Големо црвено знаменце. Овој не е скржав во џебот, туку во душата. Колку и да нема, рецимо еден сендвич делите, он да ти го даде делот со повеќе компири, ако ти е ладно, да стегне заби 15 минути и да те нагрне со своето палто. Е за ова правам муабет. Скржавоста нема врска со пари колку што има врска со манири, душа и вреднување на тој спроти тебе. Ем сака вафли да лапа ем да не части, ако немаме пари злато на клупа сончоглед ќе грицкаме. Мене ова ми е црвено знаменце и може утре друг ден и за емотивни моменти да биде исто толку скржав. Ако нема пари да те изведе нека каже срце да свртиме крукче во маало. Некупување поклон ми е исто страшен момент. За една ситница секој има пари, ајде таму. Место да нарачува вафли, шетајте на кеј а со парите од порција вафли нека ти купи поклон. Ама он става една вафла пред тебе. Не знам, ич не ми се допадна. Како бе поклон на девојка да не се купи... Ццц Инаку ние со последниов пред да раскинеме, вака праевме. Еден ќе даде идеа да одиме на ручек. Плаќа тој што кани, а после на друго место одиме на благо и кафе, е тоа другиот го части. Ако одиме на кино, тој што канел купува карти, другиот пуканки и сокови.
Станува збор за личност која и доста добро заработува за животниот стандар во Македонија, не можам да кажам дека нема пари па тоа да е причината.. се повеќе мислам дека е момент на неценење или пак нешто друго
Уф...ај вака. Во врската не постои 50-50 за сѐ, особено не во финансии, не е ова другар/ка па "ај ти купи чипс, јас сок ќе зеам". Не можи да е 50-50 ако едниот јади морски плодови а другиот не знај дали воопшто ќе има за јадење утре. И особено не ако едниот е добро платен а другиот врзува крај со крај. Друга работа, кога мажот повремено презема иницијатива да плати, укажува дека се грижи за тебе и сака да ти е убаво со него, онака џентлменски потег е...шознам. Ова особено се однесува и на делот кај шо велиш дека ретко ти купува...заљубен маж сака воглавно да ја усреќи саканата со некои вакви работи, во најмала рака бидејќи знае дека романтиката ќе придонесе позитивно во врската. Зборам од мое лично искуство... Ми делува скржав и себичен.
Леле цицијааа. Јас не би можела да бидам со ваков. Да ми речи дека ќе ме носи на вафли АМА двата да си ги платиме, вафлите в грло ќе ми застанат.
Можеби нема да ми веруваш, ама прва препотставка ми беше дека се работи за добростоечки човек, оти баш меѓу нив најчесто излегуваат најголемите циции, па и бетер, гребатори. Одма сфатив дека е психолошки, не материјален момент.
И јас тоа го воочив. Тој шо нема знај како е да се нема и ради тоа сака да сподели, од скржав нема да наидиш на разбирање. И не само то, овој не е од оние дечковци шо при студ ќе ти даде јакна, тука прајме муабет за себичност на поќе нивоа.
Да, се сложувам, воопшто не е така во твојот случај. Ниту пак мислев претходно, туку одговорот мој се однесуваше на прашањето како ги делиме ние финансиите. Сега прочитав дека си го едитирала постот после мојот одговор, за вафлите. Едноставно ако некој те покани, т.е. "ќе те носам на вафли/палачинки/вино/вечера" значи дека ќе те почасти. И тоа се тие мали работи кои значат многу во врската, а и кажуваат за личноста многу. Никој не осиромашува од една вафла. Овој твојов изгледа е циција. Да додадам, убаво е и кога женско "ќе те носи на вафли". И ние сакаме мало внимание некогаш. Да се осетиме ценети од време на време.
Фуј, грозно. Особено ако повеќе заработува од тебе. Не е до нечастењето, туку бедна душа фатена ин флагранти. И да те части, ќе ти ги брои залаците или голтките и ке очекува вратка наскоро. Не е убаво да си kept woman, ама ова е сељаштво и ренесанса . Би го зезала со тоа што јас ќе го частам еднаш ,два пати , три пати , четири...да видам до каде му оди умот . Ако е лаком а себичен, нема што понатаму... Порка мизерија. .
Пример кај нас на почеток на врската пред години плаќаше за се тој. Сок, кафе, трошоци за кола и се останато. Брзо влеговме во врска и затоа не ми сметаше, оти имаше пари. Па потоа се сврти кругот и имаше ситуации кога сум давала последна 100ка за да си делиме цигари. Првиот одмор моите го платија смештајот, ама тој потроши многу повеќе таму за проводот. Јас сметам дека треба така да биди. Сега живееме заедно и парите се заеднички. Јас не можам да се замислам поинаку. Има моменти и кога се има и кога се нема. Некогаш јас ја плаќам цела кирија а некогаш тој. Познавам еден пар што имаат и деца а се плаќаат пола пола, и кога знае едниот дека другата страна е во минус остава пола и тоа е тоа. Јас не би можела така
Искрено однесувањево на дечково е мизерно. Сум била во ситуација да не стојам добро финансиски, па никогаш не сум рекла тој да си го плати својот дел, ако сум јас иницијатор да одиме некаде. Има пари, а бара од тебе сама да си платиш, тоа ме асоцира на недоволно созреана особа и крајно себична
Бегај од таков... ако треба да плаќаш 50 - 50 , подобро најди си некој германец оти само они така праат.
Таков си е човекот скржав, не е до парите, убаво рече Теси, таков карактер има, не го интересира тоа дали тебе ти значи мало внимание, нема осет едноставно. Ти му викаш дека ти смета тоа и дека треба да се промени но џабе нема да се смени он. Сигурно има други позитивни карактеристики штом си уште со него или? На некои не им смета тоа секој да си плаќа за себе и си го сфаќаат најнормално. Може на друг начин ти ја искажува љубовта, сите сме различни ама ако е ептен ладен со тебе и не ти обрнува воопшто внимание на никаков начин тогаш сама треба да знаеш што понатаму. Колку долго сте во врска, вака и на почетокот правеше?
Точно, ако е вистинско ѓубре и не ја цени ич нека не го трпи тогаш, они си знаат најубаво каква е ситуацијата.
Секако, затоа гледам да ги ставам на кантар работите па да видам што повеќе би сакала во животот.. Според него требало да делиме се затоа што и тој помагал по дома. Но пак ќе кажам ако тој не сака да се потруди некогаш ете да има желба да почасти зошто и имам искомуницирано со него малце ме одвраќа.. Во скоро време имавме ситуација каде што побарав помош он да досреди нешто и ми искоментира да не очекувам од него да средува тоа што јас сум направила погрешно, дополнителни обврски да не сум му давала. Сама да сум си ги средувала работите. Тоа не било помош, оти ќе сум очекувала постојано од него понатаму. Ова ми беше ептен ред флаг. И нешто поради кое би преќинела врска.
Ахам. Е ај тогаш половина бременост носи го бебето ти, а во другата половина од бременоста тој...или до пола роди го ти па другата пола тој...?! Па не мислам баш дека е внимателен и коректен...ама секако, ти си знајш.
И е ред флег. Мислам, за подалечна личност не би се поставила вака, а не пак за партнер. Имав колега што кога девојка му вознемирена му се јави дека ѝ се избришал цел фајл со некоја многу важна работа/презентација (нешто така), потоа зад грб искоментира зошто го замарала него, нека си средела сама, нејзина работа е. Катастрофа, максимално себично. Дечко ти многу звучи ко врската ко бизнис трансакција да ја гледа, роботски. Како да треба да исплаќаш некако за негово внимание или сочувство. Според мене, партнер што те сака ќе сака да е првата личност што ја бараш за помош, првата личност од која бараш внимание, првата личност што ќе сака да ти даде нешто, да ти го направи денот или да ти прави да се чувствуваш посебно во негови очи. Едит: Не мешај коректност со љубов. Не е само дали делите на пола и дали помага дома. Имам забележано дека има група на машки кај кои позитивното е што не се шовинисти, ама пошто се емоционално недостапни, премногу „строго“ се држат до таа еднаквост меѓу мажи и жени, до степен што односот во врската е неприроден и е ко бизнис договор, каде што се мери секој денар (метафорично зборам, не мора да се само пари, туку еве и постапки, дела), односно како сѐ да е размена на услуги. Еднаквост не значи скроз истите работи да ги правиме до ист степен, туку да не наметнуваме очекувања од другиот само заради тоа што е од тој и тој пол. Во твојот случај, дечко ти го носи тоа до екстрем, каде во дадена ситуација не сака да даде ни 1% повеќе од тебе. Што е апсурдно, во искрена, отворена врска, секој би требало да го сака најдоброто за партнерот и да ја има желбата што е можно повеќе да му даде, да му помогне (не велам воопшто да не се грижиш за себе и да гледаш само туѓи желби).
Возрасен човек со свои финансии да калкулира и да дели ми е толку без врска. Ќе се најде оправдување ако станува збор за средношколци или некој невработен кој нема многу пари. Вака, себично е. Во превод - има пари ама не сака да троши за тебе. А со друштво каков е? Чести пријатели? Кога треба нешто да купи, да плати, стегнат е за плаќање? Да, треба да се дели, ама не како што тој има замислено. Да одите на вафли и да платите по пола. Уште и тоа да не си очекувала помош од него. Ти си знаеш како ти е со него и како се однесува и те третира, ова овде што го пиша е само дел, дел кој укажува на недоволна грижа кон тебе и отповеќе љубов кон парите.
Ах, па уште ако живеете заедно, толку полошо.. Ако нешто мразам, тоа се скржави, грамзиви, користољубиви мажулиња, во психијатријата анален тип наречени, стегнат задник во смисол, не геј да не се сфатиме погрешно. Абе најубав да е, пенис 20 цм да има, одвратен ќе ми стани крајно, гадурија.. Сори за епитети ама гадни ми се ваквите, ко лебарки и бубашваби, отприлика исто ми се гадат. Ем не можеш да го згазнеш, ем ти смета ако го имаш во куќа. Фала богу каде што живеам 'њама ги' ( мала дигресија).
@raww ова е големо црвено знаме. На пример во ред е некогаш да делите, но не е во ред постојано, па плус и да ти набива на нос. Речиси девет месеци како сум со дечко ми и само еднаш ми дозволил да купам пица и благо ( ми пречи што постојано тој настојува да плаќа) но на крајот успеваме да најдеме некој компромис. Тој буквално ти дава до знаење дека не треба да сметаш на него. На кого треба ако не на него? Имам другарка која со партнерот е некои 2 години. Тој период беше без работа па се случи да побара некој денар од дечко и додека не се стабилизира. Ај што ја одби, туку и ја нападна дека таа не му е мајка за да и дава пари. Многу неубав момент и лошо се почувствував и јас кога таа ми кажа а замисли како и било нејзе. Човекот е полн со црвени знамиња. Размисли дали сакаш иднина со скржавец и егоист.