Од она што го имам забележано има два типа на девојки. Првите се со daddy issues, прават се за буквално да одржат врска. Компензација за недостиг на таткова љубов, секако на нивна штета. Вторите се со mother wounds, бунтовни, избувливи и веднаш ставаат крај. Во маж немаат доверба и не се отвораат никогаш. Мора да си ги препознаеме траумите, оти неможиме да се исцелиме. Другарка ти да си најди хоби, ова е pattern кој го имам забележано кај девојки без активности во слободно време. Нема некој незаборавен, секогаш има друга опција.
Мислам дека ме читаш, ама не доразбираш. Коментарот не е за перфекција, туку да си поработиме на траумите од детство кои имаат импакт на емотивен живот. Нема перфекција во врска, ама има добра комуникација. Најголемиот проблем денес е кога му кажиш на некој, сакам отворена комуникација и преферирам муабет во живо се замрзнуваат. Научени се на like, seen и ghosting. Вака пријателство не можиш да одржиш, не врска. Ти текнува на мемето from bae to blocked? Епа заради ова е.
Те гледам делиш дијагнози ко шо делиш мастики на школо зато реков да прашам... што е она што е здраво и перфектно според тебе...
Ќе да има и трет тип, можда и четврти. Тоа што го викаш -деди ишјус, може да е недостиг на искуство, самодоверба, лоши патерни во окружувањето (можда и многу погрешни филмови гледање)...сигурно има и друго, да се додаде на листава. Тоа ,,машко ко машко,, не е ништо друго, освен лош патерн.
Здраво дечки, пак јас со моите љубовни проблеми... Имам една ситуација ајде така да ја наречам. Често пати се случува кога партнерот е пијан да не знае што збори. Во смисла, измислува некои муабети, збори нешто што не можам да разберам што сака да каже, нема поента тоа што го збори. Како да има параноични испади на моменти или не знам како да ги наречам веќе... На моменти е океј со муабетите, но во други моменти не знае што збори. Муабетите што ги кажува страшно ме нервираат и иритираат и не знам што е поентата со некои глупости што ги кажува, што немаат врска со реалноста така да се изразам. Пример, пред извесен период збориме нешто, тој почна 5 различни теми да врти во круг кои што не се поврзани меѓусебе, ниту пак беа поврзани со тоа јас што го зборев. На моменти знае да каже нешто што ќе ме повреди. Како да се спрвам со ова, џаре?
Чааре да го остајш. И мојот бивши така се губеше од алкохолот, тоа значи оти мозокот почнал да им гори веќе и нема спас.
Ај сега вака дадичка да ти каже, стави се ти на неговото место (да пиеш и да не знаеш што збориш, неповрзани муабети во 5 круга) ќе сакаш да си таква, ќе сака некој да биде со тебе? ( Пушти си на јутуб алкохолизирани млади дечки и види дали сакаш таков покрај себе )
Секој има различно пијанство но овој твојов изгледа попримил од оние пијанства кои не знае шо зборува и прави. Бегај додека не почнал да употребува физичка сила.
Колку често е пијан? Секој викенд? И онака салам пијан или поднапијан? Мислам дека треба да се дистанцираш.
Ами, да работеше на себе ова немаше да те навреди. Замисли, од форум се навреди, а не си ни прозван. А заприметив, само што спомнам трауми или лоши семејни односи, тука си, прв рипаш. Иако, мислам дека ова е втор пат да ти реплицирам, не те ни читам искрено. Затоа земи една од мастиките и смири се, или пак стегни игнор ако веќе толку те повредува, не знам еве.
Дали сметате дека е валидна причина за раскинување тоа што дечкото упорно додава нови девојки на инстаграм и им лајкнува слики, иако веќе 500 пати сте му кажале дека ви пречи тоа? Последниот пат кога разговаравме рече ќе престане да го прави тоа, 2 недели ниту една не додаде, сега деновиве гледам пак си почнал.. Искрено размислувам да прекинам со врската, не знам дали претерувам или не?
Значи не те почитува Ако му беше битна и те сакаше ќе имавте слога во врската Јас не би продолжила со него.