Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. kokice1990

    kokice1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2022
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    31
    Pa moze si ima bolki
     
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.478
    Допаѓања:
    20.227
    @Srckata28, да не е типот единче на мама и тато, гален и тинтран повеќе од што треба па сега да мисли дека и на останатите светот им се врти околу тоа што него го боли стомак?

    Ако е хипохондрик па штом го заболи нешто веднаш помислува на најлошото и трча на лекар, да тогаш навистина има валиден проблем и треба да си побара стручна помош. Имај толеранција но под услов тој активно да работи на решавање на проблемот.

    Ама ако е лигле, е тогаш ти си имаш проблем. Сите не боли нешто, сите имаме слаба точка, сите сме уморни. Имам разбирање кога некој си има мака, ќе се обидам да помогнам, па макар и само да го ислушам. Ама секој ден нешто различно и само да се кука? Денес заб, утре желудник, задутре грб? Ноу ноу ноу. Лигле лиглосано.

    Следен пат ти кажи му: „Добредојде кај возрасните!“

    Сите нешто не боли ама си ќутиме и цепаме напред. И на никого не му е гајле дали денес не боли стомак или сме си го удриле коленото.

    Ако ти се слушаат такви муабети, имаш куп стари роднини и комшии околу тебе. Нека и се жали на мајка му (ако воопшто жената има трпение за тоа) а со тебе ќе збори нешто понормално.

    Чаре?
    Стварно не знам. Ако не е хипохондрија, туку карактер, тоа најтешко се менува. Разговарајте повторно, ова што ни го пиша на нас кажи му го и на него и поставете граници. Пример, за здравје може да ти збори само еднаш во денот, и тоа не повеќе од 5 минути. Или ако е прифатливо за него, воопшто не зборете за неговото здравје некое време. Таа тема нека биде табу па видете како ќе биде. Зошто ако тој бара девојка на која по неколку пати на ден ќе и дава отчет што го боли, кај го боли и што апче ќе пие, а ти не сакаш да бидеш во врска со баба ти, подобро да не си губите време и двајцата.
     
    На Mrs. right, Anyshka и Srckata28 им се допаѓа ова.
  3. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.431
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно се крие посериозен психички проблем во позадина и постои веројатност болките да се само емоционални празнења на физичка основа. Меѓутоа постои и друга голема веројатност тоа да не сака да си го признае и ова да го користи како одбранбен механизам, наместо да се соочи сам со себе и да поработи на проблемите.
    Само една работа да ти кажам, од гледна точка на иден психолог...хипохондриците се многу тешки луѓе за соработка, и кога и да отидат на доктор и ѝм се каже дека проблемот е во главата (од психичка природа), тие веднаш бегаат и бараат друг доктор со надеж да добијат "реална дијагноза". И така во круг...не се знај до кога.
    Ако сакаш да останите заедно постави здрави граници и обрнува внимание на тоа дали ќе ги почитува, но постави се сериозно овојпат и спомни му го раскинувањето како опција во случај да не сака да си го реши проблемот. Набљудувај како ќе се понаша па ќе знаеш на што си.

    Едит: дали само по телефон ти се жали или и во живо? Дали има постоечки здравствени проблеми? Со шо се занимава, работи студира или ниедно? Во каков однос е со неговите? Дали е единствено дете дома? Како стои на социјален план? Како се соочува со проблемите генерално? Навидум небитни прашања, но сепак битни. Ако не сакаш овде слободно пиши ми лп и ќе ти објаснам повеќе.
     
    Последна измена: 10 септември 2023
    На Anyshka, dea.18 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    14.189
    Пол:
    Женски
    Имам многу голем проблем со дечко ми што неќе да оди нигде да патува со мене.. Значи од Мај се договараме на одмор да одиме, му кажав на почеток на Август дека на работа најавив одмор на почеток од Септември, и постојано ми викаше денес утре, денес, утре, времето помина, ние одмор не организиравме а камоли пак да одиме.. Многу сум разочарана од него, и не му е прв пат вака да ми направи одморот да ми го уништи, ама до лани не работев, па немав стриктно во годината одмор определено, сега имам, и залудно го потрошив поради него, многу сум нервозна, од сабајле плачам дома.. И не е за пари, човекот е воркохолик, нема да можел да работи ако оди на одмор, и затоа не оди, а јас сум многу разочарана и несреќна.. Бев на одмор со роднини на еден викенд пред еден месец, ама не ми е тоа тоа, сакам со него, а он неќе да оди на одмор, што више и ми рече, имам попаметна работа од тоа да денгубам шетајќи и лежејќи на плажа не работејќи ништо.. Значи не му реков мора плажа, му реков може да одиме во Романија, може да одиме на Кипар, може Будимпешта, Италија, може ти каде сакаш, може и на Рила во Бугарија, може и со авион, може и со автобус, може и со кола и он нигде неќе.. Јас сум сигурна дека да викнам некоја роднина, другарка, ќе дојдат со мене, ама тие немаат пари да одат подалеку од Грција, јас треба да им платам, а јас да платам за двајца за негде подалеку ми е многу скапо..
     
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.093
    Допаѓања:
    25.544
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa Не е тоа првото со родителите, затоа што они се бетер од мене, они уште погрубо ќе му кажат да прекине да се жали и дека ништо не му и иронично е израснат во фамилија каде ако не си пред умирање, не идеш на доктор. И општо е многу независна особа која во никој случај не била разгалувана, не е тоа. Ама има некој проблем, кој и други го приметуваат, ама јас највеќе го трпам пошто највеќе зборува со мене.

    Убаво кажа, ко во врска со баба. Глупо ми е да му кажам да не ми збори општо, пошто и јас кога ме боли стомак од менструација, ќе се пожалам, а и океј ми е да ми спомне дека го боли глава, но не цело ден да е јао, зошто ме боли главата, мораше ли сега да боли, не помага апче, оф не проаѓа.. итн. Ќе пробам нешто или тоа со 5 минути иако ми се многу :D, или може ќе му кажам строго само еднаш да ми спомне што му е и после да одјебе.

    @sj *O*

    Он порано кога 24/7 анализираше кои болести има (сега се смири), призна дека е хипохондер и превише анализира, ама за болките вели дека не е он крив што има толку лошо здравје и секој ден нешто различно го боли (човекот многу пази што јаде, иде во теретана редовно и ниедна болка не му трае повеќе од ден... печат ударам дека нема лошо физичко здравје). Се согласува дека му треба психотерапија што ми многу значи што е свесен, но сега како студент кој воедно работи и сам се издржува, не може финансиски да си го приушти тоа, и тоа е факт за жал.

    Го знам тоа дека е многу тешко да си со ваква личност, едноставно непријатно е, не може да биде убаво и тоа ми е страв. Затоа што кога имаш зрела, паметна и добра особа до тебе со ваков проблем, многу ми е тешко што тоа може да е причината за раскинување. (facepalm) Ме држи тоа што гледам желба во него да се промени, ја разбира критиката што му ја давам и 20% од времето се обидува да се промени, останатите 80% се губи во таа анксиозност, тоа што мисли дека се е ван негова контрола и ете.

    Инаку, и во живо се жали, сега кажав по телефон пошто не се видуваме, на далечина сме во моментот. И да, има влијание и на нашите дејтови и квалитетот на времето поминато заедно.
     
    На Nausicaa и sj *O* им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски
    А дали има одено воопшто на одмор? Ова не е за прифаќање, јас не би прифатила вака да функционирам, ако нема разбирање за еден одмор утре за било каде да се појди како? А се зависи колку сте заедно, дали воопшто сака да оди со девојката тука треба искреност
     
    На Anyshka и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    14.189
    Пол:
    Женски
    Скоро 4 години, немаме одено на одмор ниту еднаш, само на викенд и тоа еднаш во годината ако одиме.. Ми вика најди си некој што има пари за подалеку и оди со него, јас не одам со тебе.. Кај да најдам некој што ќе оди со мене во Египет, Шпанија а притоа да не му плаќам јас? Мислам ако има некој пари за на одмор таков, ќе си оди со дечко, девојка, нема да оди со мене, како што јас сакам да си одам со мојот дечко..
     
  8. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.431
    Пол:
    Женски
    Џабе е сѐ ако не ги смени тие проценти обратно. Мора да сака и да се потруди и сам, а не да ја префрла одговорноста на други фактори цело време. Во спротивно ниту најдобриот психолог нема да му помогни.
     
    На Anyshka и Srckata28 им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.345
    Допаѓања:
    84.390
    Пол:
    Женски
    Има вакви луѓе, познато ми е ова. Или ќе го прифатиш таков и ќе си одиш со друго друштво на одмор или најди друг дечко што нема да е толку пасивен.
     
    На Anyshka и нина122 им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.393
    Пол:
    Женски
    Оф, оф оф, сум немала ваков дечко до сега, но ова што го опиша дечко ти исто како да го опиша братучед ми, значи женет е, има 30+, блиски сме, секој ден ми се јавува по неколку пати во текот на денот да ми се жали де ова го болело, де она, па на работа како бил 4 саати, тоа било премногу за него, работи како наставник, неможел да замисли да работел физичка работа итн, за мала исекотина оди на доктор, и за било што, дури докторите го бркале, му рекле ништо не ти е, овој одма бара друг доктор, како што пиша една членка. Најубаво разговарајте, кажи му ок е да ти каже само еднаш, ама не нон стоп. А оди ли по доктори за ситници, работи ли, дали ти се жали и за работа? Предложи му да оди на психијатар/психолог, ти најдобро знаеш како ќе изреагира, зошто не секој го прифаќа тоа, одење на психијатар/психолог, во мкд уште е табу тема. Јас мислев нема никој како братучед ми, ама имало.
     
    Последна измена: 10 септември 2023
  11. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    7.965
    Пол:
    Женски
    Многу себично. Значи ти можеш да седиш затворена дома а он нема да отиде на викенд, ниту да проба да направи компромис за да бидеш посреќна? Слободно нареден пат со фино кажи дека ќе најдеш друг што ќе оди, не само на одмор туку за што било. Па дали би му било сеедно да биде заменет? Ако да, тури му пепел
    На за друго, денес за одмор, друг пат можеби за нешто друго нема да прави компромис. Секојпат треба да бараш некој друг?
     
    Последна измена: 10 септември 2023
    На dea.18, sj *O*, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.476
    Па плати му нему еден одмор, ако заради пари не сака...
    @Srckata28 да не има фибромиалгија типот?
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски
    А он нема пари? Ако нема во ред е да се чувствува така, и да несака да оди. Ама ако има тоа му се само изговори, ако е тип што не сака одмори ок (твое е дали ќе го прифатиш, дали вреди)
     
    На Anyshka и Осе им се допаѓа ова.
  14. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Не дека го бранам, ама ова со психосоматикава се развива обично кај луѓе со стресен живот или емоционални празнини. Животот однадвор можи и да му изгледа како да е совршен, работа, студии, теретана, ама ако точно ова го развил значи дека некаде е многу репресиран. Башка тоа, членкава пиша дека имале разлика 6-7 години, не е битно. Голема е разликата искрено, мајндсетот комплетно различен. Пак ќе кажам, не оправдувам да кука како баба по цел ден, ама ако ја развива состојбава тогаш има нешто подлабоко.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    14.189
    Пол:
    Женски
    Не му е за пари, пишав и предходно..
     
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.476
    Нина, онда ова собрано со зеленчукот = бљак.
     
    На cresa-jagoda, Rosemaryyy, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.526
    Допаѓања:
    33.896
    Пол:
    Женски
    Можеби таков си е човекот, до карактерот е. Познавам еден таков, има пари ама од работа дома и од дома на работа. Многу ретко оди на кафе , не му се дават ни тие пари по кафичи, жена му освен Алди и Лидл друго место не е видела.
    А да му предложиш некаде поблиску да одите? Охрид можеби? Албанија? Или и таму не му се оди?
     
  18. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски
    Тогаш одлуката е твоја бидејќи со разговор не постигнуваш ништо.
     
  19. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Па незнам јас шо му се случува со животот, може членката знае повеќе, јас како можна опција го кажав. По тоа што таа кажа секој ден нешто ново го боли и кука се жали незнам дали реално нешто друго како дијагноза би му дало толку разнолики симптоми секојдневно. Еве некој пиша и фибромијалгија, дали има проблеми со сон, замор, brain fog. @Srckata28
     
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Да, одговорот на Дентина е порационален. Докторите кај нас обично кога не знаат нешто, препишуваат на психосоматика и многу често големи грешки прават. Впрочем и читаме за истото.

    Инаку за Нина и претходно има пишано овде, дечково е турни ме да тргнам, ова тешко дека некој можи да го смени.