Чисто ме интересира мислење од други и во ситуацијава како е најдобро да постапам. Се запознав со еден дечко и испадна ситуација да се собереме друштво дома кај него, и ние останавме сами и тогаш се смувавме. Проба и поише, за секс али не дозволив. И ми кажа дека сакал да спијам кај него, и океј останав. Искрено многу ми се засвиѓа и баш уживам со него, и комуникација, однесување, манири, се ми се допаѓа кај него. И премногу ме гушка, баш убаво си поминувам а ми изгледа на нормален тип. И пред недела дена се видовме, и пак проба за секс, и пак го одбив и му кажав рано е за тоа. И тој почна муаебет у смисла сексот е лесно достапен сега, никој више не се замара, колку било убаво да имал другарка само за секс, не мора да се слушале нонстоп ама само со нејзе да се гледал. И јас му кажав дека такво нешто не ми се допаѓа, и дека секс не би имала доколку немам комуникација секојдневно и само за тоа да се гледам. После тоа ме побара за кафе ама не бев слободна, а комуникација онака кога ќе ми текне само пишува. А тој имал врска 3 години и пред неколку месеци раскинале, и сфаќам дека му е таква фаза кај што не е сериозен, но еве како и дали воопшто може да му се смени мислење? Зошто не изгледа на таков тип и ме изненади со тоа што го кажа, а премногу ми се свиѓа и не сакам да зезнам сега
Јас мислам дека ако те свиѓа или сака дека ќе почека да си спремна. Тоа инсистирање ми и изгледа како да му фали тоа па ако може еве да искористи, и тоа што ти го кажал дека сака да има другарка само за тоа како тебе директно да ти кажал, не знам... Мислам дека ако ти се свиѓа продолжи си да си комуницираш и се ама не му попуштај така ќе видиш дали му значиш. Вака не ми личи на сериозен тип.
Мене не ми делува сериозен. Продолжи најнормално да се однесуваш, он ако стварно е сериозен нема да те напиња. А реченицата, дека сексот е сега секаде достапен, никој не се замарал... сакал другарка за секс. Ова вришти несериозно и е црвено знаменце. Почекај однесувај се најнормално и повторно кажи да почекате за односи, па види како ќе изреагира.
Не е сериозен и ваљда ако бил романтичен како што го опишуваш можеби и уште ја нема преболено бившата.
Да. Ние сме во врска на далечина од 40км и се гледаме 1-2 пати неделно поради обврски, но затоа... Постојано комуницираме. Ко ќе сме по дома, и надвор од дома. И кога сме на пат за да се видиме. Си праќаме слики и видеа. Гледаме да се понашаме исто како другата личност физички да е присутна во моментот. Некогаш и на камера збораме, ко ќе имаме поќе време. Тој е првиот кој дознава сѐ за мене дури и пред моите да знаат. Сѐ си кажуваме, најголеми радости тага лутина среќа, сѐ споделуваме еден со друг и ништо не е недокажано. Но истовремено и планираме како да сѐ споиме (односно не живееме само во моментов) и работиме на нашите заеднички, но и на индивидуални планови. Секогаш кога се гледаме ги тргаме настрана мобилните и си посветуваме внимание еден на друг. Чувството ко ќе го видам е исто како првиот пат ко го видов, и продолжуваме оттаму кај шо застанавме-исто како физичката далечина да не постои. И знаеме дека кога тогаш ќе се составиме под ист кров...бидејќи работиме на тоа. Најтешко ми е кога се испраќаме..но попрво ќе ја прифатам таа привремена болка, отколку да сум со некој од иста локација а постојано да се караме. Бидејќи знам дека ќе помине...и не можам да се замислам себе со друг човек. Anyway... 6км не е многу но вашата емоционална далечина е поголема и од нашата физичка. Вашето е сѐ освен здрава врска *на далечина*. Не е битно колку долго си со некој, или на колкава далечина си...битен е чоеко... Секогаш можиш да почниш одново, под услов да ги научиш лекциите од досегашното искуство.
Веројатно и претходната врска била базирана само на тоа, секс и затоа и бившата впрочем си заминала. Не мора да е вака, ама е солидна претпоставка. Друго, не е баш нормално да инсистира на тоа, ако веќе си му кажала не. Мене ова ми е нешто како, ти треба да ја прифатиш неговата фаза, од врска која никој не знае дали е функционална излегол, а тој твоите потреби не ги перцепира. Па и не ти пишувал често, само онака. Поракава која ти ја испраќа е дека тој е битен овде не ти. Батали го овој, барај друг.
Хаха, па ова е класично однесување на дечко/маж со низок морал и лошо воспитување. Едноставно, не ги воспитуваат дома дека ете и девојките се човечки суштества и дека е крајно некултурно и моронски на девојка која не се бави со Онлифенс, сценарија како пријатели со бенефиции, врски без обврски итн. Овде вината е кај него, примитивен е, ама ја игра картата на емоции. Гушкање, романтики, се дури не си ги исполни нагонските потреби, башка и манипулативно е, спомнува бивши, демек повреден е, а уствари скриен предатор. Еднаш во една од темиве прочитав мислење, мислам од мајка беше, нешто во стилот, луѓе што се случува со машкоста, дај да си ги воспитаме синовите. И ова е нај себекритички коментар кој сум го прочитала овде. Иако, јас искрено сметам дека вината е кај татковците, најчесто се отсутни.
Абе аман, не е толку длабоко. Со другари сум пораснала, знам дека се фази. Баш ми имаат кажано доволно ми беше емотивно вложување, сега ми е фаза само за мување. Ни онлифанс ни социјални мрежи не постоеја тогаш Може ќе му помине, може ќе му се уарни и ќе ја тера таа фаза долго време, ама барем искрен е. И не, која и да е сега нема да му биде кандидат за врска. Така што, членката нека бара друго дете за врска.
Сакате различни ствари во моментот. Ниту твоја ниту негова кривица. Најдобро е да се оддалечиш и откажеш од него. Ако му се смени мислењето ќе те побара, ти да го менуваш, џабе.
Прекинавме врска од 2.5 години, поточно тој ја прекина. Последните 8 месеци живеевме заедно. Јас сум личност која смета дека домашните обврски треба да се извршуваат заеднички. Не сакам некого да морам да молам да пушти машина за перење, да оди да испазари или да зготви ручек а баш тоа го искусив. Него никогаш не му текнуваше своеволно, без да е претходно сугерирано од моја страна, да заврши било каква домашна обврска. Кога ќе го замолев да направи нешто, да помогне, некогаш го правеше тоа но не беше без коментирање. Прекина затоа што според него постојано сум му давала обврски, не сум му давала простор да го прави она што тој сакал да го прави. После секоја караница оладувал малку повеќе во врска со мене се до моментот кога престанал да ме сака. Тешко ми е затоа што не е мал период и ова беше прв пат да живеам со дечко. Моментот кога требаше да се вратам дома а знам дека сите блиски роднини и пријатели знаат за мојата врска и заедничко живеење ми падна многу тешко, не дека имаше било какво осудување од нивна страна. Тешко ми е и затоа што не било се така црно изминативе 2.5 години, да било немаше да останувам во врската. Ама сега навистина се надевав дека можеби ќе сфати дека живее со девојка а не со мајка која ќе оди по него и ќе раскрева и збор нема да каже околу тоа. Освен тоа, откако живеевме заедно некако исчезна иницијативата да излеземе некаде сами двајцата, да отидеме на викенд а да не е дома кај неговите, да изненаде со некое мало внимание а тоа да не е за роденден. Повеќе пати се обидував да направам муабет со него на темава но некако без многу успех. Можеби ќе беше повнимателен една недела а потоа пак на старо. Сега кога гледам наназад знам дека јас требаше да бидам онаа што требаше да ја прекине врската уште одамна ама го сакав, гледав заедничка иднина за нас, само очигледно бев многу надежна дека некои работи ќе се променат. Не дека сега прави некаква разлика. Дури и да дојде и да сака назад не би се согласила. Само тешко ми е. Период е, знам, само се надевам дека ќе помине побрзо.
Му рекла не и пак ја убедува, моронски е, како да ти објаснам. И таа е таа која треба да бира, не тој. Доста со вакви затуцаности каде секоја машка грешка се брани. Ах леле кутриот, не сакал врска ама сака да манипулира со туѓи емоции, ај да го сфатиме, тешко му е. Гревота. Да се вратиме на мислењето од Дентина, да се бираат како лубеници. Ако не оди од прв дејт, нема воопшто да оди.
И мене тоа ме чуди кога читам мислења и некои прашања без врска. Самите пишуваат лоши работи, знаат дека има нешто што не штима и очигледно штом пишуваат им смета. Тогаш зошто да им се даде било каква шанса? Да поправаме некого, или па да чекаме магично да се сменат?
Мила, позитивна ствар е што завршила врската. Затоа се препорачува да живееш со партнерот пред брак, реалноста е дека живеењето заедно е вистинскиот тест и не е исто како поминување неколку дена заедно еден кај друг или на одмор. Тогаш дознаваш дали другата особа те почитува (твојот бивши не те почитува), како функционирате заедно во секојдневие (не сте функционирале добро) и како ќе се потрудите да ги решите проблемите (тој не се потрудил). Ти верувам дека за 2.5 години нема шанси да било лоша врска, но многу клучни работи не биле како што треба во тек на тие 8 месеци. Прифати дека е најдобро што сте раскинале, инаку би те пречекал брак со истите расправии и како што ти кажа, некој би барал од тебе да му бидеш мајка. Заслужуваш подобро од тоа и животот ќе ти го донесе, сигурна сум. Поздрав.
Тешко е да гледаш трезвено на работите овој период поради емоционалната природа. Но, кога работите ќе спласнат, воопшто нема да ти е криво што тој раскинал, пошто сега, баш тоа ти паѓа тешко што не си го направила ти. Т.е. ти си била таа што си давала шанса и покрај тоа што работите не оделе како што треба, а на двајцата ви било тоа јасно. Замерките, веројатно не сте ги кажале сега за прв пат, туку, како што имаше пишано дека сте ги "комуницирале" при секоја караница. И, наместо тие пречки помеѓу вас да се отстранат, по секој разговор, вие сте биле по дистанцирани меѓу себе. И само незадоволството растело. Живеење пред брак е тест период за каков ќе биде животот во брак. Сте имале можност да го искусите, и двајцата сте биле незадоволни од другата страна. Он, ете, го повлекол прв чекорот и раскинал. На некој начин ти олеснил и те скратил од трошење на време во не перспективна врска. Другото, ќе помине.
Си се спасила од несреќен брак во иднина очигледно. Човеков немало да се промени ни сега ни по 10 години, така е научен и така си тера. Тебе штом ти смета тоа или ќе продолжеше да трпиш и ќе се нервираш или еве ова што се случило. Биди среќна , ќе најдеш некој што ќе ти одговара подобро
Следен пат пред да се решиш да живееш со некого, тестирај. Однеси го на одмор и се ќе знаеш за него после две недели. Инаку, ова некултура и домашно невоспитание. Си го искусила тоа што за 90% од браковите во Македонија е реалност.
Не изгледа сериозно типот... Изгледа му фали такво нешто па инсистира на тоа (според мене уште на почетокот е многу рано тоа што го прави на што укажува дека не му е за врска). Ти си знаеш ама, ако сакаш сериозен дечко на првото гушкање нема да бара.