Ја промашуваме поентата, ја едно зборам ти друго, јас ти кажувам дека се сплеткала со дечкото на најдобрата другарка, ти упорно го толкуваш како рандом лик.Да бил овој некој рандом лик, па се смувала, нема да го трпи ова, не знам што не е јасно?Замисли другарка ти, да се смува со дечко ти?
Не го толкувам како рандом лик. Дечко на другарката нејзина е, добро. Излегла таа со него своеволно сама некаде? Не. Во тајна врска се? Не. Сака да има нешто со него? Не. Неа проблем и' е само што може цело друштво да го изгуби, оти сите се дружат еден со друг, затоа има пишано во темава.
Е па тогаш погрешно пишала. Се знае што е мување, ама ваљда она не знае. Во секој случај чим ова трае со години дефинитивно требало одамна да и каже на другарка и. Ако го изгуби друштвото зошто кажала, не и треба такво друштво.
Тој ја смувал неа бе. Од кај знаеме ние под какви околности. Да сакала таа, немало да биде само еднаш. И мене еднаш ме смува еден. Му се развикав и не ме виде пак. Не значи едно мување ништо. Ај да почекаме да каже самата подобро како било.
Прво нема да расипеш врска, таа колку и да била климава ако сакаат они двајца да раскинат ќе раскинат. Прво до толку нема други луѓе па што три години седиш во нивна близина? Кажувал лошо за тебе, за други луѓе - отерај го у к*рац и нема уста да отвори. Имам претстава како да не сакаш тоа да го направиш бидејќи го сакаш вниманието од дечкото на другарката. Размисли дали правиш и проекција на твоите чувства и размислувања како да се на дечково.
Фала ви на сите на исцрпните одговори и совети, ќе видам што ќе превземам. Сепак благодарам, многу e полесно кога ќе слушнеш од повеќе луѓе мислења за донесување на било каква одлука.
Како може некој некого да смува, а смуваниот да не мува? Тој ја лапал и фаќал а она седела ко кукла? Ако било така нека го пријави за сексуален напад. Знаеш што е мување?
Да разјасниме: Мување на Македонски јазик значи да се излапате и исфаќате со некој. Мување на Српски јазик значи некој да ви се пушта/флертува со вас. Смувао, значи дека успеал во флертот. Значи на било што и да се мисли, "ме смува" има исто значење, а тоа е дека имало нешто физичко меѓу нив. И не може на нејќење да се смуваш со некој.
Јас ако ја сфатив правилно прво таа се смувала со другарот, а потоа тој ја фатил другарка и. Па таа излегувала со нив како пар или она што се вика трд вил (ме мрзи да менувам фонт). Што е ептен погрешно, и се согласувам со Селина таа сега ги проектира сопствените чувства на другарот, се надева дека ќе се скараат, и тој со плачење кај неа, карикирам де ама мене така ми делува. А и можда од вас очекува фри пас со коментарите. Што како и да гледаш ова карактерно ептен е сомничаво, намногу губи другарка и со вакво опкружување.
Како и да вртиме, на женскава и годело вниманието и ваљда уште и годи. И да, за мување треба двајца. Двајцата криви сте, прифати го тоа. Него, греота е само за "другарката" појма нема кутрата што се дешава, што и праите позади грб. И уште наивна ја викаш, бравос бе, смејте и се зад грб колку е наивна. Друга работа што ми привлече внимание, а сега го прочитав, викаш "или ќе престанам да пијам" каква поврзаност има ова? До толку значи ќе се начукаш и не можеш да се контролираш и праиш глупости? па сеа те дупат ради тоа? Не сфатив шо ти беше форава со пиењето, зашо те зафркавале ако се напиеш, има причина за да те зафркаваат? Те виделе со една лименка пиво и заебанции одма хахахаха глупо и несфатливо. Зашо толку драми за тоа? Има многу нелогичности тука ама ај. Женска да сакаше да се дистанцираш ќе се дистанцираше уште одма, а не 3 години се влечете и ја заебавате другарката, срамота бе, немате ни срам ни жал. Не требаше ич да се плеткаш со него ама интересно ти било и уште ти е.
Јас апсолутно сум на страната на девојката кога некои ропаци се досадни ко пролив и не знаат за не. Ама кога барате изговори, па демек аха ќе ми се скара другарката, па аха шубе ми е да кажам да не ги разделам.... дел сте од проблемот, жал ми е. Единствено некои закани да ви упати па да сфатам. Ама вака не. Абе и да изгубам друштво и другарка, ради сама себе ќе кажам и ќе се тргнам. Крај крајова, мене лично би ми било непријатно некој упорно да ми се пушта што го неќам. Мене нека ми е раат душата и чиста совеста, па они нека кршат глава после.
Е тоа ја мачи највише, друштвото да не го изгуби ама чиe друштво? Може и не го нејќе, да го нејќеше, ќе кажеше све и чиста работа.
Televisia presenta Не можам да сварам како ја лажи другарката 3 години е предолг временски период. Можи и годи на девојката да е во таква ситуација
Леле колку мислења, некои прочитав порано, некои тек сега ги гледам. Во право сте луѓенца, изгледа и двајцата сме ѓубриња. Ама ајде да си земам вина врз себе, јас веројатно сум најголемото ѓубре во ситуацијава. Инаку јас не се гледам со него, тоа што се случило пред 3 години - се случило. Мене друго ми беше прашањево, ама вие сите тргнавте да ми објаснувате какво ѓубре сум ко јас да не знам дека тоа не е океј што се случи. Не ми требаше да ми кажете дека не е океј тоа, свесна сум. Мене ми требаше практичен совет како да постапам со човеков, да се исплаши и да се тргне. Може најдобро ќе биде ако му кажам или ќе прекинеш или ќе и кажам се, ќе се упрпа и ќе престане. Друго чаре не гледам. Ако имате некој практичен совет кажете, вака нема смисла секој втор да ми збори ѓубре сум, не е океј, едни те исти мислења се повторуваат. Зар мислите дека не сум свесна дека е погрешно? Да не бев свесна ќе си ќутев и уште ќе се гледав со него. Работата е што дечкото ме бакна тогаш, односи далеку било, не сме имале, нема ни да се случи. Пробемот е што ме замара и ми објаснува како се чувствува и мене тоа ми пречи. Што има мене со тоа да ми полни главата? Може вие мислевте секс сме имале, па така бурно изреагиравте, не - не сме, нити нешто што личи на предигра. Просто бакнеж беше. Полошото е тоа што ме напнува психички со неговите проблеми и чувства, веројатно и не знам како да ја објаснам подобро ситуацијава. Веројатно е во несреќна врска, ама мене тоа не ме интересира, нити треба да ме интересира, нивна работа. И тоа не треба да го користи како прилика за замарање, ама некои луѓе немаат граница.