По напишаново, дечково нема никакви емоции за тебе и би требало да ти биде јасно до сега. Не знам зошто се мачиш
Сфаќаш дека му е таква фазата? Girl нека не биде пичка и нека каже сакам да бидам/ работам да сме во врска или сакам бенефити и лабавење. Јас би била директна сакаш вака и вака или не. Потака како ќе се одвива ќе видиш и сама ќе си процениш. Никогаш не се заборавај себе си, и своите потреби и граници, тоа за секој е различно правило нема.
Не. Ти кажал дека не се гледа сериозно со тебе, туку само за секс. Нема да го промени мислењето, не му е до периодот. Маж уште на старт донесува одлука што сака со некоја, и ретко ја променува подоцна.
Здраво на сите, мислам дека е ова најдоброто место за барање совет и да си ја искажам душата... Што кога осеќате дека дечкото полека се лади од вас? Во врска сме 3 месеци, да знам ништо посебно, ама јас навистина се приврзав за него и го засакав. Многу работи имам претрпено во овие 3 месеци, каде еднаш ме остави и после 2 недели се врати кажувајќи како ме сакал, знаел дека направил грешка, не сакал да ме изгуби и слично. 1 месец после тое беше океј, сега деновиве осеќам пак како да е многу оддалечен.. Пишуваме по максимум 5 пораки дневно, се слушаме еднаш, некогаш и ниеднаш. Дури и кога ќе се слушнеме ми е некако чуден, ладен, не е како досега. Разговарано е на оваа тема едно милион пати, затоа што после првиот пат кога ме остави јас изгубив доверба, и 1 месец разговарав за тоа како се осеќам дека не ме сака и дека сега само ќе очекувам пак да ме остави, дури муабетот ни дојде на двајцата преку глава. Некако не сакам пак да почнам со темава и да напнувам во смисла што си чуден, ладен. Не знам што да правам и како да се однесувам, немам со кого да го споделам ова, а самата не сум паметна доволно да знам што да правам. Имам анксиозност и последниве дена 24/7 сум со тежина и физичка болка на душа, некако ситуацијава ми прави да ми е многу тешко, легнувам со тежина, се будам со тежина.. Од друга страна океј се однесува, не дека ми се понаша лошо или нешто, само ете, се осеќа дека е ладен.. Да напоменам дека сме во врска на далечина и не можеме да се видиме веќе месец дена. Многу би ми значеле совети, навистина. Ви благодарам однапред.
Здраво срце, највише ми остави впечаток делот каде што напоменуваш дека сте во врска на далечина бидејќи сум и јас во таква ситуација и јас со дечкоми одам 4 години од кој што 3 ни поминаа вака одалечени во различни држави сме и се гледаме на неколку месеци додека пак првиот пат кога јас се преселив се немавме видено и цела година. Не ни најмалку не ние совршено, имаме еден куп караници, љубомора, нервирања, мењање на расположене од саат во саат но сепак на крајот од денот знаеме дека еден ден ќе се среди све и дека ќе помине све ова, дека ќе си бидеме пак заедно и дека никој нема да може повторно да не раздели имаме и планови да дојде тој прво овде некој период па да си се вратам и ја за мк само да наполнам 18 за брзо, додека пак твојов ми стои на многу не стабилен без план за понатаму а верувај ми дека едно од работите што ги бара врската на далечина е план за понатаму која вие целта и за што уствари вие се борите, исто така напомена дека немаш доверба, знам колку е тешко без доверба знам колку е тешко да живееш во страв да не направи нешто или пак да не те остави баш кога ти треба најмногу знам исто така колку е лошо и да му зборуваш на некого да пробате да поправите нешто на подобро а он сепак да си продолжува по свое. Според мене он сепак мислам дека не гледа сега за сега ништо сериозно и мислам дека нема некој конкретни чувства барем според тоа што го пиша ти така ми делува на мене или пробај уште еднаш со нормален разговор да пробаш да му покажеш колку тие дојдено до него и колку несакаш да го изгубиш, ако пак и тогаш продолжи со ладно и чудно однесување биди и ти таква со него не му попуштај, затоа што ако види дека може така со тебе ќе си продолжува ќе си крева он его а ти моли го чуствувај тежина и нека не тие добро а не си апсолутно за ништо крива. Ако продолжи така биди и ти таква со него па да видиш како нема да му биде сеедно затоа што на лугето што повише им обрнуваш внимание толку повише се занесуваат и мислат дека можат да те вртат како што сакаат они... пиши ако има нешто ново и ти посакувам премногу срека. Колку сте одалечени инаку ако не е тајна?
Три месеци се мал период за да запознаеш некого вистински. Особено не на далечина, и тоа со волку малку комуникација. Најдобро е да го прашаш него што е причината за тоа однесување и што може да се направи. Ама тоа оставање, на смирување и плачки у рок на три месеци е многу токсично и детинесто однесување.
Граници, добар збор, одличен. Јас се надевам нема да се фати во мамката на овој, ама ништо не е сигурно. Инаку и ги руши црвените граници оти намерно ја сексуализира, таа за него е објект. А воедно, ја поканил на забава, разменувал нежности и кажал да остани. Прво и дава знаци дека е заинтересиран и после ја спушта топката. Класичен знак на злоупотреба на нарцисоидна личност. Еве, Спајси да не се викам ако ова не е причината за распад на претходната врска. Едноставно, со овие луѓе кои ги ставаат другите во категории уште пред да ги запознаат, не можеш никогаш да се справиш. Затоа треба да напуштиш терен. Овој ќе им се придружи на категоријата хронично сингл мажи во Македонија за брзо. Премногу често слушана ми е приказнава за жал.
Знаеш како its not that deep. Не ми прија ајт, нема што да ја сакам идна верзија, а сегашнава да ми е ок пошо ми е убаво со некој. *мала дигресија Се ќе избледи освен неговиот карактер и личност. Ја не знам како пола од луѓево тука ми треба совет, и класика ..не се осеќаш убаво, плачеш, се секираш, попушташ за се, готово е од вас и ваша врска.Не зборите еден со друг,( макар и на почеток да сте), удоволувате и толерирате се, а он само постои заедно со сите негови потреби кои се исполнети во целост. Па уште арогантно гомно со дигнат нос. Убаво пиша @Billy Idol маж знае што и како сака на почеток и постапките се одраз на тоа. Исто е и кај жена интуицијата си збори и знаеш што понатаму. Не е единствн бе, покажете се себе си какви што сте, стојте си до тоа што го поштувате. Поставете граница и гледајте дали ќе ја почитува, слушајте ја својата интуиција ако ја немате , постапките негови. Во денешно време се се може, ама баш се, околу мене биле у врска на далечина од 2000 км па успеале, се бореле. Пих, баш дека сум била на ваше место се дрзнувам да филозофирам,граница постави ја што порано и биди си true to what you are. Било тоа сакаш за секс да чекаш 6 месеци 1 година , живеење заедно, брак и не знам ти што.
Коренот на проблемот е во дискусијата од пред неколку страни. Стравот да не се остане сам, животот прекинува ако си сингл на 25+, дај шта даш менталитет после оваа граница. И затоа се толерираат ср*ња од страна на себични,неиживеани луѓе. Вистинската врска нема проблем со поставување на healthy boundaries и нормална комуникација.
Тоа де, ( и врска и другарство) мажите ги гледаат као да не се луѓе од крв и месо. Различен полов орган остало се си зависи каква личност си, карактер, каков ти бил животот, со што си се борел/ бориш. Со тоа ти се дејташ со личноста негова, зашо да ти е страв на почеток да кажеш мене ми е пребрзо за секс и допирања или шта год,( секс пошо често се спомнува) едноставно не се осеќам ок, рано ми е, касно ми е, неќам, не се осеќам добро. *и да сфаќам некад е страшно, и незгодно .. Бар на форумов гледате дека сите сме биле на тоа место, сме поминале и скоро сите ист заклучок имаме донесено. Патем мислам и дека опкружењето игра голема улога како со нештото ќе се справиме. Какво друшто си имал, колку сте биле отворени, искрени, колку си можел да се искажеш без да бидеш исмеан , односно да бидеш прифатен. Пошо у денешно време се им е смешно на луѓево, се си назад, се нешо ти фали,се ова се она аман ако некој може да инсистира да биде така , можеш и ти. За ништо нема право и грешно, нема терк на една врска нити на другарство. Е мајку му, претпоставувам помлади сте абе ако сега лупате глава што ќе праите на плус 35/40?
Убава дискусија имате Хиша и Селена, ама the key point here is: madonna-whore complex. Затоа реков погоре, маж којшто автоматски става жена/девојка во категорија без да ја познава, за мене треба да се избегнува. Инаку, комплексов повеќе штета им прави на мажите отколку на жените. И да ако му е нарушена самодовербата, можи да си поработи на себе. Не да измислува фак бој сценарија оти тоа било кул и модерно.
Па секој одма го става некој во категорија. И ти кога ќе запознаеш некој одма го категоризираш на: 1. Со овој би сакала врска 2. Со овој може забава само 3. Овој само другар може да ми е Секако некогаш ќе направиш погрешна проценка на прва, и имаш некоја флуидност помеѓу категориите. Но обично изборот ти е тој. Не дека ти треба 3 месеци да се одлучиш што сакаш со некого. Тоа се глупости и се работи за лабични личности кои не знаат што сакаат од себе. Тука ниту за нарушена самодоверба се работи, ниту пак за комплекс, туку за критериуми кои тешко ги менуваш. Добро е само тоа да се сподели, за да знае другата страна на што е, а не да се замајува со месеци.
Може мисли дека не постои машко-женско пријателство. А зошто да не постои? Баш може и најдобри другари да станат женско и машко, не мора да значи дека пријателството ќе прерасне во иднина во нешто посериозно и дека такви намери имаат било кој од двајцата.
За мажите не постои тоа Они со сите другарки шо се дружат, потајно сакат да им го плеснат А за нас жените е друго, ние можеме и маж да го гледаме како пријател. Затоа во многу врски се појавува љубомора од страна на мажот кон другарите на девојката, оти си се знаат шо говеда се
Не затоа што си се знаеме што говеда сме, туку затоа што барате пажња и валидација од некој што сака да ви го закачи под закрилата на "пријателство". Вашето однесување ни е битно, вие како ќе се поставите во таква ситуација. Иначе и жените се љубоморни на машки другарки кога гледаат дека овие сакаат нешто повеќе од пријателство, а овој се прави на 3 и пол демек не знае. Така да, не е ова ексклузивно само за едниот пол.