А што за тебе е гадливо? Ти се уште имаш чувства кон бившта и не можеш да се препуштиш кон нешто ново
Уф. Не верувам во живеење со родители и немање приватност. Мислам...немање друга опција-што значи тоа? На колку време е тоа? На цел живот? И што значи тоа-време е за следен чекор? Време за следен чекор е кога ќе има услови. Има ли услови да се создава нова фамилија (ти и тој) во рамки на веќе постоечка (тој како дете на мама и тато)? Мислам истото би било и кај твои родители, без дискриминација. И, ко што рекоа, прстен или не, во суштина ништо не менува. А ако вториот проблем произлегува од првиот, ако не можете да се опуштите (што е и нормално) , како би се променило тоа со живеење заедно во истато тоа окружување? Може сум размазена, ама јас лично не би влегувала во таков заеднички живот (и како помлада никогаш не ми била прифатлива опција). Немате ваљда 18 години, значи би требало да сте релативно финансиски независни за заеднички живот, а во тој случај би требало да постојат и некои опции.
Зошто живеењето со родители го гледате толку трагично? Сигурно немате седено под кирија па така зборите. Доколку истрпите малку, заштеденото после може да се инвестира во депозит итн. Да речеме имаш брат и ок е некоја да дојде дома да живее со твоите, а тебе не ти е ок да живееш со неговите? Холивуд и реалноста се два различни поима. Луѓето порано стапувале во брак и без куќа и без прстен. Работеле заедно и си изградиле живот. Ама денес повеќето сакаат се на готово без капка пот, е нема јбг, Рим не е изграден за еден ден. Ако е посебен спрат не гледам проблем, ако е мал стан и навистина нема место, тогаш засукајте ракавите идете под кирија и работете за да имате еден ден нешто ваше. А вредноста на родителите ќе ја видиш кога ќе одимаш деца и ќе треба некој да го причува за да можеш да преспиеш, идеш до тоалет итн.
Приватност секој сака. Посебно доколку неговите родители се мешат во се и сешто. Единствено опција е под ќирија или да засукат ракави и да изградат нешто свое. Родителите секогаш можат да го причуват детето.
Оти членката пиша, не можат да се опуштат во интимност, јер мајка му шета по куќа. И исти би било и снаа кај моите и јас со домазет кај моите, и сите други можни комбинации, некој кај некого. И под кирии сме живееле и дете сама сум исчувала. А родителите си ги сакам, неговите ги почитувам, ама само како гости може да функционираме. И на старост би ги земала да се грижиме за нив, ама и за тоа треба услови, ниту мене ќе ми менува некој животни навики, ниту јас некому.
Сакаме приватност и своја интима. Можда сакам гола дома да си седам. Најважно, во заедница ќе ти наметнуваат нивни правила, нивни мислења. Не сакаме тоа, сакаме свој живот.
Ниту јас, морници ми поминуваат од сама помисла. Две генерации под ист кров. А ова другово, знаејќи кај живееме, абе на кафе да те покани во текот на денот, после тоа ќе те отепаат од оговарање, а не пак вака. Не знам, јас одбегнувам комуникација со родители на дечко и мислам дека е правилно.
Луѓе, се што сакате зборете со партнерот/ката, направете си гејм план, засукајте ракавите и спечалете си, направете си или купете си. Ако не сте на иста фрекфенција пиши пропало и барајте си друг/друга. Бракот е да имаш партнер ин крајм, не е само секс и рок н'рол. И да се согласувам со приватноста, и за мешањето тоа е на дечкото да постави граница и да се знае која е мајка и која е сопруга. Лично јас ниту сакам мајка ми да се меша, ниту идната сопруга пак на нејзе. Ако сакаат да се дружат, пијат кафе, итн добро, ако не пак добро, секоја нека си го гледа својот двор и готово.
Дечкото те викнал кај него дома да живееш мајка му да му ја замениш во перење и чистење, а успат да те има до него ноќе.. Ама јас знам што е работата, типов немал 300€ прстен да ти купи, па затоа вака ноншантално ти понудил брак..
Ако имаме двајцата кола некад ја, некад он ќе вози. Ако има само он, нека вози. За цвеќиња и поклони, он купува, ја никад освен на на роденден или за некој специјален ден. Он живее далеку ама ме испраќа до дома, па се враќа пешки ако сме искочени така. Јас него не го испраќам никогаш, неќе. Секоја вечер сум catcalled и си ја става мојата безбедност на прво место, он ко машко од тука до кај него пешки иде во 3 сабајле и не му се десило ништо. Значи ако дечкото е џентлмен нема што да се осеќаш ко шит. Мада ја само такви преферирам, неќам госпоѓици феминистички со јајца, but thats just me. Он ко мушко повише му треба ментална/емоционална поткрепа и јас таа му ја пружам, а он е мојот грб и физички + емоционално. Таква е природата, партнер треба да те исполнува своеволно. И пс. не ми доаѓајте со миењето садови и чистењето, прав муж знае сам да си среди, нема ја да му мијам садови. Тоа сите треба да си го правите, за себе и своја грижа ко прво.
Има многу мамини синчиња, дури и претерано, не знаеме за каква личност се работи, плус за брак потребна е стабилност, не е тоа плукни залепи.
Во ред е, и мамини синчиња и татини принцези. Зборот ми беше за брак: you need to be on the same page. Али со недоволна комуникација, со надреални очекувања и со мисла дека работите ќе се средат сами од себе, ништо не правиме. И после друг ни е крив.
За првиот проблем: најубаво е пред да го прифатиш прстенот, да живеете заедно некое време, тоа е единствениот начин да видиш што човек е он и што пар сте вие. Ако досегашното искуство ви е само идење на гости еден на друг, големи се шансите да не знаете како би функционирале вистински во заеднички живот. Тоа е советот што јас го давам кога ме прашуваат за брак. За вториот проблем, реално никој не може со сигурност да каже кога и дали ќе научи што сакаш и нема да има потреба да кажуваш. Индивидуално е, зависи и од човекот, колку е свесен. Језда мислам дека еден е сексот на 20-25 години, друг на 25-30, трет на 30+. Иако верувам дека има улога и фактот дека сте под штрек дека можеби мајка му ќе ви влезе во соба, ако немате клуч на врата. Така да, најдобро би било под кирија да си отидете, барем за почеток. Ем ќе видите како ви оди заедничкиот живот, ем ќе имате целосна приватност.
И ја сум ко тебе, се осеќам како да не знам што сакам, а знам дека нејќам ама потсвесно ко да сакам, wellcome to the club
@tiggyboy @Eni.r и јас по 12 години врска имам исто чувство ама знам и зашто. Не ја сакам зашто беше се нај негативно и сфаќам дека се замарам и помислувам на неа, зашто еве 3 месеци немам најдено соодветна за да ме освои. Кога ќе си најдам слична душа како мене која ќе ме опсипува со љубов и внимание како јас што ја опсипував бившата а она го отфрлаше тоа, тогаш ќе избледе засекогаш во моите спомени. Мислам дека имате слична состојба. Прашање на време е. Јас секојдневно наоѓам толку убави девојки и излагам и се дружам, просто се чудам, зашто ме избегнуваа кога бев со неа во врска (зашто беше мргут и никој неќеше да влага во кавга со неа) П.С. има многу риби во океанот
Зашо сме будали ја ке ти кажам Не би се навратила никако, многу ми има згрешено. Башка во тек на една година ми плачеше да му се вратам, фати девојка, ја ожени и само што не родила, дете чека. Нема потреба да го мислам ама ич. Ама ете, се дешава. И дека го познавам подобро од било кој, 90% сум сигурна дека е лажна среќа и инает ама ако му е За вниманието што го збориш сум го добила, џабе. Не можам да се пронајдам во никој, премногу е модерно време во кое не се вклопувам. Осеќам дека никогаш нема да си ја најдам половината, мада се помирив
Да тоа сакав да го кажам. Може сме навикнати на одбивање. Мазохисти. Јас верувам дека не е една што ме чека туку многу се, баш дека е модерно време знам дека сите се осамени како нас, само треба да го правиме првиот чекор а не да чекаме и да се плашиме.
Ова е класичен потег на кукавица кој не можи сам да биди. Истово се има случено, само што откако раскинав, експресно фати нова девојка. Изгледа го прават ова за да потполнат празнина, не би знаела. Во тој момент, мене ми падна жал за девојчето оти знаев дека ја има изманипулирано, впрочем и цело време се сомневав дека пишува со други и ете во право сум била. Јас се спасив, ама неа мислам дека психички ја уништи, се дознаа потоа некои грди работи. Затоа, вака најискрено до тие што читаат. Не влегувајте во врска со некој тазе раскинат, за брак не ми се ни зборува колку е тоа очаен потег. Некои во врска/брак уште си ги сакаат бившите, ама тоа нема да го признаат, секако. Плот стори твист, по неколку години, се обиде пак во контакт да стапи. Ебати карактерот, го изигнорирав во кратка постапка. Денес жалам што сум дала шанса на дебил, не требаше.
Исто имам забележано, не од лична приказна, мада и мене некој што ме побара за жена , и упорно ме викаше да се преселам кај него, некако ..се снајде со женичка и бремености кога му дојде јајцето на задникот. Јас секако веќе бев во нова врска , и не ми беше ни на крај памет да раскинувам квалитетна врска за некој кој сум мислела дека е стабилен и знае што сака, ама испадна нешто друго. Од голема љубов, смејурија на крај. Елем муабетот ми беше за луге зависни од врски. Не знаат да бидат сами. И не сакаат , но и не знаат. Некогаш е важно да бидеш и сам со себе, не да се скока одма во ново за да не се биде ни еден месец осамен. Рибаунд си е рибаунд. Тоа што е квалитерно, ќе се препизнае , нема да избега. А ако избега, среќен пат, има повеќе особи што ти/ми/ ни одговараат. Да можевме само со еден, една...лебеди ќе бевме