Непочитување е поради неколку причини. Прво си потенцирала дека пречи, и не го почитува тоа. Второ, зошто ги аднува? Со сите нив лично се знае? Голема е веројатноста дека не. Ова е големо црвено знаменце
Ми лајкнала членка стар коментар, па под неа го видов ремек делово. Си реков како сум те пропуштила, ваков мудрец. Па ете, да не се навредиш ти реплицирав. Да те испоштувам малку.
Колку години е дечкото? До кај 24-25 години до некаде оправдувам да манијачи (виртуелно). Од 27 натаму, ако е во врска и уште си ги има старите навики, пиши пропало.
Затоа што виртуелно манијачење мене не ми смета. Нека си скрола срцето на инста, не ме повредува оти не е вистинско неверство. Си гледа и нека си гледа. Е сега, ако веќе и пишува со нив, тоа е друго. Тогаш би се налутила, вака не.
Мене ми пречи да си заследва и лајка девојки постојано, особено ако и си му нагласила дека тоа ти смета, а тој упорно го прави тоа значи не те почитува. Која е потребата да заследва рандом девојки на инста кога е во врска. Јас би прекинала
Здравоо, и јас да пишам овде после којзнае колку време. Почнав нова работа пред една недела, работава е скроз remote и обука ми држи колега од друг град. Е сега, ние по цел или скоро цел ден сме на митинзи и на call и почна многу да ми се свиѓа, дури последниве два дена не знам ни како small talk да направам, не знам што да прашам/кажам, ќе се задткам, глас ми се губи . Пример ќе ме праша шо има, и јас пет саати не знам една реченица да склопам што да кажам. Вака и некогаш нешто надвор од работата ќе ми потспомне, пример имаш ли брат/сестра, каде живее, ти планираш ли да се селиш, за него си кажа... ама не можам прво да проценам од муабетите дали има шанса и јас на него да му се допаѓам, не знам дали воопшто е сингл (го најдов на фб, не ми изгледа дека има девојка). И ко мало дете сум, пошто на мејловите секој ден што им ги испраќам на него и уште една колешка, само он ми враќа као фала, па глеам дали е фала или фала многу, дали е со точка или извичник, не сум нормална. Конечното прашање ми е: зошто ми е колега, дали е паметно нешто да преземам, и ако да, како и што? Да го фолоунам за почеток на Linkedin? Не знам како да му дадам до знаење побогу.
Зошто да не, доколку е сингл нема никаков проблем. Само секако треба да се запознаете подобро, да видиш дали и он е заинтересиран или пак само онака си праи општи муабети. Заследи го на Линкдин, па и на фб понуди му пријателство, шо има везе па ќе видиш како ќе се одвиваат работите, ќе му ја видиш реакцијата. Ако глеаш дека му годи внимание, можеш и поотворено и почесто да му пишуваш или да се јавуваш, секако не пречесто, да не изглеа тоа ко наметнување ама суптилно онака. Се зависи дали има простор за такво нешто или нема, ќе приметиш без гајле, не може да се сокрие тоа. Треба време малку, да се запознаете, ќе се примети ако и он сака но не се разочарувај и ако само ти праи муабет и само сака да биде колегијален.
Мене ми е малку непријатно што само што почнав на работава и сега одма да почнам да му се "пуштам". Плус, имав слична ситуација со колега на факултет, многу ми се свиѓаше и од околу му дадов до знаење и го викнав на кафе, и не беше заинтересиран и после ептен ми беше незгодно на факултет пошто сепак се гледаш секој ден, исто и со работава. Ај на факултет, имаш по 50 души во група и можеш да бираш до кој ќе седнеш, со кој ќе се дружиш, ама тука немам избор, најголемата комуникација ќе ми биде со него. Работата е и што не сме од ист град, и немам прилика да го видам, сега во скоро нема причина да доаѓа овде. Немам начин да дознаам и дали е сингл, освен тоа што видов на фб, а незгодно е да го прашувам. Го фолоунав на Линкедин и уште ме нема прифатено, и одма филмови почнав да си правам. А вчера ми вика ќе имаш после состанок со -- и го кажува моето име, и викам што, со кој? И таков ау, мислев со таа и таа Сум изгубила моќ на проценка и сум заборавила више да флертам од што сум сингл сто години.
Здраво луѓе, ми треба совет и мислење за една ситуација, шокови ме удрија од сабајле. Посебно сакам мислења од машки. Вака, се гледавме месец дена со еден момак. Се запознавме на одмор и откако се вративме продолживме да се гледаме. Лабаво беше, не бевме нешто многу многу озбилни меѓутоа се’ си беше океј меѓу нас, од муабетење до хемија. Кроз муабет ми кажа дека пред пола година раскинал пет годишна врска, јас му кажав дека најдолга врска ми била три години и толку, се затвори темата. Баш и ради оваа причина не сакав да го напнувам да бидиме нешо повеќе, и него и мене ни одговараше полека да течат работите. Меѓутоа, последните денови почна благо да се дистанцира од мене. А јас сум човел шо никогаш не би молела за внимание и се повлеков и јас. Последно му пишав као фала богу извлеков два три зборови од тебе. Тој беше излезен и ми врати као демек претерав малце со пиењето, не сум во состојба да пишувам многу. Јас на ова вратив океј терај, тој нешто пиша небитно и јас го оставив на сеен. После тоа, еве веќе две недели не бевме во контакт, ни тој ме побара ни јас. Од оваа перспектива може требаше да му пишам да зборниме како возрасни луѓе, сепак тој скоро 28години имаше, меѓутоа сум човек шо не сака да замара и да се наметнува, ако не ме бараш нема ни јас. Се следевме на инста, си отваравме сториња ама само толку. Сеа сабајлево гледам ме отстранил од секаде, па дури и од фб. За фб искрено се пресмеав, не вредеше за трудот шо го вложи да ме избриши, фб не ни користам. И не сфаќам зошто толку детско понашање кај маж од 28 години, ниту го замарав, ниту му досаѓав, едноставно ја прифатив ситуацијата таква каква што е. А кога си го враќам филмот назад, не сум му згрешила ништо, океј си врвевме. Сеа ја доведи работата до тоа да му свртам глава ако го видам а сме биле интимни на некој начин. Шо мислите, шо го фркна да направи вака?
Ех драга мојa јас да броев колку вакви шокови ме удриле во животот не би преживеала.. Значи така требало да биде не е за тебе, болно и чудно е сега ама понатаму ке сфатиш зш не одело..
Е ако де, не ќе го изедев. И онака повеќе не бевме во контакт. А и со бившата се блокирани секаде, не се следат. Небитно, незрела постапка.
Добро де, не мора апла пуштање да биде и флертување одма. Затоа викам време нека помине ете и онака сакаш, нејќеш ќе се глеате секојдневно па и ќе падне и некој неврзан муабет на разни теми и така подобро би се запознале. Со тек на време ќе видиш дали би имало шанса за нешто повеќе од колеги. Не се стресирај за тоа ич. Еве и да не бидне ништо, нема што незгодно да ти е после, колеги сте, секако ќе мора службено да контактирате. Дружба си е дружба, служба си е служба. А и не значи дека и овој ќе да биде незаинтересиран. Следи му го понашањето, реакциите, односот и дај си време па ќе процениш подобро. А на фб не го адна? Оф леле маки слатки. Абе чекај може чоекот има обврски и не видел. Ако те прифати таму, мислам моеш после и на фб да го аднеш па може и он прв ќе пише нешо, не се знае. Шо де, познаници сте веќе, не се замарај, нема нишо лошо ако го аднеш. Иначе да, сеа одма незгодно е да се прашува сингл ли е не ли е, тоа понатака, ако има прилика, или пак ако сама сфатиш од неговото понашање или социјалните мрежи ако го потврдат тоа па да си 100% сигурна. Хм, а знаци некои дава? Очигледно сака и му одговара муабет со тебе ама рано е да се каже било шо. Добро бар шо е комуникативен и дружељубив. Само може да е и од љубезност и колегијалност, затоа треба знаците што ги дава да ги следиш и понашањето да му го набљудуваш. Со среќа, па да се надеваме дека би можело да бидне нешто.
Месец дена е многу мал период да запознаеш некого. Едноставно си бара нова забава, му станало досадно. Или штом видел од старт дека не си ставила граници дали ќе биде сериозна врската или не, почнал да си седи на повеќе столчиња
Како знаете дека на една врска и се ближи крајот? Кои работи треба да ги праве партнерот и што мислете дека е клучно за да знаете дека веќе не е тоа тоа?