@_Peperutka_ стави крај на врската токсични сте и двајцата и не знаете да одржувате здрава врска.Запиши се на факултет учи патувај инвестирај во себе осознај што сакаш во животот созреј потоа гради врска со партнер со кој ќе имаш здрава врска и убава иднина.
Едвај чекаме втор дел од приказнава. Оф леле, ако беше паметна одма ќе се ослободеше од него, нема ни да прашуваше толку ама штом не е, нека ги трпи ексцесите негови. Како можат на толку млади години вака да се запустуваат самите, како? Затрескани биле, па ова љубов ли е? Некои луѓе не знаат очигледно поимот љубов што значи. Искрено се надевам и посакувам измислена да е приказнава.
Прво доби две страни полни со предобри совети. Второ - порасни под итно. Еве ова нека биде лекцијата Трето - двајцата сте токсични. Он неможе да го прави ова на девојки со негова возраст, бидејќи ќе го отераат упм. Затоа наоѓа некои од клупа не станати. Но и ти со самото седење на камера и вртење муабети напразно, фантазирање за совршениот живот со принцот и сите други Холивуд глупости. Токсична си спрема сама себе. Ако сметаш дека факултетот не е потребен, во ред. Но дали таа одлука е донесена поради неговите размислувања. И да секако дека нема да те остави на мира, кој друг ќе трпи вакво однесување? И нема потреба да кажам дека треба да прекинеш секаков контакт. Разбирам дека човек ќе налета на секакви, ама како ги трпите со вакво однесување??
Во таква средина живееме, најголемиот успех на Балканов е да се омажиш. Жално, ама вистинито. Еднаш и кратко видео гледав од некоја од странство што се омажила за Балканец (кутра таа), и во видеово имаше кажано за ова. Се осетила простоќата од далеку.
Dokolku mislevte deka lazam, denes izleze lista, vtora sum primena vo cela mak na smerot sto go sakav. I ne dojdov tuka da se ispucam i da si go ispustam ventilot, dojdov za da kazam sto mi tezi so cel da mi olesni. Fala za site komentari dobri i losi, site gi pocituvam❤️
Колку точно, секој што ќе те сретне на улица, нема да те праша, ,, како си, што правиш, до каде си со факултет/работа", туку ќе праша, ,, имаш дечко, кога ќе се мажиш, па време ти е, деца не се чуваат на 30 години, до 25/6 ако не се омажиш после тешко".
Искористи си ја приликата, друга таква нема да добиеш. Ама ти си знаеш понатака. Честитки патем. Ужас
Честитки. Сега размисли дали сакаш да го фрлиш во вода целиот труд што си го вложила во средно или сакаш уште повеќе да се надоградуваш и учиш? Ако ти сакаш да одиш на факултет оди и не слушај никого, ќе се каеш еден ден, а за дечко ич гајле да немаш. Една-две години сме разлика и многу добро те разбирам за тоа дека сакаш дечко, ама не и маж рано е, барем мене ми е, не се чуствувам доволно зрело за градење фамилија, а штом имаш уште желба за школување се сомневам дека исто размислуваш како мене. Размисли убаво, доста членки ти дадовме совети и наши мислења на тебе е сега како ќе постапиш.
Факултет за машко бе... за некој рандом чоек. Абе искочи надвор, милиони ќе фатиш, ти за овој си се залепила.
Здраво феминки сакам да прашам за совет. Дали е нормално женско прво да пишува или тоа ќе испадне нешто сосема друго дека се нуди?
Што има везе прва или втора. Па нели се бориме да бидеме рамноправни? Сеисто ми е мене кој пишува прв. Башка повеќе ценат мушкиве коа девојче пишува прво.
Nah, не пишувај прва. Остави они нека пише. Женско е глупо да пишува прво. Не се нуди туку привлекувај, мене оваа тактика секој пат ми работи. Кога пишуваш прва им го дига егото, не те ценат и изгледаш малку очајно, остави го ова на него.
Скроз е нормално. И јас се имам двоумено исто како тебе поради тоа што он ќе помисли ама верувај дека од многу машки имам добиено мислење дека на нив им е скроз океј дури и привлечно кога ќе пише женско прво. Е сега ако си помисли нешто друго он, батали го, барем ти си пробала и нема да ти биде криво. А вака само ќе се мислиш што би било.
Дечко ти има 27 години ти 18 он веројатно размислува веќе и на брак а ти со 18 години сакаш факултет да запишеш што е нормално да имаш некаква професија и подобра заработка и иднина но прво треба да се преиспиташ себеси дали воопшто сакаш сериозна врска или брак на овие години и дали си подготвена за тоа. Тука гледам проблем во несигурноста на дечкото, не би се согласил дека е психопат по default или дека ќе те контролира и ограничува во иднина и за други работи не мора да значи. Веројатно те сака и стравува дека ако се запишеш на факултет помалце ќе се гледате и може да те изгуби и да запознаеш некој друг бидејќи си доста помлада од него и имаш уште време пред себе. Но не е во ред да те условува да бираш помеѓу него и факултетот себично е и дрско. Така да мој совет ти е да позборувате сериозно за ова и да му кажеш дека сакаш да се запишеш да студираш и дека не е во ред така да те уценува. Ако навистина те сака ќе го смени ставот и ќе работите заедно на довербата и несигурноста и ќе гледате да го надминете проблемот. Ако е нормална и разумна личност ќе ја почитува твојата одлука и ќе се смени, ако сеуште стој на неговото и те уценува немаш друго чаре освен да раскинеш. Сепак не брзај со одлуката и почекај и дајте си шанса на врската да опстои, ако се сакате ќе се најде компромис и заеднички јазик ако не раскинувањето е неминовно.
Здраво девојки Имав врска три години, ме остави пре 4 ри дена, незнам како да постапам, го сакам. Се чувствувам многу осамено без него, имавме проблеми во врската и многу често се каравме, на секоја караница ме обвинуваше мене. Незнам како да продолжам, ме фаќа страв без него и како да не сум целосна, се чувствувам празно. Многу пати имавме раскинато, но секогаш се смирувавме, овој пат ми кажа дека дека неможел веќе да се замара со мене и да не му ѕвонам и ме блокира. Премногу ми фали, незнам на моменти се чувствувам силна на моменти ми недостига и се гушам.Незнам како да престанам да мислам на него и да го заборавам. Со другарките се чувствувам многу негативно,за да го поминам ова со нив.