Не дека го бранам, ама ова со психосоматикава се развива обично кај луѓе со стресен живот или емоционални празнини. Животот однадвор можи и да му изгледа како да е совршен, работа, студии, теретана, ама ако точно ова го развил значи дека некаде е многу репресиран. Башка тоа, членкава пиша дека имале разлика 6-7 години, не е битно. Голема е разликата искрено, мајндсетот комплетно различен. Пак ќе кажам, не оправдувам да кука како баба по цел ден, ама ако ја развива состојбава тогаш има нешто подлабоко.
Можеби таков си е човекот, до карактерот е. Познавам еден таков, има пари ама од работа дома и од дома на работа. Многу ретко оди на кафе , не му се дават ни тие пари по кафичи, жена му освен Алди и Лидл друго место не е видела. А да му предложиш некаде поблиску да одите? Охрид можеби? Албанија? Или и таму не му се оди?
Па незнам јас шо му се случува со животот, може членката знае повеќе, јас како можна опција го кажав. По тоа што таа кажа секој ден нешто ново го боли и кука се жали незнам дали реално нешто друго како дијагноза би му дало толку разнолики симптоми секојдневно. Еве некој пиша и фибромијалгија, дали има проблеми со сон, замор, brain fog. @Srckata28
Да, одговорот на Дентина е порационален. Докторите кај нас обично кога не знаат нешто, препишуваат на психосоматика и многу често големи грешки прават. Впрочем и читаме за истото. Инаку за Нина и претходно има пишано овде, дечково е турни ме да тргнам, ова тешко дека некој можи да го смени.
@нина122 јас те разбирам бидејки и дм е таков, но јас го имам прифатено како таков и често правиме компромиси па никогаш не ни е монотоно. Е сега доколку тој не сака компромиси, или прифати го како таков или остави го и барај друштво со кое би шетала кај што сакаш. Ова нека ти биде лекција да си правиш во иднина како тебе ти одговара наместо да чекаш од партнерот. Јас знам дека сакаш да одиш со него меѓутоа тој нема да се промени.
Јас да ви кажам, секакви проблеми се можни во брак, ама со проблеми уште во врска- не знам. Мислам, сум имала врски со проблеми, ама сите завршиле, само таа без проблеми, преминала во брак. Не дека ќе се мажите де, ама ваљда врска е trial за брак. Не зборам за измислени проблеми, ама да имаме различни идеи за поминување слободни време, различен вредносен систем, да ме напнува уште во врска-просто, не е тој за мене.
Во модерниов дејтинг воглавно комуникацијата почнува виртуелно, за жал најчесто и завршува така. И сега пошо многу тешко се стасува до стаус врска, јасно ми е зошто многу овде прават компромиси. Ама не оправдувам, оти лоши се компромисиве. Јас сум повеќе за спречување, отколку за лечење. И тука е во право Билјарката, во брак треба да се решаваат проблеми, не во врска. Врските треба да бидат забава, ама најчесто не се, сепак себичноста и нарцисоидноста си го направи своето.
Ама пак, не можете да најдете некој кој 100% ист или сличен ко вас, еве и да постои таква личност, мали се шансите да ја пронајдете, баш она soulmate. Секој си бара некој сличен на него, нормално дека треба слични интереси, аспирации, потреби, хобија и светоглед да имате за да може да кликнете со таа личност ама пак нели и спротивностите се привлекуваат? И да си со партнерот идентичен, дали карактерно, дали преку идентичните замисли и погледи, не знам колку успешно би функционирале и не би имале никакви несогласувања и за се би се сложувале, и различностите потребно е да ги има, да не стане монотоно, да не помине меракот брзо, да не се изгаси страста брзо, да има повеќе забава, возбуда и едноставно поинтересно да ти е. Проблемите неизбежни се, дали од ваков или онаков тип, невозможно е да ги нема, дали во вркса, уште повеќе во брак ама затоа компромисот е тука, секако зависи од типот и степенот на тоа што ви пречи, се не може нити смее да се толерира, граници мора да се постават, што е сериозно и ја преминува границата и не смее да се трпи, а што банално и може да се прогледа низ прсти. Ама и ова зависи до поединецот, како го проценува сето тоа, дека нели не сите имаме ист степен на толеранција. Ако нешто дотолку ви пречи и ве вади од кожа и не можете да преминете преку тоа никако, секогаш подобра опција ви е да прекинете, отколку само да се жалите или да се надевате на подобро, човек не може да го смените карактерно, таков си бил, таков и ќе остане, шанси треба да се даваат но само ако се работи за нешто поблаго, кое лесно може да надмине и да се прифати како „нормално“, во ситуација кога ептен вадат од такт постапките на другиот, треба без двоумење да се стави крај.
Спротивностите може се привлекуваат, на филм За мене лично, некој да ми рече не оди на одмор со мене, пошто незнамшто, толку ќе биде. Значи одмор е светиња, да се разбереме. Сме немале пари, сме немале кола, ама сме имале желба да бидеме заедно, па и Охрид со автобус ни било супер. Една забава, интересно и возбудливо во неодење на одмор, мислам шо да ти кажам. За хипохондријата не би коментирала, може е реален проблем, може е само во главата, ама па и мене реално ме боли ногата, секој ден, со дијагноза со ренген со сВе, па не го тупам истото секој ден. Има тука подлабока психологија за анализирање.
Хахаха ама не до толку спротивни да сме ко небо и земја, да се разбереме. Викам, да има некоја разлика, ете, разлика која може да се прифати, која нема до толку да и наштети на врската и фунционирањето на партнерите во заедничкиот живот. Па некој може нејќе одмор, или може сака друг тип на одмор, не знам што му се мота у глава на тој типот ама ако ставрно го тупи до толку и за све контрира и бара изговори, без ниту еднаш да не отстапи од неговото, еве атер нејзе ако нишо друго, треба да размисли што понатака, дали вреди да се труди. Секако, ако не и одговара и е несреќна, ќе си се повлече она и тоа е тоа. Да, точно, не е туку така тоа, не е едноставно, којзнае што има, што така се понаша и поради што, што ги тера така да размислуваат овие луѓе, они си знаат најубаво ама сигурно за џабе и од ќеиф не го праат тоа, може ни они не сакаат да се такви и им пречи ама не си признаваат дека си имаат проблем, а не пак да работат на тоа за да го решат.
И мојот дечко е скоро цело време болен, одозгора на тоа има хронична анксиозност проследена со скоро секојдневни панични напади. Рече дека на крајот од месецот си има закажано за на психолог. Заедно сме пола година и вистина се надевам дека ќе има некои подобрувања. Го разбирам бидејќи и јас сум анксиозна но сепак не до тој степен. За кукање, кука секој ден дека не му е добро и се различно нешто го боли. Последно имаше вирус и еве веќе трета недела откако се немаме видено (живееме во ист град). Дали е себично од мене да се лутам? Мислам дека нема да можам да бидам уште долго трпелива.
Не треба да му се лутиш во оваа ситуација. Разбери го, и он не сака таков да е, и ти викаш си анксиозна ама не до тој степен, сигурно и тебе не ти е лесно ама замисли уште потешка анксиозност да имаше и да живееше секојдневно со нејзе. Дај му шанса, стрпи се, нека почне да иде на психолог или на психијатар зависи од состојбата па после види што понатаму, како ќе се одвиваат работите. Ако до толку ти е проблем и неиздржливо e, тоа е тоа и ти си имаш свој живот, не си должна да трпиш нешто што те вознемирува и што не ти дава мир.
Јас би раскинала, ова и повеќе од доволна причина ми е. Парите се заработуваат за да се трошат, ич не ги можам луѓето шо упорно штедат и штедат и штедат и се’ за нив е трошок и изгубени пари. Да одам со ваков ќе ме пукни во кожата буквално. И цело време ќе сум фрустрирана и нервозна. Ти, или прифати дека дури си со него подалеку од родниот град нема да мрдниш, или остави го.
1. Имав бивши, со кои што од 4 години врска само еднаш, едвај го домолив да одиме до Охрид на викенд ! Исто не беше причина пари, ама типот некако не сакаше, па отпосле сватив дека уствари не сакал со мене, а не дека не сакал на одмор. Од кога раскинавме, со новата девојка после неколку месеци отидоа за Грција. 2. Таткоми е тип на човек што ретко оди на одмор, додуша знаат да отидат на викенд до Грција со мајками, ама за повеќе тешко ќе го натераш. Порано дури бевме деца, одевме на по недела дена, ама сега тешко. Он неможел да лежи по 10 дена, воркохолик е и не го држи место. А и мајками е повеќе за да си седи и одмара дома, така да немаат некој голем проблем околу тоа. Тоа што веќе сте се догаварале да одите, си земала и одмор, планирала, а он те оставил на некој начин на цедило, е тотално не фер. Дали претходно има одено со другари негде ?
Додека сте биле во врска пишувал со неа, можеби и се гледале. Секако, ова е гнасно однесување ама не верувам дека си немала интуиција. Жената секогаш знае кога нешто не е во ред. На темава, многу пати го гледам истото. Недостаток на партнерски однос, дечкото својот живот го става како приоритет (вака треба да биди), ама вие очајно го следите темпото и го занемарувате својот. Зошто само ти да правиш компромиси? Зошто само ти да жртвуваш нешто? Ова не е љубов, себичлук е. Ме потсеќа на други мислења, пример се гледаат со месеци и уште се на “само се гледаме.“ Стварно? Какво разлабавено однесување, не е ни чудно што поновава генерација има вакви проблеми. Одговорност кон никого, дури ни кон сам себе.
Феминки,не помислив дека повторно после толку време ќе бидам од оваа страна на форумов што ќе пишува за љубовен проблем но ете ме,се се случува. Многу ме интересира како кај маживе наеднаш ние стануваме одмилени,оладени и незаинтересирани за нас. Конкретно,накратко,9 месеци бев со дечко 11 години постар од мене,кој беше токсичен,и исто така имаше премногу очекувања од мене да не се облакам со деколте,да немам толку изразливи социјални мрежи,да пазам како зборувам и да не искажувам толку емоции(колку и да звучи смешно е вистинито). Не знам,се знаев дека јас тоа не е во ред ама толку пробував да му угодам и да залепам нешто што е толку скршено и на крај ме скрши он мене. Не ме разбирајте ве молам погрешно,преубаво ми беше со него,беше внимателен,грижлив,совршен 90 посто од времето. Ама тие 10 посто,ми проверуваше телефон,финансии,облека,шминка не смеев да ставам… Наеднаш се олади,и завчера решен ми кажа да прекинеме дека е најубаво,он немал раат во глава со мене,бил несреќен и не сакал да ме види ни да ме чуе кај сум што правам. Јас искршена на милион делови,му изнакажав дека е за на психијатар,дека е црвено знаменце,токсичен и себичен,пореметен во главата ама дека таков го сакам најмногу и спремна сум да му помогнам со какви и демони да се соочува. Тоа требаше одамна да се каже,но го трпев во себе затоа што ете за љубовта треба да се бориш.Исто така да напоменам,има траума од некојаси предходна врска која го изварала,и он ми кажа знаеш какво е моето мислење за врските. Не знаете колку повредена се осетив еднаш кога ми кажа не ми е битно јас со која ќе сум битно ми е да имам раат во глава. Исто,не искажуваше емоции и мразеше да му искажам емоција. Наводно,он сабајлечки кога станувал имал нешто во градите го стегало и не бил среќен со мене. До пред две недели се си беше во најдобар ред,заедно зборевме да живееме заедно се. Он толку беше опседнат од почетокот,те молам само не ме повредувај не ме повредувај и твој сум,што на крај јас бев повредената…