Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    Оти може и стадо говеда да бидат, нот мај проблем. Ако не и верува на девојката, дека девојка може да има критериум, и да-некој не може да мрдне подалеку од френд зоун- исто, нот мај проблем:D
    Колку ги има околу мене, што се можеби евентуално за во френд зоун, ехеее. А најмногу очигледно се тие што ниту таму не би ги имала:emo:
    upload_2023-9-19_15-22-13.png
    :rofl:
     
    На Kanya и Adidas888 им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    33.902
    Пол:
    Женски
    Е тука е проблемот, шо вие мислите дека ние сакаме валидација од другарот. Не викам дека нема такви шо се ебат другарски, ама ние жените можеме во маж да гледаме само како пријател. Ама да не ти објаснувам, маж си :D
     
    На *Amethyst*, Anyshka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Здр до сите... Не знам како да почнам, ќе бидам кратка, почнав да се гледам со еден дечко, меѓутоа имав проб некој и ми остана лузна која се познава и со пудра ми е џабе на видно место е малце... Не знам како да му кажам се плашам дека ќе ме остави поради тоа, ме вика да се гледаме и да излеземе ама самодовербата ми е нула, како да му кажам не знам и како би реагирал, се плашам дека ќе ме остави :(
     
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    14.189
    Пол:
    Женски
    Ако те остави поради лузната само и неке да се гледа понатака со тебе, остави го и ти.. Заслужуваш некој што би останал покрај тебе и да си најгрдата личност на цел свет, а не некој што ќе те остави само поради лузна.. Ако се плашиш да го изгубиш, изгуби го и нема да се плашиш, не бил вреден.. Не можеш во животот да знаеш која личност вреди да се бориш за неа, ама некој што би те оставил поради лузна сигурно не е таа личност.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, Mic18 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Не знам Адидас дали имаш забележано, ама мислам дека имаш. Мажите на темава конкретно ги даваат најлошите совети. Дури и некогаш кога ќе прочитам, I'm like wtf? Инаку, ова што си го пишала е чиста вистина.
     
    На Curious cat и Adidas888 им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    33.902
    Пол:
    Женски
    Јас овој горе незнам ни за каква валидација збори :D
    Иначе нормално дека такви совети ќе дават кога тоа на нив им одговара.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Во смисла дека намерно флертуваме со нив, а после ги ставаме во пријателска зона. А не е вистина, оти не флертуваме со некој кој не ни се допаѓа по дифолт. Исто за синдромот кој ептен е изразен кај балканскиве мажи. Ако не си ги прифатат сопствените мани пред се, никогаш нема да прогресираат.
     
    На *Amethyst*, baby-star и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    33.902
    Пол:
    Женски
    Проблемот е шо они многу погрешно не читаат нас односно не знаат да не прочитат. Ако некоја девојка им се насмее одма мислат дека таа сака нешто со него. А најмногу ме нервираат кога се во група двајца тројца или повеќе и седат некаде, поминува некоја убава девојка или девојки, и овие збудалуват, ја гледат цело време , девојката се врти ги погледнува и продолжува. Нивната помисла на ова е дека чим се завртила сака нешто со нив, а реалната ситуација е дека девојката ги приметила дека ја гледат и се врти да види дали се потенцијална закана.
    Ама на кој да објасниш.
     
    На Nausicaa, NPN, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Хаха, ова ко тебе Арапите што ти праеле?:D

    Вистина е дека ги има многу ваквиве мажи, па свиркање, довикување, провоцирање, попалени ко мајмуни, не дај Боже нешто полошо, а после демек жените провоцирале.
    Море мрш таму.:envy:

    Тие ти се крајно неизживеани и незадоволни и си викаат ајде да си ја пробам среќата, може кај некоја и ќе упалат сељачките фори.

    Него уште полошо е што постојат жени кои им подлегнуваат и возвраќаат на нивните провокации па некои дури им ги исполнуваат и желбите и им го праат меракот. И тие не се баш ретки, да не се лажеме.

    Па затоа не е во ред да се ставаат сите во ист кош, коа и од двата пола ги има утепани и никакви.
    Не можам да бранам само жени, баш поради ова.
    Во конкретен случај кај што е очигледно, да, ама ако се генерализира и претпоставува, тогаш не.
     
    На Anyshka, Musicallinmylife, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    33.902
    Пол:
    Женски
    Баш као арапите. Ама и сум седела во такво друштво, машкуданка си бев порано, и се и свашта иам чуено кога поминуваше девојка. Нивниот мозок е еднаков на примитивизам. Само шо некои се подобро воспитани :D
     
    На Biljarkata, simoncelicius, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Сеа нормално е поинаку да размислуваме, не можеме идентично, не за џабе викаат жените и мажите од различни планети се.

    Викаш примитивизам и дека подобро се воспитани некои. Добро, точно, воспитанието и средината се клучни за тоа каква ќе биде и стане некоја личност, и генетиката игра голема улога тука и карактерот ама многу битно е од дома или од друго место каде што си растел и си се градел како личност, како ќе те воспитаат, моделираат, какви обрасци на однесување и кои вредности ќе ги прифатиш за „нормални“.

    Така што, дали се работи за маж, дали за жена исто ти се фаќа, ако нема природно во себе акл или пак истиот да го стекнал понатаму во текот на детството па дури и на покасни години (ако станал свесен дека треба да се смени на подобро), за тоа што е општоприфатливо и да негува позитивни вредности, да е културен и одмерен, ништо не прави, без разлика на полот, ќе си биде пак амеба примитивна со затуцани ставови и ќе си мисли дека е јак и кул и никако нема да се труди да се промени.

    Затоа се е до индивидуата, и не треба да се генерализира само заради сопствени лични негативни искуства и заради тоа што овие примитивниве ги има превише и преовладуваат.
    Има и исклучоци кои што знаат да не изненадат позитивно и да ни дадат до знаење дека сѐ уште има надеж за овој свет. :)
     
    На IRBBB, Musicallinmylife и Adidas888 им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    33.902
    Пол:
    Женски
    Не генерализирам јас, јас зборував стрикно за овие шо праат така.
     
  13. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Јас демек бирав друштво, имав еден дечко абе сите кажуваа дека е срцка, добар. Седевме еднаш поголема група и демек пиеја пиво машките. Откако се запија, какви муабети слушнав, перцепцијата ми се смени за 360 степени. Сите беа инаку добри, наводно. После алкохол се забораваат и затоа излегување со друг пар, освен на вечера е лоша идеа. Т.е јас сум сега ептен резервирана, и искрено не ни сакам да излегувам со друштво на дечко, некако форсирано ми е.
    Така да, колку и да ја критикуваат овде Адидас дека премногу се отвора, не е лошо оти ја кажува вистината.
     
    На *Amethyst* и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.345
    Допаѓања:
    84.392
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека лузна би била некаков проблем? Ако поради лузна не те сака, не ни вреди да се замараш си него. Зошто да ти е самодовербата нула? Лузна е нормална работа, сите имаме некаде лузна.
     
    На cresa-jagoda, tessie и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. Maylin

    Maylin Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Очајно ми треба совет за да си ја смирам анксиозноста.
    Имам дечко на далечина, почнавме пред некои 5 месеци, од кои 2 месеци не беа на далечина.
    На почетокот ветуваше све и свашта, ти си кралица, во тебе има нешто што не сум го видел во ниедна друга, нема да дозволам да те изгубам бла бла, барање насекое, буквално по 5 пати во денот ме бараше на камера, знаев сè што прави како прави. Накратко, убава и цврста врска, не дека беше love bombing. Знае дека уште од старт не му верував нешто премногу.
    Меѓутоа, последнава недела некако го чувствувам како оладен, оддалечен, што знам. Ако ми пише максимум 5 пораки во денот, мада што и 5 се многу, го нема по цели денови. Иако кога ќе ми пише се понаша супер, не е нешто ладен да одговара кратко, ама сепак, најголем дел од времето не се ни труди да ја отвори пораката, а не е презафатен до тој степен. Навечер ме бара на камера, сè супер си се понаша, ама што знам, по цели денови го нема, повеќе од 5 саати не ми враќа.

    Јас имам анксиозност и иако знам дека не треба, цело време се потресувам, леле оладен е, леле каде е што не ми враќа, не го интересирам веќе, градите ми се стегаат и буквално физички ја осеќам анскиозноста и нервозата и тоа ми е огромен проблем.
    Учам, испитна ми е, плус одам во теретана, излегувам со другарки и пак умот ми е во него и се потресувам.

    Со него на оваа тема е разговарано премногу пати, до тој степен што знам дека му дојдов преку глава и си ветив на себеси дека сега 2 месеци ќе молчам и ни збор не му викам на оваа тема, да видам до каде ќе оди. Ама не можам веќе со ова гадно чувство кое го имам, сакам еднаш да се смирам и да сум спокојна.

    Се знае дека не ме сака толку многу и не се замара, кога ќе видам кога ќе ми се јави насмеан, позитивен, се смее со неговите, додека јас цел ден се потресувам и нервирам.
    Го засакав и искрено сакам сè ова да успее, само не знам до каде води ваквата ситуација.
     
  16. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.015
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Можеби нешто обврски има периодов повеќе п затоа е така, или едноставно не му е до разговор со никој сум имала такви денови и јас. Проблемот е во твојот начин на разлислување, може разговор со психолог ќе ти помогне. Размисли зошто така се чувствуваш, дали навистина има нешто загрижувачко или сепак се е во твојата глава. Во секој случај треба да разговараш и со него, не да го обвинуваш чисто да ти олесни да си кажеш шо ти тежи, треба да те разбере и тој. Треба да работиш на себе најпрво и на твојата самодоверба.
     
    На Maylin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    И кога ќе му кажеш дека ти смета, кој му е одговорот? Или чека уште пет сати за да одговори. Или нареден ден одговара...
    Не знам колку веруваш во интуиција, јас верувам и си ја слушам. Ако нешто потсвесно те копка дека не е во ред, не е во ред и толку.
     
    На senza.parole, cresa-jagoda, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    1.208
    Пол:
    Женски
    И самата си кажуваш дека е оладен, да сакаше ке најдеше време за тебе, воопшто немаше ни да го смени однесувањето ама сепак зависи и од обврски во тек на денот. Разговарај со него и види како ке реагира, дали ке ја подобри ситуацијата или пак ке си продолжи по исто
     
    На Maylin му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Maylin

    Maylin Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    За ова сум му спомнала само дека го осеќам како оддалечен, вика не, нема врска. Ама џабе тоа што го кажува кога постапките на друго укажуваат.
    Поради некои ситуации изгубив доверба во него и главно 100 пати е разговарано за тоа како не верувам дека ме сака, секогаш викаше као ќе ти докажам ќе видиш, ветувања ветувања.. Поради тоа реков не сакам да му спомнувам пак вакви глупости иако јас самата си се повредувам со тоа.
    Искрено не знам дали е интуиција, дали е само анксиозност, дали јас претерувам и премногу очекувам од некого, или ситуацијата стварно не е како што треба. Затоа сакав мислења од страна.
     
  20. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.525
    Допаѓања:
    27.343
    Пол:
    Женски
    Ако си изгубила доверба во него како планираш да градиш иднина со него ?
     
    На cresa-jagoda, Emotional123 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.