Абе сега, ти дадов примери на балансирање низ животот. Денес ти не можеш да носиш тешко, утре појма немам, тој нема да може нешто - и ќе се балансирате. Ако не со него, јбг, со некој друг ќе ти се случи балансот-животот е долг, се си е во баланс ко ќе се напраи завршна сметка. Возвратено де @Dentina, не истото вратено. Ти мене чоколадо, јас тебе чоколадо е некреативно решение, башка многу шеќер
ЉубоФта сакам да ми ја возвратиш...! Ако може Тарзан, можеш и мене, широко е твојто срцуленцуле. Ќе патам иначе иф ју донт лав ми
Море и вреќи цемент иам дигано, шо се 35-40 кг, коа женски у теретана дигаат поише од оваа тежина шо е проблем да се помогне. Пак ќе речам ако може, ако не може секако тука е он и треба да се најде да помогне, да се поделат обврските и работите. Друга работа, не е местото само на жената у кујна, може него поише го бива за готвење, спремање па ете му прилика да се покаже, само договор и поделба на обврските и не би требало да има проблем ако се сака да се соработува. Добро, не мора исто ама нека биде слично враќањето. Може и ја грешам и се занесувам ама не прифаќам дека се посилен пол и точка.
Физички посилен пол се ( за некои работи , не за сите), но не за психички. Има многу луѓе што тврдат( точно е) дека жените се физички посилен пол и во leadership во политика, само не во оваа политика што ја тераат мажите, да би биле жените во раководство мислам дека многу подруги и поубави би биле работите.
Јас не ги сфаќам овие модерни врски во кои се треба да биде како на кантар измерено. Секој збор дисециран, секоја нова постапка детално мислена. Кај е забавата во ова? До пред не толку време, се чувствуваа особено гордо ако платат сметка или те испратат до дома. Овие нови генерации се чувствуваат “искористено“ во се.
Понебезбеден е женскиот пол, така да не гледам зошто би го испратила девојката од оваа причина. Обично кревам се, та пробала та не пробала, исто ми е, че и помогнам. Механизмот таков ми е дури и на улица им помагам и на лица што не можат да креваат.. Се губи по малце masculanity би рекол во светов...
Све на кантар фала богу не ама еве ако секогаш он ја испраќа, секогаш он носи тешко итн. Дали е тогаш пример фер? А океј ти е она никогаш да не крева? Никогаш да не те однесе до дома? Ама баш ниеднаш да не се понуди? Знам дека не може да е еднакво ама дали е ок па секогаш едната страна да прави нешто?
Па добро де поинаку че направи нешто, еве пример бебево мое јас дури бев на раб ми здипли алишта ми зготви нешто итн. Сметам дека машкиот пол е побезбеден и треба машкото да испраќа секогаш и ние сме посилни и ние треба да креваме (иако има случај каде што пример поблизок член во мојата фамилија цепи носи дрва до 3кат пошто тој е на работа или се прај на три и пол, а сметам мажот треба да прави)
Кревам, онолку колку шо можам да кренам. Би го однела дома со кола, а пешки само ако е дење. Ноќе се далеку поголеми шансите некој да ме нападне мене отколку него, бидејќи сум женско и автоматски сум физички покревка и поранлива...логично. Но затоа: *немој сеа вака кхм кхм Ова ме потсети на проблемот на чупето шо прашваше како ги делиме финансиите...едноставно нема 50-50 во врските за сѐ и во секој момент.
Туби ор нот туби Веќе повеке од 5 год.сум разведен, реално кога ќе и го слушнам гласот се ежам, многу ми е одбивна. Не комуницираме многу. Од друга страна ја сонувам по трипати во неделата како да сме заедно, дури во соновите сум љубоморен. Реално не би можел пак да бидам со неа а и несакам. Голема неправда имам доживеано и уште ја живеам. Неможам со други некако многу сум прибирлив и гадлив, а подсвесно сакам. Срце ми сака душа не ми дава. Дали некој имал слична ситуација? Ајде споделете ваше мислење. Однапред ви благодарам.
Здраво. Имам два проблема. Бевме на одмор со дечко ми и искрена да бидам до некаде очекував прстен. Наместо тоа добив понуда да се вселам со него, и би прифатила да не живее со мајка му и татко му. А сепак сакам да направам следен чекор, сметам е време, а немаме друга опција. Вториот проблем што ми смета повеќе и не знам како да постапам. Нормално е партнерите да се учат на почеток на сексуалните желби на другиот и што им годи или не, ама јас еве и по подолго време морам точно да кажувам што е ок, што не. Не знам, очекувам после подолго време партнерот веќе да знае што ми е ок. Кога можам да очекувам да научи што сакам? Не знам дали дека не можеше да се опуштиме зошто обично сме кај него, а мајка му има навика да се шета низ куќа, па страв ни е да не влезе во соба? Би ми значеле мислења.
@Bezimenka90 А ако ти дадеше прстен пак ли ќе живеевте со неговите? Не знам шо мења прстенов во ситуацијава, кога сепак дечко ти живее со неговите. Ќе научи што сакаш кога ти ќе му кажуваш што сакаш. И после нормално, со вежбање редовно @tiggyboy Посвети се на себе, запиши се на вежбање, фудбал и сл., најди си некое интересно хоби, излегувај повеќе и најди си нови пријатели, оди на патувања. Не контактирај повеќе со бившата ич и тоа е.
А што за тебе е гадливо? Ти се уште имаш чувства кон бившта и не можеш да се препуштиш кон нешто ново
Уф. Не верувам во живеење со родители и немање приватност. Мислам...немање друга опција-што значи тоа? На колку време е тоа? На цел живот? И што значи тоа-време е за следен чекор? Време за следен чекор е кога ќе има услови. Има ли услови да се создава нова фамилија (ти и тој) во рамки на веќе постоечка (тој како дете на мама и тато)? Мислам истото би било и кај твои родители, без дискриминација. И, ко што рекоа, прстен или не, во суштина ништо не менува. А ако вториот проблем произлегува од првиот, ако не можете да се опуштите (што е и нормално) , како би се променило тоа со живеење заедно во истато тоа окружување? Може сум размазена, ама јас лично не би влегувала во таков заеднички живот (и како помлада никогаш не ми била прифатлива опција). Немате ваљда 18 години, значи би требало да сте релативно финансиски независни за заеднички живот, а во тој случај би требало да постојат и некои опции.
Зошто живеењето со родители го гледате толку трагично? Сигурно немате седено под кирија па така зборите. Доколку истрпите малку, заштеденото после може да се инвестира во депозит итн. Да речеме имаш брат и ок е некоја да дојде дома да живее со твоите, а тебе не ти е ок да живееш со неговите? Холивуд и реалноста се два различни поима. Луѓето порано стапувале во брак и без куќа и без прстен. Работеле заедно и си изградиле живот. Ама денес повеќето сакаат се на готово без капка пот, е нема јбг, Рим не е изграден за еден ден. Ако е посебен спрат не гледам проблем, ако е мал стан и навистина нема место, тогаш засукајте ракавите идете под кирија и работете за да имате еден ден нешто ваше. А вредноста на родителите ќе ја видиш кога ќе одимаш деца и ќе треба некој да го причува за да можеш да преспиеш, идеш до тоалет итн.
Приватност секој сака. Посебно доколку неговите родители се мешат во се и сешто. Единствено опција е под ќирија или да засукат ракави и да изградат нешто свое. Родителите секогаш можат да го причуват детето.
Оти членката пиша, не можат да се опуштат во интимност, јер мајка му шета по куќа. И исти би било и снаа кај моите и јас со домазет кај моите, и сите други можни комбинации, некој кај некого. И под кирии сме живееле и дете сама сум исчувала. А родителите си ги сакам, неговите ги почитувам, ама само како гости може да функционираме. И на старост би ги земала да се грижиме за нив, ама и за тоа треба услови, ниту мене ќе ми менува некој животни навики, ниту јас некому.
Сакаме приватност и своја интима. Можда сакам гола дома да си седам. Најважно, во заедница ќе ти наметнуваат нивни правила, нивни мислења. Не сакаме тоа, сакаме свој живот.
Ниту јас, морници ми поминуваат од сама помисла. Две генерации под ист кров. А ова другово, знаејќи кај живееме, абе на кафе да те покани во текот на денот, после тоа ќе те отепаат од оговарање, а не пак вака. Не знам, јас одбегнувам комуникација со родители на дечко и мислам дека е правилно.