Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    9.834
    Пол:
    Женски
    @Клара1 јасно е дека твоите родители се заштитнички настроени кон тебе. Претпоставувам дека сакаат да те заштитат од разочарување или може и како што спомна некоја од членките да не се впушташ во сексуални односи (Претпоставувам дека затоа се плашат да ве пуштат на заеднички одмор). Плус на тоа додај дека се со поконзервативни сфаќања (не го кажувам во негативна конотација и со омаловажување кон нив).

    Сепак мислам дека нивниот однос е претерано заштитнички и дека не се свесни дека со тоа ти прават штета наместо корист. Многу е тешко за родител да се прилагоди на намалената контрола врз детето, посебно ако тој имал авторитарен начин на воспитување на детето.

    Ама!
    Реалноста е дека ти не си малолетна, уствари по сите критериуми си возрасна личност.
    И по календарска возраст и фининасиски и психички.
    Овде веќе проблемот е што границите кои тие ги поставиле тебе ти одат на твоја штета.
    На некој начин тоа не е само одраз на нивните стравови, туку е и израз на недоверба во тебе како личност. Значи дека ја доведуваат во прашање твојата самостојност, емотивна зрелост и способност да одлучуваш за себе.

    Ако седнеш со нив да разговараш обавезно да го спомнеш тоа.

    Прашај ги дали имаат причина за таа недоверба и дали некогаш си постапувала неразумно, незрело или ризично заради тоа што ти го контролираат однесувањето.
    Прашај ги зошто имаат недоверба во тебе кога ти за дечкото си искрена со нив и им кажуваш кога се гледаш со него, што реално не мораш никому да му кажуваш на оваа возраст. Дали би им било подобро ако не им кажуваш кога се гледаш со него и кога ќе имаш дечко?
    Потсети ги дека довербата ако не е обострана, престанува да постои и дека и тие треба да манифестираат почит и доверба кон тебе, а не само ти кон нив. Улицата е двонасочна.

    Ако одговорот нивни е дека немаат доверба во него, а не во тебе, тогаш мора да разговарате за тоа.
    Мора да ги увериш дека доволно добро те научиле досега како да се зашитиш себе (физички од несакана бременост, од полови болести, од насилство или психички и емотивно од манипулирање во таа смисла) од другите луѓе.
    Замоли ги да го почитуваат твојот избор на партнер. Нормално е да имаш дечковци, како ќе знаеш каков партнер ти одговара?
    Држењето дома во изолација не те штити, те лишува од битни животни искуства, од убави спомени и од лекции кои ќе ги научиш од грешките. Конечно таа фрустрација што ја осеќаш ќе прерасне во твое оддалечување од нив. Дали тоа би сакале да се случи?

    Нивната заштита треба да биде во тоа што ќе ти дадат совет, искуство, ќе ти помогнат да ги видиш лошите и добрите страни од одредени одлуки, ако имаш потреба од таква помош кога одлучуваш. Но одлуката дали ќе правиш како што ти кажале или ќе направиш нешто поинаку, мора да биде твоја лично. Инсистирај дека имаш право да одлучуваш за себе, како што после и последиците и придобивките од изборот ќе си бидат твои.

    Значи мора да се бориш да поставиш граници во односот со нив.
    Твои лични граници.
    Да кажеш смирено и аргументирано што ти пречи во односот нивни кон тебе.

    Имаш целосно право да се заштитиш себе и да се залагаш да живееш живот според твојата желба.
    Тоа не претставува непочит кон родителите, ниту неблагодарност.
    Ниту тие ниту ти не треба да гледате така на твоите барања и реакции.

    Едит: не сакам споредби да правам, знам дека може не сите на 24 години се осеќаат исто и сакаат исти нешта, ама јас на таа возраст се осеќав многу зрело. Знаев што сакам и се сметав за способна. На таа возраст се омажив, сакав дете и забременив. Јас овој муабет со моите го имав на 17 години. Патував сама (со другарки) од 16 години возраст негде. Со дечко дури кога го запознав маж ми ама и тоа на 18 години негде и откако го запознаа лично. Кога бев пред себе на чисто за моите чуства за него, го донесов дома да го запознаат без некоја најава и мислам тоа помогна да стекнат доверба и во него и во мојот избор.
     
    Последна измена: 22 август 2023
    На IRBBB, Biljarkata, neno0o и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    7.965
    Пол:
    Женски
    Не да ја начнеш темата, бидејќи со таков менталитет они нема ни да те сослушаат. Тоа начнување тема, има исход или ќе те изгнорираат (ај иди у соба, ти ќе ми кажуваш) или ќе викаат по тебе (а ти вајда и имаш страв од нив според пишаното). Туку треба да се избориш, јас одам крај. Патем немаш 14години па да те заклучи во соба.
     
    На Trexane, Anyshka, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Машки
    Не ми одговарај на прашање со прашање, што е до мене што сака нека прави - возрасна е.
     
    На Hoss Delgado и Cvekarka им се допаѓа ова.
  4. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    680
    Пол:
    Женски
    Јас искрено да ти кажам верувај најискрено ти зборувам.Не ги слушај воопшто тоа ти е мој совет.Искочи си каде сакаш и оди си каде сакаш.Ти си ги научила секоја нивна забрана да ја поштуваш(што е во ред сепак ти се родители)ама за се има граници.Нема потреба од такви забрани ти си доволно возрасна и зрела особа за да ти диктираат родителите.Мораш да ги научиш да сватат дека ти немаш 15 години и дека можеш сама за себе да се грижиш и да донесуваш свои одлуки.Јас би ти препорачала кога ќе ти кажат нема одење ке одиш,и на секоја нивна забрана ти ќе го правиш спротивното напротив ќе го направиш она што ти го забрануваат. Еднаш,двапати ќе пробаш и ќе ги поднаучиш на тоа,зошто ти не им се противиш за ништо и они мислат дека добро постапуваат.Во ред е тоа да бидат заштитнички поставени ама ова според мене е претерано.Пробај ова што ти кажав па може ќе успее
     
  5. ann4a

    ann4a Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Moze nekoj da mi pise
     
    На Boyana9 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Клара1

    Клара1 Нов член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Моите немаат причини за недоверба затоа што ниту пијам ниту пушам ниту имам направено нешто што не е во ред.
    Доколку се случи да излезам со друштво што е ретко секогаш се враќам во пристојно време, не затоа што тие ми го барале тоа туку затоа што јас сум се чувствувала уморна или не ми било интересно да останувам до раните утрински часови.
    Кога веќе сме кај сексот, интимни сме.
    Тоа тие сеуште не го знаат.
    Мојот партнер и по првиот и по последниот секс е ист, внимание не ми недостига, убаво ми е со него, среќна сум.
    Имаме разговарано на таа тема што доколку останам бремена ( некогаш користиме и заштита) тој веднаш би го сторил тоа што е потребно.
    Свесна сум што се може да се случи, тие се плашаат да не страдам како што имам страдано по раскин на врска.
    Овој пат ги преминаа границите.
    Јас почнав да правам планови за викендов, вечерва ќе им соопштам.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Нешто мора да се има случено штом така импулсивно реагираат. Пишав уште во првиот пост, се плашат од нешто. Значи не било ни конзервативност, ни ништо. Јас имам едно правило, дури не стани озбилно, ама баш озбилно, на никого не кажувам. Одбивам да споделувам било какви детали. И мислам дека е така подобро. Ако си имала некоја лоша врска во минатото, и со споделила со нив, тогаш во секоја нова ситуација ќе ти кажуваат или предупредуваат “се сеќаваш, да не заврши пак така.“ Затоа, не кажувај се.
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.430
    Пол:
    Женски
    Ќе ти одговорам онака како шо мислам дека треба. Ако не ти се допаѓа мојот одговор тоа не е мој проблем, игнорирај слободно. Јас тука ставам крај на дискусијата, шо и да ми реплицираш не ти одговарам поќе оти неќам да се замарам со тебе. Девојката си доби совет за кој самата ќе одлучи дали му одговара и то е то
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.244
    Допаѓања:
    17.867
    Пол:
    Женски
    Види, јас НЕ реков дека е во ред машкото да плаќа постојано. Секако треба да се разграничи кој и колку дава. Ама машкото да дреме постојано, да чека од женското, да се влечка позади демек еве има кој да плати - ич не ми е во ред. Ова е цела психологија на карактер, да не мислиш дека нешто добро ќе произлезе. И друго, 50-50 не е секогаш возможно зашто понатака преминува и ова во себичност и цело време се потенцира. Знам (имам доволно примери околу мене) за бракови кои до ден денес се на изрази од типот - абе ти не даде пола, јас дадов повеќе од пола. И ова не е здраво, понатака што? Ќе си делиме цел живот? Според мене треба здрава свесност од двете страни.
     
    На baby-star, Anyshka, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.473
    Допаѓања:
    28.809
    Пол:
    Женски
    Не туку чувај боже ако дознаат комшиите оти немаженото им девојче отишла сама на одмор со дечко во друг град. Ќе пукне брука за сТрамота.

    Никако да сфатите разлика меѓу грижа и простотилук.
    Знам 70+ годишни баби што имаат посовремени сфаќања од некои родители.
     
    Последна измена: 22 август 2023
    На Luna91, Mikha4, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Машки
    Значи немаш одговор на моето прашање, океј не мора да пишуваш беседа.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.564
    Допаѓања:
    46.226
    Пол:
    Женски
    Извини ама како ризикувате да останеш трудна и да чуваш бебе според муабетов а си целосно зависна од твоето семејство? :^)
     
    На christinnn, sweet-cherry, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    И мене истото ми падна во очи- понекогаш користиме заштита:smirk:. Па ко му доџе, ако забремени ќе се земат и ќе ја пуштат родителите од дома. Во спротивно тешко|(.
    Убав одговор ти даде @Cosmic Girl . Ама @Клара1 дали ти озбилно сакаш да останеш бремена и дали е тоа некој реален план во животот? Со ништо јас немам проблем, нит со одмор со дечко, нит со секс, единствено незаштитениот секс без план за иднина, ми е многу незрело однесување. Можеби си одговарате, можеби и би имале убав брак, ама брак заради бременост ми е некако исфорсирано, и не секогаш среќно решение.
     
    На baby-star, Spicy Senorita, Кена Рис и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Клара1

    Клара1 Нов член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    @Angie1432 @Biljarkata Не планираме бременост моментално, бидејќи и двајцата внимаваме, кога не користиме заштита никогаш не свршува во мене, барем за тоа е внимателен, но еднаш ја отвори темата за заедничка иднина, деца, брак, и ми дава секогаш до знаење дека можам да сметам на него.
    Тоа е една од причините зошто јас го засакав, се чувствувам покрај него сигурно, ценето и заштитено и сакано, затоа не сакам сето тоа да престане поради моите конзервативни родители.
    Тој е подготвен да разговара со нив доколку е потребно.
    За деца, се уште не сме подготвени, но засега се гледаме заедно во иднина.

    Во меѓувреме има напредок во ситуацијата.
    Разговарав со мајка ми, бев одлучна, им ги кажав сите факти, применувајќи ги советите од овде и попуштија.
    Беше тешко но вредеше.
    Се уште сакаат да го запознаат но ќе пуштам да течат работите.
    Доколку дојде до интима викендов, ќе биде со заштита.
     
    На Selena01, sj *O*, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Обично ваков разговор со родители како што ги опишува девојката завршува со муабет- Се дури си под мој кров ...натаму како сакаш дополни.
    А не секој е спремен да си замине.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. Stefani95

    Stefani95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Јас сум човек цел живот без самодоверба, бев кај на дечко ми неговите т. е. Мајка му и тетка му беа само надвор, да поседиме демек ај реков ок, станав до wc, меѓутоа ги слушнав, добро слушнав кога мајка му рече, зарем оваа девојка е за него? Нели он рече сака послаби и со зелени очи, оваа девојка нема ништо од тоа а тетка му одговори па да, може он подобра да најде, а кога ми се врати филмот он често пати ми викаше ех замисли и ти да имаше зелени очи, дека он има, мислев се шали, ама штом мајка му така збори не знам, често ми викаше дали сум планирала малце да вежбам 1, 2 кг сум накачила, едвај се воздржав, отидов дома плачев и еве не знам, многу мразам што сум ваква многу се навредив, па што е тогаш со мене ако не му се свиѓале очите и мојата тежина???? До тоа ниво што мајка му и тетка му знаат он какви сака??? Немам зборови веќе, не знам како понатака?
     
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    24.435
    Пол:
    Машки
    Да прекиниш со него и да си бара или мајка му и тетка му да му бараат. :)
     
    На Luna91, Kikiccc, Waverly Raven и 13 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Немој никако да ти падне самодовербата поради нив.
    Направи си услуга и замини си од таму каде што не си ценета и сакана.
     
    На Martka, Cvekarka, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    463
    Те молам кажи ми дека се зафркаваш, те молам.

    Се у реду да имаш преференци за физички изглед, сите имаат ама втф? Зелени очи си немала ваууу. Бог да чува. И како он приметил дека си качила кило, две? На никого не се приметува тоа. На вага да не те става кога ќе се видите?
    Што не му кажа "немам какано денес"?
    Не ти треба некој со волку плитко размислување. Остај го тој да си најде некоја зеленоока а ти најди си некој што е зрел. Win win ситуација, не?
     
    На Martka, Spicy Senorita, honey.11 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.476
    Мене не ми е јасно "што мајка барате" кај дечковци дома, ако тие не се таму?
    Со мајка му да седам?
    Со баба му да плетам?
    Со вујна му зимница да правам?
    Како не вие ,не знам. .глупаво. после оф леле ме оговараат. Сите оговараат. Сите ќе искоментираат. Овие ко сељанки зеле да разглабаат дури си ти таму.
    Ама како да ти речам: сама се намести..
    Можеле да заќутат и да си истрачаат по телефон.
    Ама бар сега знаеш дека и дечко ти , и тие се селанчуги пар екселанс. За кои секако нема зошто да ти паѓа самодоверба. Каква си, таква си. За себе си. Јас би му кажала што слушнав, и пред се , он би си го добил.
    Ама ете тебе ти е страв да не ти се скара можеби, или едноставно сакаш да си прифатена.
    Се тоа во ред. Ноооо, тоа се очекува од нормални ,возрасни особи,.од простакуши, не баш.
    Заборави ги. Работи си на себе.
     
    На Waverly Raven, AneSk, Mic18 и 13 други им се допаѓа ова.