@Angie1432 @Biljarkata Не планираме бременост моментално, бидејќи и двајцата внимаваме, кога не користиме заштита никогаш не свршува во мене, барем за тоа е внимателен, но еднаш ја отвори темата за заедничка иднина, деца, брак, и ми дава секогаш до знаење дека можам да сметам на него. Тоа е една од причините зошто јас го засакав, се чувствувам покрај него сигурно, ценето и заштитено и сакано, затоа не сакам сето тоа да престане поради моите конзервативни родители. Тој е подготвен да разговара со нив доколку е потребно. За деца, се уште не сме подготвени, но засега се гледаме заедно во иднина. Во меѓувреме има напредок во ситуацијата. Разговарав со мајка ми, бев одлучна, им ги кажав сите факти, применувајќи ги советите од овде и попуштија. Беше тешко но вредеше. Се уште сакаат да го запознаат но ќе пуштам да течат работите. Доколку дојде до интима викендов, ќе биде со заштита.
Обично ваков разговор со родители како што ги опишува девојката завршува со муабет- Се дури си под мој кров ...натаму како сакаш дополни. А не секој е спремен да си замине.
Здраво Јас сум човек цел живот без самодоверба, бев кај на дечко ми неговите т. е. Мајка му и тетка му беа само надвор, да поседиме демек ај реков ок, станав до wc, меѓутоа ги слушнав, добро слушнав кога мајка му рече, зарем оваа девојка е за него? Нели он рече сака послаби и со зелени очи, оваа девојка нема ништо од тоа а тетка му одговори па да, може он подобра да најде, а кога ми се врати филмот он често пати ми викаше ех замисли и ти да имаше зелени очи, дека он има, мислев се шали, ама штом мајка му така збори не знам, често ми викаше дали сум планирала малце да вежбам 1, 2 кг сум накачила, едвај се воздржав, отидов дома плачев и еве не знам, многу мразам што сум ваква многу се навредив, па што е тогаш со мене ако не му се свиѓале очите и мојата тежина???? До тоа ниво што мајка му и тетка му знаат он какви сака??? Немам зборови веќе, не знам како понатака?
Немој никако да ти падне самодовербата поради нив. Направи си услуга и замини си од таму каде што не си ценета и сакана.
Те молам кажи ми дека се зафркаваш, те молам. Се у реду да имаш преференци за физички изглед, сите имаат ама втф? Зелени очи си немала ваууу. Бог да чува. И како он приметил дека си качила кило, две? На никого не се приметува тоа. На вага да не те става кога ќе се видите? Што не му кажа "немам какано денес"? Не ти треба некој со волку плитко размислување. Остај го тој да си најде некоја зеленоока а ти најди си некој што е зрел. Win win ситуација, не?
Мене не ми е јасно "што мајка барате" кај дечковци дома, ако тие не се таму? Со мајка му да седам? Со баба му да плетам? Со вујна му зимница да правам? Како не вие ,не знам. .глупаво. после оф леле ме оговараат. Сите оговараат. Сите ќе искоментираат. Овие ко сељанки зеле да разглабаат дури си ти таму. Ама како да ти речам: сама се намести.. Можеле да заќутат и да си истрачаат по телефон. Ама бар сега знаеш дека и дечко ти , и тие се селанчуги пар екселанс. За кои секако нема зошто да ти паѓа самодоверба. Каква си, таква си. За себе си. Јас би му кажала што слушнав, и пред се , он би си го добил. Ама ете тебе ти е страв да не ти се скара можеби, или едноставно сакаш да си прифатена. Се тоа во ред. Ноооо, тоа се очекува од нормални ,возрасни особи,.од простакуши, не баш. Заборави ги. Работи си на себе.
Не пиша членкава дека не бил таму вооошто Може во моментот бил внатре да земе нешто или отишол да купи или уатевр. И јас така сум останувала на само со неговите на кратко. Серка да го фати, нема сигурно друштво да му правам во купатило оти свекре во тие 5 минути ќе ме изеде можда.
Речи му се што слушна на него, и прашај го кој му е проблемот. Идиот и он и мајка му и тетка му .. ти избриши солзи никој не го тера сила да биде со тебе нека не изиграва мајмун. Кажи му дал ќе го боли ако му речеш супер си ама бар да беше по фит, и пилот ќе шетавме сегде .. мислам кретенизми
Па не знам , еве нека каже она дали вака или онака. Ако е тој таму, има логика да се оди. Ама сам....туку , кој како си знае. Познавав девојки што одеа по гости и да чистат, метат и слично и што "се сакаа" со будуча свекрва , па на крај друго испадна. Немам против, само мене ми е глупаво ако тој не е дома. Не , нема да те изеде ако си на само. Што не значи дека нема да те оговара кога нема да си таму, а еве вакви глупи егземплари и кога е таму си брбореле. Значи , чил. Слободно оди си на гости.
Многу драма во твојот живот. Лани верена, па после дечко кој ти раскина додека си во болница и најде друга одма. Сега дечко кој мајка му те коментира. Реално се сомневам дека си реален лик кој не не трола.
Не е до памтење туку лесно можеш на Search да пишеш ник нејм и ти дава која членка што пишувала порано, нема тука што да се памти..мсм тоа ако имаш преслободно време па да се замараш Иначе, луѓе кои ви рушат самодоверба треба подалеку од нив, чисто да не се чудите после зашто не си верувате.
Зависи, некои родители повеќе ќерките си ги бранат и им простуваат, еве золвата со свекор ми и порано и сега мажена не се поднесуваат, постојано се караат, и двајцата урлаат еден кон друг, ама сепак и простуваат, а мм нешто ако им каже со убаво одма се лутат, па како така не смее да им кажува, они му се родители итн.
Јас знам повеќе примери кај шо ќерките после разводот не ги примиле дома. Или на синот кола, куќа, стан, шо му се јаде абе се се од пиле млеко му дават а на ќерката ништо оти она ќе живеела во друга куќа. А нај иронично во овие примери е шо ќерките се луѓе на место, а синовите се тешки клошари. Познавам едни шо ќерката така ја оставија на улица да се снаоѓа оти срамота било , шо ќе кажеле комшиите. А на синот му ја препишаа куќата и сега тој истиот син ги млати од ќотек старите, ама овие не смеат да кажат ништо оти нели , машко е. И уште еден пример, кај шо мајката(старата) ја остави ќерката пак на улица за да му препише на синот се. Арно ама синот се ожени, ја продадоа со жена му куќата и ја фрлија старата на улица. И погоди кој ја прибра?? Пак ќерката. Благословена е таа куќа шо има ќерки, оти они се тие накрај шо ги гледат старите. Синовите не се замараат. Имав комшии, стара жена со тројца возрасни синови. Двајцата се оженија а третиот стар ерген. Старата доби удар и е неподвижна. Овие двајцата женети со жените и децата си ги прибраа куферите и се отселија од толкава куќа само за да не ја гледат. Третиот и он не се замара со неа... арно има жената внуки од роднини шо одат да и праат јадење и да ја бајнат иначе до сега ќе цркнеше.
Во право си за тоа дека ќерките повеќе се грижат за родителите. Ама според мене не треба и не смее да очекуваме децата да не гледаат. Ние треба да се грижиме за нив, тие за своите деца... Јас здравје да пораснат ќе им кажам дека оној момент кога ќе ми треба грижа да ме препуштат на стручни лица, не сакам да ме памтат како стара болна и изгубена. Сакам во убаво сеќавање да им сум
Да, и јас сум за тоа дека децата не треба да ги гледаат родителите, но во постот сакав да го опфатам нашиот балкански заостанат менталитет.