓа.Нека трча он по тебе,не ти по него.
Јас имам едно прашање. Прв пат го сретнав зборот невалентна во твојот збор,ќе ми објасниш што значи? Може е малку глупо прашањево,али кој пита не скита. Инаку,совет. Вечерва сум расположена за совети. Зависи колку ти е другарка горе неведенава. Али,мене ова не ми мириса на другарство. Нема ривалство меѓу другарките,мене дури и би ми било мило да спојам две личности што јас ги сакам,бидејќи не сакам тој или таа да заврши во рацете на некој што ќе нема ни грам почит спрема неа или него. Можеби таа чувствува нешто спрема него,али не сакала да ја руши таа феиритејл од фамилијарни пријатели,па затоа можеби подобро и било да остане било како во неговиот живот,па макар и како другарка. Јас сум за да бидеш искрена. Не премолчувај,бидејќи можеш да се прашуваш после тоа што ќе беше ако премолчев,или едноставно,можеш да се каеш. Биди си искрена спрема себеси. Ако стварно те интересира дечково,отвори му ги очиве. Но запамти. Нема нешто полошо од некој кој што не сака да му бидат отворени очите.
Фала ти. Ќе чекам погоден момент за да го применам советов. Инаку нАвалентна сум згрешила, извинете. Поздрав
луге сега му пратив на бившиот покана на фејсбук ..зошто го избришав јас пред една година,а оваа година цела имавме многу недоразбирања,кавги и свашта разни работи..и еве јас како помала решив да пружам рака пак...е сеа он се праве некој си и незнам дали не ме прифаќа или ме оставил за утре да ме прифате ...што да правам ..ве молам помош многу сум тажна
дечки се чуствувам ужасно почнав да не спијам.. се разбира не е до толку страшно ама не знам како да постапам! со дечко ми имавме мала караница и има цели 2 дена што не ми се јавил.... и мене исто ме фати голем инат и се заколнав дека нема јас прва да му дзвонам.. се рабира караницата не беше ништо и не дека се скаравме во буквална смисла на зборот.. поминаа 2 дена или повише откако не сме се слушнале (звучам очајно) но јас не можам да функционирам како што треба.. не знам што да правам дали да чекам сепак он да се јави прв?
Класична ситуација на водење инат од двете страни и сите сме ја поминале. Мене кога ми се случувала главно јас сум се јавувал зашто инатење 2 дена е веќе премногу и почнувам да се нервирам ама се има граници. Ако главно ти се јавуваш може другиот да се опушти и се на тебе да чека да попуштиш. Така да никој нема да ти каже јави се или не ама еден од вас двајца мора да го симне инатот инаку вака може и денови да ви поминат во бесполезно покажување сила у стил мене не ми е ништо без тебе а веројатно и он кине нерви чекајќи на тебе. Ако толку не можеш да издржиш и веќе губиш здравје пиши му смс и види реакција, ако е ок ќе врати ако не значи ептен сте заглавиле. Смешни и истовремено жални ситуации.
Елементал ме поттикна за размислување и дебата Се разбира Крејзи е онаа која ќе размисли и одлучи што ќе направи и се разбира за да некој премолчи и да успее да се справи со ваква ситуација, потребна му е сила и голем потенцијал, точно. Ама извини за каква honorable thing зборуваш? Па таа веќе кога го изневерила направила нешто quite opposite to honorable thing, there's nothing honorable about cheating. И поготово у наша средина го замишљам типов, Крејзи му вика - еј абе знаеш спиев со тој и тој, ама нема да се повтори, криво ми е, само сакав да бидам искрена со тебе. И овој ја тапша и и вика - леле фала срце, колку многу си искрена сега те сакам уште повеќе. И другарите го тапшаат исто по рамо и му викаат - леле браво брат, јака цура имаш, јес да се плеснала со друг, али топ е, искрена е ептен. Ти си машко, ти барем знаеш како би изреагирале вие. Е сеа тоа што има тутулиња балиња кои и после вакво нешто решаваат да простат, бидејќи простувањето е човечко нели, и да продолжат ко ништо да не било, тоа има и постои. Од билокоја гледна точка, особено психолошка е повеќе од јасно - дека признавањето на нешто што се случило еднаш и нема иднина е чисто од причина да си ја ислободи човекот совеста. Тоа нема врска со „ама морав да му кажам, само сакав да бидам искрена затоа што го сакам“. Дрн дрн. Тоа само у амерички филмови. Јас сеуште би ја советувала дека во случај да е сигурна дека ништо нема да се дознае, дека изневерувањето не е знак дека не сака и не треба да е со дечкото и дека тоа е сепак само one night stand која нема потенцијал да се повтори, не мора да кажува ништо. Крејзи ќе ти биде тешко сама да се справиш и да преминеш преку таа лага, уосталом ќе видиш со текот на времето дали ќе успееш да се справиш со тоа, но засега би ти рекла претпазливо со признавање. А како што реков, не те осудувам, бидејќи луѓе сме - грешки правиме и учиме од нив. А ти земи ја најдобрата поука од ова И да, ако мислиш дека секако ќе се дознае и дека ситуацијава може да отиде у неповрат - тогаш кажи си отворено, па шта буде - буде, стискај заби. Тука признавам дека во ваков случај е подобро дечко ти да дознае од тебе отколку од Перса, Славица, Ивица, Трајче итн.
Crazyinlove19 во оваа ситуација во која се наоѓаш се наоѓаше и моја другарка. Секогаш беше против неверство, но го изневери се смува со еден, немаше секс, но сепак отпосле чувсвуваше грижа на совеста и сакаше да отиде и да му признае на дечко и, од толку што беше напната. Тој ја приметил по однесувањето и ја прашал дали го изневерила бидејќи знаеше дека сме излезени сами вечерта кога таа се смува со друг. Таа не му признала во тој момент иако како што вели таа и идело да му каже све па макар и да и раскине, и почнала да плаче. ( Тој приметил дека нешто не е во ред и според мене мислам и дека си знае дека го изневерила, но не и раскина бидејќи се во долга врска и се сакаа, мислам дека сепак и го простил тоа иако не и кажал никогаш директно.) Таа го премолче неверството, т.е. не собра храброст да му признае дека го изневери. Но поради таа грешка никогаш отпосле не си дозволи нешто да му забранува, да не го остава да излегува сам и да му се јавува додека е излезен со другари, како што си имаше навика предходно, се смени поради грижата на совест што ја чувствуваше. Гласините што се слушнаа отпосле ги негираше пред сите и дури и пред оние што знаеа дека го изневери дечко и, во очи им кажуваше дека лажат, но сепак останаа заедно. Доколку навистина го сакаш и можеш да издржиш да го премолчиш неверството, премолчи го помалку ќе боли. Доколку и понатака чувствуваш грижа на совест седни го и разговарајте кажи му се, доколку врската ви била сериозна, иако си направила грешка можеби и ќе ти прости. Позз, и се надевам дека брзо ќе го решиш овој проблем.
пренесувам туѓо искуство. на братучед ми го изневери женска му (се смувала, т.е. демек се бацила само два пати) со некој тип. тој мноогу ја сакаше дури и реши да и прости. но отпосле, како што ја изгуби довербата во неа, не можеше да седи мирен, само сумњаше, каде е таа, со кого е, а и болката за тие два бакнежи почна да му се зголемува со тек на време. потоа си зеде за слобода да се однесува погрубо со неа, а таа си трпеше само поради грешката, се молеше се да помине и да се заборави. и така, малку по малку работите излегоа од контрола: - тој сакал да и прости, ама увидел дека не можи; -таа се му угодувала, за да и прости, ама и дошло преку глава од напнатата ситуација. (на крај раскинаа, ама нему многу му беше тешко да ја преболи, беше стварно повреден од се) крејзи, јас сум секогаш за да се каже вистината, за било што! а, дека ќе го повредиш дечко ти, ти веќе си го повредила, само што тој не е свесен за тоа. како и да е, одлуките ти ги носиш, само биди многу претпазлива низ целата ситуација, не прави ништо импулсивно, неразмислено. поздрав
крејзи доколку не го сакаш типот со кој ете си се смувала воопшто НЕ МУ КАЖУВАЈ. да дознае нема од каде ти текнува секогаш има зли јазици кој сакаат да ви напакостат па и да се дознае нешто негирај, зар твојот ќе му верува на некое напалено типче или ,,злобна другарка,, отколку на девојката која дели се. Знам дека може сум злобна но стварно човек учи од грешките и не дозволува да се повторат. Ако и случајно и втор и трет пат го направиш истото, тоа само ти ќе си знаеш е тогаш раскини му но ипак не со вистината туку едноставно најди причина. Сега за сега молчи си затоа што мислам дека ретко кој простува неверство. Јас не би простила никогаш
Крејсиинлов Две зла се и да му кажеш и да премолчиш. Ако му кажеш тој ќе страда повеќе, ако премолчиш ќе се бориш да го издржиш притисокот, па да си во фрки да не дознае од некаде, па да имаш голема грижа на совест и сето тоа да му го пренесуваш нему, он секако дека ќе те примети дека не ти е океј. Сега размисли на чиј грб треба да се однесе оваа тежина. Самата најдобро знаеш и која алтернатива да ја одбереш, не е можно да згрешиш повеќе од што си згрешила пред неколку дена. Со среќа
карак и јас тотално се сложувам со тебе крејзи и по некоја случајност да се дознае негирај све апсолутно све боже мој пак ти само си се смувала да речам ќе ја распаднеш цела врска поради тоа битно е дека се каеш и дека го сакаш дечкото и јас како карак никогаш не би простила неверство значи уште кога би отворил тој уста да ми каже ќе биде крај во истиот момент
Крејзи,мислам дека е себично да се признае неверството само да и се олесни на својата совест, а доколку искрено мислиш дека тоа е огромна грешка што си ја направила и никогаш повеќе нема да се повтори,тогаш треба да премолчиш,да го покриеш сето тоа со пепел и едноставно да го молиш Бога никогаш тоа да не се дознае... Признавањето на неверство никако не може да ја унапреди врската, може само да ја уништи или растресе,а во најдобар случај да ја промени, а доколку сакаш од животот да си направиш пекол, да му го искорнеш срцето на партнерот или евентуално да ја задржиш врската во која веќе никогаш нема да биде исто и во која никогаш повеќе нема да бидете еднакви, тогаш собери храброст и признај му. Ретки се луѓето кои знаат да ценат ваков тип на искреност и за тоа е потребен дечко кој навистина слепо те сака, има слаб карактер или воопшто не му е гајле... Било какво простување на гревот, барање прошка и сите останати бла,бла-патетики ги гледам само како задоволување на грижата на совест, која реално и не треба да биде задоволена, туку треба да остане засекогаш тука, како терет, за да потсетува никогаш слично повеќе да не се повтори.
Додека го пишував тој пост и јас се запрашав зарем не е доцна веќе за doing the honorable thing, ама сепак ова со премолчувањето го сметам за twisting the knife that just went in. Мојот совет кон неа се основа на впечатокот што го имам дека таа нема да издржи да не му каже, или барем сама ќе се издаде порано или подоцна. Додуша, не знам дали тоа што сум бил повеќекратно изневеруван ме прави квалифкуван или премногу субјективен да споделувам совети на оваа тема (од машка гледна точка) но нели, ние споделуваме мислења тука, а Крејзи го има последниот збор. "Јас сеуште би ја советувала дека во случај да е сигурна дека ништо нема да се дознае, дека изневерувањето не е знак дека не сака и не треба да е со дечкото и дека тоа е сепак само one night stand која нема потенцијал да се повтори, не мора да кажува ништо. " Јас сум видел мои другари како им се додворуваат на девојки за кои знам дека се среќни и задоволни од своите партнери и врска. Кога сте заљубени, вие сте тврдини. Ништо друго не ве интересира. Едно прашање до сите членови на форумот што читаат: Може ли некој/а од вас да ми даде посилен показател за недостиг на чувства од (со длабоко извинување) тоа да му се спуштиш на некој тип...доле? Сега Крејзи доживејува a guilt tsunami ама во иднина ќе и се видат нештата појасни, а не ми е јасно како е тоа момент на слабост, па тоа е цел акт . Крејзи е на пат да направи страшно огорчен дечко кој веројатно во иднина некоја девојка ќе го смета за кретен и идиот без да се запраша дали the show of a lifetime му било приредено токму од женскиот род. п.с. Секако не си го претставив признавањето од нејзина страна со таков наивен дијалог
Кутрата Крејзи, искача ко да ја ругаме и маваме интензивно со тенџере по глава, а не ко да и даваме совети (Крејзи не се лути, плис) Еее да си ми жив и здрав, токму за тоа и зборувам - кога сакаме некој, море и Бред Пит трбушен пред мене да ми заигра у танги, не ме занима! Точно е тоа Пази, the harm was done this or that way, ама со признавањето ќе биде double trouble. Абе не ми текнува филмот, имаше една цура која го изневери типот во момент на големо пијанство и зборуваше со својот психолог, како се кае, како не сакала и како мора веднаш да му каже за да продолжат во врската и понатаму. Психологот и рече - No, you don't wanna tell him, you don't even wanna be honest with him. This has nothing to do with honesty. It has to do with you being alone and trying to carry that burden all by yourself. By admitting you would put that burden on somebody else's back and hurt him even more. Можеби не е точно од точка до запирка, али вака некако беше. А точно е - дека во моментот кога ќе дознаеме дека сме биле изневерувани (значи повеќекратно), затоа што ако нешто трае, нема шанси да не се дознае, порано или подоцна, оние кои сме изневерени се прашуваме - зошто не правеле магариња долго време и никој не ни кажал? Тоа е точно, но тука зборувам за долготрајно изневерување. Абе деликатна ситуацијава, вака или онака, оној од другата страна добил рогови, работава е дали ќе го оставиш така бидејќи тој не ги гледа или ќе му го донесеш и огледалото за да се погледне убаво. Нешто ко кога јадеш некое јадење, и ти останала дамка на лицето, и цело време шеташ ко будала, сите ја гледаат само ти не, и оние кои ја гледаат едноставно не знаат како да ти кажат а да не се почуствуваш непријатно