Ти ако чекаш од машко романтика, никогаш нема да дочекаш. Романтиката е на почеток, после ја нема. Или сама оди шетај си и купувај си тоа што сакаш - само така ќе си задоволна.
Не знам дали барам совет или само сакам да се искажам некаде, ама многу ми тежи на душата.. Бевме заедно 2 месеци, од старт знаев дека е too good to be true, толку беше сладок и посветен, толку ме гледаше со љубов, ме запозна со сите дома, цело време излегувавме со брат му и сестра му, едноставно беше се прекрасно.. Се до еден момент кога наеднаш преку ноќ се оддалечи од мене и после неколку дена молење ми кажа дека не ме сакал и дека пробал сè за да се заљуби, ама не успеал. Јас никогаш не верувам на збор, ама луѓе тој така ме гледаше со љубов, како да сум најсовршеното нешто на светов, ете сега дознав дека сепак и очите лажат.. Само 2 недели подоцна, дознавам дека има друга.. И тоа, јавно објави слика со неа, брат му и нејзините другарки на инстаграм. После тоа дознав и дека сепак и неа ја запознал со сите најблиски и се секој ден заедно. Девојчето е преубаво, навистина е прекрасна и се гледа дека зрачи со позитива. Ме боли душата, многу... Ме остави затоа што не ме сакал, и одма после некој ден се заљуби и влезе во врска, додека јас се прашувам што е тоа во мене што дотолку никој не може да ме засака... Деновиве сум како мртовец, физички ме боли душата, ме стега во градите и имам гадно чувство во стомакот, не можам да спијам навечер.. се прашувам зошто.. Знам дека се 2 месеци премал период, ама стварно имав најголема надеж, додека не видов дека сепак не сум доволно добра..
@Laura. овој никаквец и лажго исто вака и на другата ќе и напраи кај и да е, може и напраил коа ти се лигавел тебе. Си игра човекот со чувствата на девојките, изгледа ужива во тоа. Или идел со неа, па се скарале и те нашол тебе да ти праи филмови колку те сака, да те држи за резерва, да си игра и со тебе, после може му се смирила и тебе те шутнал. Говедо скапано, убаво вика @sj *O* кажи и на девојката, чисто да си знае со која будала има работа. И уште ќе жалиш по него? Јасно е шо имбецил е, услуга ти напраил. Треба да славиш вака што испаднало.
Јас пак не мислам дека треба да и каже на девојчето зошто секако нема да и верува а членката ќе испадне љубоморна. @Laura. престани да следиш што прави тој и неговата фамилија, не си создавај уште болка. Напротив, избриши ги, посвети се на себе и прави нешто што ќе те натера да не мислиш на него. Чисто се сомневам дека ја запознал по неколку дена откако сте преќинале. Верувај ми, типов ти направил услуга.
Можеби се знаеле од предходно. Можеби е тип што не може да седи сам па одма влага у каква било врска. Или паралелно си пишува со повеќе. Која и да е вистината, не е важно повеќе. Фокусирај се на тебе. И избриши ги од секаде. Со време нема ни да ти е битно, сепак малку време сте биле заедно.
Нема врска со тебе срце. Сѐ си мислам дека таа женска била на сцена пред тебе и овој ја правел љубоморна со тебе за да истера некоја работа по негово. Очигледно, малава била препаметна за тие игри и победила. На комшивка дечко по месец и пол врска се ожени со бившата по недела дена ghosting на девојчево. Исто и он симнување ѕвезди, никад вака не сум се осеќал, ти си жената на мојот живот, децава вака ќе ни се викаат. И после пуф. Комшиката до инфузија дојде. Вреди ли за ѓубре? Ич. На мажи не верувајте на муабет. На почеток на врска нормално дека ќе ти кажува убави работи, нема да ти вика а мори ти никаква. А, love bombing е карактеристично за нарциси така што не верувајте на паѓање во несвест, муабети за иднина и занесување во први 3 месеци. Инаку и мене слично ми се случи. Ќе се вселувавме во заеднички стан во октомври и си покажа рогови, а со цела ужа фамилија му се знам. Ама, јас со овие мои mid 30s знам дека не треба да се зема здраво за готово убав збор. Што прави е битно.
И да ја прекиниш врската, разбирам да е пола/пола ама не баш во буквална смисла и овој си има многу грд табиет, вака од машка гледна точка овој че ти ги пукни сите мозочни келии во текот на животот за најбанална работа. Ако исцепи 1 кубик дрва, че ти ги извај низ нос.
Ох боже, можете да бидете 50-50 доколку земате иста плата. Ако пример ти земаш 25.000, а тој 50.000 како побогу да бидите еднакви? Какво е тоа искористување ако на девојка и платиш кафе, не дај боже вечера. Не знам јас, ако треба да одите со кола на одмор, до цент ќе гледа да платиш пола за бензинот? Какви се овие луѓе во брак? Ги штедат емоциите, како да се нешто материјално? Убаво ти кажале, цинцарење е негативна особина. Моментот на парите не ми е важен, секогаш гледам да си платам, ама реакцијата дека некој е искористен оти платил за вафла е за мене знак дека нешто не е во ред.
@Spicy Senorita не е крив човекот, криви сме ние жените. Кога ќе се вртиме без збор, да видиш како ќе си легнат на брашното. Се научиле женското се' да плаќа. Е*ате мажите.
Ќе ти кажам нешто вака грубо ама искрено, не очекувај ништо од маж посебно не на почеток од врска. Со отворени карти се, посебно ако се помлади. А на зборови и лигавења немој да веруваш.
Ама не може па и машкото се да плаќа, мене и тоа не ми е во ред. Најубаво е еднаш едниот, друг пат другиот, некад и секој за себе нека си плаќа, не е страшно дотолку ама ако секогаш настојува да се дели сметката и ниеднаш да не почасти макар и нешто скромно, тогаш се согласувам со сите вас дека човекот е крајно себичен и безчувствителен и треба да се подразмисли што понатака со тој човек, како еве како во случајот на девојкава.
Ние не можиме да најдиме дечко шо еднаш месечно ќе изрази желба да не почасти нешто од срце, дали поклон или вечера, не па некој шо секогаш ќе инсистира да плаќа, постојат ли уште такви?
Би ја цитирала Гош, излези сестро од матриксот. Хаха Инаку не, ај да беше само делењето сметка проблемот. Каква ментална манипулација прават пред да дојди до дејт. Грозно, секоја со која сум правела муабет на темава го има потврдено истото.
Постојат ама не сме ги нашле уште. Зашо да не постојат, верувам дека ги има. Ама ја не би се осеќала убаво секогаш да ми плаќа, не дека најќам да ме части таман работа ама секогаш too much e, па колку сака пари нека има, нефер ми е некако и како понижување јас лично го сфаќам, сама себе ко да се понижувам пред него.
Имаше една анкета, се погоди една мигрантка од Узбекистан. Ја прашува водителкава, а дечко ти богат ли е. Оваа, да, многу богат. Оваа ја прашува, е што ти даде. Женскава вика, па стан, кола, ова бутичево е мое (пред бутикот снимаа) Водителкава ѝ вика аман бе, на нас не ни се погодуваат такви како го најде. Узбекистанкава ѝ вика, епа не барате на право место. Муабетов на анкетана ме потсети. Ај частење до некој степен да проголтаме, ама еден цвет да не купи у цела врска ми е неприфатливо. Санкир услуга ти прави што идете работава, што е со некои од муживе...