Погрешно го сфаќаш тоа, млада си треба да знаеш дека психолог не е табу, туку ти треба да одиш за да работиш на себе. Толку си лабилна, некој да те мафта како сака. Не може друг да те цени кога ти немаш себепочит пред се. Моментот што он не сака да е виден надвор со тебе, туку само за секс треба да ти е навреда само по себе, а не причина за љубов и подароци.
Ne ozbilna bev, stvarno sakam da odam , a prasam koja e pricinata so trcam po likovi, sho ne me j 2% ....Ova od sekogas e takaa jas se boram za niv, a treba da bide obratno i mnogu mi e krivoo
Дефинитивно ќе дојдам и ќе ти донесам бомбоњера со самопочит. Шала на страна, добро е што тука имаш издувен вентил и сподели како се чувствуваш, ама мислам дека треба не само да го блокнеш, туку и да се тргнеш од социјални медиуми малку и да излегуваш со другарки. Кога ќе запознаеш нови дечковци ќе видиш колку од нив имаат подобар карактер од овој што го спомнуваш. Само дечко е, не е толку релевантен за да си кинеш коса за него. Гарант ни постелнина не си менуе поише од еднаш на две недели.
Види, љубовта и нормална здрава врска не е борба. Не е поентата да се моли ниту една страна туку треба почитување како прво. Сосема доволни причини имаш да не го контактираш веќе и да си продолжиш понатаму
Јас ти гарантирам дека ако за роденденов на типов му купиш поклон, за некоја година ќе се срамиш од себе и овие глупости. Заштити се малку себе, тргни се од овој, работи на својата самодоверба и грижи се повеќе за тебе отколку за некој небитен лик. Такви ко него има еден куп, ти треба да си најважниот човек во твојот живот.
Ова е скроз on point. И по темава и по други, читам таква идеализација што реално, се коси со нормален живот и нормална особа. Нема потреба толку од трескање од земја, he's just a guy.
@Brinetkaa21 дали мислиш дека типот еден ден ќе ти рече фала за сето понижување? Баш напротив, ќе си дава за право повеќе да те понижува. Повели, прегази си ја самопочитта за човек кој воопшто не те сака и почитува.
Ne kupuvam nistoo si smeniv stranaa Deneska sum srekjna nesto i nema da dozvolam da me rasipe, moze da dobie samo poraka hbd hahahah neka crkne
Што мислите на тоа дечкови да се лути ако треба човек од семејството да преспие кај вас? И притоа не е ни често во цела година 3 пати се случило..
Па зависи и дали си во крвно сродство со него, ако си во никој случај не би требало да се лути. А ако не си, зависи од тоа дали живееш сама и дали има други причини поради љубомората.
Јас пак помислив нешто љубоморен да не е. Тогаш не би требало да се лути. Што му смета него околу тоа? Роднина, пријател, кој и да е, зошто да не преспие?
Па зависи колку го поднесува, колку живее или муабет си има со твојот роднина. Можеби нешто му смета. Разговор и ќе си решите ( И јас кај мене не сакам никој дома да ми доаѓа на преспивање)
Не сакам ниту јас ненајавени гости, врв на некултура ми е но доколку личноста се најавила претходно и нема каде да преспие не гледам зошто да не и излезе во пресрет.
Не можам да спијам, па си реков да спукам едно есејче на фемина. Ќе гледам да биди кратко. Пред извесен период, на гости беше една роднина, повозрасна, веќе со внуци и животно искуство. Долго време е незадоволна од бракот, ама не знам вака не се отворила пред мене никогаш. Ми кажа дека додека сегашниот сопруг и бил дечко, тој се гледал и со други. Не и кажал никој, туку и станало сомнително оти не сакал да биди виден со неа на јавно место. Ми кажа дека и бил прва љубов, па пред секоја негова грешка замижувала. Кога се запознале имала 18 години, се омажила веќе на 20. Однадвор го одржувале бракот, ама внатре во себе знаела дека не ја сака. Има некоја mid life crisis и сето ова му го кажала, никогаш ништо не негирал. И реков и неа, како што пишав и овде, женската интуиција не лажи. Ако те сака ќе знаеш, ако те вара ќе знаеш, ако пишува со други, пак ќе знаеш. Сомнежот се буди оправдано, дел од вас намерно го убивате и живеете во делузии. Како тој на роднинава, ми рече, се борела да се омажи со него, со тоа што покажувала дека таа може најмногу да го сака, се разбира преку субмисивност и мачкање очи. Поминува време, луѓето се менуваат, денес и е жал што се омажила со него. Само за развод зборува и ништо чудно и тоа да се случи. Вистината на бумерските врски и бракови во кратки црти. Да не бидиме вакви. Да, знам дека не биле сите врски вакви. Ама генерациска траума.
Јас ниту сакам да преспивам негде, ниту некој да преспие кај мене, не се чувствувам убаво така, секој си има право.
Тажни ми се ваквите животи. Не се само бумерскитез тоа постоело и ќе постои. За жал имам во околина девојка која поминува моментално низ ова, има 24 години, ја вара дечкото со најдобра другарка. Не го криви дечкото воопшто, си вадат очи со другаркава, "он машко ко машко", битно и се враќал нејзе. Пена ни фати устата ама џабе.