Мислам трола членкава.. Ако не е фиктивен типов со пазувите, сепак еден плус што бил искрен за хобито. Повеќето би си ќутеле, на крај краева не е нејзина работа тоа... Но. Покрај плус , и аларм истовремено. Од повеќе причини. Сите нешто продаваме на работа . Изнајмуваме, де. Мозок . Тело. Двете. .. Ако нему му е убаво, јеа, why not, не е мој проблем. Проблем се импликациите од "хобито"..да , не може сите да прават пари со софтвер или спорт или што знам, добар факултет. Но 30 годишен, несретнат, кој зборува за фетиш пред да се запознаат, некако одбивно настапува, иако еве искрено можеби. Провод некаков, има смисла. Ако бара нешто озбилно таа, некако фиши делува ова со 'бизнисов' . Што уште покрај пазуви? Горе доле, не дека е фејк за мк, можеби не е ниту таму дејството, туку многу багаж ко за сам старт. Би размислувала што друго е спремен да продава...во криза еве на пример.
Не значи воопшто дека е фејк приказната, проблемов е што се знае каков тип на луѓе откупуваат такви слики. Реално, гнасничко е малку. Јас не би излегувала со маж кој има толку низок морал. Ако нема работа, може и Кам да работи пример. Сум видела згодни момци работат во супер маркет или кафич. Ако се океј како личности зошто би сметало.
А бе не мора да е фејк, реално се има. Особено кај нас ко шо сите сакаат да се збогатат брзо и со лесна работа. У суштина може он го нема фетишот, само продава на други што го имаат. Башка бил искрен, да знаеш на што си. Значи и тоа е плус.
Јас се чудам до кај е пропаднат моралов, не дај боже да седниш на маса со некој што ја оправдува појавава. Па кредити се плаќале, па не сум јас крив ако некој сака да плаќа за слики. Абе порка мизерија. Па кога ќе ми речат, ама што на запад е нормално, ми се крева косата. Секоја можна девијација од западот е нормализирана овде. Па ни срам, ни перде, одма бранат со омаловажување на спротивниот став.
Зошто да работи во Кам место ова? Тие едвај 500 евра месечно таму што ќе ги извади со мачна работа тука ќе ги добие за неколку слики од мишката ако има доволно побарувачка. Што сигурно не му одзема многу време. Можеби и човекот собира пари за нешто битно(здравје, образование) па се одлучил на тој чекор, не ја знаеме целата приказна.
Девојката пиша дека заглавил со образование,а имал 20год. Може не може средно да заврши или основно , не знаеме тоа . Затоа и велат дека вој со мишкиве и е подобар избор.
Првиот е уште недоволно зрел (машките воглавно созреваат подоцна). Вториот...ако му текне може и тебе да те продаде за пари.
Кај нас сеуште не се навикнати луѓето да гледаат некој како заработува со онлифенс, фенсли.... ама факт е дека стварно се заработува. Е сега вистинското прашање е дали некој би можел да замижи на таква работа и да тера врска. Бидејќи не секој може/сака
Јас пак уште не разбирам која е разликата помеѓу онли фенс и проституција? Добро ај, не е реално дигитално е, ама пак продава слики од свое тело, што значи се проституира. Знам дека сте оупен мајндед, ама кога ќе стигнете да се вработите, ќе биде малку потешко. Дали е странска компанија, дали Македонска исто. И за крај овој со мишките, луѓе кои плаќаат за ваква работа имаат нездрав сексуален нагон. Жена не верувам дека би плаќала за ова, ама геј или геј ин д клозет и тоа како. Перверзија на свеста, па и уште оправдување, оф беда. Битно Мартина во темана сте ја изругале, ама за овој се кренавте на нозе. Исто како и 30 годишнине што ги направивме од магаре подолу оти трчаат по тинејџерки, ама ако е обратно нема проблем.
Онлифенс е легално. И проблем е повеќе во Македонија каде што секој со декого се знае па одма ќе те озборуваат. Ама на крајот на денот секој си живее како смета декс е правилно. А во Америка па верувам дека и во европските поразвиени земји не е чудно да имаат онлифенс кало side hustle. И многу е понормализорано, бидејќи е легално. Патем во холандија проституцијата е легална а не па праќање слики. Пак е индивидуален избор
Па тогаш во неа е проблемот, зашо искача со машки што не можат основно да завршат, ако е така како што претпоставуваш.
Проблемот иако измислен за поинаква цел, сепак поттикнува дискусија за проблеми со кои реално се соочуваме и ќе се соочуваме во иднина уште повеќе. Моментално ни се случува цел морален колапс со Онлифанс и останати сервиси кои имаат за цел да промовираат проституција. Еве да земеме деца, кои се во рани тинејџерски години, одат на школо и се досадуваат на часови како неорганска хемија, основи на физика или пак на час по математика. И едно такво дете кое е најранливо, на тие некои си 11-15 години, гледа на интернет како се глорифицира правењето на пари, 5000, 10 000, 50 000 евра месечно со постирање на делови на телото, и како интернет проституирањето се оправдува... Што би одбрало во иднина? Да учи за биноми и равенки кога може да прави сериозни пари на Онлифанс? Посебно ако доаѓа од семејство кое мине низ бракоразводни кризи, каде не се посветува внимание на децата? А никој не зборува за последиците... и дека ретко се прави сериозни пари од мишки... Кои утре ќе прераснат во слики од нозе, торзо, гениталии итн. итн. Додека се свести личноста, веќе е навлезена во лавиринтот од кој нема враќање. И тоа не е во ред. За вториот случај: Престанете да ги правите возрасните личности деца. На 20 години, секоја личност е оформена физички и психички, доволно свесна за сите последици, ризици кои ги носи овој свет. Не е груминг ако е во врска со некој од 27 год пример.
До пред некој период го напаѓавте дечково овде што бараше совет за неговата 19 годишна девојка а тој 27 28 години, и било груминг, а сега ја бодрете членкава да излезе со 20 годишниов. Одлучете се
Нејзе такви ја привлекуваат. Ама и ние не можеме врз основа на 2 реченици да и кажеме кој и е подобра опција. Така да...
Абе точно, се заработува и е легално. Ама кога обратни би биле улогите тој би ја нарекол к**ва. То е жалната вистина, двојни стандарди. Едит: не е толку проблемот шо се слика на онлифенс. Проблемот е шо утре другиден по желба за поголема заработка, можи да му текни да ја слика тајно гола и да ја продај за пари без да знај. Од то би се плашела јас лично. Притоа, одбрал брз начин на заработка, шо значи утре можи да одбери кредит и да се задолжи, наместо да заработува. Од моја гледна точка е неамбициозен.. "Со шо се занимаваш?" - "Се сликам на онлифенс"...??!