Во право си дека мажите за онлифенс не добиваат толку сурова осуда, а понекогаш никој не ги ни осудува. А за вториов дел, делумно се сложувам, бидејќи видовме што се случи до телеграм. За нелегално снимање/сликање може кој било да го направи тоа. Не е потребен само онлифенс. А за неамбициозноста, неам конкретно мислење, бидејќи знам многу аlfa males што со прст не мрдаат, и арчат 100 од дома на 30+ години. Тоа повеќе би рекла дека е веќе во склоп на карактерот.
Ама баш за Амерички компании зборувам, прават initial screening. Повеќето компании не вработуваат поранешни sex workers, пошо ова и е таков тип на работа. Истото важи и за поранешни стриптизети, инфлуенсерки итн. Некои приватни училишта ги отпуштаат наставничките заради разголени фотки на Инста. Прочитај околу тематикава ќе видиш, не зборувам од памет. Паметот во глава, да не биди касно после.
Знам, и за учителката имам прочитано, која ја избркаа од работа бидејќи открија дека има онлифенс. Но поентата ми е дека колку и да има таму скрининг, сепак нивото на предрасуда спрема онлифенс овде е поголемо. Ама не можам да ги осудам луѓето кои се решиле на тој чекор. Секој живее како смета. Кој па мене ми е крив што решив да сум доктор и да учам 15год+ за ич пари, наместо да се сликам за онлифенс и да праам пара
Не вели така. Нема поценета професија од доктор. Да го имаш тој капацитет да учиш со години по цели денови и да добијаш енормно знаење како можи да се споредува со онли фенс. Се знај какви типови на луѓе се одлучуваат на таков чекор. Простотилак и невоспитување во споредба со еден учен лекар...
Плус се ова е толку постирано по веб портаали и слично како да е најнормална работа. Често се прашувам што добиваат порталите од рекламирање на оваа платформа?
Чупе вака, знаеш дека горе-долу имам добро мислење за тебе пошо мислам дека ги имаш крекнато финтиве за психолошка манипулација. Ама немој жити мене да оправдуваш ваков чекор. Ако нас со високо образование ни е тежок животот, и за работа и за партнер, замисли како е да имаш онли фенс и да навлечиш триста крипери по тебе. Не е за осуда работава само, не е безбедно пред се.
Фала за позитивното мислење. Не викам дека е добра опција, ниту опција за стален приход, само кажав дека не осудувам. Затоа што оставам да прави човек како смета дека е правилно. Јбг живот, ама се разбравме Ај сега да затвориме темава
Океј мојата професија ја дадов за обичен пример, за да не дадам нечија друга професија па да се навредат. Нема везе, поентата беше дека не осудувам. Доста од темава, членката вајда не тролаше па си доби дискусија на велико
Немам конкретен проблем (или мислам дека неам), ама чисто ме интересира мислење. Пред неколку дена се збореше за машки кои се циции или па претеруваат со тоа ценкање до денар во врска зашто сакаат еднаквост до ситница. Само еве не за пари ама за џентлменско однесување. Дали пример ако сте без кола излезени, би го испратиле дечкото до дома па вие да си идете сами? Тука фала богу знам дека ако е навечер нели побезбедно е обратно ама еве дали би. Или за работи кои бараат кревање тешко, дали сте тука за еднаква поделба ако еве сепак женското може или сепак не? Пример дали за девојка која очекува дечкото во вакви ситуации да мора да се однесува џентлменски и никогаш да не возврати или барем да проба, би помислиле дека е разгалена, себична или слично? Додуша прашувам оти многу пати сум сакала да го испратам јас ама неговата улица е прво слабо осветлена (некогаш и црна темница е) и помалце прометна, понебезбедна. Кај мене повеќе згради се, пораздвижено е. Плус немам своја кола да го носам до дома, он ме носи секогаш кога сум идела дома. И се осеќам ко shit. Да напоменам, никогаш не ми замерил за ова он.
Да, зашто да не, што има лошо во тоа, еднаш јас, еднаш тој. Не мора само машкото да испраќа. Ова второво прашање за машките членови се однесува или? Јас не би помислила дека е разгалена и себична, можеби нема сила па и треба помош, е ако може да прави без проблем, а само сака внимание и он да и ја заврши работата место не, во тој случај ќе кажам дека е разгалена и нејќе да се помачи. Нема зашто така да се осеќаш, и он е свесен дека постои опасност, сигурно не ти замерува за тоа. А ти пак, воопшто не ми изгледаш на разгалена типка, баш напротив, не се замарај.
Прашањево беше општо поставено, не се однесуваше само на машките членови и не само за физичка работа. Него девојки што како што кажав никогаш не (би) возвратиле со ист таков гест на внимание. Што онака се осеќаат оти ќе им падне круната ако еднаш рецимо го однесат до дома Демек она жена ќе вози маж со кола
Тебе досадно ти е нешто? Да го испраќам пешки, да не го грабне некој или зошто? И да, ако треба да се носи вреќа цементо, он ќе ја носи. Ич не разбрав зошто се осеќаш ко шит.
Е тоа глупо е и не е во ред и многу кажува за принцезата која го праи тоа. Ако нејќе со кола да го вози или да му помогне некад за најобични и очекувани работи, што да кажеме коа ќе дојдат некои посериозни ситуации кога ќе треба да му се најде во животот? Ќе избега одма тогаш со трчање. Се приметува од авион карактерот на ваквите баш во вакви моменти. Џентлеменски не било ако го однесе со кола она, абе ајде, живеење у бајка, а не у реален свет.
Што знам, од љубов ваљда? Не мора само во таа ситуација. Ете дошол дома кај тебе, имаш кола ти. Го носиш или понижувачко ти е тоа? Дури и ако можеш ти да носиш? Оти не можам да вратам исто, барем слично.
И после ќе се вреѓаат кога мажот ќе ги третира на ист начин, односно ќе очекуваат да им готват и перат и спремаат, зошто они се жени и така треба.
Со оглед на општата безбедност по женска популација, откако постои светов и веков, пешки стално би требало да испраќа мажот. Ако имам кола, не гледам никаков проблем. И колку пати се случувало, мажот ќе се напие, жената ќе вози. За цементот, гајбата пиво, додајпожелба-тешкиот товар, по дефиниција носи физички посилниот и по дефиниција обично е тоа маж. И не постои враќање исто, постои соодветно. Пример-јас пакувам куфери за двајцата, тој ги носи. Оти инаку, ако е обратно, кога тој би пакувал, нешто ќе биде заборавено, а кога јас би носела куфер, ќе ни избега возот. Значи соодветност, не истост.
Да, ова се подразбира ако сте излезени и е навечер ама еве ако збориме преку ден или дошол кај тебе дома. Јас би...не знам секој својот го пакува оти јас не знам кои алишта сака да ги носи и секој својот куфер си го носи. Оти куферите барем на тркалца се, го влечеш Да не биде и после "Оти не ми ја спакува таа маицаа" Е на пример на одмор сега што бевме и јас не можам тешко да дигам уште и све он носеше. И без разлика што не беше моето од инат или разгаленост него така мораше, пак ми беше криво. Оти не беше ни соодветност ова.
Нека не ти е криво, не сум сретнала машко досега, а и не верувам дека воопшто постои таков, што за ваква работа ќе замери.
Бици мор И сум плаќала, и сум испраќала...добро тоа не баш , и сум носела. И сум била изненадена кога постојано ме пречекувал на станица кога доаѓам во Скопје, иако знае дека такси ќе земам до стан или дом. За оној што го сакам, правам се, и повеќе од тоа ако видам дека е возвратено ...а мрзлива сум,мајке ми