Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nela678

    Nela678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Што мислиш дека се дешава на работа? Мене така шефот да ми пишува и јас упорно да одам на работа дека “погодена ми е работата” е голем абсурд!
    Раскини, најдобро ќе е за тебе :)
     
    На Anyshka, cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata Се извинувам, испуштив битен дел, почнавме поретко да се гледаме откако настана хаосот на работа кој трае два месеци.
    Неговиот газда сиот товар го остави нему а дм оди по цели денови па дури и за викенди.
    Двајца ќе напуштат, еден ќе дојде па и тој ќе напушти.
    Е тогаш ќе успеевме некој викенд да се видиме кога ќе го заменеше газдата па да не оди дм ама тоа беше ретко.
    Сега дојдоа нови па здравје ќе се среди се.
    Кога беше неговиот одмор се гледавме преку ден два.
    Ама ова ме мачи краток период.
    Не дека ми фали нешто од него, ништо не ми недостига.
    За овие девет месеци немам некои критики но се плашам дека сиот овој хаос ќе не одалечи.
    Би оставила уште некој месец да видам како ќе биде, затоа што не сакам да избрзам.
    @Mrs.Right бившиот ме изневери и затоа веќе сум скептик, за било што.
     
  3. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    @bicycle некако бараш причина каде ја нема. Ако имаш комплекси реши си ги ти, не му ги туркај нему.
    Секако збори со него,делува разумно, нормално за се до сега сте постигнале решение.
    Е тоа е врска се впушташ не знаеш што и како ќе е, ако видиш губење време е и да пишуваш и гледаш ако не води кон нешто… мислам а тоа кој ќе знае што ќе биде? Никој!
    Ако ти вреди бори се, ако ти здосадува остави.
    А и после нешо токсично, арното ти е чудно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Не, тој знае низ што се поминав, со него се запознав кога бев во тој лејм период.
    При еден муабет ме праша и јас решив да му кажам се, бидејќи сум личност што не сака ништо да крие.
    Него за ништо не го обвинувам, затоа реков дека проблемот е повеќе во мене.
    Би требало да се видиме следната недела, викендов е на работа.
    Па би отворила тема за се што ме мачи.
     
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    18.503
    Пол:
    Женски
    @bicycle да не имаш вишок слободно време?? Изгледа како премногу да ги размислуваш работите и си создаваш проблем таму каде што нема. Толку лесно се откажуваш од личноста што ја сакаш и што ти значи?? Ако не сте тука еден за друг кога е најтешко, ако сега не се поддржувате за банален проблем, што може да се реши со многу едноставен разговор, како би функционирале кога понатаму во животот ќе се соочите со далеку посериозни проблеми.
    Проблемите се решаваат само со отворен разговор, секогаш.
     
    На cresa-jagoda, Waverly Raven, FridaodaMk и 4 други им се допаѓа ова.
  6. xxsunflowerxx

    xxsunflowerxx Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Сте се нашле во ситуација дечко ви да прави планови за иднина, утре ќе одиме ваму таму и ништо од тоа и секогаш вие да бидете иницијатор да се видите? Како би постапиле во ваква ситуација?
     
  7. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски
    Бегај дечко, тука нешто гадно мириса!
     
    На cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  8. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски
    Па ако он прави планови гледај одма да ги реализирате со купување карти како на пример ако е некое патување па види како ќе реагира
     
    На cresa-jagoda и xxsunflowerxx им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Ова ме мачи само навечер, пред да заспијам.

    Дечко ми е тип на човек што многу ретко искажува чувства, ете и тоа ме копка, што некогаш не знам што мисли.
    Еднаш се случи да се скарам со него за една тема што успешно ја избегна.
    Има навика да избегнува сериозни теми бидејќи според него кога сакам да зборуваме нешто се плаши дека има погрешено и слично. Меѓу нас да, се има глупирано неколку пати, ќе каже нешто невкусно и ќе му спомнам но тоа е се.
    Не, не се откажувам, не сега.
    Но не ми се допаѓа што е толку многу посветен на работата и многу настани пропуштивме.
    Требаше летово да отидеме на одмор, но остана дома затоа што газдата имаше навика да му побара на дм да заврши некои работи бидејќи ко што кажав, колегите му тој период изненадно напуштија, сосема непланирано ама наоѓавме време и начин да се видиме.
    Имав разбирање и се уште имам, и сум му подршка, но тој се остава на stand by поради работата.

    Му имам спомнато, свесен е, но секогаш ист одговор е дека тој мора да ја оправда довербата што неговиот газда ја има кон дм.

    Му мислам добро, и можеби избрзувам со овертинкот, наскоро ќе се среди се ова кај него па можеби ќе се вратиме ко што бевме.
    И сето тоа што се случуваше изминатиов период ме натера да размислувам за многу работи.

    Пред некоја недела бев кај него на гости, неговите не беа дома, поминавме прекрасно време, готвевме, се смеевме, гледавме спорт.
    Требаше да преспијам кај него, ми рече: Спиј на еден кревет, јас ќе спијам на друг, да не се потиме, не беше толку топло но имав голема желба да спијам до него, да се разбудам до него и така.
    Тогаш нешто се смени во мене, и го прашав зошто така и ми рече: сакам да се чувствуваш добро, без да ни биде тесно.
    Таа вечер имав голема потреба од него, не мислам интимно, туку сакав да се потсетам на чувството како е да се разбудиш покрај човекот што го сакаш.

    Пред некој ден се зезавме за тоа што готвевме и се сетив на таа ситуација и почнав да анализирам дали е работата само изговор?
    Ќе почекам да се среди ситуаџијата кај него.
     
  10. xxsunflowerxx

    xxsunflowerxx Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Патување башка, не зборувам за патување туку планови од типот - утре ќе се видиме, а само на збор останува тоа... и мора да бидам иницијатор за секое излегување.
     
  11. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Тогаш што би праела со таков?
    Кој ти е планот?
    Тој за едно обично искачање викаш праи проблеми, не пак за друго.
    Не е сериозен воопшто, а може и сака да те откачи.

    Ама зашо толерирате вакви типови, сакам да знам?
     
  12. xxsunflowerxx

    xxsunflowerxx Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Не секогаш е 50-50 вложување од двете страни во врската.
     
  13. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Во вашата врска значи, подеднакво вложувате или?
    Па дека рече, он зафркавал, сакал да се видите, а од тоа ништо, а ти секогаш си морала да си иницијатор.
    Како тогаш и он се вложува подеднакво или збориш како треба да биде?
     
  14. xxsunflowerxx

    xxsunflowerxx Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Зборувам како е моментално.
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    А зошто тогаш така се глупира и делува ко неозбилен да е?

    Колку години имате?
     
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.057
    Допаѓања:
    48.431
    Пол:
    Женски
    Те молам пиши дека муабетов ти е измислица и дека не си до толку глуп
     
    На cresa-jagoda, Lavender4, Космонаут и 2 други им се допаѓа ова.
  17. xxsunflowerxx

    xxsunflowerxx Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    И јас тоа се прашувам. 25 и 28
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Значи имало и друго нешто тука, не го спомна ова претходно.
    Е ова не ми се допаѓа, сами сте биле, сте имале можност заедно да ја поминете ноќта, а он настојувал во посебни кревети да спиете, хм чудно.:|
    Обично, одвај чекаат да дојде времето за тоа, не мора интимни ствари, нека е и само гушкање, бакнување, разменување нежности, а он вака постапил..

    Треба да ја анализираш ситуацијата, преку разговор секако, да пробаш да допреш до него, до толку ли е срамежлив и незгодно му паднало или пак друга позадина има.
    Се надевам дека се е во ред и ќе сфати дека треба малку поблизок да е со тебе и да ти искажува чувства, нека биде и на негов начин, не мора само со лигавења и глупости, не сите го праиме тоа, различни сме ама некако стегнат ко да е, треба да размисли малку, да се опушти за да можете заедно целосно да уживате во врската.
    Па не сте воопшто мали, ја очекував ќе речеш по 15-16 годинки сте. Крајно неозбилно и детско понашање.
    И ти разговарај со него, кажи му дека не е во ред вака да прави, притисни го малце, не е фер ич, ако не му одговара нешто, нека си каже отворено, не вака кукавички да бега.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right да, стегнат е, ама мене таа постапка ме натера да анализирам се.
    Следниот ден, нон стоп ме гушкаше, ми готвеше само тој, бевме и интимни и едвај ме пушти да си отидам.
    Инаку, друга замерка немам.
     
  20. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Хм, тогаш може па стварно топло му било или пак уморен бил, не знам шо да кажам, комплицирано е малку поише. :?:
    Затоа реков, времето ќе покаже ама дека треба да разговарате директно, треба, може ќе ти се разјаснат поише работи.