Ќе ти кажам нешто вака грубо ама искрено, не очекувај ништо од маж посебно не на почеток од врска. Со отворени карти се, посебно ако се помлади. А на зборови и лигавења немој да веруваш.
Ама не може па и машкото се да плаќа, мене и тоа не ми е во ред. Најубаво е еднаш едниот, друг пат другиот, некад и секој за себе нека си плаќа, не е страшно дотолку ама ако секогаш настојува да се дели сметката и ниеднаш да не почасти макар и нешто скромно, тогаш се согласувам со сите вас дека човекот е крајно себичен и безчувствителен и треба да се подразмисли што понатака со тој човек, како еве како во случајот на девојкава.
Ние не можиме да најдиме дечко шо еднаш месечно ќе изрази желба да не почасти нешто од срце, дали поклон или вечера, не па некој шо секогаш ќе инсистира да плаќа, постојат ли уште такви?
Би ја цитирала Гош, излези сестро од матриксот. Хаха Инаку не, ај да беше само делењето сметка проблемот. Каква ментална манипулација прават пред да дојди до дејт. Грозно, секоја со која сум правела муабет на темава го има потврдено истото.
Постојат ама не сме ги нашле уште. Зашо да не постојат, верувам дека ги има. Ама ја не би се осеќала убаво секогаш да ми плаќа, не дека најќам да ме части таман работа ама секогаш too much e, па колку сака пари нека има, нефер ми е некако и како понижување јас лично го сфаќам, сама себе ко да се понижувам пред него.
Имаше една анкета, се погоди една мигрантка од Узбекистан. Ја прашува водителкава, а дечко ти богат ли е. Оваа, да, многу богат. Оваа ја прашува, е што ти даде. Женскава вика, па стан, кола, ова бутичево е мое (пред бутикот снимаа) Водителкава ѝ вика аман бе, на нас не ни се погодуваат такви како го најде. Узбекистанкава ѝ вика, епа не барате на право место. Муабетов на анкетана ме потсети. Ај частење до некој степен да проголтаме, ама еден цвет да не купи у цела врска ми е неприфатливо. Санкир услуга ти прави што идете работава, што е со некои од муживе...
Дечко ми откако дипломираше и е вработен. Се надоврзав на твоето напишано, се надевам не е проблем, ќе важи ова и за членката што праша за ситуацијата. Заедно сме од средно, долга врска со години, сме седеле на времето во паркче само со Браво сокчиња и сме си поминувале најубаво, а сега се сменија времињата и финансиите, можеме да си дозволиме и повеќе од тие детски дејтови што ги имавме поради него. Јас уште сум студент, невработена, 90% од времето плаќа тој последнава година/две од врската. Често и ми купува поклони, некогаш без повод, некогаш за повод, за годишнина последно ми купи поклон што е повеќе од 100 евра, нешто што долго го посакував, само немав пари да го купам, а не ми беше толку неопходно и многу ми падна незгодно кога видов дека го купил. Јас максимално сум имала да дадам 50 евра за негов поклон и тоа за битен повод, повеќе и да сакам моментално немам навистина финансии, никогаш не пререкол и не споредувал, не очекувал да му биде ништо возвратено. Се трудам да компензирам со некои ситни поклончиња што се во моја можност што почесто, да го изненадам и јас со нешто, да го частам за положен испит. Летово најчесто се договаравме тој ако платил за ручек/вечера, да одиме после на сладолед што јас ќе го платам, тоа само ми дозволува, да не сум се трошела . Некогаш изненадно му носам и купени coffee to go пред да дојдам, зашто ако купиме додека сме излезени нема да дозволи да платам. Колку да се осетам дека и јас учествувам финансиски во врската, само во споредба со неговото моето е ништо. Е сега, кога бевме помлади, двајцата невработени, студенти, делевме сметки често по пола од сумата, немаше толку частења освен за поводи или некој ако заштедил или му дале дома повеќе џепарлак тој месец, па ќе платеше цела сума на излегување и поклоните ни беа повеќе за повод, некогаш биле една ружа и напишана честитка само, за мене било доволно и тоа. Сме поминале многу, моменти кога двајцата заедно во џеб сме немале повеќе од 150 денари, па сме ги трошеле заедно, колку сме имале, толку. Мене ми е до некаде незгодно што толку пари троши, но неговата омилена изрека е "заедно бевме додека немав ништо, сега кога имам многу повеќе сакам се да поделам со тебе". Затоа, кога ќе дипломирам и ќе заработувам и јас, не би жалела и првата плата и секоја наредна да ја трошам за нас двајцата. Заслужил со секоја негова постапка. Човек се гледа по тоа колку сака да дели и каков е со пари особено ако сте подолго време заедно и се планира заедничка иднина. Да, ако немате пари двајцата ќе делите сметки или ќе плаќате еднаш тој, еднаш ти. Тука случајот е друг, како што разбрав и живеете заедно @raww, плус имал финансии, неговото е скржавење и себичност. Не очекувај таков човек да се промени, тој се ќе става секогаш на кантар. Или ќе го прифатиш дека е таков и цел живот ќе си остане циција, карактерот на 20+, 30+ не се менува многу веќе. Мене ми е чудно како живеете заедно и не си ги делите финансиите, како функционирате? Каков е за плаќање сметки, купување работи за дома? Да стигнам до фаза заеднички живот со некого, не ми треба парче хартија за брак за да почнам да делам финансии со него. Ако сме во ист дом и двајцата ќе придонесуваме заеднички, нема тука твое и мое, туку се е заедничко.
@marsilia, вие толку сте си погодени и урамнотежени, што кај вас парите кај кого се и не е некој проблем, оти ниту еден не паразитира кај другиот. Самата викаш, студираш, се мачиш со финансии, ама зашто го вреднуваш ќе ископаш 50 евра за поклон за посебен ден. Парите и поклонот се средство тука. Не е важно кај кого се повеќе, важно е никој од двајцата да не се чувстува како будала. И тогаш кога сте седеле со Браво на клупи, ако сте имале пари само за едно Браво рецимо, он би ти сипал повеќе тебе. Оти луѓето сте такви и затоа напредија ќе си имате. Алал да ви е.
Од целиов пост најмногу ме погоди последната реченица, дека си мислиш како ти не си доволно добра, зашто за кретенов што си го опишала ништо чудно, многу ги има такви (како им иде и со фамилија да ја плеткаат работата...). Нормално е да ти се гади и да не можеш да спиеш, стресот си го прави своето, ама ќе се подигнеш, пак ќе се родат позитивните мисли и секако ќе наидеш и на партнер по мерка. Овој батали го скроз, не му отварај веќе профили и се' што е поврзано со него.
Е овој да си го чуваш, поштуваш и цениш максимално што можеш, не само ради тоа што ти купува туку се гледа дека е душа од човек и ќе те гледа како принцеза во вистинска смисла. Мило ми е за вас.
Ајде дечки споеделете идеја. Каде да се оди после дејт (фенси вечера)? Нешто како афтер дејт? После 11-12 часот навечер? Парк ми е многу тинејџерско, некаде на друго место знаете?
На журка ваљда не е прикладно, сигурно си сакате помирно и потивко место каде ќе имате поголема приватност. Јас мислам најубаво е дома кај него, секако ако има услови и е изводливо и доколку ви тргне муабетот и сакате да се зближите повеќе. Ова под услов да е сам. Ако не, има хотели, ресторани, ќе се најде нешто. За на Водно, ако се од Ск?
Многу е интимно тоа некако. Нешто приватно ама не премногу, знаете. има некаде места за star gazing во центар?
Па и star gazing е исто така интимно или не? Оф, не знам, ама зашо парк не? Не е уопште тинејџерски, баш романтично е ако знаете како или пак на некоја зграда да се качите најгоре, може кај него или кај тебе дома, ако сте во зграда и има таква просторија па тогаш стварно ќе броите ѕвезди буквално. Се шалам, парк ок е, идеално. Ете кој знае како и каде се гледаат ѕвезди. Браво Хиша.
Ноќна спа или базен ако има можност за базен приватен, дома или негде низ центар. Планетариум Мкц е интересно ама мислам во Неделите дека не работи. А друго место за стар газинг, на средно водно ама ќе ве види цело Скопје. Сега само дискотеки, хотели и казина работат во Скопјево.