Најубаво се бројат ѕвезди на Средно Водно навечер, ама рачунај дека навечер на Средно водно ќе ги видиш школските од основно, средно, градинка, колегите од факултет, комшиката од трети со дечко и, и уште пола Скопје..
Ме трогна додека го прочитав цел текст. Се чувствувам прекрасно кога гледам дека има вакви светли примери..Дај Боже хармоничниов однос никогаш да нема крај во вашиот живот.
Зш да не, гратис пијачки, пријатна атмосфера проследена со волшебни бои кои доаѓаат од самите машини а додека во позадина оди пуштена тивка музика, и што повеќе чоек да посака од се ова
Авионче кафичите се на отворено,би требало да се гледаат, башка има и паркче, работни денови нема гужви, ондак пржино има убаво места, а и кеј не е лошо, вода жубурка темно е јасни ќе бидат ѕвездичките @Curious cat И ресторанот у Хилтон интимна е терасата ( горе што е, најгоре) пошо е изгор скапо на отворено е, таму е исто преубаво и романтично. Крстот на кучково
Како се решаваат проблеми со родители кои имаат застарени мислења? Водам битка со моите родители некој период. Имам 24 години и една година се гледам со дечко со кого сме од ист град но тој живее и работи во друг. Излезе прилика да ме покани за престојниот празник да отидеме на викенд во Охрид. Бев пресреќна затоа што прв пат најдов дечко кој ме третира како што заслужувам а под тоа мислам да му бидам некому приоритет, со внимание и љубов. Случајно и спомнав на мајка ми со која и претходно имав дискусија околу дечково, го промени односот кон мене и да ми забранува да поминам повеќе од еден ден со него бидејќи според нејзиното и она на татко ми застарени мислења дека тој е тој што треба да доаѓа, па дур и да отидам кај него под итно да зборуваат на телефон, како ќе ме искористил и повеќе нема да биде ист. Премногу заштитнички настроени се кон мене што почна да ме гуши. По тој разговор следеа многу други но секогаш завршуваа со караници. Цело лето го преседов дома бидејки тој мораше да работи додека брат ми цело време шеташе, но тој бил машко па било нормално за него. Опаднав психички, се нервирам и анализирам како повторно да разговарам со нив на темава. Видете, моите родители не се лоши, секогаш имам подршка од нив но за вакви работи се многу заштитнички а со сите сили се обидувам да им ја искоренам таа навика што дури се вмеша и близок член од фамилија да ми помогне, и пак безуспешно. Ги почитувам нив, но го сакам и него но се плашам дека ќе попуштам со нерви. Знам дека сум возрасна и е потребно да носам сама одлуки но немам сила за караници повеќе, многу ми е тешко кога се расправам со нив за дечко за кого не знам дали во иднина би биле заедно.
Ем ти иска ем ти стиска... Не можиш да смениш чоек со веќе оформен карактер, вклучувајќи негови ставови мислења итн. Ако имаш кај да одиш би ти препорачала да се преселиш. И ако вистински те сакаат родителите ќе легнат на брашното некој ден.
Уплашени си, а да живееш во Мк и да се плашиш е нормално. Овде стварно се дешаваат многу глупости. Ама ти еве, не мора се да им кажуваш, само најважното. Имаш работа, некоја заштеда? Оти, ако имаш пари не би можеле да те уценуваат со можеш/не можеш. And last, година стварно не значи ништо, посебно ако се гледате еднаш месечно. Еве, ако тоа им е целта да ти објаснат да не се даваш целосно емоционално, јас ги оправдувам. Само разгледај ја темава, ќе сфатиш зошто.
Па ок ама не може цел живот под стаклено ѕвоно и нивна контрола да биде, дома затворена оо заспана убавица, а животот околу неа нека поминува. И да ја повреди, фак ит, дел од животот е се, као демек они ко ќе го видат он магично поштен ќе стане. 24 години не е дете да не знае дали треба да се вложи во нешто или не, но овде како што гледам не мислат на емоционално туку "сексуално" да не ја "искористи". Немаат право родителите вака да се мешаат. Совет? Да, секако ама со забрани на 24 години е бизарно.
Секое лето седам дома, немам отидено на ниту еден одмор ниту со другарки ниту со партнер. Другарките престанаа да ме викаат поради овие работи затоа што знаат однапред кој е исходот. И додека сите шетаат јас се повеќе се нервирам затоа што најубавите години ги поминувам дома. Навистина би ми значело да се релаксирам и јас но секогаш мора да има караници по што ја губам желбата за се. @Spicy Senorita се гледаме бар 2-3 пати во месецот затоа што неговите родители живеат овде па ја користиме секоја пружена прилика. Моментално имам заштеда и работам онлајн, доволно пари да истерам квалитетен одмор. Сите овие нервози почнаа да ми влијаат на здравјето.
Ти ако сакаш слобода, мораш да се избориш за неа. Тие нема да се сменат такви се и тоа е тоа. И моите беа такви и такви ќе си умрат. На 24 години реално освен да се искарате, што друго можат да ти направат? Ти си возрасна особа, совршено способна за носење одлуки за свој живот. Работава е или по нивно или по твое ќе биде.
Ова не е прв пат да читам за вакви проблеми, ограничувања од родителите, мешање во врска. Без разлика колку и да ни мислат добро родителите не секогаш се во право. Девојчево мора да се избори, како знае и умее. Напуштање на домот не е секогаш добра одлука и начин за решавање на проблемот, бидејќи така се туркаат проблемите под тепих наместо да се реши со некој компромис кој би бил прифатлив и за двете страни.
Имаш пари? Имаш. Им кажуваш дека одиш и одиш, без дискусии. Нема на 24 години да бараш дозвола за еден викенд во Охрид. Ако сакаат нека се нервираат и нека се дерат, нивно си е.