Во живо или на камера кажи му и од утре почни исто ко него да видиш до кај ќе тера. Ако не бива раскини тоа бар е најлесно. Не пиша нешто многу за да проценам колку ти си во криво колку он…
Абе сеа па не може 100 пораки у денот, не знам што очекувате 24/7 достапени да се, било дечко или девојка. Знам дека време за саканите секогаш може да се најде ама без претерување да биде тоа и спамање цело време, пишување или зборење на телефон е ту мач и претеризам според мене, секој си има право слобода и приватност. Ете сама викаш дека и те бара, се слушате, се глеате. Мислам дека безпотребно паничиш. Ама полошо праиш вака, значи и него ќе му се скурчи да ти кажам, замисли обратно, тебе вака да ти праат цело време, убаво ќе ти биде? Олабави, доста се нервираш. Не чини вака опсесивна до толку да си. А друго нешто има, освен ова што те тера вака да не му веруваш, некој ред флег во врската? Сеа прочотав дека некои негови постапки те натерале да изгубиш доверба, какви постапки, сериозни работи или си преувеличуваш само? Не мора тука да одговориш туку сама на себе дај си го одговорот. Како тоа се знае дека не те сака многу? Сеа те сака или не те сака, ти што мислиш? Самата би требало да осетиш дали те сака или не, до толку не може да глуми, се познава тоа, постапките го издаваат. Ништо добро не си праиш што се стресираш, напротив ја активираш уште поише анксиозноста и полошо ти е така. Место да се нервираш размисли подлабоко што те довело да се сомневаш во него и дали ти е стравот оправдан или не. Може и треба да се видите во живо, ако сте во можност па да си напраите пак отворен муабет околу оваа тема ама мислам дека за џабе се нервираш но секако не може да знаеме со сигурност каква е ситуацијата.
Не очекувам по 100 пораки во денот, ниту пак 24/7 да виси на телефон за мене, ама зарем една порака на 5 саати е во ред? Претерувам ли? Заради тоа и не сакав да му викам ништо, и јас да сум би ми дошло преку глава ако некој цело време ме напнува за тоа што правиш вака, што правиш така.. Ама па од друга страна, и мене не ми е лесно. Има и други ред флегс да, на пример заследување женски и во истиот момент лајкнување на слики што ги има на профил од порано, за тоа требаше 10 пати да го напнам за да престане да го прави (до кога, ќе видиме). Исто, пред некој ден уз муабет дознав дека не е ни сигурен колку години имам. Роденденот ми го знае, годините не. А и осеќам дека не го интересира што правам во текот на денот, никогаш ни ме прашал како си, како си го поминуваш денот туку се за себе си зборува. Пред некој ден имав интервју за работа, дента пред тоа цела среќна му кажав, и вечерта кога зборувавме реков ајде сабајле морам да станам порано, вика зошто што ќе правиш? Другиот ден ниту ме праша како помина на интервјуто, ниту го заинтересира. А вака кога ќе ми се јави цел е позитива, прави планови со мене за иднината и се тоа, ама да ме праша како сум и да го интересира нешто што сум правела, не. Тој е центарот на вниманието. Искрено ниту сум многу искусна, ниту знам како да се понашам, ниту знам дали претерувам..
Мислев обврски има, зафатен е па затоа. А онлајн е и не ти враќа или? Ако е и пак не враќа или на сеен те остава, тогаш да, не е во ред. Хм, има машки ова што го праат, не е само тој, ни прв ни последен. Не значи дека ако лајкува по дифолт му се свиѓа таа, го пали и дека би имал нешто со неа ама штом ептен ти смета, треба да прекине. Хахахахах како така бе, озбилно? Роденденот го знае, а годините не, нема логика. Да не се зафркава овој со тебе? Интересен и чуден тип како и да е. Ахам, значи незаинтересиран е, а вака викаш коа се гледате на камера се супер. Не е во ред ако вака праи, до толку да не се замара, па и некој лабав флегматичен тип да е, на кој едноставно карактерот му е таков и нема лоша намера, нормално е да ти смета. Уф и плус центар пажња ако е, лошо. Убаво ти рече @Hisha почни и ти ко него да се понашаш ама идентично, не замарај, не го барај, нити пишувај му, ретко само, и биди и ти ко незаинтересирана, тестирај го малце па види шо ќе биде, дали ќе смени понашање или пак истиот ќе си биде. Ако си му значела, нема сеедно да му е што си сменила тактика и ќе сфати.
Прво-почетокот е love bombing. Второ-3 месеци сте во врска на далечина, од кои ти 2 месеци се потресува, или како, не разбрав баш од пишаното. И трето - ваквата ситуација, леле не ми враќа, леле лајкнал некого, води до твое истоштување а богами и истоштување на врската. Велиш немаш искуство-еве совет од некој со искуство. Ако не успее оваа врска, ќе има друга, ако не те сака овој дечко, ќе те сака некој друг, и тоа отприлика би било. Малку фокус на себеси и размисли- што ти сакаш, каков дечко сакаш, какви квалитети треба да има? Евентуално може и ти да не го сакаш него, и таа опција може да постои.
Прави планови за иднина? Чекај малку, рано е за каква било иднина. Не ми се допаѓа тоа што он е центарот на вниманието на разговорот а ти и твојот ден не ни доаѓате на дневен ред за разговор. Тоа е проблем поголем од невраќањето на пораки. Но, треба да зборуваш отворено со него. И види каков одговор ќе даде. Дали ќе се заинтересира повеќе, колку долго ќе трае тоа. Ако не бива, секој по свој пат, ќе имаш други нови врски. Ова може да служи и како искуство повеќе
Неееее, убаво пишуваш ти,дека долг пост и се насмеав па викам да тагнам Са ким си такав си замисли со пацко одговор да смислувате ухааааа
Избриши ги моите мислења...не видов дека пишувам на друга тема..се префрлив со мислите дека сум на зборно место
@Mrs. right да, онлајн е и не враќа. Сум стоела и на сеен по 3-4 саати, па после ќе ми вратеше, па као демек не можел нешто зафатен бил, а во меѓувреме беше онлајн неколку пати. Не му направив проблем. Воопшто не е флегматичен тип да не се замара за ништо, едноставно не се замара за мене, барем еве јас таков впечаток имам, ама јас сум многу голем overthinker, не знам од страна како изгледа. @Selena01 не дека уште утре ќе ме земе за жена, ама по муабетите, сериозни планови има за со мене. Да, тој е центарот на разговорот и не се сеќавам некогаш да ме прашал како си го поминав денот, додуша за тоа не сум ни посакала да му речам нешто, испаѓа дека сè ми смета кај човеков. Не знам што ќе му речам, не сакам ти толку да зборуваш, заинтересирај се малце за мене? Глупо е
Види мене ми делува како и сама да си даваш одговор. Оставал на сеен, не се замарал да прашува. Ама бил сериозен. Верувај не одат овие две работи заедно. Ако некој е вљубен до уши ќе се напне за другиот човек. Да види како е, што прави? Мој совет е да имаш малку резерва и со ладна глава да го водиш муабетот со типов. Не романтичарско, дека овој е сериозен и ова е среќниот крај. Никој не ти вика, раскини под итно, ама имај здрава скепса у случајов
И на други ова им се случува, ама нема да признаат. Конкретно и мене ми се има случено и не ми беше сеедно. Рано е да го наречам манипулатор, ама делува дека е нарцисоиден. Се става сам себе на пиедестал, ти си второ место, секогаш. Ова не е во ред. Почни и ти да не одговараш, нека види што значи “со свој камен, по своја глава“. Другото, мене искрено од денешна перспектива не ми е гајле дали иден дечко би следел девојки и ги лајкал. Не би се потресувала и да пишува со други, ако не се гледа со нив, како виртуелна реалност е. Ама јас само ги дејтам, не се заљубувам и затоа брзо заборавам и не се замарам. Ама кога бев на твоја возраст, вака се осеќав, можеби и полошо. Затоа, направи step back, олади и види како ќе се понаша. Ако се поправи можеби те тестирал дали си љубоморна, па ќе се врати назад во некоја нормала. Ама сепак, ако ти прави вакви тестови, не е некоја океј личност, дури ни за кежуал дејтање.
Update: поставив јасни граници, му кажав не добивам вајб од тебе дека се замараш за врскава сакам да видам дека сакаш да ме задржиш или пак ако неќеш да се потрудиш само кажи ми и двајцата да завршиме работа. Дечкото пак беше зафатен ПАК цела прошла недела се спремал за некој си натпревар, се јавуваше еднаш дневно и секако не најде ниту еден ден од неделата за да ме види на саат време. И секако он мисли дека вложил труд со тоа што се јавувал по еднаш дневно додека јас ни тоа не сум го направила срам да ми било, а тоа што го прашав (да одбере од опциите погоре) не ми врати на пораката (не ја ни прочитал I guess, нема време човекот). Сто пати му напоменав врати ми на пораката и направи убаво муабет со мене треба да знам, вика добро и ништо еве веќе 5 дена - се јавува еднаш дневно и разговорот е што правиш ништо ти еве ништо работам. Си одел си вежбал, отворени денови од клубот каде што нема никаква обврска да биде наместо ете еден саат да одвои да ѓи направи да се осеќам сакано. Ми пукна филмот раскинав завчера, се јавува дечкото наредниот ден и се понаша како ништо да не сум му кажала (раскинала)- ниту извини, ниту ајде да поправиме нешто него само еј абе слободна ли си денес. Значи уште не можам да поверувам, пробувам да разговарам со него и одбива, се јавува онака еднаш дневно и све е тоа два збора сврзани, а после се јавува и пак си тера по негово како ништо да не се случило. Тешко ми е, ама понашањево е многу непочитување кон мене.
Види, не знам до колку чекаш да ти напише, но имај си едно правило дека, на пример, после 22 часот ти спиеш и не ти е гајле ама баш за ништо (ни за потенцијален дечко, ни за другарка, ни за роднини итн., мислам ме сфаќаш). Може е банален примеров, ама и те како има поента. Друго, не дозволувај некој да ти навлегува во личен простор и да те прави несигурна сама со себе. Зошто уште се трошиш самата со очигледни одговори и се обидуваш да го решиш "проблемот"? Реалност е дека ваквите карактери неретко водат двоен живот и ти за тоа никогаш нема да дознаеш.