Поубаво што си продолжила сама.Ферски е да не идете за да не го мачиш и него и себе. Камо среќа да беше бившава моја вака доблесна како тебе. На фемина дојдов по раскинувањето на врска која траеше над десет години. Сега барам само некоја душичка која знам дека ме чека мене да бидеме среќни.
Секој ќе си ја најде својата среќа, никогаш не е касно, луѓе и разведени со деца па покасно си ја наоѓаат среќата
Здраво, многу се мислев дали да пишам ама чуствувам потреба од мислење од луѓе кои не ме познаваат за да заземат страна. Со дечкото сме во врска околу 11 години и неколку години живееме заедно. Можам да кажам дека добро функционираме, двајцата работиме имаме стабилни финансии. До сега никогаш не сум притискала за брак или за свадба, едноставно не осекав потреба се до оваа година кога сите околу мене се испомажија и верија. Решив да зборам отворено со него за ситуацијата на што добив одговори од типот: Зошто се брзаш? Дали ти фали нешто? а подоцна премина во: Чекам да го поправиш однесувањето и Не си заслужила. На крајот испадна дека јас го молам и искрено чувството не беше пријатно. Извинете на долгиот пост
Како тоа не си заслужила ? Што си ти дете па треба да заслужиш играчка? Како тоа однесување после 11 години? Ова ми е повеќе дека не е спремен и си бара изговори
Wait what??? Брзаш после 11г. ццц Купи прстен па запроси го ти чим тој заслужил, ако те одбие, најди си друг.
По 11 години врска од кои неколку години живеење и тој и вели не заслужила, да го промени однесувањето. Шо треба да прави? Да му се потчини? Да молчи ? Да биде само фигура во домот? Нит го запросувам нити ништо, ќе му поставам услов, take it or leave it. Кога ќе размислам, бракот не е ветување за нешто но неговото однесување иритира.
Јас да сум на твое место ќе размислам дали стварно сакам да сум до таков човек во брак,па макар и утре да те запроси
Да не се сфатиме погрешно, не дека мене успех во животот ми е да бидам нечива жена или да носам нечиво презиме. Едноставно природно ми е да е тој следен чекор, значи не сме ни тинејџери нити имаме по 20 години.
Точно така дека не ти е,ама сон на секоја жена е да облече венчаница и да си има свадба од соништата. И баш бидејќи немате по 20 години сосема нормално е и природно да сакаш да те побара
Не, јас еднаш кажувам и тоа е крај на приказната од моја страна. Нити молам нити притискам, си ја знам вредноста. Меѓутоа ми дојде голем шок и преголемо разочарување што и по месец дена уште ми пречи и гледам дека и односот спрема него ми е променет.
Нормално е дека ќе ти се промени односот. Не е дека ти бараш брак он не сака па го молиш туку ти вика не си заслужила. Во тоа е проблемот, те понижува. Како надмено да ти стои и да си ти на тест па дали ќе заслужиш брак или не. Ова значи дека се смета себе за повреден од тебе во врската. Второ, помалку веројатно сценарио, ако кога си го прашала прво ти враќал на смешка на шала, како да бега од темата, затоа што имал планови за запросување или брак, па да не биде дека ти си побарала за да му текне и после не знаел како да се брани за да избегне тема. Ама сепак ти можеш да препознаеш според претходни муабети дали е ова случај или стварно мисли дека уствари те толерира вака како девојка ама твоето однесување не е за брак.
Тој се смета за повеќе вреден, а ти си таа која треба да ја заслужи титулата сопруга и неговото кралско презиме.
Зарем по 11 години за него е брзање? Многу лош одговор а уште полошо е тоа дека чека да го поправиш однесувањето и не си заслужила. Ова, со други зборови е, не сакам да сум со тебе во брак. Реално. Размисли убаво, да не биде со него само губење уште време...
Значи, да сум на твое место ќе се иселам. 11 години не си се докажала и покажала? Он па да не е последен човек на планетава за тебе, да не е некоја ретка раса која бара посебна врста на заслуга за да биде со тебе? Абе жено и да те запроси сега ќе ти биде драго? Мене не, цел живот ќе ме прогонува муабетот... Еве и да не си спремна да го остаиш, дај покажи заби... Игорирај го, покажи дека згрешил, он нека се потруди за тебе.....
Здр вака ми треба стварно совет, не знам што да направам еве да бидам кратка.. Искачав со една личност која што стварно многу ја сакам 2 месеци, не знам дали да го толкувам тоа како врска, јас така сметав, тој не знам.. На крајот ради глупа причина се скаравме демек, не се слушавме, после ја му се јавив и како не сака ништо со мене демек. После неколку месеци јас го блокирав, и ете некако се деси стапивме у интеракција, ми го видел профилот, и сега мене ми стои тоа, и јас му влегов и се испонаша како зашто му влегувам у профил бла бла,, И така ми кажа како ја сум крива шо сум го блокирала, а он и пред тоа изгуби некако чуства порано пишувавме 24-7... Сега се гледаме пак поминаа 5-6 месеци али не сакам за секс само да ме вика да се криеме по ќошови, сакам да излегуваме мн пати зборев но ништо.. Е сега вака за 1 месец му е роденденот? Вие ако сте на мое место што би напраиле, сакам да му направам изненадување нешто да му купам, и што знам да збориме, сакам да бидам искрена, да му кажам дека не можам да издржам не сакам да го гледам така ладнокрвен со мене, ниту да ме праша како си ни ништп а ја толку мн го сакам, и он знае дека го сакам, можеби така ќе ме сфати за сериозно, сакам да се зближиме повеќе, а не само да имаме секс, и тој коа дојде некан коа се видовме ми вика, кажии колку ме сакааааш, како нему да му годи да го сакам, а тој ништо да не превзема да ме задржи, се вади на муабетот порано имал мн работ па не сме биле у контакт..Ама сега што е проблемо? Охх жими се многу ми е тешко не сум нешто ни при пари ама за него и последните би ги дала да му купам нешто, многу ми значи не можа, пробав да го одсакам ама пак се навраќам на све, на чуства и солзите сами одат, ве молам за совееет П.с мн пати зборев , дека ми фали негово внимание, ќе дојде ке имаме односи и не ми пишува ни како сум а порано 24-7 заедно, премногу ми е тешко жимии се, он друго си збори и толку два три збора и финито..завршува разговор или со (ахаха) или обично нешто што знам си враќа по саатии...Иначе тој е 28 години јас 22
Поклон за роденден и срце се даваат на тој што навистина заслужува а овој дечко не заслужува. Спаси се навреме.