Батали го сака само да те легне , а овој 2 па нз баш не се залетувај многу по убавина таквите имат обично 2-3 најдиси некој друг
Феминки здраво и поздрав до сите Имам еден проблем и ми треба совет од вас малку сум тажна... е сега работава е што овој мојов дечко со кого имам долга врска (4 год) мн ми оди на нерви... Зошто????????? Проверувам во неговиот ПЦ во хистори и едноставноо полидувам Па типов си отварал др жени на ФБ, порничи, е најмногу ме навреди тоа што гледам отварал секс контакти, ова она... се гледа дека тој нема профил на тие некакви си контактни страни или ккао да ги наречам зашто се до детал проверив но мн мн се нанервирав јас знам секој отвара и гледа имам правено муабет и со други, но некако тешко го поднесувам тоа, мнооооооооооооогу тешко. ми треба помош од вас затоа што утре може да избие Трета светска, незнам дал ке можам да се воздржам и да не му се изнавикам, а и тој нема да биде помалку и тој мн се нервира кога го критикувам... давајте некој совет
Не прочитав ништо чудно за едно машко...па и женско Е добро, гледал други жени на фб, љубопитност.Ти зарем не гледаш други машки?! Секс контактите, штом немал профил, се рамни на порнич, знаеме нели какви женски имаат таму профили, а и да кренеш војна, нема да постигнеш да престане да гледа порничи зашто е нормално. Сето тоа, нема никаква врска со тебе, не значи дека не те сака, дека не го палиш, бла-бла, туку е најнормална работа.А ако му кажеш нешто освен што ќе го изнервираш што го контролираш во хистори, нема ништо друго да постигнеш
Тање, смири живци, смири хормони и остави ладното оружје, 3 Светска Војна со нуклеарно ќе се води, 4тата е со ладни оружја... Жалам што вака ќе ти кажам, ама машко е, гледа порно и тоа е тоа...нема друго објаснување..Не значи дека не е задоволен од сексуалниот живот, не значи дека не те сака, ОДНОСНО НЕМА НИКАКВО СКРИЕНО ЗНАЧЕЊЕ !!!!!!! ТУКУ Е БАШ ТОА - ГЛЕДА ПОРНО !!!! НЕМА ОБЈАСНУВАЊЕ..... Затоа сега ќе отидеш кај него, насмеана од уво до уво и нема да му речеш ништо за тоа, туку ќе се фрлите на една, дв, три партии и нек пукнат душмани...А ако сакаш и заедно гледајте
Абе за мажите тие порничите се вообичаена работа сака да гледа ќе гледа што да се прави Тање што мислиш ти дека порано немал гледано само сега од кога го откри ти да речам? па се лажеш бе душо сите го прават тоа дечкоми беше неколку дена Бугарија по работа кажува колегата со него што бил во соба гледал порно а овај демек мижеше така му реков добро ај не ми кажвај не замарај и се осети неубо се гледаше по издразот на лицето,неможам да речам дека сеедно е ама што дека ќе се расправам и да речам немој да гледаш нема никогаш да те послуша инаку не гледам порно немам потреба и за мене тие се глупи работи мажите малку отпоќе се исфрустрирани и мислат ако научат некоја позичка отпоќе или ако го гледаат тоа чудо ќе направат абе глупости ако те бидва брате те бидва ако не џабе...
не ми е јасно оти сама си создаваш проблеми и додатна тензија во врска гледал порно е добро де нека гледа ,може учи нови техники од кај го знаеш ,може после 4 години врска сексот со тебе му станал рутина и монотонија па си прави рефреш со порно филмови ,ја не разбирам што има толку лошо во гледање порно филмови ,подобро да гледа отколку да си најде некоја друга и така да си ги задоволи своите потреби , јас да сум на твое место би му предложила заедно да гледаме ,загледувал др.жени на фб е добро убаво за него да си ја потхрани самодовербата ама тоа е тоа ако флертува не значи дека те изневерува пс.јас да сум ти дечко одма би ти се скарал какво е тоа нарушување на приватност,проверување кои контакти ги одржува ?
Моја гледна точка на твојот проблем: Човек кој мастурбира, гледа порно филмови, има секс, користи тематски секс, вежба тантрички секс, понекогаш во кревет е како животно,а понекогаш сензуално води љубов, е сосема здрав во главата. Не е страшно што гледа порно филмови, имаш тема во категоријата секс, наведени интернет портали кои имаат порно содржина, па погледни колку од девојките на форумов гледаат, а барем половина од нив имаат дечко и редовен секс.Разноличноста го прави човекот и така никогаш нема да влезе во монотонија. Е сега, се треба да се движи во границите на нормалното.Ако тој постојано е пред мониторот и гледа порно секој ден користјќи го целото свое слободно време, тогаш веќе имаш проблем и за лутење е да отидеш кај него целата напалена, а на него не му се сака, бидејќи попладнето бил сам, па малку си го скратил времето играјќи се со „малечкиот“ и неговата „десанка шакиќ“ Тужи ја порно-индустријата или појави му се со камера во рака и кажи: Драги спремај се ќе снимаме порниќ! Можеби и она што го гледа таму,сака да го проба, да експериментира во вашиот реален сексуален живот,па не е лошо да видиш каков тип на порно филмови гледа, ако на пример сака силни црнкињи кои во ректумот можат да примат три к..... истовремено, tough luck
Не ми ги ругајте порничите, да не беа тие, половина, а ако не и повеќе, од паровите ќе ја познаваа само мисионерската Сонцето грее, петелот пее, денот има 24 часа, земјата се врти околу сонцето, мажите (а богами и жените) гледаат порничи Тање, уживај, нема ништо лошо во тоа. Биди задоволна пошто утре кога ќе ти дојде речи му - дај некоја нова поза да вметнеме, или прави ми нешто што ти е фантазија, да видиш ти тек тогаш да ги осетиш благодетите на порничот Oh yeah! Кога ќе се разгорат страстите па на лице место да почне да ти покажува што научил малиот од вчерашниот порнич Е така. Здрав секс не бива без мастурбирање. А мастурбирање не го бива без добар порнич. А иновација во сексот нема без добра инспирација од порнич. Врти сучи, перпетуум мобиле, се се врти у круг, сите на крајот задоволни и среќни.
Гледал порничи... Е добро де, ние заедно гледаме па што. Наредниот пат со тебе нека гледа, чисто да нема лутки.
Мислам дека во денешно време нема машко што не гледа порничи, така што без потреба се секираш. Па и многу од женските гледаат, јас и партнерот гледаме, па што?! Никогаш не сме си префрлиле нешто во врска со тоа. Нормална работа е, се додека не се претера нели. Гледај на поубавата страна-од порничите можат да се добијат многу нови идеи за во кревет, разновидни пози и слично. Ништо не му кажувај, затоа што ништо нема ни да постигнеш со тоа. Прифати го сево ова како една нормална работа.
И јас да си прашам нешто. Дечково има 17 години, босанец е (мене тоа лично не ми смета) а ни коментарите на другарка ми која цело време ми вика да размислам, дали навистина го свиѓам и демек бил многу голем за мене (јас имам 14,6) и дека машките на таа возраст сакаат и нешто друго. Е сега, јас го знам дечково онака од видување, учевме во исто школо ама никогаш немаме направено некој муабет. Се почна преку фејсбук, леле фразава колку ми е излитена значи и стално почна да се повторува во последно време , он прв почна да ме боцка и јас како кој е овој, зашто го немав тогаш за пријател. И кога го видов кој е, ваква останав. Зашто и стварно, типчево ептен е згодно, преубав е и сите женски се попалени по него што се вика. И веќе подолго време ми се свиѓа, што е чудо за мене, дури го сонував бре ама навистина незнам што да превземам околу тоа. Ова е едно од ретките машки на кој кога треба да му пишам значи на фејсбук, целата затреперувам и незнам што да му пишам. Он ми има пишано еднаш ама јас не сум видела и сум се исклучила од фејсбук. А и од друга страна сметам дека на некој начин не го заслужувам, дека е сосем надвор од мојата лига, и да, сто пати е поубав од мене.. а и на крај краева, кои се шансите да ме одбере баш мене од милион девојки што се сто пати поубави од мене, а и поголеми. Знам дека пред некое време имал долга врска од една година а не сакам да ме искористи мене само за забава, зашто јас сакам да имам нешто посериозно со него. А јас сум така од почетокот, срамежлива и повлечена а овој е вистинско манијачиште и перверзњак , многу излегува, до доцна и тоа а за жал јас неможам тоа да си го дозволам. Како и да е, да не ве заморувам повеќе со моиве "големи љубовни проблеми" , ама ако може некое советче за ситуацијава.
Колку и да сакам да ти дадам совет што би ти помогнал дотичниот да ти заврши во прегратки и око да не му трепка за други девојки, реалноста од моја гледна точка може и да не ти се допадне Но еве да почнам прво со краток офф топик. Тој бил Босанец? ОУ МАЈ ГАД, па тоа е толку скандалозно, како можеш да си дозволиш такви резили бре? Ок, сеа сериозно, зошто би ти пречело ако е Босанец? Мислам, знам дека не ти пречи ама зошто го потенцира тоа во твојот пост? Тој е ЧОВЕЧКО БИТИЕ роден на иста планета како нас, но на еден дел од светот што човекот ја нарекол Босна. That's it! Тој: екстра згоден, убав, популарен и многу девојки трчаат по него. Можно е во такви околности да станал веќе и сексуално активен, со што си ставил + 1 стандард кога ќе бара девојка во иднина. Кога некој 17 годишен ќе добие такво внимание, едноставно ТОЈ НЕ Е ТОЈ. Сигурно се чувствува силно и посакувано, и најверојатно ќе гледа да си набилда колку што е можно повеќе искуство. По дефиниција, тука нема многу простор за чувства. Ти: Со твоите 14,6 години си доста помала и по ограничена од конкуренцијата. Ако тој сака секс, а ти не си спремна, тогаш што правиме? А и сама си знаеш дека најверојатно има девојки во неговото опкружување што фураат и на тој план. Тој излегува до доцна а ти мора да се прибереш дома порано. Тоа ти е уште една сопка и неможност да се справиш со конкуренцијата. Реално гледано, мислиш ли дека тој ќе си оди дома порано само заради тебе? Но на крај краева, целата игра на љубов барем според мене не треба да биде крвничка борба со некаква полупромискуитетна конкуренција. Ти си се заљубила во убаво лице. Точка! Крај на приказната! А тоа само по себе може да е силна емоција, но логички, не е доволно добра причина да леташ по него. Особено што ти нема да можеш да му парираш во ниедна дисциплина. Најверојатно ќе те гледа како дете, и нема да те свати сериозно. Дечкото си е во некаков Плејбој филм влезен и токму во таа област ти не си во неговата лига. п.с. Не зборувај така за тебе, дека тој бил не ти знам колку пати поубав и попаметен од тебе. Ако самата не се цениш, како ќе те ценат луѓето. Ај со тек на време, кога ќе имаш 15,2 па 16,7, па еден ден 19,4 години, полека но сигурно, ќе ти станат се појасни некои работи. До тогаш кулирај, и избегнувај Плејбој момци, оти од таквите љубов не добиваш. Единствено што ти е гарантирано со такви се солзите.
Девојче, правиш фама од ништо, те боцнал на ФБ и ти пишал, ок ништо страшно, тој ден можеби боцнал и пишал на уште 15 девојки од ФБ . Ти се свиѓа дечкото, пиши му било што ама немој да правиш никакви планови за врска или било што, РАНО Е. ако ти врати и ви тргне фино муабет и те покани на кафе и гледаш дека има интерес за тебе тогаш ќе мислиш што понатаму ама немој ни под разно да си се заљубила пред да си 100% сигурна дека ќе биде нешто повеќе од обичен флерт или мување а ми се чини си на праг да ја направиш таа грешка. Дечково ако нешто бидне многу веројатно ќе си сака секс така да имај го тоа на ум пред било што да правиш. И многу битно, НИКОГАШ повеќе да не си ја кажала а ни помислила реченицата ЈАС НЕ ГО ЗАСЛУЖУВАМ зашто утре некоја можеби според тебе инфериорна ама набилдана со самодоверба ќе ти земе дечко и ќе го мафта а овој ќе трча да ја освои а ти ќе гледаш од страна. Може не си нечива лига ама додека не пробаш не можеш да знаеш а ти ми се чини однапред од се си се откажала. Не е битно дали овој тип ќе го фатиш ама самодоверба мора да имаш и самата да се цениш инаку никој нема тебе да те цени . За неколку години (да го цитирам EleMental) и самата се ова ќе ти биде јасно ама нема штета да го знаеш уште сега .
Ух..се запознав со еден дечко пред неколку месеци. Една година е постар од мене. Јас кулирав после долга врска. Преварена и остављена де. На крај памет не ми паѓаше нешто повеќе од пријателство. После некое време ми кажа дека се заљубил во мене..и пред месец дена почнавме да излегуваме. Бевме заедно 2-3 недели и одеднаш дојде до крај, кој он го иницираше, уз образложение дека јас не се трудам за врската да успее, дека сум научила се' на готово да добивам, дека не го почитувам, дека сето тоа го повредило. Кажа дека тоа му се црвени линии и нема шанси да помине преку тоа. После неколку дена кога сакав да разговараме со трезвена глава, за да ги средиме нештата, ми кажа дека не сум била јас крива, дека он само барал причина да раскинеме. Можеби бев стварно на дистанца и не му посветував доволно внимание, но од кога го снема од мојот живот сватив колку ми значи, и сватив дека бездруго сум се вљубила..и сакам се' да биде како порано Мене ништо не ми е јасно, не знам во што да верувам, која од двете приказни е искрена
Вистинита е прикаската дека сте иделе само 2 недели (што е ништо) и дека ти раскинал. Зашто ти раскинал и не ти е толку битно, ако не сака нема да ти каже а ти немаш начин да го принудиш. Впрочем сам ти кажал дека само барал причина да ти раскине така да најверојатно не си му доволно интересна (да се изразам дипломатски) а ти си погрешила што си се заљубила за две недели, памет за друг пат. Можеш да го прашаш дали сака да продужите ама ако пак те одбие побарај си друг дечко (откога малку ќе ти слегнат емоции од разочарувањето).
Ви благодарам премногу Елементал и Иксмен, затоа што бевте сосем искрени и ми ја кажавте потполната вистина.. Ама, проблемот е што јас мислам дека веќе се заљубив што кај мене ретко се дешава, сигурно знаете дека на овие години многу ни лета паметот и скоро секој ни се свиѓа, ама мислам дека ова е едно од оние мои вистински заљубувања. А не е дека немам самодоверба и мислам дека сум нешто грда и такви ствари, за сите со кој сум се мувала не сум викала знаеш што мисли овој за мене, дали сум грда, ова она.. Ама вистината е дека сите тие не ми значеле воопшто. Еве, не дека се фалам, ама има еден дечко исто е 17 години, се мувавме еднаш и наеднаш овој се заљуби бе во мене. После едно мување. И да, сигурна сум во тоа, баш вчера го откачив, веќе подолго време одолговекував ама барем бев искрена и тоа е добра работа. Туку, тоа е веќе нешто друго и не сакам да мешам теми. Знам дека да те боцне и да ти пише не е голема работа, ама на оваа возраст кое девојче не прави толкава фама околу тоа, барем од тие што ги знам. Сите сме онакви, ееј ми пишааааа и се трескаме од земја. Знам дека сме ко деца (па и сме сеуште) ама тоа е. Сепак, фала ви на советите, го ценам тоа!
И пази ова, шпанскава серија е меѓу 27 и 26-годишни личности. Ти си му ги убила и онака слабите чувства што ги имал спрема тебе со твојата неангажираност, а тебе сега тој ти недостига бидејќи ти фали да бидеш со некој. Стандардна носталгија по врска ти е тоа. Може да се јави и кога не сме замарале многу во врската. Дополнително сега, кога шоуто заврши, еј погодете што, јас сум била заљубена. Мислам дека уште во старт вие не сте биле сигурни во што сте се впуштале. Тој си признал како се чувствувал во моментот, а ти зошто ја започна таа врска ако не си се замарала? Искрено, си била ли барем малку наку*чена после претходното искуство на изневерена па оставена? Се нафати од милостина? Од досада? Да го заборавиш бившиот? Утеха? Не беше сигурна кога ќе биде следното признавање љубов од дечко па ја зграпчи можноста на лице место? Најверојатно ова му било само некоја фаза на него, и сега му поминала. Јас типувам дека приказната на која треба да веруваш е втората. Брзо се оладил, едноставно, или не видел кај тебе нешто вредно за да остане и да се бори. Ладнокрвно, ама тоа е мислењето.
здраво девојкии Се наоѓам во ситуација да незнаеш што да правиш Имам врска долга 2 години. Досега се немаме скарано воопшто само многу пати се имаме лутено зашто многу пиеше но сега се подобри. Претходно бевмме другари заедно работевме и излегувавме неколку пати Се се случи ненадејно ... незнам ни дали се роди воопшто љубов од моја страна едноставно и пред тоа бевме заедно ни беше забавно и уште ни е. Сеуште не сме имале односи ( некако неможам да се одлучам на тоа). А тој ме чека и ме сака знам. Пред еден месец може и повеќе почна на фејсбук да ми писува едно машко кое од секогаш ми беше симпатија ... ми посветува песни и ми казува преубави зборови. Вчера дојде на работа кај мене ненадејно ... не ми ни кажа дека иди ни знаеше каде ми е канцеларијата . Тоа беше прв пат заедно да седниме и да пијаме кафе Неможам да престанам да мислам на него веќе две недели па после ова од вчера неможам ни да јадам ни да спијам... едноставно мислам дека се заљубив. Никогаш не сум се чуствувала вака до сега ... ни со дечко ми (мислам дека со него останав од навика). Пресреќна сум овие неколку недели не се препознавам ме стега нешто во градите ... едноставно не можам да дишам. Со дечко ми се немам видено 3 дена ... не ни имам желба да се видам. Ништо немам направено со машкото но имам грижа на совест. Размислувам дури и да прекинам со дечкото ... По цел ден седиме и си пишуваме ... си ја засакав дури и работата оттогаш Машкото е многу убаво паметнооо во се се сложувваме но ми е страв да не се зафркава со мене Јас му кажав дека неможам да престанам да мислам на него неколку дена - можеби згресив но морав Незнам што да правам ... воопшто немам желба да се видам со дечкото Незнам што да правам .... ве молам помогнете. Треба да одам за една недела на одмор со дечкото но не ми се оди со него
26 год. имаш? Јас би те советувала да раскинеш со дечкото, без разлика што сега си го сретнала овој другиов дечко јасно пишуваш во постов дека не си го сакаш дечко ти. Е сега ти се плашиш да раскинеш затоа што не си сигурна што би било со другиов тип, значи пак ти е повеќе страв да не останеш сама одколку да го изгубиш дечкото. Не си го губи времето со некој што не го сакаш, а не му го губи и на него, мислам дека никој не заслужува да биде така третиран.
Ќе се обидам да бидам краток. Слободно раскини му и кажи му дека никогаш не си го сакала. Биди колку што можеш по сурова и безчувствителна. Да се надеваме дека така ќе научи нешто во животот и во цела таа игра на љубов и врски, и со следната цура нема да биде тотална овца, како што бил со тебе. Ова ти го препорачувам бидејќи стварно ме изиритира колку типот бил исклучен од реалноста во текот на тие 2 години. Нормално, во случајов зборам за тоа што ти не си можела да се решиш да имате односи, а тој како некој дворски шут, или подобро кажано, како лисицата во таа приказната кај што чекала да падне грозјето, и не можел/не сакал да се свести дека тој е таму колку ти да си го пополниш времето, додека да дојде подобра прилика. Затоа мој совет ти е да му ја грмнеш во фаца. Верувајте, со ова му го мислам само најдоброто за во иднина. Што се однесува до тебе, обиди се следниот пат да не ја злоупотребуваш љубовта на некој дечко, макар тој бил таков шутрак како овој што си го влечкала 2 години за носот. п.с. не летај толку со моменталната љубов. Штом ти не си чувствала ништо, тогаш само си барала излез од врската па сега овој со две трепкања ти го заробил срцето (ахам, да да). Знаеш како викаат...When you don't know where you're going, any road will take you there.