1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    7.965
    Пол:
    Женски
    Тешко ти е и празно бидејќи ти станал навика. Не ти фали тој колку што во тешките моменти ги идеализаш подобрите моменти. И тоа е нормално. Но секогаш кога ти е тешко потсети се дека имало и кавги и предходни раскинувања, што значи не било идеално. Има секогаш друг кој нема низ кавги и раскинувања да те обвинува тебе на крај. Посвети се сега на работи кои те исполнуваат и дај време на времето. И не го барај, штом те блокирал. Не му храни его, и цени се. А тоа со другарките, ја би те советувала и нив да ги ставиш на дистанца или да побараш послични луѓе, ако веќе те тераат да се чувствуваш негативно.
     
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    14.189
    Пол:
    Женски
    Те откачил бидејќи веќе си му станала токсична, остави го и терај понатака, од што ќе беше ако беше нема веќе аир.
     
  3. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Малку да олади и ќе те бара пак.
    Ти со тек на време ќе сфатиш дека ти е подобро без него.
     
    На sj *O* и Star250747 им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Зашо иам чувство дека еден ист лик си праи постојано профили и си игра мајтап тука со сите? :drunk:
    Приказниве сите толку многу наликуваат една на друга, да се чудиш, бар ако е ист нека се потруди да биде малце покреативен зашо станува досадно више.
    Ако сум грешка, ви се извинувам.:)
     
  5. tiggyboy

    tiggyboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    @minne992 - Можеби ќе ти изгледа смешно, но искрено ти кажувам без разлика колку е убава ако прстите на нозете и се неубави/криви одма бегам (не дека ке и ги бацувам, да разјаснам) за однесувањето да не зборам. Иначе сум спремен повеке од 100 посто, само чекам да сретнам некој што на прв поглед веке знаеш дека тоа е тоа. Го имам тоа чуство осетено на своја кожа 2, 3 пати во животот, но за жал бев зафатен, брат ми вика, не си тинеџер веке, иди кај сакаш најубавата за рака земи ја, ама не разбира.
    @Кена Рис - Животот ми е полн со активноси, баш како тинеџер, играм игри на ком. сега ми е хоби да ги работам хадверски, одам на салса повеке години (понекогаш правам видеа кога играм, па ме прашуваат женати не ли ти љубомори),имам уметничка душа, свирам гитара во маракана понекогаш кога ми е ќеиф, патувам ама не ми се шета многу, дома ми е најдобро и низ МКД. Со бившата морам да комуницирам, поради заедничко дете, од тоа нема бегање, но тоа е само ради реда што викаат.
    @Eni.r - Пред година дена запознав една девојка преку социјалниве мрежи, се договоривме да излеземе на кафе кај рамстор, ја чекам касни 5 мин. и звонам на моб. и ми вика незнам дали ти кажав не сум јас таа на сликата(facepalm), веќе бев таму па си викам од приател + никогаш нема лошо, пиевме кафе, се запознавме и од тогаш се немаме видено:lol:. Гласот на тел. и беше одличен, ме напнуваше 3,4 дена да излеземе на крај се наканив и трт :envy: боролески. Сепак останувам на ставот - љубов на прв поглед или ќе си терам вака и вака ми е добро, само жално е да уживам сам, вратите ми се отворени па ќе видиме што ке донесе животов.:dance:
     
    На Осе, Eni.r и _Peperutka_ им се допаѓа ова.
  6. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Знам дека ти е тешко, нормално е. Ќе ти биде тешко некое време. Само имај на ум, секој пат кога кризираш - сеќавај се само на лошите работи, лошите моменти, караниците. Немој да се измачуваш себе си, и да се сеќаваш на хармоничните, среќните моменти. Сети се како те третирал, што се ти кажал, како направил да се чувствуваш, размисли колку тешко ќе ти е во животот да си покрај таков човек кој постојано за се би те обвинувал тебе... Дај си време да преболиш се. Верувај, кога најмалку очекуваш - ќе дојде твојот човек. Знам дека звучи клише - ама верувај дека ќе биде така. Еден ден ќе си среќна што се испаднало така како што испаднало. Ќе си целосно помирена дека така требало да биде. Само дај си време.
     
    На Осе и Ane_na_Bisera16 им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.393
    Пол:
    Женски
    И јас така мислам, после наеднаш ги снемува, многу нови членови деновиве, па ми пишуваше еден/на во порака, демек се претставуваше дека е женско, а јас приметив дека е машко и го/ја снема.
    Сега пишува дека профилот не е достапен.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    7.965
    Пол:
    Женски
    Затоа што имаат вишок време а недостаток на common sense. Не дај боже да објавиш слика од купачи, долен веш "во што последно си купив".

    П.С. Одма се познава фејк женски профил, just so y'all know
     
    На Gosh и Dentina им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Е ќе чекаш лепотане, многу ќе чекаш со ваков став. Без коментар.. :x
    После ќе дојде денот кога тебе ќе те бираат и ќе те елиминираат, не заборавај, многу чаталење и занесување не е на арно. :mm: Колку години инаку имаш?
    Баш ко тинејџер недораснат размислуваш, преиспитај се малце, не ќе е лошо.
    Досадно им е на децава, изглеа уште не почнале озбилно да го загреваат столчето па ај ќе си играме.
     
    На Dentina и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.393
    Пол:
    Женски
    Хаха, ме изнасмеа со ова "лепотане", а ако е зима и носи чорапи, ако се договорат негде во кафич, ќе треба да и ги соблече чорапите за да види дали прстите и се криви, што не ќе прочитам.
    Секој си имаме некој недостаток, никој не е идеален.
     
    На Осе и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Star250747

    Star250747 Нов член

    Се зачлени на:
    1 септември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Почнав да се осеќам и така.
    Нова сум, и прв пат пишувам. Ги читав сиж
    Ви благодарам на сите, се надевам дека побрзо ќе го преболам. Имав доста тешки моменти со него помагаат кога
    Нова сум, прв пат пишувам. Едноставно сакав да побарам совет, секој има проблеми само не е добро вака да пишувате. Не е секој за да си игра и без веза да пишува. Ви благодарам.
     
    На _Peperutka_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Па лепотан гарант си е он, манекен, господинот совршен, видиш вика дека мора најубавата лепотица да ја зел, кај смее да се задоволи со нешто помалце. Ццц.
    Пишав ја у спојлер, ако сум грешка, ви се извинувам.
     
    На Dentina и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.134
    Допаѓања:
    185.807
    Пол:
    Женски
    И дел да се измислени. Веќе. :D Ама реалноста е дека проблеми на просечен чоек на балканот - се тие. Да, ќе има некој со уникатен проблем, ама генерално е: возрасен со помлада и наивна девојка шо сака брак и да ја затвори пред време дома, партнер кој контролира, еден партнер кој шврља и друг кој мисли дека ќе се смени, некоја шо мисли дека можи да смени некој (не си трошете време плс), мешање на родители, проблем во релација на партнер и роднини/пријатели итн. Просечни пробчеми на просечен чоек на просторов се варијации на ова и нормално дека личат едни на други. Со чесни исклучоци на поуникатните проблеми. :D

    Он топик, од сите проблеми само сакам да коментирам за членката со факултетот. Ако некој ти постави ултиматум па чак било за нешто најповршно како шо да купиме во ресторан, а не па за важни животни одлуки, одма и без думање тури пепел. Мала си, а со тек на време ќе научиш дека партнер значи да си еднаков и да почитуваш, сакаш и да комуницираш со партнер. Партнер = еднаков. Условување го клава еден од партнерите во повисока позиција. И то ќе научиш да не го дозволваш. Мора прво да се штитиш себеси.
     
    На Осе, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    19.074
    Пол:
    Машки
    Освен поради лошите прсти ако веќе не ги скинала чорапите ќе мора да ги слечи пред да се направи изборот. ^_^
     
    На Curious cat, Andzelka23, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.393
    Пол:
    Женски
    Aма и да е најубава, што правиме ако прстите на нозете и се криви?
    Мора проверка.
     
    На Veta, Осе, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Kiko9

    Kiko9 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2023
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Popuni ja prazninata so drug .8)..... AKO ME RAZUMES... Gospodicna 8)
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tiggyboy

    tiggyboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    Шала на страна, не размислив дека може некој да навредам, сакав малку да се насмееме, никој не е совршен/а, дури ни јас, секако има женски кои го делат истото мислење и чуство околу прстите на машките. Јас сум малку искрен, и пак ке си кажам би сакал мојата лепша половина да има убави прсти на екстремитетите(hollest)не гледам ништо спорно во тоа:l:
     
  18. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.462
    Ne, ama ne e deka gi nema m? Ljubopitno mache
     
  19. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    3.187
    Секакви има, женска треба да си се пази со 6 очи :D
     
  20. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.462
    Musko ne m? Haha. Bias bias