На прво видување напнувал за односи. Девојче баш ме интересира како изгледа на прв состанок да напнува? Директно кажа, индиректно, те покани дома?
Како функционирате вие што имате различен распоред на спиење со партнерот, дечкото.. Пример јас легнувам во 10-11 часот навечер, и сабајле рано станувам, најкасно во 6 сум станата и најголем дел од обврските и по дома ги завршувам од сабајле, чистам по сабајле.. Додека дечко ми легнува во 4 сабајле, ноќе работи, ама затоа насабајле сака да се наспие.. Не знам како би функционирале кога би живееле заедно, а и малку ме плаши тоа, бидејќи кога одиме негде заедно, и он ноќе седи, јас спијам, јас сабајле рано станувам и си барам обврски и он ми вика те молам легни си, ми се спие, ми тропаш, и јас сирота во 6 ќе станам и до 11 саат како утка на кревет седам, музика слушам, само да не му тропам.. Мислам дека тие сабајлиња ми се најнапорни, не можам како треба денот да си го почнам со работа, и како што сум навикната, и се плашам како би функционирале на долг рок.
Абе пишав јас, стандардите се на дното. За малце за сексизам ќе бев осудена овде. Инаку, членкава изгледа цели на боље ишта, него ништа. Маж со онли фенс, хаха, не знам дали да се смеам или да плачам. Замисли некој дури пишувате ти вели, еј ама да ти кажам имам онли фенс. Кај мене блок или игнор, ама таква сум јас лоша старка.
Маж со онли фанс е подобро од жена со онли фанс.. Барем ние жените не му дофрламе на ниту еден маж на улица само затоа што сме виделе слика од него на онли фанс, во тој поглед, сме поцивилизирани, така што, јас гласам за дечкото со онли фанс, искочи со него.
Wut?))) Фотки од мишки, бе Ќе ми доаѓа смеа на секои 5 минути Ох , бе деца... Нека земе таму нека работи нешто, после и неа можеби ќе и вели да се снимаат, можеби со секс повеќе се заработува. Не сум конзервативна ама ова ми е за ригање, одвратно. Не фетишот, туку некој на 30 со онли фенс да се мафта.. Баш дечко- материјал
Маж со онлифенс ми е.. гревно. Нека звучи конзервативно, ама едноставно не можам да замислам маж да ги слика мишките за пари. И баш тоа е проблемот - што за него никој ништо нема да каже, нема да му лепат етикети за тоа што продава слики од мишки на 30 год., а да е жена во прашање ќе се утепаат кој попрво да ја нарече курва.
Ма какви слики, каков онли фенс. Доволно е да имаш убаво тело, вежбаш и се дотеруваш. Курва си по дифолт.
@sweet-cherry тој со мишките прај пари без труд, значи мисли креативно и outside the box. А реално, ништо премногу не покажва. Така да ништо страшно. Малио нека порасни еднаш.
Леле бе, со вакви кои на почеток се sweet, а после испаѓаат манијакално, е најлошо. Затоа тестирај пред да излезиш, имајте по некој video call, чисто да видиш со кого имаш работа.
Имање на onlyfans, продавање на слики од мишки(шо се многу популарни кај определена груп на луѓе), продавање на носен веш, чорапи и шо ли уште не, се верувале или не, честа, а богами на запад и доста профитабилна појава. Колку и да звучи смешно многу луѓе исплатиле долгови и преживуваат благодарение на ваквиот начин на заработка на пари. Воедно, факт е дека со вакви индивидуи тешко до “конвенционална” врска… на некои тоа им одговара, не им смета, го сметаат за “новото нормално”, други прават компромис заради некои други аспекти и квалитети на личноста, а на некои воопшто не им одговара и тоа е тоа.
Првиот категорично не. Многу е мал за тебе, груминг ли ќе му правиш? Вториот може. Се додека само ги слика, а не продава конзервирана арома од мишката негова мислам би било прифатливо.