The bare minimum се очекува од нив, ама ни тоа го нема. Хаха @Bubbly-sugar кога ќе почни да ти прави заебани работи зад грб, тогаш е крајот. @Kumanovkaa за мене инста, фб, снеп и слично се виртуелна реалност. Лажен живот, фантазија, водена по таа логика, да патролирам дали дечко ми следел цуци ми е премногу детско и наивно. 98% од луѓето таму никогаш нема ни да ги запознае. До пред некои 6-7 години би реагирала бурно, сега ми е апсолутно сеедно.
Мислам дека секогаш се собираат неколку работи пред да пукне врската. Најосновни губење на почитта и довербата. После ослабена комуникација особено ако се сомнева едната страна дека веќе другиот е оладен или е тргнат во потрага по нешто подобро. За Инстаграм аднувања, мене ми пречи многу. Е сега тоа е веќе индивидуално. Зборам за понеболни работи. Неверство, психичко и физичко насилство е секако причина одма да се радкине
Не мора за социјалните мрежи, било што што ти смета и му имаш потенцирано да престане да го прави тоа а тој продолжува
Мене ова скроз ме води на тоа дека можеби се смирил со бившата, знам неколку вакви ситуации од блиска околина ама пак понашањево за 28 годишен некако ептен незрело. Ко не е поентата нели да се карате од причина што сте се гледале лабаво, ама може да ти објасни вака и вака не сакам да се гледаме веќе секој по свој пат. Ама лабаво нема за што да се замараш, и ми се свиѓа како си постапила
Не е проблем, прашање е ама не знаев кај Дали би ви сметало, дечкото/мажот ако следи фитнес инструкторки или нешто такво? Општо такви некои, женски шо не ги знае. Ја не следам никој, Меси само од некои мажи шо не ги знам
Ако ги следи за совети и за фитнес океј е, ако ги следи дека се секси да зјапа по жени, тогаш не е океј.
Не е само од љубомора. Пошто реално не е убаво да маничајат по слики, особено ако си кажала дека ти смета.
Колку само сакам да имам личност покрај себе што ќе ме сака, верува, почитува, сите ние го сакаме тоа нели. Долго време не сум осетил како е да те сака некој искрено и тоа ме доведува до лудило, секоја вечер се прашувам зошто каде грешам, не знам, толку ли да се нема среќа не разбирам. Тешко ми е лошо се чувствувам, ми фали љубов
Mislam deka ima pricina za toa, ne e tuku taka ili pak nesto kriel od tebe sto mu nateznalo na nekoj nacin pa reshil da prekinete
Не дека јас нема во иднина да стигнам до степен да барам совет овде, или онака да се излуфтирам. Ама, мое мислење, ако те прави цело време да се преиспитуваш, ти намалува самодоверба, не пишува доволно често ... he's not the one sis
Да се надоврзам на твоево мислење. Еден од главните проблеми, кој е дискутиран на форумов е гоустингот или нагло прекинување на комуникација, иако тие ја иницирале. Не дека многу мажи има овде кои коментираат, ама најчесто е “а значи сте се гледале другарски“, “имал друга изгледа“. Добро вака, ако имате “други“ оти замарате девојки кои се сингл? Ако бил незаинтересиран, оти ја канел на дејтови? Оти ретко е, ама баш ретко девојка да иницира се прва, па за да биди тој изговор. Значи дека пишување со се што е женско е некое нездраво хоби и затоа и девојкиве не ве сфаќаат нешто многу озбилно. Назад на твоево прашање, те блокнал оти си го ставила на син. Веројатно чекал од тебе да го молиш, па кога видел дека не го правиш тоа, веројатно помислил дека си со други опции (како него), па како акт на фрустрација те блокирал. Реално, си покажал дека е несигурен во себе. Јас сум за бивши блокирање, ама ако со особата со која сте се дејтале немало некои бед вајбс, нема потреба од блокирање.
Пошо го прават од забава, не им е стало колку бедно изгледаат од наша гледна точка, ќе си продужат со нивното однесување.
Да, да, чудна работа, прочитав неколку постови низ форумов. “Здраво, имам 26 години и никогаш не сум бил во врска“ и слични работи. Damn bro, I wonder why...