Абе оддалечи се, игнорирај го, кажи и на другарка ти, ако имаш храброст изглеа немаш. Каков практичен совет бараш? Отворено кажи му дека не ти се допаѓа односот негов кон тебе и ако продужи пак, преземаш следен чекор, мораш да и кажеш тогаш дека ти прети. И добро што бар си свесна дека не е ок ова што го праите, ако си разумна и свесна нема да дозволиш понатаму да си дел од играва.
Од корен треба да го менуваш цел пристап кон работите, ако сакаш да бидеш човек крај крајева. Оти во нормални ситуации сите чекори што ги превземаш се погрешни. Три години. А и не сте деца за да речиш дека е детска љубов. Ако луѓето се заедно толку години се возрасни личности, и какви и да се сигурно врската оди накај брак според годините. Нема врска дали тој е лош човек. Не се земаат само добрите.
Проблемот е во немањето на одлучност и храброст. Затоа што е многу лесно да отераш некого у три лепе за навек. Ама колку сакаш да го направиш тоа? Он нема да замара ако ти се тргнеш на страна, блокираш од секаде и си најдеш подобро друштво. Очигледно и треба.
Практичен совет би ти дал да си отворена и да му речиш брат не ме ебај во здрав мозок ни пет пари не вредиш. А ти мислам нешто те јади црво и прашуваш овде, немаш баш свое јас. Накратко, јас би бил директен и дрзок ако треба да одјеби тој fuckboy-от.
Па имам доста проблеми со самодоверба и одлучност, али може да почнам да вежбам да бидам поодлучна и да викам не и не ме замарај поодлучно и подрско. Некогаш само така треба, дрзок да си со луѓето за да сфатат дека си озбилен кога им збориш.
Морам да кажам некаде се што имам затоа што овој пат навистина ќе експлодирам и не можам да издржам… Во врска сум околу 6 години, немаме некои посебни проблеми, посебно немаме расправии за некои битни работи, ама во момент на несогладување, лични проблеми на дечково расправијата најчесто излегува тотално од контрола. Во такви ситуации буквално ќе ми изнакаже се, па од тој момент не сака веќе ,,очи да ми види,, ми раскинува моментално, да не зборам што ќе ми изнакаже нели во лутина и океј јас ќе се пренапнам и изнервирам од причина што не ми е океј нели сето тоа и што знам дека темата за која што разговорот искочил од контрола била небитна за толкава драма и дека многу претерал, од причина што знам дека повеќе е неконтрола на однесувањето од негова страма во такви ситуации и истурање бес од претходно некој настан за него нервозен на мене како личност што не ни напраила нешто за да доде до тој степен караницата. Се случувало вака често и ајде после некој ден ќе направиме муабет зашто така да имаме непотребни нервози, зашто да не де искраме бо моментот и да заврши караницата туку мора тоа да се усложнува од негова страна и да не збориме со денови да води инаети… И ајде некако ке средиме, следен пат да се постапи посозреано и посмирено и ете пак ке дојде следна расправија и ќе заврши ИСТО… Веќе не знам како да постапувам, некако ми е веќе смачено, не знам више што точно толерирам… Знам дека е искрена љубов и се ама некои работи не знам како да се средат на место. Од една страна ми доаѓа вака нон стоп кога ќе каже во лутина ти раскинувам да раскинам стварно јас, не како него од лутина па да видам што ќе се случи, ама од др страна гледам веќе сме на возраст кај што или де бараат ( се мажат/женат) или деца чекаат и си викам јас да прекинувам волку долга врска како кога се сакаме, ќе си речам знам дека многу е инает треба некад и јас да смирам ситуација и веќе стварно не знамм што да кажам и направам премногу сум збунета и мака ми е на секое да се нервирам и плачам за вакви работи кога може да ги нема.
Мислам дека дечко ти има проблем, ова е насобрана нервоза или некој притисок, па ти се истура и на тебе. Имавме ваков период со дечко ми ама траеше кратко, тоа беше кога се вселивме заедно, финансиите малку ни беа у минус, и почна да работи втора работа и буквално не се гледавме, и се тоа се спои и карамбол. Мислам дека не ви е врската проблем колку што он има некој проблем... ама такво недолично однесување со навреди, не треба да го трпиш. Дали живеете заедно?
И он сега пред некоја недела почна да работи втора работа , така што цел ден е на работа и не се гледаме . Не , не живееме заедно.
Тоа многу влијае, нас доста проблеми ни направи... и еден ден седнавме дека не може вака, ќе си ја унишиме врската, и се договоривме дека ќе се вложиме макс со време за нас, и прво нешто беше одмор 20 дена, само јас и он, без социјални мрежи. И се трудиме максимум да сме смирени и секоја караница да помине во истиот момент кога и е создадена. Девет месеци работеше втора работа, напушти зашто ништо не може да ни го врати времето за нас и ниедна пара не е вредна повеќе од нашата врска.
Не знам веќе до што е , немам ни енергија некако. За секоја работа вака кога ќе искочи расправијата од контрола он раскинува во момент на лутина и ајде пак иста песна нема да збориме неколку дена па ајде ќе се извини и бо круг. Сто пати е зборено да не се постапува така ама џабе, еве истото го направи сеа мене ми раскинува за нешто што он е крив и стваено е безвезе… Уствари мене ме нервира тоа што нема контрола што ете може бо такви моменти вака непромислени работи да прави, а фо што е и како е више не можам да разберам.
Искрено не би била со таква особа, не се малку 6 години, ама не сте мали деца па ајде ќе раскинуваме на секое. Постави си граници до кога ќе го трпиш тоа, сепак никој не е должен да го трпи некој без разлика кој и да е, ако денес некој го изнервирал. Тоа е се само врска не е.
Те сфаќам и јас нешто кога ќе прашам, мислиме дека постои совет со кој магично некој ќе ни ги реши проблемите..Али прекини не се дружи со тоа друштво ако треба, т..е кој те цени ќе остане со тебе... Или кажи и на другарка тии, не криј така полошо е, па јас дали ќе ме заследел бивш едно друго, све сме си кажувале, онака со познаничка, за да не си расипене однос за машко, не па другарки... кој признава, пола му се простува нели и секое добро
Брат то ти е карактерна особина. Нема да се смени. И бившиот беше ист таков. Или прифати го и трпи го или прекини дури не сте дошле до брак...
Прочитав и мислам дека дечкото ти врши нарцисоидна тортура. Посебно делов со скарај се-смири се, црвено знаменце. Е сега, да долга врска, стравот ако раскиниш е основан. Тешко е да се најде добар, нормален партнер. Бат ден аген, овој не делува на нормален. Не ми делува дека ваква врска би требало со брак да се круниса. Сепак, ти си знаеш.
Мене ми е најглупа изјавата - ама долго време сме заедно, бла бла бла. Изговори. Го бирам мирот пред се останато. Ако за небитни работи е ваков, кој знае како ќе се однесува со сериозни проблеми.
Како ги делите финансиите во врската? Ние постојано плаќаме 50/50, сака да се частиме само ако имаме некој ептен посебни пригоди( некој успех во животот) мене тоа ич не ми се свиѓа и воопшто не ми е романтично. Му имам кажано неколку пати дека сакам да е поромантичен, да даде предлог да одиме некаде, некогаш он да плати за вечера.. ама никогаш нема такви иницијативи. Или пак го има разговорот, планирав тоа да го направам ама сега кога ми кажа не ми е убаво и ќе се осеќам натерано. Еднаш имавме ситуација кај што ми рече дали сум сакала да ме носи на вафли.. и потоа ми кажа дека требало и двата да платиме. Јас му кажав дека тоа не значи ај да те носам таму и таму ако и двата плаќаме а он ме кани.. Сигурна сум дека ќе има реакции од типот зошто да чекам дечко ми да ми плаќа итн итн. Сакам да напоменам дека не го очекувам од него тоа постојано, но понекогаш мислам дека е добро да се направи. Притоа и ептен ретко нешто ми подарил да ме изненади..
Јас преферирам еднаш едната страна да плати, па следниот пат другата. Не да гледаме да е 50/50, но исто така да не биде цел финансиски товар на едната страна само, освен во одредени случаи. Частење и плаќање за патување или пак полуксузни вечери преферирам кога се има причина за такво нешто, или пак кога имам кејф. Поклони, повторно, во зависност од пригодата. Помали нешта не ги гледам како поклони воопшто, како на пример чоколадо, слатко нешто, храна, цвеќе, нешто направено лично или било што кое не е скапо, туку ете, како мало внимание. Поголеми поклони, најчесто кога има посебна пригода некоја или кога ми е кејф, и можам да си приуштам сега. Имало моменти во минатото кога финансиски не сум можел да си приуштам некои работи, па тогаш сум гледал да има повеќе мали работи за внимание. Некои тоа го ценат, некои не. Ама јас ја ценам онаа личност која тоа го цени повеќе отколку плаќање на одмори, скапи вечери, скапи подароци и останати луксузи. Не е за парите, колку за чувството на искористување. Исто и ако се очекува се јас да подмирувам финансиски, turn off ми е.
Те разбирам сосема, не сум тип на човек што очекува од дечкото да плаќа патувања, луксузни вечери или пак скапи подароци. Во мојот случај зборувам за нормален тип на вечера, одење на бургер, палачинки.. Баш ми фали тој тип на внимание, цвеќе, чоколадо, нешто ситно а внимателно.