Мене тоа не би ми сметало што продава слики од мишките. така одлучил да заработува. Исто ко да не сакам дечко оти работи чистач на пример.
Подобро да заглавил во образование отколку да заглави дури ги слика мишките за онлифенс. Шала на страна, и јас мислам дека не се за тебе овие.
Па нели не треба да се дискриминира по основ еве работа. Ако е ок дечкото и ти е убаво со него што е битно чистач ли е директор ли е?
Абе на девојката и се допаѓаат и двајцата, дејт со 20 годишен нема потреба кога има она 30, а на другиов нека му даде шанса...Сигурно има нешто што и се допага освен мишките
Не е дискриминација. Прочитај дефиниција на дискриминација. Еве некој сака само плавуши на пример. Тоа значи ги дискриминира бринетите и црвенокосите? Нот рили. Али добро, на некоја бринета можеби така ке и делува. Некоја не сака со вишок кг дечко, едноставно не ја привлекува. Дискриминација е нешто друго.
Да се сложувам, ствар на вкус. ама она го посочи red flags мишките. Затоа беше мојот коментар. И тоа беше од членка која и дава совет, не е од таа што бара совет. Вајда ете не и смета тоа само кој да го одбере.
Па и смета, чим прашува Али ок, јас од двајцата би се откажала. Настрана што имам 40+ Они мене би ме дискриминирале по возраст верувам
Исто и јас. Тој заглавил со образование, тој другиот нашол скратен пат до пари. Јас лично би немала иднина со двајцата , ама она си знае. И мене би ме отпишале двајцата. Незгодна сум многу
Не знам како мислиш дека е ок да излезеш со некој штотуку искочен од школски клупи. Груминг, што беше тоа?
Ако целиш кон врска, ниту со двајцата. Ако си за нешто лабаво, излези. Мада и за нешто лабаво сигурно има подобри кандидати, јас лично не би се плеткала со речиси детиште 20 годишно, ниту со некој со онлифенс.
Ти најдобро си знаеш, секој од нас си има поинаква визија на тоа со каков човек би бил во врска, спореди ги и двајцата со сите нивни добри и лоши карактеристики, изглед итн.. И ако има некој што си барем 60-70% сигурна дека ќе успееш со таков човек во врска дај му шанса на тој ако не батали ги и двајцата.
Aј да ги тргнеме годините на првиот, можеби ќе пројде дејтот но после заедничките интереси, не знам Ама вторава опција?? Девојче ако он продава онлифенс слики од други, не мислиш дека би можел и од тебе да продава? Малку детцко размислување а викаш имаш накај 30
Здр не знам зошто толку многу барам внимание, и валидација од личност, и сличноо..Излегов на дејт со еден тип , седевме, зборевме, ми кажуваше како не можеч да речел не, кога е женска у прашање што му дошло при рака имал, не можел да го сопре тоа чуство и тие глупости.. Проблемов е сега што, сакаше да ме види и вчера со не излегов јас, јер што знам и сакав и не сакав...малку и за односи напињаше...Е сега вака проблем е шоо чоекот сигурно си е големо швалериште, а ја почнав да го идеализирам у глава и све то, ретко и ми пишува и буквално многу се нервирам... Еве денес цел ден ништо, плус ке оди во друга држава на работаа..И си доаѓа дури за нова година... Можеби не постои тука ни В од врска или нешто слично, ниту збориме за озбилно, ми кажа само дека му се допаѓам, дека пак сака да се видиме и слично :/ Барав совет од другар ми рече никако, не му признавај дека имаш чуства а и така реално, ќе ме прај забегана. Пошо се затрескуам од прв дејт реално ахха ама многу ми се допадна типот, што да правам.. Ми викаше дека кога би ја пронашол личноста која ќе му биде све, немало ништо да бара од други бла бла...А иначе типот е 27 годинии...Ве молам за совет, ме фаќа паника, како у живо све топ, а онака по 1 саа пишување ради реда, еве и сега ништо го нема цел ден... Ве молам не ме осудувајте за тоа што се затрескувам на прв дејт, и мислам дека би можело нешто да биде јас само со типот, сум искрена и секад коа испаѓам со некој, со чиста намера, си барам врска секако, внимание, почит и не знам каде главам у ситуацијава, гледам со розови наочари
Типот ти кажува се што ти сакаш да чуеш, не оти тоа е вистина туку оти сака да те 'фати' во мрежата. Батали го.
Не те осудува никој, ама за твое добро е потрезвено да гледаш. Има многу црвени знаменца, прво напињал за односи на прво гледање. Второ сте се виделе еднаш, пред тоа комуникацијата била супер. Не добил што сака и се оладил.Трето, не сте зборувале за сериозно и нема ни да зборите бидејќи ќе си оди. Тргни се бидејќи само уште толку ќе се затрескаш, а нема да е обпстрано. Секако дека на дејт он ќе ти каже се најдобро, и дека е посветен на женска бла бла, сигурно нема да ти каже, планирам да си одам па барам забава. П.С цени се повеќе, и ваквите ефтини фори од ефтини луѓе нема да палат
Подалеку од таков. Си имала прилика убаво да го запознаеш уште на прв дејт и јас после тоа би прекинала секаква комуникација и би го блокирала. А не да го идеализирам, да се затрескувам во таков и да се надевам дека токму јас ќе бидам таа што ќе успее да го промени. Не е ова филм, туку реален живот, не си ставај трн во здрава нога, зашто ти ќе бидеш повредена на крај. Ќе си го потрошиш и времето и нервите со некој кој не заслужува ни здраво да му кажеш, а не да бидеш во врска со таков. Овој ти кажал што сака, дека е тип само за една ноќ, а не материјал за врска...